Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Со герила акција, граѓански активисти од Струга доцна вечерва ја осветлија општинската зграда со натписи за чист воздух и вода. На зградата беа проектирани паролите „Нема воздух, нема вода, нема живот“, „Воздух или смрт“, „Сите се труеме“, „Струга се суши“, „Чист воздух е право, а не привилегија“. Активистите велат дека е опасно да се живее во град кој со години се труе од дивата депонија која се наоѓа на само 500 метри од првите куќи, во ...
Доналд Трамп изјави дека верува оти Украина со помош од Европска Унија и НАТО може да ја врати целата своја територија окупирана од Русија од почетокот на војната. Трамп, кој се сретна со Володимир Зеленски во Обединетите нации, претходно велеше дека Русија и Украина ќе мора да разменат територија за да ја завршат војната. „Со време, трпение и со финансиска поддршка од Европа, а особено од НАТО, враќањето на оригиналните граници од кои што ...
Дури и претседателите можат да заглават во сообраќај, во што Емануел Макрон се увери во Њујорк, кога полицаец го запре на пешачки премин за да може да помине колоната возила на Доналд Трамп. Францускиот претседател притоа лично му се јави на Трамп од тротоарот за да му се пожали, според видеоснимка која кружи на интернет. „Жал ми е, господине претседателе, навистина ми е жал“, му вели очигледно засрамен полицаец на Макрон, кој се обидуваше да ...
Холандската централна банка (ДНБ) ги советуваше граѓаните да чуваат доволно готовина дома за три дена во случај на катастрофа или вонредна состојба, наведувајќи ги зголемените геополитички тензии и сајберзаканите што би можеле да го загрозат платниот систем на земјата. Граѓаните треба да чуваат 70 евра по возрасен и 30 евра по дете во готово како превентивна мерка, кажаа од банката. „Парите треба да послужат за покривање на потребните трошоци ...
Привремено е затворен приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму велат дека, поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за отстранување на истите, донесена е одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна школа. „Нерегуларностите се констатирани од страна на посебна комисија во рамки на МОН за вршење надзор над ...
Доналд Трамп се пофали дека запрел седум војни откако се врати во Белата куќа во јануари, одржувајќи го првиот говор во Обединетите нации од 2020 година. Тој кажа дека со негова помош биле завршени војните помеѓу Камбоџа и Тајланд, Косово и Србија, Пакистан и Индија, Израел и Иран, Египет и Етиопија, Ерменија и Азербејџан и помеѓу Руанда и Демократска Република Конго. „Луѓето ми кажуваа дека не може да се стави крај на овие конфликти. Ниеден ...
Центарот „Помпиду“ во центарот на Париз се затвори заради голема реконструкција, која ќе трае најмалку 5 години. Саудиска Арабија ќе учествува со 50 милиони евра во предвидените 463 милиони евра трошоци за реконструкцијата. Франција ќе покрие 283 милиони евра, а самата институција ќе покрие 180 милиони евра. Уметничкиот и културен центар познат и како „Бобур“, кој беше отворен во 1977 и во кој се наоѓа познатиот национален музеј Музеј на ...
Австрискиот амбасадор во Македонија Мартин Памер смета дека Австрија и Македонија преку Штип можат да соработуваат на деловен план и тоа во текстилната индустрија, но и за развојот на бањскиот туризам, во културата и во други области. „Сакам да донесам во Македонија потенцијални инвеститори од Австрија и планирам наредната година да доведам една економска мисија од мојата земја која може да да ги разгледа можностите од стопанството и да ...
Жителите на Тиквешијата се лидери од регионите во Македонија каде има најголем број регистрирано случаи на пијани возачи и тоа со висок промил алкохол во крвта. За пет месеци, од април до август годинава, Основнот јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци од СВР Велес добило 14 кривични пријави за кривичното дело Безобѕирно управување со моторно возило. Во еден случај, Основниот суд во Кавадарци изрекол пресуда со глоба од илјада евра. Во два ...
Нафта за автобусите на ЈСП има само за денеска и Скопје утре може да остане без јавен превоз, вели Африм Муча претседател на независниот синдикат на возачи на јавното претпријатие. Вели дека „Пуцко петрол“ престанал да испорачува гориво, но не знае кои се причините. „Ситуацијата не е баш идеална. Вчера околу 17 часот добивме 18 тони нафта, но таа е доволно само за денеска. Утре нема да има автобуси ако не добиеме нова испорака. Овој проблем ...
Главниот град Скопје е затрупан со ѓубре и претворен во депонија. Сите контејнери низ градот се преполни, а купишта смет има на тротоарите и на улиците. Со недели не се собира ниту ѓубрето од кантите од куќите. Булевар Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје. (Фото: СДК.МК) Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска не кажува каде е точно проблемот и зошто не се собира ѓубрето, ниту има соопштение од ЈП „Комунална хигиена“ каде директор е ...
Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд во Тетово, со која на Менсур Пајазити од Голема Речица му е потврдена казната затвор во траење од две години. Пајазити во август 2022 возел со брзина поголема од дозволената, не почитувал предност за минување и на пешачки премин ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска, која набрзо по несреќата почина. По ваквата одлука на Апелациониот суд во Гостивар семејството на Теодора ...
Екипи од Клиниката за пулмологија и алергологија на 24 и 25 септември ќе вршат скриниг за населението во скопско Трубарево, поради пожарот кој на 13 септември избувна во рециклаторниот центар на „Ф-групација“. „Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со две амбулантни возила. Прегледите се наменети за сите заинтересирани од Трубарево и од околните населени места, а особено за лицата кои чувствуваат потешкотии при дишењето ...
Многу лекари и научници беа шокирани откако претседателот Доналд Трамп се појави на телевизија и кажа дека бремените жени не треба да го земаат лекот против болки „тиленол“ и ги повтори побиените теории за вакцините и аутизмот. Трамп отиде подалеку од поскромниот совет на Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) дека лекарите треба да размислат за минимизирање на употребата на парацетамолот во бременоста, што владата на Трамп го поврза со ...
Во Молдавија се уапсени 74 луѓе обвинети дека планирале масовни нереди во земјата, додека прозападната претседателка Маја Санду ја обвини Русија дека се обидува да влијае врз претстојните парламентарни избори. Полицијата кажа дека осомничените биле приведени по повеќе од 250 претреси низ земјата. Јавниот обвинител на Молдавија Виктор Фуртуна кажа дека уапсените се на возраст од 19 до 45 години и дека најголемиот дел од нив биле обучувани во ...
Данска и Норвешка ги затворија своите главни аеродроми синоќа поради забележани дронови. Данската полиција кажа дека не може да ги потврди типот и бројот на дронови видени над аеродромот во Копенхаген, но додаде дека веројатно биле управувани од способен оператор. Притоа биле активирани и вооружени сили, но според полицијата, се чини дека дроновите немале намера да предизвикаат штета. И покрај тоа, работата на аеродромот беше прекината на ...
Доналд Трамп кажа дека лекарите во САД ќе бидат советувани да не им го даваат лекот против болки „тиленол“ на бремените жени, поврзувајќи го со појавата на аутизам кај децата. Американскиот претседател тврди дека земањето парацетамол, што е главната состојка на „тиленолот“, не е добро и смета дека трудниците би требало да го земаат само во случај на многу силна треска. Некои истражувања покажале дека има врска помеѓу бремените жени кои земаат ...
Џими Кимел се враќа во своето вечерно шоу на Еј-Би-Си откако беше суспендиран минатата недела поради неговите коментари за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк. „Дизни“, во чија сопственост е ТВ-мрежата, соопшти дека шоуто беше суспендирано зашто сметаше дека некои коментари биле лошо темпирани и нечувствителни. „Последните денови ги поминавме во внимателни разговори со Џими и по тие разговори донесовме одлука да ја вратиме ...
Франција вечерва и формално ја призна палестинската држава, придружувајќи им се на Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија, кои го сторија тоа вчера. Обраќајќи се пред Генералното собрание на Обединетите нации, претседателот Емануел Макрон кажа дека дојде време да се заврши војната во Газа и да се ослободат преостанатите 48 израелски заложници. „Не можеме веќе да чекаме. Светот е оддалечен неколку моменти од точката кога веќе нема ...
Се расипа единствениот исправен радар во Контролата на летање во Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром, со што од вчераутро контролорите не можат да ги гледаат авионите на мала висина, кога слетуваат. Од двата радара, едниот врз Контролната кула, другиот во нејзина непосредна близина, во функција бил само вториот, кој сега се расипа. Додека не се отстрани дефектот, односно додека не стигне делот од Италија, ќе мора ...
„Силјан“, третиот документарец на режисерката Тамара Котевска, е откупен за прикажување од „Нешнл џиографик документари филмс“ (National Geographic Documentary Films), еден од најреномираните светски дистрибутери на документарци. „Во срцето на руралната Северна Македонија, Никола, земјоделец кој се бори со суровата реалност на новите владини политики, спасува ранет бел штрк од депонија, трансформирајќи ги животите на двајцата на подобро. Од ...
Демонстрантите против израелската офанзива во Газа се судрија со полицијата во Милано и други италијански градови денеска, додека десетици илјади луѓе се придружија на маршот во Рим, а пристанишните работници ги блокираа пристаништата во знак на солидарност со Палестина. Полицијата фрли солзавец за да ги растера демонстрантите кај железничката станица во Милано, од кои некои вееја палестински знамиња. Властите кажаа дека се повредени околу 60 ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец кој ја повредил мајка си барајќи ѝ пари. За него постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството. Насилството е се случило на 21 септември во дворот на семејниот дом на улицата Славејко Арсов, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од ...
САД размислуваат да воведат санкции против целиот Меѓународен кривичен суд во Хаг, што би можело да ја наруши неговата секојдневна работа. Ваквата одлука би била одмазда за истрагите на потенцијални израелски воени злосторства во Газа. Вашингтон веќе воведе санкции за неколкумина обвинители и судии од судот, но ставањето на целиот суд под санкции би била значајна ескалација. Шест добро упатени извори кажаа за „Ројтерс“ дека одлуката ќе биде ...
Турскиот режисер Семи Капланоглу, добитник на Златна Камера 300 за особен придонес во светската кинематографија на годинешното издание на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, на прес-конференцијата рече дека браќата Манаки се дел и од турската кинематографија. „Голема е честа што сум тука, затоа што верувам дека турката конематографија започнала со браќата Манаки“, рече Капланоглу. Капланоглу е признат турски сценарист, ...
По пет и пол години застој во изградбата, зимскиот базен во Штип конечно ќе биде отворен, откако Општина Штип и инвеститорот Министерството за спорт ја продолжија работа пред неколку месеци. Општина Штип денеска почна да го асфалтира паркинг просторот околу базенот со капацитет за педесетина возила, што чини 1,4 милиони денари (околу 23.000 евра). Се завршуваат и работите внатре во базенот, па се очекува тој да биде пуштен до крајот на ...
„Пуцко петрол“ престанал да испорачува гориво за автобусите на ЈСП Скопје, соопштија од Град Скопје. Во соопштението од Градот се вели дека сопственикот на „Пуцко петрол“ Асмир Јахоски е под притисокот од ВМРО-ДПМНЕ да престане со испорака на нафта за намерно да се создаде повторно хаос во градот со немање автобуси. „Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од ‘Пуцко петрол‘, соочен со обвиненија затворска казна и ...
Потрагата по палестинска независност доби голем поттик вчера, откако Велика Британија, Канада и Австралија формално ја признаа државата Палестина, што денеска ќе го направи и Франција. Сепак, поради ситуацијата на терен, речиси е невозможно да се замисли остварувањето на решението со две држави, во кое суверена палестинска држава би постоела покрај Израел. Многумина аналитичари и активисти велат дека ова е резултат на повеќедецениското ...
Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек, по два дена лекување во Клиничката болница во Тетово ѝ се влошила здравствената состојба и починало. Девојчето било примено на Одделението за педијатрија во саботата, 20 септември нешто пред 21 часот, а починало во неделата, 21 септември. Семејството на девојчето и жители на Челопек, преку социјалните мрежи бараат од надлежните органи, здравствените власти и правосудството да го испитаат секој ...
Возилото „рено 4“ од Стојаково кое пред половина деценија беше реставрирано од страна на Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов е прогласено за ‘најсмело возило‘ на годинешниов четврти по ред Фестивал на „рено 4“ во Тоскана Италија а двајцата авантуристи за најдобар екипаж. Двајцата вљубеници на олдтајмери за фестивалот посветен на овој модел на рено во Италија, дознале пред неполн месец и веднаш одлучиле да го претстават легендарното „рено 4“ од ...