Македонија одбележува 123 години од смртта на македонскиот револуционер, великан и учител Гоце Делчев. По повеќе од еден век од од неговата смрт, заветот за слободна држава и високата цена која ја плати за слободата треба да биде потсетник за неговото дело, порача поглаварот на МПЦ Г.Г Стефан кој одржа панихида во црквата СВ.Спас. Ликот и делото на Делчев мора постојано да се пренесуваат на идните генерации, затоа што вредностите за кои се ...

На 29.04.2026 Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видео запис и фотографии од ...

Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, во судницата во „Идризово“ изјави, дека кај 33 жртви се пронајдени цијаниди во крвта, кај 49 имало присуство на алкохол, кај осум дрога и кај четири имало седативи и антидепресиви, но дека главна причина за смрт кај починатите лица врз основа на обдукционите наоди и токсиколошките анализи кај 59 починати лица на 16 март ...

Министерството за образование и наука (МОН) постапува по закон и сопствените ингеренции, случајот со врсничко насилство во основно училиште во Ѓорче Петров е пријавен во Државниот просветен инспекторат (ДПИ), но дополнително се обративме до градоначалниците и испративме допис до училиштата дека мора да се врати една стара пракса, која постоеше и покажуваше ефекти, а тоа е на големите и малите одмори да има дежурен наставник, а не дежурни ...

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали денеска го означи почетокот на кампањата „Мај - месец на Европа“ заедно со евроамбасадорот во земјата Михаил Рокас, други амбасадори на европски земји, меѓународни партнери и претставници на домашните институции. Како што стои во соопштението на Министерството за европски прашања, со оваа иницијатива Владата има цел да оди подалеку од традиционалното одбележување на Денот на Европа на 9 ...

Земјите од регионот, заедно со Европската Унија и нејзините земји членки, интензивно комуницираат и работат на надминување на предизвиците со метежот на граничните премини, кој е поизразени во периоди на зголемена фреквенција, особено во лето - истакна министертот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски. - Ние како земји од регионот комуницираме и заедно со Европската Унија работиме на овој сериозен предизвик. Забележав и обид темава ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Ереван учествувала на панел-дискусијата организирана од страна на францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, во рамките на активностите на Европската коалиција против дрогата (ECAD). Како што соопшти Кабинетот на претседателката, во своето обраќање таа посочила дека Западен Балкан претставува транзитна зона за трговијата со дрога, нагласувајќи ја ...

Ракометарите на Вардар утревечер ги очекува реванш четвртфиналето од Лига Европа против францускиот Монпелје. Противникот го доби првиот дуел со 33:23, што значи дека „црвено-црните“ ќе имаат исклучително тешка задача за да изборат пласман на Ф4 турнирот. Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, кој е прва сезона на клупата на Вардар, на прес конференцијата изјави: – На првиот натпревар имавме и добри и лоши моменти. Бевме дисциплинирани во првиот ...

Остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел горивото во регионот, со намалени акцизи за бензините и за дизелот и намалено ДДВ за бензините, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање, Мицкоски рече дека не се планира нова мерка за намалување на ДДВ за дизелот истакнувајќи дека според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) државава е меѓу првите три држави во Европа според аплицирани мерки во однос на БДП. - ...

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2026 година во однос на периодот јануари – март 2025 се намалил за 3,3 проценти, а во март 2026 во однос на март 2025 година за 2,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.8 %, а се зголемил во ...

Поскапуваат и бензините и дизелот. Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата. Од полноќ, бензините ќе се продаваат за 2 и пол денари поскапо и ќе чинат 85 и 87 денари по литар. Дизелот, пак, оди нагоре за 2 денари и ќе биде 93,5 денари. Ова се максимални цени, но поради попустот од снабдувачот, на најголемиот дел од бензинските станици, бензинот од 95 октани ќе чини 83 денари, 98-октанскиот за 85 денари, додека дизелот ќе се ...

Израелска телекомуникациска инфраструктура била користена во изминатите три години за следење луѓе во повеќе од десет земји, покажува новата истрага на канадската дигитална истражувачка група „Ситизен лаб“, пренесува Анадолија. Како што објави израелскиот дневен весник „Хаарец“, инфраструктурата – од мрежи изградени во 1970-тите до најсовремени 5Г-системи – била трансформирана во „уреди за следење“ преку софистицирани шпионски програми. ...

Дрон удри во зграда во Москва, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин во утрово додавајќи дека нема жртви. Службите за итни случаи пристигнаа на местото на настанот, оштетена е фасада на зграда и дел од улиците. Украина не коментираше за нападот во Москва. Инаку, таа започна бран напади со беспилотни летала низ Русија во неделата погодувајќи го пристаништето Приморск во Балтичкото Море и запалувајќи го, и погодувајќи голем број бродови, ...

Екипите на Детроит и Кливленд со победите ноќеска во мајсторките изборија пласман во второто коло од плеј офот во НБА лигата во Источната конференција. Воедно двете екипи ќе играат меѓусебе во следната рунда. Двете серии завршија 4-3 во победи. Детроит пред своите навивачи го победи Орландо со 116:94, откако во финишот на првиот дел направи разлика и поведе со 60:47, а во третиот период на противникот му дозволи да постигна само 13 поени. ...

Утрово времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ...

Со исказ не вешто лице од Судска медицина денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште на 28 април Обвинителството презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот. Обвинителката Наташа Сарамандова ги презентира вештачењата за 157 лица со ...

Во Собранието за денеска се најавени седници Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, како и Законодавно правната комисија. На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе се расправа за Предлог на закон за младински додаток и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, двата во првио читање. На дневен ред на Комисијата ...

Амбасадорот на Шведска, Ола Сулстром, од денеска до 9 мај ќе патува низ целата територија на Македонија. Предвидено е да ги посети сите поголеми градови за да ги истакне и одбележи бројните силни, како долгогодишни така и нови врски и партнерства помеѓу двете земји. Како што информираат од Амбасадата, посебен фокус ќе биде ставен на придонесот на шведските компании, резултатите од шведската реформска соработка, како и на долгогодишните ...

Во земјава денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред горобот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на која е најавено и присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Цвеќе на неговото вечно почивалиште, како што е најавено, меѓу ...

Утринските температури утрово се движат од минус 5 степени во Берово до 5 степени во Гевгелија. Минус 1 степен е измерен на Попова Шапка, Маврови Анови, Крива Паланка и Лазарополе, нула во Струмица, Скопје-Петровец, Охрид, Демир Капија, Битола и Тетово, еден степен во Претор, Штип, Прилеп и Велес, два степени во Крушево, Кавадарци, Куманово и Виница, а три степени во Скопје на Зајчев Рид. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од анализите од неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење спроведени во Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во текот на изминатата надела. - Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.04.2026 до 30.04.2026 зема 147 примероци за физичко-хемиска и 147 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од ...

Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов - Деко, адвокатката Ивана Коцевска, реагираше на изнесените директни закани по неговиот живот на минатото рочиште и бараше тоа да биде нотирано на записник. На минатото рочиште дел од оштетените, додека одбраната на првообвинетиот пред Судот изнесуваше барање за укинување на притворот, реагираше бурно извикувајќи „пуштете го, ние да му пресудиме". Коцевска, пред почетокот на судењето за пожарот во ...

Фолклорната група „Илинден“ од Мисисага, Торонто, во која членуваат главно млади по потекло од Мала Преспа постигна голем успех на Меѓународниот фолклорен фестивал во Краков, Полска, освојувајќи ја првата награда. - Со автентични македонски ора, носии и песни, групата ги воодушеви жирито и публиката, покажувајќи го богатството на македонската традиција. Во составот на групата играат млади Македонци чии корени се од Мала Преспа, област во ...

Денес, на 4 мај, се поклонуваме пред ликот и делото на Гоце Делчев, чија жртва во с.Баница во 1903 година стана вечен симбол на македонскиот непокор, се наведува во соопштението од СПМ. За нас Делчев не е само историска фигура; тој е социјалист, анархист и визионер кој веруваше во свет разбран како поле за културен натпревар меѓу народите. Неговата борба не беше само за територијална слобода, туку и за социјална правда и достоинство на секој ...

Промоцијата на локалната туристичка понуда е клучен фактор за привлекување повеќе туристи и развој на локалната економија. Добрите познавачи од областа на туризмот сметаат дека Охрид има квалитетна и автентична понуда која може да задоволи сечии желби. Она што туристите го бараат се посета на културно историски и споменици ,крстарењата со бродови по охридското езеро и прошетки во природа. Инаку добрата исполнетост за продолжениот првомајски ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во односите и преговорите со Бугарија како Влада ќе опстојат на она што претставува наш корен, линија на македонскиот идентитет, дека тоа е црвента линија и од тоа нема да отстапи ниту милиметар. Не очекува да се промени наративот од бугарска страна и покрај најавите за формирање стабилна влада, се додека, како што рече, во земјава има политички и општествени структури кои се подготвени да коленичат ...

На одбележувањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој оддаде почит и положи цвеќе во чест на големиот македонски револуционер, истакнувајќи ја важноста на неговото дело за современата македонска држава. - Гоце Делчев останува симбол на непокорот, визионерството и пожртвуваноста. Неговата идеја за слободна и праведна Македонија и денес претставува инспирација и обврска ...

Конечно во март имаме значаен раст на индустриското производство споредено со март минатата година од 3 проценти, а трговијата на мало расте со двоцифрен број проценти, изјави денеска премиерот Христија Мицкоски, истакнувајќи дека Владата ќе продолжи да работи на зголемување на куповната моќ на граѓаните. На новинарско прашање, Мицкоски посочи дека за жал, останува се уште проблемот во секторот рударство, каде има помала активност во првиот ...

На денешен ден пред 46 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа ...

Соединетите Американски Држави денеска ќе почнат иницијатива за помош на пловилата заглавени поради блокадата на Ормуската Теснина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека земјите од целиот свет побарале помош. Пишувајќи на својата платформа „Truth Social“, Трамп наведе дека Вашингтон ги информирал тие земји дека безбедно ќе ги води нивните бродови надвор од блокираните водни патишта „за да можат слободно и способно да ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.91
91%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.58
86%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.64
71%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.76
94%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
80%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.97
62%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
73%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97