Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Европските лидери се шегуваа на сметка на Доналд Трамп на самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген откако тој ги измеша Ерменија и Албанија во неколку ситуации. Зборувајќи колку војни решил откако се врати во Белата куќа, Трамп неодамна го спомна и конфликтот помеѓу Азербејџан и Албанија. Албанскиот премиер Еди Рама беше снимен како се шегува за ова со францускиот претседател Емануел Макрон и азербејџанскиот лидер Илхам Алиев. ...
Денеска се навршуваат 30 години откако на 3 октомври 1995 во Скопје беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата го преживеа нападот. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и минувачот Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и ...
Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која вети дека ќе ги користи сите мерки, вклучувајќи ја и американската војска, за да го брани Катар, главниот сојузник на САД на Блиски Исток. Според наредбата, Вашингтон ќе ги смета сите вооружени напади врз Катар како закана за себеси и ќе ги преземе сите законски мерки, дипломатски, економски и воени, за да ги одбрани интересите на САД и Катар. Безбедносниот пакт е речиси идентичен на односите ...
Аеродромот во Минхен повторно работи откако ноќеска беше затворен поради неидентификувани дронови. Тоа доведе до откажување на повеќе од десет летови. Најмалку 17 авиони беа приземјени, што погоди околу 3.000 патници, додека уште 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Портпаролот на авиокомпанијата „Луфтханза“ изјави дека летовите утрово продолжиле според планираното. Властите засега не потврдија од каде дошле дроновите. Неколку ...
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибина „Иднина за Кочани“ на која беа промовирани кандидатот за градоначалник и носителот на листа на советници од партијата, кажа дека на овие локални избори „ќе победи Кочани, односно ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“. На 16 март, во катастрофалниот пожар во дивата кочанска дискотека „Пулс“ загинаа 62 главно млади лица, а над 200 беа повредени. Тогашниот градоначалник Љупчо Папазов од ...
Поскапе водата за пиење во Скопје, за 3,2 денари по кубик. Наместо 31,81 денар, кубик вода сега чини 35,02 денари. Новата цена е на сила од септември и септемвриските сметки ќе бидат повисоки. Новата цена ја донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на 25 август. Од таму за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека Комисијата морала да донесе нова цена на водата, бидејќи ЈП „Водовод и канализација“ не ги испочитувала препораките да се ...
Од вчера, без работа и без исплатени плати останаа вработените во модната конфекција „Мода ексклузив“ од Штип. За еден месец ова е четврта текстилна фабрика која се затвори преку ноќ и без никакво објаснување од работодавачите . „Се работи за мешовита холандско-македонска фабрика со над 30 вработени. Затворањата се обично од такви странски или мешовити фабрики кои во последно време се свртуваат кон Истокот во обезбедувањето на уште поевтина ...
Руинираната куќа на Петруш Вангелов од 19 век во Охрид, сместена во стариот дел на градот на тесниот сокак кој води до црквата „Свети Јован Канео“, е опасност за минувачите иако е објект заштитен со закон како културно наследство. Објектот со години се распаѓа, а институциите не презеле ништо за санација. Куќата на Петруш Вангелов e една од двете куќи кои се прогласени за културно добро во опасност во стариот дел на градот. Ова е последната ...
Иако главните виновници за големата сообраќајна несреќа кај Ласкарци кога загинаа 16 патници требаше досега да бидат веќе 5 месеци во затвор, тие за разлика од осудениот возач на автобусот Мануел Трифуновски, немаат дојдено ни до затворската капија. Сопственикот на фирмата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари, осудени на по 10 години затвор, се разболеле. Во Основниот суд Тетово, од одделението за ...
Хуманитарната флотила „Сумуд“ не успеа во обидот да стигне до брегот на Газа, откако 39 бродови биле пресретнати и запрени од израелската морнарица во операција која почна синоќа. Од флотилата кажаа дека еден брод успеал да влезе во територијалните води на Газа, но запрел пред брегот, по што бил изгубен контактот со него. „Ниеден од бродовите не успеа да ја пробие блокадата. Провокацијата на Сумуд-Хамас е завршена“, соопшти израелското ...
Европската унија го подигнува степенот на борбата против тероризам и насилен екстремизам, против злоупотребата на вештачката интелигенција за мобилизација на луѓе за вршење на овие тешки кривични дела, како и против нивното финансирање во криптовалути. Но, тоа не го прави без државите од Западен Балкан. Македонија е потписничка на новиот Заеднички акциски план за спречување и справување со тероризам и насилен екстремизам за Западен Балкан. ...
Британската полиција објави дека четири лица се ранети откако автомобил влетал меѓу пешаци и биле избодени луѓе близу синагога во Манчестер. Напаѓачот е застрелан од полицијата и засега не е потврдено дали починал. Нападот се случи на Јом кипур, најсветиот ден во еврејскиот верски календар. Полицијата била повикана во северниот дел на Манчестер откако очевидци пријавиле дека автомобил удрил во пешаци и еден маж бил избоден. „Болничарите ...
САД ќе ѝ даваат на Украина разузнавачки податоци за метите на енергетската инфраструктура во внатрешноста на Русија, изјавија двајца функционери, додека Вашингтон размислува да го снабди Киев со проектили со долг дострел со кои би можел да изведува такви напади. САД побарале од сојузниците од НАТО да обезбедат слична поддршка, рекле функционерите, потврдувајќи го написот на „Вол стрит џурнал“. Вашингтон долго време споделува разузнавачки ...
За монографијата за неговиот син Филип Стевановски, музичарот кој загина во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, професорот Маријан Стевановски вели дека почнал да ја пишува од моментот кога се случил пожарот. Монографијата ќе се промовира на Џез фестивалот во Куманово, то ќе се оддржи во Занаетчискиот дом куманово на 14 и на 15 октомври. Првата вечер ќе биде посветена на Филип Стевановски со промоција на монографијата, ...
Во Македонија младите почнуваат да пушат на 13 години, а 40 отсто од популацијата до 18 години се пушачи, покажаа анализите на „Аналитика тинк тенк“, независна институција за истражување на јавните политики. „Македонија сѐ уште се рангира како една од земјите со повисоки стапки на пушење , но нас нѐзагрижува фактот што анализите покажуваат дека на младите под 18 години не им се забранува продажба и апелираме дека треба да се почитува ...
Француските војници упаднаа на танкер за кој се верува дека е дел од руската „флота во сенка“, која се користи за да се избегнат санкциите за Русија. Бродот „Боракај“ ја напуштил Русија минатиот месец и бил близу брегот на Данска кога над тамошните аеродроми се појавија неидентификувани дронови. Неколку дена бил закотвен покрај брегот на западна Франција. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека посадата на бродот извршила сериозни ...
Англискиот еколог Џејн Гудал, која беше водечка светска експертка за шимпанза, почина на 91 година. Таа починала од природни причини во Калифорнија додека била на говорничка турнеја низ САД, соопшти нејзиниот институт. „Нејзините откритија ја револуционаризираа науката. Таа беше неуморен борец за заштита и обнова на природниот свет“, објави институтот „Џејн Гудал“. Актерот и екологист Леонардо ДиКаприо изјави дека Гудал инспирирала милиони да ...
Ни снег, дожд, ветер или жешко време не го спречија битолчанецот Николче Чкламовски (46) во исполнувањето на неговата мисија 200 пати да се искачи со велосипед на врвот Пелистер на 2.601 метар. Двестотиот пат се случи на 28 септември, кога со шампањско в раце на врвот заедно со пријателите, исто така спортисти, го прославија јубилејот. „Моето искачување до највисокиот врв на Пелистер се одвива веќе осум години и можам да кажам дека застој ...
Израелските сили запреа 13 бродови од хуманитарната флотила „Сумуд“ која синоќа тргна во пробив на поморската блокада на Газа за да достави помош, но организаторите кажаа дека 30 бродови продолжуваат да пловат кон брегот. Израелското министерство за надворешни работи објави видео кое потврдува дека меѓу уапсените е најпознатиот учесник на акцијата, шведската активистка Грета Тунберг. „Неколку пловила од флотилата Сумуд-Хамас се безбедно ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче повторно го повика премиерот Христијан Мицкоски да ја прифати Резолуцијата за национален консензус за црвени линии и временска рамка за продолжување на преговорите со ЕУ што неговата партија ја предложи на 25 септември. Од предизборен митинг во Македонски Брод Филипче му се обрати на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да ги надмине личните и партиските интереси за да може сите 120 пратеници да изгласаат Резолуција во ...
Израелската војска ги пресретна бродовите од глобалната флотила „Сумуд“, која вечерва тргна во пробив на поморската блокада на Газа во обид да достави симболична количина хуманитарна помош. Флотилата се состои од повеќе од 40 цивилни бродови со над 500 луѓе, меѓу кои се пратеници, адвокати и активисти, вклучувајќи ја Грета Тунберг. „Пресретнувањето започна. Два брода се веќе пресретнати и изгубивме контакт со уште еден“, изјави по 20 часот ...
Европските лидери се сретнаа во Копенхаген за да разговараат за плановите да се зајакне одбраната на истокот на ЕУ против руските дронови, додека некои сметаат дека ова би требало да биде пошироко. Европските власти ја обвинија Русија за дрски упади во воздушниот простор на Полска, Романија и Естонија во изминатиот период, додека Данска не кажа директно дека Русија е одговорна за инцидентите со дронови над тамошните аеродроми. „Русија се ...
На Клиниката за онкологија и радиотерапија годишно се дијагностицираат околу 1.200 пациентки со рак на дојка, а околу 60 проценти од пациентите за првичната дијагноза односно за биопсија одат на приватно, рече денеска Ана Марјановиќ од Здружението Хемаонко, во чест на одбележувањето на 1 октомври, почетокот на Месецот за борба против ракот на дојка. Марјановиќ рече дека она кое што е најпоразително за онколошките пациенти во Македонија, е што ...
„Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Георги М. Унковски, од денеска игра во кината низ Македонија. Вечерва, кинопремиерата ќе биде прикажан во кината „Синеплекс“ во Скопје, во Киноверзум во Скопје, Штип и Велес, во 3Д кино Битола и Манаки Битола, по што ќе почне игра редовно во киносалите на мрежата Киноверзум низ целата земја. „Диџеј Ахмет“ имаше светската премиера на 24 јануари на фестивалот „Санденс“ во Парк Сити, Јута и ги доби Наградата од ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна дискриминација врз основ на лично својство во областа на работата и работните односи врз диригентката Дијана Имери-Илкоска од Александар Котевски, поранешен в. д. директор на Филхармонијата. На почетокот на јануари годинава, Филхармонијата ја отпушти Имери-Илкоска, а како што објави таа тогаш, ѝ бил забранет пристап во филхармониската зграда. Неколку дена потоа ѝ бил ...
Актерката Теута Ајдини-Јегени, хорската диригентка проф. Летка Димовска-Полизова и продуцент промотор на македонската уметност Иво Јанкоски се годинашни добитници на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста , соопшти Министерството за култура. Државната награда „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на ...
Општина Крушево влезе на престижната листа Топ 100 зелени дестинации во светот за 2025, заедно со светски познати туристички места од САД, Чиле, Франција, Шведска, Словенија, Јапонија. Изборот го направи меѓународната организација „Грин дестинејшн“ (Green Destination) која ги поддржува местат со одржлив туризам и екологија. Признанието деновиве во Монпелје, Франција го примија Татјана Хасану, раководителка на Одделението за локален економски ...
Грција денеска е парализирана од генерален штрајк, при што вработените од јавниот и приватниот сектор се обединија за да протестираат против најавените измени на законот за работни односи. Траектите останаа во пристаништата, таксистите и возовите во Атина нема да возат 24 часа, додека автобусите, трамваите и метрото имаат намален возен ред. Штрајкот наруши и бројни јавни служби, вклучувајќи ги училиштата, судовите, болниците и општините. ...
Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје и нивните фирми „Флораком“ и „Луна“ денеска излегоа на протест блокирајќи го мостот „Гоце Делчев“ во центарот на градот. Протестираат бидејќи немаат земено плата за месец август, а од денеска се и без здравствено осигурување. „Очекувавме вчера да биде исплатена платата за вработените. Но, за жал, платата не е исплатена и од денес вработниците остануваа без здравствено осигурување и сите ...
Tри седмици сообраќајот низ Велес се одвива со потешкотии во периодите кога минуваат возовите по пругата во центарот на градот. Колони возила се создаваат кога се спуштени безбедносните рампи на четирите премини. Тие често достигнуваат и до Пошта или Офицерски. Причината за застојот е што возовите возат со намалена брзина, имаше и случаи кога велешани сигнализираа дека возот бил расипан, па стоел на отворена пруга. И по четири работни дена, ...