Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за финансирање и буџет и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Исто така, собраниската Комисија за еврoпски прашања ќе одржи сесија на која ќе бидат презентирани клучните наоди од Годишните извештаи за 2025 година на Меѓународната заедница – Транспортна заедница. Пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет се Годишниот извештај за работата на ...

Под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“ денеска во Скопје ќе се одбележи Националниот ден на мигрената, во организација на Македонското невролошко здружение и Клиниката за неврологија. Организаторите посочуваат дека одбележувањето има цел да ја информира јавноста за влијанието на мигрената врз квалитетот на животот и значењето на навремена дијагноза и соодветен третман. Настанот ќе се одржи во 12 часот во големата сала на Деканатот на ...

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал на Попова Шапка, каде се измерени 13 литри на метар квадратен. Потоа следуваат Маврови Анови со девет, Тетово со пет, како и Пожаране и Скопје – Зајчев Рид со по четири литри на метар квадратен. Помали количини врнежи се регистрирани во Крушево со два литра, додека по еден литар се измерени во Крива Паланка, Тополчани, Прилеп и Велес. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, ...

Таткото на покојната пејачка Ејми Вајнхаус ја загуби битката пред Високиот суд против две пријателки на неговата ќерка, откако десетици нејзини лични предмети беа продадени на аукција. Мич Вајнхаус поднесе тужба против Наоми Пари и Катриона Гурлеј, обвинувајќи ги дека профитирале од предмети продадени на аукции во Соединетите Американски Држави. Адвокатите на Вајнхаус пред судот изјавија дека двете жени „намерно ги прикриле“ продажбите и ...

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, синоќа изјави дека Соединетите Американски Држави никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран, и покрај неизвесноста околу одржувањето втора рунда разговори. „Соединетите Американски Држави никогаш не биле поблиску до склучување навистина добар договор, за разлика од ужасниот договор потпишан од Барак Обама“, изјави Ливит, алудирајќи на нуклеарниот договор од 2015 година што подоцна ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Израел и премиерот Бенјамин Нетанјаху не влијаеле врз неговата одлука да го нападне Иран. Трамп со ова одговори на медиумските написи дека Израел го убедил да го изврши нападот врз Иран на 28 февруари оваа година. На својата социјална мрежа Truth Social, тој напиша дека пресудни биле последиците од нападите на Хамас од 7 октомври 2023 година, како и неговиот долгогодишен став дека Иран никогаш ...

Раководството на РК Вардар одлучи 65 роденден на клубот да го прослави в четврток (23 април 2026) во СЦ „Јане Сандандски”, каде во рамки на 6. коло од плејоф натпреварот од Супер лигата со Алкалоид ќе настапат со ретро дресови. Покрај ретро дресови дизајнирани специјално за овој натпревар, од клубот подготвуваат уште многу изненадувања за прославата на нивниот јубилеј. Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот, а час и половина порано ...

Во судот денеска продолжи постапката против струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, обвинет за перење пари и злоупотреби со ДДВ, со штета проценета на десетици милиони евра. Обвинетиот денеска пред судот негира вина и тврди дека случајот е конструиран, со цел, како што вели, да му се одземе имотот и да се наруши неговиот углед кој го градел изминатите 35 години. Неговата одбрана посочува дека фирмите работеле легално, а спорно за нив е ...

Ниту еден од тројцата обвинети полицајци кои седат на обвинителна клупа не знаеле дека пишуваат казни за малолетници на неактивна фирма наместо за дискотеката Пулс. Во записниците за контрола и во записниците за поведување прекршочна постапка ја пишувале фирмата Класик, бидејќи била изложена на лист во дискотеката, а истата ја имало и во Централен регистар. Дознале дека е неактивна дури откако биле поднесени кривични пријави против нив. За ...

Јавното обвинителство за организиран криминал има непобитни докази дека 350-те илјади евра кои истражителите ги пронајдоа во куќата на родителите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, се негови, и дека се противправно стекнати. Обвинителката Искра Хаџивасилева и шефот на обвинителството Ислам Абази на брифинг со новинарите го образложија обвинението за противправно стекнување имот и за перење пари, кое беше поднесено во петокот, во исто време ...

За денар и пол поевтинуваат горивата од полноќ. Регулаторната комисија донесе одлука да се намалат цените и на бензините и на дизелот, имајќи ја в предвид владината одлука за пониска акциза и повластениот данок на додената вредност од 10 отсто. Иако кај дизелот ДДВ се враќа на 18%, максималната продажна цена изнесува 94 денари за литар. Овие цени на најголемиот дел бензинки пумпи можат да бидат и пониски. Попустот кој го даде Окта од 2 денари ...

По уште еден изборен циклус кај источниот сосед, официјално Скопје подава рака за соработка, но со барање за праведно решение. Македонскиот државен врв оцени дека стабилна влада во Софија ќе значи отпочнување на дијалог за решавање на спорните прашања за евроинтегративниот пат на земјава. Премиерот Мицкоски уште утрово телефонски му ја честитал победата на Румен Радев. Шефот на дипломатијата најавува дека ќе иницираат разговор уште веднаш по ...

Во мај почнува уписот на првачиња, информира Снежана Санева раководител на Секторот за образование ЛЕР и јавни дејности во општина Штип. Таа посочи дека родителите на децата родени во 2020 година треба навреме да ги запишат своите деца и овој пат нема да има никакви промени со реонизацијата, што значи дека секое дете ќе посетува училиште во својата населба. Сите основни училишта ќе објават огласи, а информациите ќе бидат јавно достапни. ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, по двајца под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна насока. Четири возачи во Скопје, двајца во Гостивар и по еден во Тетово и Битола возеле без возачка дозвола. По еден возач ...

На 19.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријави дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал пари и таа од страв му дала пари кои и биле во паричникот. На 19.04.2026 во 21:45 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Б.П.(33) од Велес. Според ...

Министерството за здравство попладнево информираше дека прави максимални напори за обезбедување на потребната терапија за пациентите со ретки болести, дека тие непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, вклучувајќи го и лекот за туберозна склероза - „сиролимус“. -Инаку, со новиот Закон за лекови се предвидени и побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови преку модернизација на системот, скратување на времето за ...

Соединетите Држави нападнаа и запленија товарен брод под иранско знаме во Оманскиот Залив. Трамп вели дека бродот се обидел да ја премине нивната блокада на иранските пристаништа. Бродот добил „фер предупредување да застане“, но екипажот „одбил да послуша, па затоа нашиот воен брод ги запрел веднаш со тоа што направил дупка во машинската просторија, по што пловилото било ставено под американска контрола, наведе американскиот претседател во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп за „Фокс њуз“ (Fox News) изјави дека денеска во Пакистан ќе биде потпишан договор со Иран. Трамп претходно во интервју за „Њујорк пост“ (New York Post) наведе дека американска делегација предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс е на пат кон Исламабад. Тој посочи и дека е подготвен да се сретне со највисоките ирански претставници доколку се постигне напредок во разговорите. -Треба да се води дијалог со ...

Румен Радев е убедлив победник на вчерашните избори во Бугарија. По пребројани речи си 100% првичната и се уште неофицијална распределба на мандати покажува дека тој има доволно пратеници за апсолутно мнозинство во Собранието. Во Собранието ќе влезе и ДПС но и радикално десничарската Преродба на Костадин Костадинов која освои 4,2% од гласовите, само малку над изборниот праг од 4%. Останатите партии не го минаа цензусот а некогаш победничката ...

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, пред почетокот на денешното рочиште од судот побара да му биде заменет притворот со мерка куќен притвор поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба. Бранителот на Деко, адвокатката Ивана Коцевска, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 ...

Инстант лозот „Калинка“ е еден од најпрепознатливите и најомилените лозови на Државна лотарија. Пласиран уште во 2010 година како прв паричен лоз во историјата на Државна лотарија, „Калинка“ веќе израдува многу среќни добитници со различни парични добивки. Со својата богата симболика – плодот калинка како симбол на среќа, благодат и радост е дел и од корпоративното лого на Државна лотарија. „Калинка“ е лесна и забавна игра – доволно е да се ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(45) од с.Ливада, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „убивање и мачење животни“. На 27.03.2026 на патот с.Ливада - с.Биџево, Б.Д. и уште едно лице се движеле со возило и со нив имале и куче од расата „кангал“, кое го држеле со ремен преку прозор и го шетале со возилото, а кога ...

На 19.04.2026 во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадион „Башкими“ во Куманово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Башкими“ од Куманово и „Струга Трим Лум“ од Струга, настанала расправија помеѓу Б.Х.(39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб „Башкими“ и едно лице од гостинската екипа од Струга. Подоцна, на паркинг простор, неколку лица со употреба на тврди предмети, го оштетиле ...

Регулаторната комисија за енергетика во секој момент треба да ги објави новите цени на горивата. Имајќи предвид дека викендов премиеерот Мицкоски на прес конференција најави поевтинување за денар и половина, некоја поголема неизвесност нема. Па така од полноќ се очекува да имаме бензин по цена од 80,5 денари и дизел кој ќе се продава по 94 денари. На овие цени најголемиот дел од бензинските пумпи одобруваат попуст па така бензин ќе може да ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за април годинава изнесува 68.797 денари и во однос на мартовската која изнесуваше 67.818 денари е зголемена за 979 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати, наведува ССМ, за април изнесува 84.172 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за четири месеци, јануари, февруари, март и април 2026 година, изнесува ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и во јужните делови од земјата. - Утринската температура ќе биде во опаѓање. Ќе дува северен ветер, кој во ...

Околу 150 деца од предучилишна возраст, основно и средно образование, денеска со спортски активности беа дел од настан што се одржа кај Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како дел од заложбата за развој и примена на национален модел за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата. Претседателката Сиљановска-Давкова им порача на децата да се движат, да вежбаат, да јадат здрава храна, да ја одржуваат ...

ДНК трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиткани скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелациониот судија Ѓоко Ристов. Според Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел паричните средства, кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. ...

Иран нема планови за нова рунда преговори со Соединетите Американски Држави – изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи. - Не е донесена никаква одлука во врска со ова прашање – рече портпаролот Есмаил Багаи на прес-конференција во Техеран, пренесе ДПА. Прекинот на огнот меѓу Иран, САД и Израел, кој стапи во сила на 8 април, треба да истече в среда, при што следните чекори засега не се јасни. Претседателот на САД, ...

„Руски научници развија сензор базиран на графен и полимери, отпечатен на обична канцелариска хартија, кој е способен да детектира дијабетес и други заболувања во реално време преку анализа на издишаниот воздух. Уредот прецизно ги детектира молекулите што претставуваат маркери на болести“, соопшти прес-службата на Институтот за физика на полупроводници (ИФП) „Ржанов“ при сибирското одделение на Руската академија на науките. – Постигнавме ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Паладиум

42535.44

Сребро

2269.46

Злато

139690.59

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Платина

57324.78

Алуминиум

3.46

Рутениум

48965.59

Бакар

13.10