Три лица починаа, а три други се заразени во сомнителна епидемија на хантавирус на мал крузер во Атлантикот, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО). СЗО на Х објави дека еден пациент е на интензивна нега во Јужна Африка. Двајца од починатите се холандски државјани, според холандското Министерство за надворешни работи. Хантавирусот кај луѓето може да предизвика треска и тешки респираторни заболувања. Инфекцијата обично се ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски зацрта три основни приоритети пред денешниот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во ерменскиот главен град Ереван. - Неопходни се заеднички напори за зајакнување на дипломатските акции и спречување на какво било слабеење на притисокот врз агресорот. Русија мора да стави крај на оваа војна – изјави тој. Како втор приоритет, Зеленски го истакна искористувањето на европскиот пакет помош за ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека планираните повисоки царини на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на автомобили од ЕУ се насочени кон Европската Унија како целина, а не конкретно кон Германија. „Тој сака да биде насочен кон цела Европа“, изјави Мерц за германскиот радиодифузер АРД вчера, додавајќи дека Трамп е „во право што е донекаде разочаран“ што не е склучен договор за царини од август 2025 година меѓу САД и ЕУ. ...

Европските земји уверуваат дека ја разбрале пораката на американскиот претседател Доналд Трамп и дека гарантираат спроведување на договорите за користење на воените бази, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Трамп обвинува некои членки на НАТО дека не прават доволно за да ги поддржат Соединетите Американски Држави во војната со Иран. - Да, постои одредено разочарување од американска страна, но Европејците ја примија ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, денеска по пристигнувањето на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ), во главниот град на Ерменија, Ереван, изјави дека ќе се разговара за независна Европа и дека Стариот континент треба да ја намали прекумерната зависност во енергетиката, одбраната, безбедноста и во синџирите на снабдување. Осмиот самит на ЕПЗ започнува денеска во Ереван и ги собира лидерите на 48 земји, а ...

Обединетата команда на вооружените сили на Иран упати предупредување до Морнарицата на САД да не влегува во Ормуската Теснина, во соопштение објавено од државните медиуми во земјата. Предупредувањето доаѓа како реакција на операцијата најавена од САД за ослободување на бродовите кои се блокирани во теснецот. „Повеќепати изјавувавме дека безбедноста на Ормуската Теснина е во наши раце и дека безбедното поминување на пловилата мора да биде ...

Возачот на Мерцедес, Италијанецот Кими Антонели ја освои вечерва Големата награда на Мајами, триумфирајќи трета трка едноподруго сезонава во Формула 1. Второто место го освои актуелниот светски шампион Ландо Норис од Мекларен, а на подиумот се искачи и неговиот тимски колега Оскар Пјастри. Џорџ Расел од Мерцедес мина четврти низ целта, Макс Верстапен од Ред Бул ја заврши трката на петтото место, додека Шарл Леклер од Ферари во завршницата се ...

Екипата на Интер ја освои титулата во италијанското првенство откако синоќа во дуелот од 35.коло на домашен терен ја совладаа Парма со 2:0. На тој начин стигнаа имаат 12 бода повеќе од второпласираниот Наполи на три кола до крајот на шампионатот. Водечкиот гол за Интер во 45+1.минута го постигна Маркус Турам на асистенција на Пјотр Зелински, додека конечните 2:0 ги постави Хенрик Мхитарјан во 80.минута. Интер има 82 бода, пред Наполи со 70 и ...

Екипата на Тотенхем со втората победа во низа остварена синоќа од 2:1 на гости против Астон Вила ја напушти зоната за испаѓање во Премиер лигата. Во финишот на сезоната Тотенхем ја прекина лошата серија од 15 натпревари без победа и сега со 37 поени се на 17.место, со еден бод повеќе од Вест Хем, кој е на 18.место. Головите за победа против Астон Вила ги постигнаа Конор Галагер во 12.минута и Ричарлисон во 25.минута. Голот за домашните го ...

Британската рок-група „Ролинг стоунс“ официјално го потврди нивниот нов музички проект, т.е. излегувањето на албумот „Foreign Tongues (странски јазици)“. Ова доаѓа по месеци на навестување од страна на бендот, преку мистериозни билборди и објави, што предизвика гласини дека бендот ќе издаде нов албум – нивен прв по „Hacney Diamonds“ награден со „Греми“ во 2023 година. Членовите на рок-составот, Мик Џегер, Рони Вуд и Кит Ричардс ги споделија ...

Кошаркарките на Крива Паланка триумфираа вечерва на домашен терен над Бадел 1862 со 88-76 и поведоа со 2-0 во финалната серија до три победи во разигрувањето за титулата во Првата „Шпаркасе Лајф“ лига. Натпреварот број 2 од финалната плејоф серија во салата „Бранители 2001“ наликуваше на случувањата од првиот натпревар. Веќе во првиот период домашната екипа се стекна со двоцифрено водство (28:17), кое успеа да го зголеми до полувремето ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Ереван оствари средба со претседателот на Република Еременија, Вахан Хачатурјан, на којашто обајцата изразија подготвеност за продлабочување на пријателските односи и унапредување на соработката. -Препознаваме почеток на ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка во: информатичките технологии и дигиталните услуги, земјоделството, прехранбената и фармацевтската ...

Товарен брод во Ормуската Теснина бил нападнат од неколку мали чамци, соопштија денеска Обединетите поморски трговски операции (УКМТО), повикувајќи се на капетанот на трговскиот брод што се движел кон север. Најновиот инцидент во последните неколку недели напади што ги поткопаа глобалните текови на нафта се случил 11 наутички милји западно од иранскиот град Сирик, според британското поморско тело, кое соопшти дека сите членови на екипажот се ...

Израелски суд го продолжи притворот на шпански и бразилски активист на флотилата Газа за уште два дена. Судот го продолжи нивниот притвор за два дена“, изјави Миријам Азем од израелската група за човекови права Адала. Таа додаде дека израелските власти побарале притворот на Шпанецот Саиф Абу Кешек и Бразилецот Тијаго Авила да биде продолжен за четири дена. Во меѓувреме, Шпанија повторно побара „итно ослободување“ на Кешек. Министерството за ...

Цените на нафтата би можеле дополнително да пораснат доколку продолжат украинските напади врз руската енергетска инфраструктура, предупреди портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. Неговата изјава доаѓа во време на зачестени напади, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека вооружените сили погодиле два танкери од т.н. „флота во сенка“ во близина на Новоросијск на Црното Море. -Доколку дополнителни количини од нашата нафта ...

Две третини од Американците веруваат дека земјата се движи во погрешна насока, а повеќето испитаници се незадоволни од начинот на кој претседателот Доналд Трамп се справува со некои важни прашања, според најновата анкета на „Еј-Би-Си њуз“, „Вашингтон Пост“ и Ипсос. Рејтингот на одобрување на Трамп падна на 37 проценти, што е најниско ниво во овој претседателски мандат, додека 62 проценти од испитаниците не го одобруваат, што е рекордно ...

Папата Лав XIV го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите денеска со осуда на злоупотребите низ целиот свет и оддавајќи им почит на новинарите убиени додека известуваат во конфликтни зони. На крајот од својата неделна неделна молитва на плоштадот Свети Петар, римскиот папа рече дека меѓународниот ден ја истакнува важноста на независното новинарство и растечките закани со кои се соочуваат оние во професијата. „Денес го одбележуваме ...

Лозовите и овошните насади во атарите на Росоман и селата Сирково и Камен Дол, Сопот, Паликура и Курија претрпеа најголеми штети од ниските мајски температури, вели Драганчо Николов, советник во Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци. Како што изјави Николов за МИА, откако вчера земјоделци се пожалија на последици од студеното време во мај, првичните сознанија од терен говорат дека ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седуммина управувале возило без возачка дозвола (четворица во Скопје, двајца во Тетово и еден во кумановско), еден возач во Дебар управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, а еден возач во Битола возел под дејство на алкохол. Во Градско, едно лице управувало возило со ...

На 02.05.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:50 часот, на регионален пат село Извор - Општина Чашка, во близина на место викано „Врановски Анови“, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(26) од Скопје, удрило во пешакот Р.Ѓ.(57) од Велес. Р.Ѓ. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес, по што бил препратен на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле ...

Заштеда и до 50% во транспортните трошоци очекуваат дел од поголемите прилепски компании доколку во Прилеп и Пелагонија повторно стартува железничкиот карго сообрачај кој веќе наголемо се најавува и разгледува од страна на Владата. Најголем проблем во моментов за компаниите се ценовните шокови и постојани варијации на нафтата и другите реагенси и деривати. „Цената на транспортот се зголемува секојдневно, така да овој состанок беше добредојден ...

Над 200 прегледи на болни деца за продолжениот викенд имале педијатрите во дежурнииот пункт на Здравствен дом - Скопје во Поликлиниката “Бит пазар”. Најчесто се работело за вирусни инфекции и алергиски реакции. - Најголем дела од децата се на возраст од 2-5 години со полесна клиничка симптоматологија и со симптоми на акутни респираторни инфекции, вклучувајќи покачена телесна температура, кашлица, течење на нос, болки во грлото, ...

Без слободни медиуми нема демократија, а политичарите треба да ги тргнат рацете и влијанието од нив. Јавниот интерес е пред сè. Ова е пораката на експертите за комуникација по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите. Со слични пораки и од официјален Брисел. Во соопштение, високиот претставник на ЕУ упати сериозно предупредување дека притисоците врз медиумските работници достигнаа критично ниво. „Меѓународното право е јасно: ...

Македонското население старее, а според проекциите на ОН до 2050 година, секој четврти граѓанин во регионот ќе биде на возраст над 65 години, покажале проекциите на Обединетите нации. Европа се соочува со ниски стапки на миграција и брзо стареење на населението, а ваквите демографски трендови влијаат врз економиите и работната сила, смета вршителката на должноста шеф на Фондот за население на Обединетите Нации во Македонија, Јованка Брајовиќ ...

Продолжениот празничен викенд, ги наполни полициските станици со возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила. Дури 32 кои седеле зад управувачот се лишени од слобода поради безобѕирно управување. Повеќе од половината не поседувале возачка дозвола, останатите биле под дејство на алкохол, а дел иако имале активна забрана за управување, сепак, седеле зад воланот. Во последната 24 часовна сообраќајна контрола, полицијата задржала 11 возачи ...

Со златни медали околу вратот и насмевка која зборува повеќе од илјада зборови, младиот Македон повторно ја направи Македонија горда. Во силна меѓународна конкуренција ова талентирано момче постигна историски успех на Германската математичка олимијада. Златен медал во индивидуална конкуренција по математика и Златен медал во математички предизвик. Со своите резултати, Македон е прогласен и во престижната група ЛАУРЕАТИ – Признание резервирано ...

Геополитичките тензии по американско-израелскиот напад врз Иран предизвикаа голем скок на цените на горивата низ цела Европа. Иако по прекинот на огнот пазарот малку се смири, горивата и натаму се многу поскапи отколку пред ескалацијата на конфликтот. Според податоците на Европската комисија, најголем удар во Европа претрпе дизелот. Неговата просечна цена во ЕУ, во периодот од 23 февруари до 20 април, се зголеми за 26 проценти. Најдрастични ...

Повеќе од две недели по пукањето во турско училиште, бројот на жртвите се искачи на 10 лица, пренесе ДПА. Единаесетгодишно девојче починало во болница од здобиените повреди, јави денеска државната новинска агенција Анадолија. Ученик во осмо одделение на 15 април застрела осум ученици и еден наставник во своето училиште во југоисточната провинција Кахраманмараш. Според официјалните извештаи, 14-годишниот напаѓач е исто така мртов. Мотивот за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека планира да повлече повеќе американски војници од Германија отколку што беше претходно најавено. Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, нареди повлекување на околу 5.000 припадници на американските сили од базите во Германија, потсетува ДПА. Сепак, Трамп вчера пред новинари во Флорида изјави дека бројката ќе биде поголема. – Ќе одиме на значително намалување. И ќе кратиме многу ...

На 03.05.2026 во 01:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Д. (55) од Велес, кој престојува во Охрид, постапувајќи по пријава од неговата 21-годишна невенчана сопруга дека во домот во кој престојуваат во Охрид физички ја нападнал, а притоа го удрил и нивното бебе. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 02.05.2026 во 18:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.91
91%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.58
86%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.64
71%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.76
94%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
80%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.97
62%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
73%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Сребро

2186.28