1 Политиката во принцип е валкана работа. И за очекување е да има валкани партиски подметнувања и игри, особено пред избори. Ама изборна стратегија да ти е стварање биохазард во главниот град со намерно несобирање комунално ѓубре, тоа нели е малку безобѕирно? Па ова е, бре, како власта да им објавила биолошка војна на скопјани. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека досега 10 пати им се извинил на граѓаните што на Локалните избори во 2021 ја ...

Наставник по физичко воспитување кој работел 5 години во едно основно училиште, останал без работа, иако исполнувал услови и имал најголем работен стаж во однос на колешките кои добиле решенија за трајно вработување. Директорот на училиштето одбил да му го транформира договорот на определено време во договор на неопределено, зашто претпоставувал дека е политички неподобен, односно е од СДСМ. Директорот пак, бил поставен од градоначалник од ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложи мировен план за Газа во 21 точка, кој предвидува ослободување на сите заложници што ги држи Хамас во рок од 48 часа по постигнувањето на договорот и поставува патоказ за управување со енклавата по завршувањето на војната, открива извор запознаен со предлогот. Претседателот Трамп изрази оптимизам за решавање на конфликтот, изјавувајќи во петокот дека се „многу блиску“ до ...

Најмалку 39 лица загинаа, а повеќе од 90 беа повредени во стампедо на митинг на популарен индиски актер кој стана политичар. Трагедијата се случи во саботата во јужната индиска држава Тамил Наду, каде што десетици илјади луѓе се собраа на јавен настан на кој говорел актерот Виџај, познат во тамилската кинематографија. Видеата од локалните медиуми покажуваат огромна толпа луѓе собрана околу камионот од чиј покрив Виџај се обраќал на ...

НАТО се обврза да ја надгради својата мисија во Балтичкото Море, откако данските вооружени сили соопштија дека во текот на ноќта биле забележани неидентификувани беспилотни летала во близина на воените инсталации во земјата. Ова следува по неколку упади на дронови во близина на аеродроми и друга критична инфраструктура оваа недела, при што аеродромот во Копенхаген беше затворен неколку часа во понеделникот доцна навечер, а привремено беа ...

Велика Британија, Франција и Германија го повикаа Иран да не ги ескалира тензиите и да се посвети на преговори, откако во саботата повторно беа воведени санкциите на Обединетите нации. Трите земји, познати како Е3, соопштија дека враќањето на сеопфатните мерки против Техеран било „крајна мерка“ поради „континуираната нуклеарна ескалација“ и недостатокот на соработка од иранска страна. „Го повикуваме Иран да се воздржи од каква било ...

Најмалку четири лица загинаа, меѓу кои и 12-годишно девојче, а најмалку 10 се повредени во масовните руски напади со стотици дронови и проектили врз Украина во неделата. Поради нападите, Полска ги активираше своите борбени авиони за да го обезбеди својот воздушен простор. Во текот на нападот, тревога за воздушен напад беше на сила во регионот на Киев. „Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украинските градови додека луѓето ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изрази сомнеж во најавените „црвени линии“ на опозициската СДСМ во однос на Бугарија, тврдејќи дека станува збор за обид за измама на народот. Според него, овие декларации се трикови и не се знае на кого му се испраќа сигнал и до кога ќе трае тој аранжман. „Народот не е наивен и добро ги памети сите нивни изјави, предавства и лаги. Затоа, овој пат казната ќе биде уште поголема“, изјави Мицкоски ...

Клучната улога на фармацевтот во изборот меѓу традиционалната и иновативната терапија беше централна тема на вториот меѓународен симпозиум по фармација што се одржа во Штип. Настанот беше организиран во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на фармацевтите. Професорката Катерина Смилков, главен организатор на симпозиумот, рече дека настанот се води од постулатот „Помисли здравје – помисли фармацевт“, со цел да се нагласи дека граѓаните ...

Над 4.000 вработени во „Алкалоид“, заедно со членови на нивните семејства и пријатели на компанијата, собраа околу 1,8 милиони денари кои ќе бидат донирани на Црвениот крст на Град Скопје. Средствата се наменети за поддршка на социјалните сервиси за стари лица, а беа собрани во рамките на единаесеттата хумана мисија што се спроведува под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Донацијата е резултат на хуманитарна акција во која учесниците, ...

Неидентификувани беспилотни летала во текот на ноќта во петокот надлетаа дански воени локации, вклучително и нејзината најголема база, во последниот од серијата инциденти што официјалните лица ги нарекоа „хибриден напад“ и навестија можна руска вмешаност. Дронови биле забележани на неколку воени локации, изјави портпарол на данската војска, одбивајќи да даде други детали. Полицијата соопшти дека еден до два дрона биле забележани во петокот ...

Пет од шесте пријавени кандидати за градоначалник на претстојните локални избори денеска во зградата на Општина Тетово го потпишаа Кодексот за фер демократски избори со што се обврзаа дела во предизборната кампања ќе ги почитуваат сите закони и прописи, ќе го почитуваат владеењето на правото при организирање и спроведување на изборите, дека нема да вршат никаков притисок врз вработените во јавната администрација и во другите институции и ...

Надворешното напојување на нуклеарната централа Запорожје, која е под руска окупација, е прекинато повеќе од три дена, што претставува рекорден прекин што предизвика сериозна загриженост за безбедноста на локацијата со шест реактори, која се наоѓа на првата линија на фронтот во Украина. За напојување на клучните системи за ладење и безбедност се користат генератори за итни случаи, откако последната линија за напојување на централата беше ...

Денеска почнува примената на измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), така што, пешаците кои преминуваат пешачки премин и разговараат на мобилен телефон, користат слушалки за разговор во двете уши, смарт часовник или таблет ќе бидат казнети. Истите законски мерки важат и за возачи на велосипед, мопед, мотоцикл, трицикл, и четирицикл кои, според законот, за време на управувањето не смеат да користат ...

Европската Унија се обидува да најде правен механизам со кој ќе го заобиколи очекуваното вето од Унгарија за планот да се запленат 140 милијарди евра од санкционираните руски средства и да ѝ се позајмат на Украина. Европската комисија смета дека нашла начин да ја исклучи Унгарија од процесот на одлучување, иако унгарскиот премиер Виктор Орбан важи за најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во ЕУ. Вообичаено, за ваква мерка е ...

Американскиот Стејт департмент соопшти дека ќе му ја укине визата на колумбискиот претседател Густаво Петро поради неговите „непромислени и запаливи дејствија“ за време на пропалестинскиот протест во Њујорк. „Колумбискиот претседател Густаво Петро денеска стоеше на улица во Њујорк и ги повика американските војници да не ги почитуваат наредбите и да поттикнуваат насилство. Ќе му ја укинеме визата на Петро поради неговите непромислени и ...

Милијардерот Илон Маск и британскиот принц Ендрју се именувани во новите документи поврзани со покојниот осуден сексуален престапник и финансиер Џефри Епстин, кои ги објавија демократите во американскиот Конгрес. Досиејата, кои Комитетот за надзор на Претставничкиот дом ги добил од имотот на Епстин, вклучуваат телефонски пораки, копии од дневници на летови, финансиски извештаи и дневниот распоред на Епстин. Според документите, Илон Маск бил ...

Повеќе од 15 минути траеа бурниот аплауз и овациите за филмската екипа на „Диџеј Ахмет“, наградуваното деби на Георги Малински Унковски, по синоќешната проекција на затворањето на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На сцената во полната сала излегоа режисерот Унковски, кинематограферот Наум Доксевски, актерите Ариф Јакуп, Дора Акан- Златанова, Агуш Агушев, продуцентот Иван Унковски и други членови од екипата. Во филмот кој ...

Стручната комисија на Министерството за здравство ги заврши осумте предмети кои пристигнаа за кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу. Тој на крајот на август ја формираше Комисијата откако кардиохирурхот д-р Сашко Кадев обвини за непотребни операции во приватното здравство. „Во вторник, Комисијата ќе продолжи со работа по новите пет пријави“, рече ...

Изградбата на брзата пруга од Скопје до Солун, дел од Коридорот 10, е стратешки приоритет на Македонија и Грција и ќе почне да се гради догодина, вели вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски по посетата на Грција. Тој на 24 септември имаше средба во Атина со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис. Ова е прва средба на двајцата вицепремиери. Како што беше соопштено, на средбата била потврдена одлучноста ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро ги осуди западните земји кои ја признаа палестинската држава, велејќи дека убивањето Евреи се исплаќа, додека десетици делегати ја напуштија салата пред почетокот на неговиот говор на Генералното собрание на Обединетите нации. „Оваа недела, лидерите на Франција, Велика Британија, Австралија, Канада и други земји безусловно ја признаа палестинската држава. Тие го направија тоа по ужасите извршени од ...

Над 800 учесници од земјава и Европа на 1 и 2 октомври ќе бидат дел од Дигиталниот самит кој ќе се одржи во Скопје во Музејот на современа уметност. Како главни теми на самитот ќе бидат сајбер-безбедноста и дигиталните услуги, но на самитот ќе се говори и за вештачката интелигенција. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека оваа година самитот е малку реорганизиран, со тоа што ако порано бил само за функционери и ...

Со проекција на „Диџеј Ахмет“, дебито на Георги М. Унковски, вечерва во Битола завршува 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Филмот од 1 октомври ќе игра во скопското кино Синеплекс, а ќе почне и кинодистрибуцијата низ Македонија во Киноверзум. „Снимавме на различни локации, теренот го истражувавме долго, често и веруваме дека тоа на публиката ќе и се допадне. Го снимавме населението и посебно народните ...

Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која ја одобри продажбата на американските операции на ТикТок на американски и глобални инвеститори, со што оваа платформа ќе биде во согласност со барањата за национална безбедност. Потпретседателот Џеј-Ди Венс кажа дека вредноста на компанијата ќе изнесува 14 милијарди долари, што е пониско од проценките на некои аналитичари. Објавувањето на извршната наредба покажува дека Трамп постигнал напредок ...

Од вчера до 28 септември со по три проекции на ден, во Киноверзум во Велес се прикажува документарниот филм на Тамара Котевска „Силјан“. Филмот има по три термини за проекции: 14 часот, 16 часот и од 18 часот. „Силјан“ е македонски кандидат за Оскар за Најдобар странски филм за 2026, a неодамна „Нешнл џиографик документари филмс“ (National Geographic Documentary Films), еден од најреномираните светски дистрибутери на документарци го откупи за ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во Њујорк дека американските санкции за Српската нафтена индустрија (НИС) стапуваат во сила на 1 октомври, откако Вашингтон ги одложи за само четири дена. „Тоа не е убава вест, ама е очекувана. Ние сме колатерална штета на односите помеѓу Американците и Русите, западот и истокот. Бевме исклучително коректни и кон американските и кон руските партнери, но ќе платиме многу висока цена“, кажа Вучиќ. ...

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против скопското Јавно претпријате (ЈП) „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина. Кривичната пријава е поднесена до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Обвинителството, откако „Комунална хигиена“ неколку дена не го собираше ѓубрето низ Скопје. Од Општина Аеродром велат дека нивните екипи во изминативе 3 дена соберале 24 тони комунален отпад од домаќинствата во Аеродром, работа ...

Русија ќе воведе делумна забрана за извоз на дизел до крајот на годината и ќе ја продолжи постојната забрана за извоз на бензин, изјави вицепремиерот Александар Новак откако зачестија украинските напади со дронови врз руските рафинерии. Нападите го намалија производството на руските рафинерии за речиси една петина во одредени денови и го намалија извозот од клучните пристаништа. Падот на капацитетот за рафинирање нафта ја доближи Москва до ...

Доналд Трамп му порача на Бенјамин Нетанјаху дека нема да му дозволи да го анектира Западниот Брег, кој моментално е окупиран од Израел. Израелскиот премиер денеска ќе одржи говор на Генералното собрание на Обединетите нации, што следува по бранот признавања на палестинската држава од западните земји. „Нема да му дозволам на Израел да го анектира Западниот Брег, тоа нема да се случи. Доста беше, време е да се запре сега“, кажа Трамп. Израел ...

Доналд Трамп побара од Турција да престане да купува руска нафта, порачувајќи му на Реџеп Таип Ердоган дека тоа е најдобрата работа што може да ја направи за да помогне да се стави крај на војната во Украина. Нивната средба во Белата куќа заврши без ветувањето од Трамп дека ќе ги укине санкциите за Турција или дека ќе ѝ продаде напредни борбени авиони „Ф-35“, иако изрази оптимизам за двете работи. САД со години ја спречуваат продажбата на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
7.2
61%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 1ᴼ
1.54
68%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
80%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.89
81%
1032
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.03
75%
1027
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
59%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
76%
1033
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
55%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
6.17
68%
1030
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Калај

50.64

Кобалт

66.14

Злато

166253.76

Алуминиум

3.42

Цинк

3.24

Паладиум

51794.85

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Родиум

372948.66

Бакар

11.73

Сребро

2711.59

Платина

68963.35