Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, верува дека напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, е подобар играч од него. – Јамал е подобар играч од мене, тој покажува неверојатно ниво и веќе докажа дека поминува низ фантастичен период. Пристигнав во Реал Мадрид и моментално поминувам низ процес на адаптација, кој се надевам дека ќе биде брз, за да можам да се навикнам на ритамот на фудбалот во Европа, изјави Мастантуоно за ...

Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса, може наскоро да ја напушти својата функција, објавија тамошните медиуми. Седумдесетгодишниот Аргентинец ќе се сретне со раководството на Уругвајската фудбалска асоцијација (AUF) за да разговара за неговата иднина. Во AUF не се сигурен дали искусниот фудбалски стручњак ќе остане на селекторската функција. Уругвај освои 28 бода во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, ...

Селекторот Благоја Милевски во првата оценка по денешната жрепка за мундијалскиот плејоф во кој македонската фудбалска репрезентација за противник во полуфиналето ја доби Данска, рече дека станува збор за исклучително квалитетна репрезентација, додавајќи оти во оваа фаза на квалификациите нема лесни противници. Жрепката која попладнево беше извлечена во седиштето на ФИФА во Цирих, одлучи македонската репрезентација да ѝ гостува на Данска на ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, откри дека планирал целата кариера да ја игра за Барселона. – Сакав целата кариера да ја поминам во Барселона, никогаш да не одам никаде на друго место. За жал, работите се одвиваа поинаку. Овој клуб останува мој, моето семејство, мојот дом, изјави Меси за „Sport.es“. Аргентинецот играше за Барселона од 2000 до 2021 година. Тој е водечки стрелец на клубот на сите времиња, со 672 гола на 778 натпревари ...

Поранешниот светски број еден, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, ќе биде примен во Меѓународната тениска сала на славните во 2026 година, објави АТП. Федерер, којшто беше номиниран на почетокот на октомври, за изборот дознал од други членови на Куќата на славните за време на телефонски разговор со Стефан Едберг и Борис Бекер. – Огромна чест е да бидам избран во Меѓународната тениска сала на славните и да стојам покрај толку многу големи ...

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, го одигра својот прв натпревар во НБА сезоната 2025/26. Тој излезе на теренот утрово на мечот со Јута. Со ова, вкупниот број на настапи во НБА сезоните на 40-годишниот Американец се искачи на 23. Тој е единствениот играч во историјата кој го сторил тоа. Леброн го пропушти почетокот на тековната сезона поради повреда. Без него, тимот победи во 10 од 14 натпревари. Џејмс е четирикратен шампион на ...

Голманот на Ал-Хилал и марокомски репрезентативец, Јасин Буну, е прогласен за најдобар голман на Африка за 2025 година. Ова е втор пат како ја освојува наградата (првиот беше во 2023 година) на Африканската фудбалска конфедерација. Во тековната сезона Буну одигра 19 натпревари во сите натпреварувања и прими 19 гола. Осум пати ја зачува мрежата чиста. Фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими, беше прогласен за африкански играч на годината, додека ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, ја доби наградата за најдобар играч на Барселона во 21 век од спортското издание „Sport.es“. Директорот на изданието, Жоан Вегилс, отпатува во Мајами за да му го врачи трофејот на 38-годишниот Аргентинец на тренинг-центарот на неговиот сегашен клуб. – Вистината е дека поминавме низ многу работи заедно, добри и лоши. Нормално е дека во толку долга кариера, сè не оди глатко и мора да се издржат тешки ...

Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) во Цирих, денес беа извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026. Македонската репрезентација за ривал во полуфиналето ја доби репрезентацијата на Данска. Во евентуално финале, нашата репрезентација ќе игра со победникто од дуелот Чешка – Република Ирска, повторно на гостински терен. Другите полуфинални двојки за европскиот бараж се: Италија – Северна Ирска Украина – ...

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за спорт, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска со настан во Јуроп хаус ќе го означат почетокот на кампањата против дискриминација во фудбалот и промовирање инклузија во спортот. – Целта на кампањата е да се подигне свеста за појавата на дискриминација, ...

Дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, е прогласен за најдобар африкански фудбалер во 2025 година. Дваесет и седумгодишниот Мароканец пристигна на церемонијата на доделување награди на специјални носилки, откако беше надвор од теренот два месеци поради повреда здобиена на почетокот на ноември. Оваа сезона, Хакими одигра 21 натпревар за ПСЖ, постигнувајќи четири гола и пет асистенции. Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, и напаѓачот на ...

Шпанија триумфално заврши уште еден квалификациски циклус за пласман на Светското првенство. Актуелните европски шампиони, рутински ја поминаа групата каде што беа и Турција, Грузија и Бугарија, примија само два гола и постигнаа најмалку еден гол на секој натпревар, вкупно 21 постигнати. Она што вреди да се напомене е дека тие продолжија да рушат рекорди во квалификациите за Светското првенство. Еве ги рекордите: Тие се во серија од 49 ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за време на финалето на Завршниот Мастерс се мачеше со повреда. Од таа причина неизвесен е неговиот настап на завршницата од Дејвис купот. Тој во еден момент од финалето побара и лекарска помош. – Ќе патувам во Болоња и таму ќе биде донесена одлука за настап, односно ќе видам дали ќе можам да играм. Ќе направам напори се да се рехабилитирам и да го дадам мојот максимум, изјави Алкатраз. Шпанија за противник го ...

Четирикратниот најкорисен играч (MВП) на американската професионална кошаркарска лига (НБА) и репрезентативец на Соединетите Американски Држави (САД) Леброн Џејмс објави дека нема да игра на следните Олимписки игри во Лос Анџелес. „Веќе го знаете мојот одговор. Ќе ги гледам“, рече 40-годишниот Џејмс во подкастот „Mind the Game“, објави „ESPN“. Џејмс освои златни медали со репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Париз, Лондон и Пекинг, ...

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 65-то место на ФИФА листата. Најновата листа, ФИФА, ја објави дена по завршувањето на квалификациите за пласман на Светското првенство. Во ноември Македонија одигра два натпревари, одигра 0:0 во контролен натпревар со Летонија и доживеа дебакл во Велс (7:1), во последното квалификациско коло за пласман на Мундијалот. Шпанија е сè уште лидер, Аргентина е втора, Франција е трета, следуваат ...

Холандскиот стратег Дик Адвокат, кој ја предводи фудбалската репрезентација на Курасао, ќе стане највозрасниот селектор во историјата на светските првенства. Адвокат (78) е на чело на Курасао од јануари 2024 година, со ефект од 11 победи, два порази и шест нерешени натпревари, вклучувајќи го и нерешениот резултат 0-0 против Јамајка во вторникот вечер со кој карипската репрезентација обезбеди историски настап на Мундијалот 2026. СП 2026 ќе ...

Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на Чешка (ФAЧР) објави дека репрезентативците нема да добијат бонус за победата против Гибралтар поради нивното однесување кон домашните навивачи по завршувањето на последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година. Исто така Извршниот комитет донесе одлука да му ја одземе капитенската лента на Томаш Соучек. Пред два дена, фудбалерите на Чешка го победија Гибралтар со 6:0 во ...

Англискиот фудбалски стратег Стив Мекларен (64) поднесе оставка од функцијата селектор на Јамајка откако не успеа да обезбеди директен пласман за Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада. Во последното коло од групата Б на КОНКАКАФ зоната, на Јамајка синоќа ѝ беше потребна домашна победа против Курасао за да го обезбеди првото место и директен пласман за Светското првенство, но натпреварот заврши 0-0, со што Курасао прв пат ...

Фудбалската репрезентација на Каталонија ја победи Палестина со 2-1 во пријателски натпревар одигран попладнево во Барселона пред 30.000 гледачи. Исто како и на крајот од минатата недела, кога Палестина одигра натпревар со шпанската покраина Баскија, натпреварот почна со едноминутно молчење за повеќе од 69.000 палестински жртви убиени од израелската армија. Публиката, со каталонски и палестински знамиња, аплаудираше и ги бодреше двата тима, а ...

Актуелниот лидер во Премиер лигата, Арсенал, на крајот на оваа сезона ќе го прекине партнерството со Туристичката заедница на источноафриканската земја Руанда, кое почна пред осум години на крајот од оваа сезона. Во текот на изминатите сезони, играчите на Арсенал го носат на своите дресови рекламниот слоган „Посетете ја Руанда (Visit Rwanda)“, но ова лето навивачите на лондонскиот клуб протестираа против продолжувањето на партнерството поради ...

Фудбалерите на Шкендија се последните четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако попладнево на домашен терен во Тетово триумфираа над Тиквеш со 2-0. Стрелци на головите во завршниот осминафинален куп натпревар ги постигнаа Алхасан во 43 минута и Мазари во судиското продолжение. Пласман во четвртфиналето во Купот на Македонија претходно обезбедија бранителот на трофејот Вардар, Струга, Работнички, Охрид, Шкендија Арачиново и Детонит. ...

Барселона објави дека нивниот натпревар од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт ќе се одржи на реновираниот стадион „Камп Ноу“. Натпреварот е закажан за 9 декември. Одлуката е донесена по добивањето на првата лиценца, која предвидува зголемување на капацитетот на стадионот. Клубот ќе започне со продажба на билети во наредните денови. Претходно, Каталонците објавија дека „Камп Ноу“ ќе биде домаќин на нивниот натпревар од 13. коло од ...

Едер Милитао, 27-годишен бразилски фудбалер и одбранбен играч на Реал Мадрид, повторно се повреди, овој пат на пријателскиот натпревар против Тунис. На натпреварот одигран во Франција, кој заврши без победник 1:1, Едер Милитао заработи повреда на аддукторскиот мускул и беше принуден да го напушти теренот по еден час игра. Засега нема официјални информации од Реал за тоа колкава пауза го чека Бразилецот, а шпанските медиуми наведуваат дека, во ...

Данскиот фудбалер Расмус Кристенсен се извини за неговото исклучување на натпреварот против Шкотска (2:4) синоќа во шестото коло од квалификациите за Светското првенство 2026 година. Дваесет и осумгодишниот дефанзивец го напушти теренот во 61-вата минута по добивањето на црвен картон (втор жолт). -Не можев да го гледам натпреварот по моето исклучување. Беше ужасно. Мислам дека го разочарав тимот откако израмнивме 1:1. Ги прифаќам критиките и ...

Фудбалската репрезентација на Шкотска, во фантастичен меч ја победи Данска со 4:2 и се пласира на Светското првенство. Шкотите славеа во Глазгов со спектакуларните голови на Тирни и Меклин во 93-та и 97-та минута од натпреварот. Со солзи во очите, капитенот на Шкотска, Енди Робертсон, го прослави пласманот на Мундијалот. Пред новинарите се сети на својот голем пријател, Диого Жота. – Тој беше мојот најдобар пријател во животот. Лик што го ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, 24-кратен шампион на Гренд слем и поранешен светски број 1, ја заврши сезоната во топ 4 на АТП ранг-листата по 16-ти пат во својата кариера. На крајот од 2025 година, Ѓоковиќ ја задржа својата четврта позиција на светската ранг-листа и постави нов рекорд за најмногу сезони во топ 4. Овој рекорд претходно му припаѓаше на Швајцарецот Роџер Федерер (15 сезони во топ 4). Оваа сезона, Ѓоковиќ стигна до полуфиналето ...

По 52 години, фудбалската репрезентација на Хаити, повторно ќе игра на Светското првенство. Во решавачкиот натпревар, Хаити ја победи Никарагва (2:0) со головите на Дедсон и Провиденс и со тоа заврши како лидер во квалификациската група Ц, во зоната КОНКАКАФ пред Хондурас. Можеа да изборат пласман и со нерешен резултат, бидејќи Хондурас одигра нерешено против Костарика (0:0), но решија да не ја остават својата судбина во туѓи раце, бидејќи ...

Фудбалската репрезентација на Курасао е победник во Групата Б во квалификациската рунда за Светското првенство 2026 година и се квалификуваше за турнирот. Селектор на Курасао е Дик Адвокат. Курасао е најмалата земја што се квалификувала за Светското првенство. Населението на островот во јужниот дел на Карибите е приближно 150.000. Претходната земја со најмал број жители што се натпреварувала на Светско фудбалско првенство беше Исланд ...

Кошаркарите на ТФТ претрпеа нов пораз во регионалната АБА 2 лига откако во вечерва загубија од Широки со 85:72 (15:15; 22:25; 20:12 и 28:20). Ова за екипата на ТФТ е втор пораз по четири одиграни дуели. Македонскиот претставник беше рамноправен ривал во првиот дел, а во неколку наврати и на полувремето имаше водство од 40:37. Но, сепак двата загубени периода во вториот дел од по осум разлика донесоа нов пораз за избраниците на Боро ...

Реал Овиедо и Вељко Пауновиќ постигнаа договор за раскинување на договорот, со што избегнаа судска постапка, со која повеќе од еден месец се соочуваше клубот. Според информациите од „Ла Нуева Еспања“, членот на Примера ќе му исплати 1,7 милиони евра на српскиот тренер и неговите помошници, кои имаа договори до крајот на тековната сезона. Со тоа, беа отстранети сите пречки Пауновиќ да потпише повеќегодишен договор со Фудбалскиот сојуз на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
7.2
61%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 1ᴼ
1.54
68%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
80%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.89
81%
1032
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.03
75%
1027
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
59%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
76%
1033
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
55%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
6.17
68%
1030
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Злато

166253.76

Иридиум

231355.22

Платина

68963.35

Сребро

2711.59

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.42

Родиум

372948.66

Калај

50.64

Бакар

11.73

Паладиум

51794.85

Цинк

3.24

Рутениум

47358.05