Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Селекторот на македонската машка сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, немаше друг избор освен да упати повик до левото крило на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ, за престојните контролни натпревари против Јапонија во рамки на ЕХФ неделата. Атанасијевиќ беше резерва на списокот на Лазаров, но по откажувањето на Дејан Манасков, ќе добие шанса да игра на левата крилна позиција каде ќе биде и Иван Џонов. Македонија против ...
Мечот Лацио – Јувентус е во сенка на шпанското Ел Класико, но предизвикува интерес и вечерва ќе биде во фокусот на европската фудбалска јавност, иако двата тима се во криза и не им цутат розите. Специјалот на Sport Life е тука за да ви биде поинтересно следењето на мечот во Рим со огромен избор на игри на кои може да се обложите. За прв стрелец, најголеми шанси им се даваат на Душан Влаховиќ и Џонатан Давид, во зависност од тоа кој од нив ќе ...
Актуелниот градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во видео на социјалните мрежи објави дека салата на Работнички, „Градски парк“, која се реновира, ќе биде пуштена за дербито против МЗТ Скопје Аеродром на 13-ти декември. Имаше најави дека салата ќе биде готова во почетокот на октомври и дека Работнички сезонава своите домашни мечеви ќе ги игра во својот вистински дом, а сега има и конкретен датум како цел за прв натпревар во ...
Додека во 16.15 часот ќе биде време за чај во Лондон и цела Велика Британија, во Мадрид на терен за време на фудбалското Ел Класико помеѓу Реал и Барселона може да има британски шмек благодарение на три имиња: Џуд Белингам, Маркус Рашфорд и Трент Александар-Арнолд. Првите двајца ќе бидат стартери, а бекот се очекува да биде резерва и ќе чека шанса да влезе од клупата. Англиските играчи се ретки во најголемите шпански клубови. Низ историјата, ...
Дуелот Реал Мадрид – Барселона се наоѓа и во Бет билдерот на Sport Life, има две различни комбинации, едната го фаворизира домашниот, другата гостинскиот тим, а освен за овој, има билдери со двоцифрени квоти од 12.0 до 17.0 и за уште пет други средби. И за Лацио – Јувентус има два билдери, по еден кој ги фаворизира двата тима, а две билдерски комбинации се нудат и за Астон вила – Манчестер сити, ваше е да процените која е пореална, да ја ...
Најголемото фудбалско дерби на светот помеѓу Реал Мадрид и Барселона попладнево од 16.15 часот треба да донесе голови и возбуда, а Специјалот на Sport Life може да ви помогне и да заработите пари ако точно прогнозирате што ќе се случува во Мадрид. Има огромен број на игри со привлечни квоти, а меѓу опциите на кои може да уплатите и да чекате добивка се и кој тим прв ќе изведе пенал или кој прв ќе добие црвен картон. Секако може да одиграте и ...
Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, Кристијано Роналдо, откако синоќа го постигна 950-тиот погодок во кариерата, преку социјалните мрежи им упати предупредување на своите противници, дека секогаш „бара повеќе“. Португалецот кој има 40 години, се приближува до бројката од 1.000 гола на официјални мечеви за клубовите и репрезентацијата, сега му требаат уште 50 и се чини дека нема да запре додека не стигне до таа цел. Роналдо уште ...
1139 Астон Вила – Манчестер сити (15.00 часот) Двата тима имаат серија од три победи по ред во Премиер лигата, па иако гостите кај кои Халанд е во одлична форма, се фаворити, не може да се каже дека сигурно ќе триумфираат. Последната победа на Граѓаните во Бирмингам беше во 2021 година. Вила по осум кола има гол-разлика 8-8, но во последните три кола играа мечеви со ГГ и 3+ голови. Сити даде 17 голови на осум меча и е еден од најефикасните ...
Грчкиот тенисер Стефанос Циципас преку социјалните мрежи раскажа комична ситуација која му се случила во Чикаго. Таму влегол во такси-велосипед, а возачот кој бил Србин, мислел дека патникот е фудбалерот Антоан Гризман. „Ме погледна во очи и ме праша: Антоан Гризман? Му реков не. Тој ми намигна и ми рече: Добар обид. Претпоставувам дека сега играм за Атлетико Мадрид“, напиша Циципас. Подоцна Гркот го убедил некако таксистот дека е тенисерот ...
На толку многу привлечни фудбалски натпревари кои се играат денеска низ светот, грев ќе беше во Супер типот да не се најдат 16 фудбалски дуели со по пет зголемени квоти. Меѓу 80-те квоти со кои може да си ја подобрите потенцијалната добивка, сигурно може да најдете нешто. На пример за шпанското Ел Класико, ако верувате во победа на Реал Мадрид, тука е најголемата квота за „кец“ или за комбинација единица со 3+ голови, како и Т1 2+, но има и ...
Наполи го победи Интер со 3-1, но големиот триумф имаше и горчлив вкус поради повредата на Кевин Де Бројне. Несреќниот Белгиец истегна мускул при изведувањето на пеналот со кој му донесе водство на Наполи од 1-0. Веднаш мораше да го напушти теренот на носилки, а првите прогнози се дека би можел да биде надвор од терените до јануари 2026 година, но точно ќе се знае после прегледите во текот на денов и долживата на паузата ќе биде во ...
Вкупен коефициент од 39.61 се нуди во денешните пет Квоти на денот во Sport Life. Првиот предлог е да одиграте дека мечот Астон Вила – Манчестер сити нема да заврши нерешено и притоа дека ќе има 2-4 гола, комбинација за која квотата е 2.15. Баер Леверкузен да не загуби дома од Фрајбург, а на мечот да има не повеќе од три голови, носи квота од 1.95. Реал Мадрид да постигне повеќе голови во второ отколку во прво полувреме против Барселона, е ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, после четвртиот пораз по ред во Премиер лигата, рече дека не смее да примаат толку многу голови ако сакаат да победуваат. Синоќа беа поразени од Брентфорд со 2-3. „Разочарувачки се и резултатот и играта. Три примени голови се премногу ако сакаш да добиеш фудбалски меч. Првиот беше од прекин, вториот од контранапад, нешто во што Брентфорд е навистина добар. Треба да видиме што правиме погрешно и да го ...
Никола Јокиќ стана петттиот кошаркар во историјата на НБА по Оскар Робертсон, Џери Лукас, Меџик Џонсон и Расел Вестбрук кој направил трипл-дабли на првите два натпревари во една сезона. Српскиот центар беше само петти стрелец во екипата на Денвер нагетс, постигна скромни 14 поени, но имаше и 14 скока и 15 асистенции, па беше најзаслужен за триумфот на Груките против Феникс санс од 133-111. За Јокиќ тоа беше 166-ти трипл-дабл во кариерата. ...
Фудбалерите на Виљареал остварија значајна победа на гостински терен против Валенсија со 0-2, во локалното дерби одиграно во десеттото коло од шпанската Ла Лига. Со овој триумф, Виљареал се зацврсти на третото место со 20 бодови и сега со интерес ќе го следи исходот од утрешното Ел Класико, за да види дали ќе се доближи до Реал Мадрид, Барселона или можеби до двата ривали. Гостите поведоа во самиот финиш на првото полувреме, кога Жерар ...
Ал-Наср го продолжи својот перфектен ефект во шампионатот на Саудиска Арабија, забележувајќи ја шестата последовна победа во Професионалната лига. Екипата на Жорже Жезус славеше со 0-2 на гостувањето кај Ал Хазем во натпревар од шестото коло. Со овој триумф, тимот од Ријад ја задржа лидерската позиција на табелата, останувајќи единствен на врвот со 18 бодови, три повеќе од второпласираниот Ал-Тавон. 950 CAREER GOALS FOR CRISTIANO RONALDO ...
Кризата на Ливерпул во Премиер лигата и натаму трае. Актуелниот шампион вечерва загуби и на гостувањето кај Брентфорд со 3-2, па сега веќе падна на шестата позиција на табелата. Очигледно дека блескавото издание против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите, тимот на Арне Слот не можеше да го повтори и во англискиот шампионат. Ова е четврти последовен пораз за Ливерпул во Премиер лигата. Данго Оутара во петтата минута најави дека ...
Кремонезе и Аталанта се тимови кои како да се претплатени на нерешени резултати оваа сезона во Серија А. Домаќинот стигна до петтото реми, а за Аталанта тоа е шести нерешен резултат откако вечерва одиграа 1-1. Џејми Варди со својот прв гол во италијанскиот шампионат донесе водство за Кремонезе во 78-та минута, но само шест минути подоцна израмни Марко Брешианини. 🇮🇹 First goal in Serie A for Jamie Vardy! The Leicester legend gave Cremonese ...
Актуелниот европски првак во Евролигата, Фенербахче, се соочува со сериозна финансиска криза која ја засенува иднината на клубот. Според информациите од Турција, вкупниот долг на Фенербахче заклучно со септември 2025 година изнесува неверојатни 588 милиони евра. Оваа сума го опфаќа целокупното работење на клубот, вклучувајќи ги сите спортски секции, објекти, инфраструктура и административни трошоци, а не само кошаркарскиот тим. На теренот, ...
Македонскиот фудбалски клуб Македонија Ѓорче Петров добива нови сопственици, откако досегашниот газда Имер Асан преку социјалните мрежи објави дека го продал клубот. „Беше краток, но интензивен период. Од Втората лига, без ниту еден играч, го вративме клубот во Првата лига. Сега тимот е стабилен и силен. Мојата работа е завршена, а на крајот од денот, јас сум бизнисмен“, објави Асан. Сѐ уште не е познато за пошироката јавност кои се новите ...
Поранешниот македонски шампион Вардар ја забележа деветтата победа по ред во Суперлигата, совладувајќи го скопскиот ривал Бутел со 36-30 во деветтото коло. Црвено-црните ја контролираа играта во поголемиот дел од првото полувреме и стигнаа до предност од +4 (10-6), но Бутел брзо се врати и направи пресврт (17-16). Сепак, Вардар успеа да се соземе и на полувремето замина со минимална предност, 19-18. Во второто полувреме, Вардар го засили ...
Борусија Дортмунд го пречека Келн и славеше со 1-0, со гол во последната минута од натпреварот. Главен актер на мечот беше гостинскиот голман Марвин Швебе, кој одбрани неколку одлични шанси за Борусија во второто полувреме. Гираси, Нмеча и Рајерсон неколкупати се обидуваа да погодат, но секогаш како победник излегуваше голманот на гостите. ⚽️ GOAL | Borussia Dortmund 1-0 FC K | Maximilian Beier 🇩🇪 Borussia Dortmund is taking the lead with a ...
Фудбалерите на Манчестер јунајтед го совладаа Брајтон на „Олд Трафорд“ со 4-2 во деветтото коло од Премиер лигата. Тоа е трета последовна победа за тимот на Рубен Аморим. По триумфите над Сандерленд и Ливерпул, вечерва падна и Брајтон на „Театарот на соништата“. Првиот гол за Јунајтед го постигна Матеус Куња во 24-тата минута по асистенција на Касемиро, кој потоа и самиот беше стрелец во 34-та минута со малку среќа. Брајан Мбеумо го заокружи ...
Италијанскиот првак Наполи го победи Интер со 3-1 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и го презеде врвот на табелата во Серија А со 18 бода, еден повеќе од Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните десетина минути од дербито во Неапол. Кевин де Бројне донесе водство за Наполи од пенал во 33-тата минута, но при изведувањето на најстрогата казна сериозно се повреди и мораше да го напушти теренот. Скот Мектоминеј во ...
Баерн Минхен ја забележа својата осма победа во рамките на Бундеслигата. Со ова стигна до вкупно 13 победи во исто толку натпревари оваа сезона, што претставува изедначување на рекордот ако се гледаат петте најсилни европски лиги. Последниот тим кој успеал да стигне до 13 победи во првите 13 натпревари во сите натпреварувања од Топ 5 лигите беше Милан во сезоната 1992/93. Баерн оваа сезона во Бундеслигата прими само четири гола, што е ...
Пари Сен Жермен оствари убедлива победа во деветтото коло од француската Лига 1, совладувајќи го Брест на стадионот „Франсуа ле Бле“ со 0-3. Тимот на Луис Енрике ја продолжи својата импресивна серија, бидејќи ПСЖ не знае за пораз на овој терен уште од 1991 година. Првиот гол за ПСЖ го постигна Ашраф Хакими во 29-тата минута по одлична акција и прецизно додавање од Витиња. Десет минути подоцна, Хакими повторно погоди по асистенција на ...
Италијанскиот првак Наполи има водство од 1-0 против Интер по првото полувреме од дербито на колото во Серија А, но се чини дека за тоа даде преголема жртва. Кевин де Бројне, најдобриот фудбалер на Наполитанците, се здоби со сериозна повреда на десната нога, непосредно откако го постигна голот од пенал за водство, во 33-тата минута. Attığı gol sonrası sakatlanan Kevin De Bruyne yerini Mathias Olivera'ya bıraktı. pic.twitter.com/585zpwIFPY ...
Челзи доживеа непријатен пораз пред своите навивачи, губeјќи со 1-2 од Сандерленд на „Стемфорд Бриџ“ во натпреварот од деветтото коло на Премиер лигата. Лондонскиот тим поведе рано во мечот, откако Алехандро Гарначо погоди уште во четвртата минута и го постигна својот прв гол за Челзи. Сепак, Сандерленд покажа дека не е наивен ривал и израмни во 22-та минута преку Французинот Вилсон Исидор. Во второто полувреме, Челзи влезе силно и имаше ...
Баерн Минхен продолжува победнички низ Бундеслигата без ниту еден погрешен чекор. Актуелниот германски шампион ја запиша осмата последовна победа во сезоната, совладувајќи ја Борусија Менхенгладбах на гостински терен со убедливи 0-3. Иако првото полувреме помина без голови, гостите во вториот дел ја покажаа својата вистинска сила. Џошуа Кимих го отвори резултатот, Рафаел Гереиро го зголеми водството, а младиот Ленарт Карл ја заокружи победата ...
Македонската кошарка загуби уште едно големо име. Поранешниот кошаркар и легенда на Пелистер, Зоран Петковски, почина на само 47-годишна возраст. Тажната вест ја потврди клубот од Битола, кој преку соопштение изрази длабоко сочувство до неговото семејство. Петковски ги направи првите кошаркарски чекори токму во Пелистер, каде што ја започна и изгради својата кариера. Тој беше дел од младинските селекции на Македонија, а во текот на својата ...