Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Ново челично јаже со должина од 90 метри е поставено на патеката Камењар (Rocky Trail) на Пелистер. Со него се опфатени повеќе секции на патеката од Видиковец (2.000 метри надморска височина) до врвот Стив (2.468 метри). „Со неговото поставување во голема мера се зголемуваат безбедноста и брзината на движење на планинарите”, соопштија од Националниот парк „Пелистер“. Камењар е една од најубавите и најживописни планински патеки во Македонија. ...
Франција и Саудиска Арабија ќе соберат десетици лидери денеска во Њујорк за да изразат поддршка за решение со две држави, при што неколку од нив најавија признавање на палестинската држава. Израел и САД ќе го бојкотираат самитот, додека израелскиот амбасадор со Вашингтон, Дани Данон, го опиша како циркус. Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија вчера и формално ја признаа палестинската држава, што денеска би можеле да го направат ...
Доналд Трамп најави дека денеска ќе има важна објава за аутизмот. „Мислам дека ова ќе ви биде неверојатно. Пронајдовме одговор за аутизам“, кажа Трамп, обраќајќи се на комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. Иако не изнесе детали за тоа што планира да каже, тој рече дека неговата влада нема да дозволи тоа повеќе да се случува. „Тоа ќе биде една од најважните прес-конференции што ќе ги имам“, кажа Трамп. Според ...
Македонската филмска критичарка Марина Костова е избрана за потпретседателка на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ. Ова е првпат во 100-годишната историја на ФИПРЕСЦИ филмски критичар од Македонија да биде избран во раководството на една од најстарите професионални организации во светот, што обединува здруженија на филмски критичари од 90 земји на сите континенти. Изборот на новото раководство со 4-годишен мандат беше на ...
Ким Џонг Ун вели дека е отворен за средба со Доналд Трамп ако Вашингтон престане да инсистира неговата земја да се откаже од нуклеарно оружје. Тој додаде дека Северна Кореја никогаш не би се откажала од својот нуклеарен арсенал во замена за укинување на меѓународните санкции. „Лично, имам убави спомени од Доналд Трамп“, кажа Ким, кој се сретна со американскиот претседател трипати во неговиот прв мандат. Коментарите на Ким уследија откако ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека нема да има палестинска држава откако таа денеска беше призната од Велика Британија, Австралија и Канада, што ќе го следат и други држави на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации. „Имам порака до лидерите кои ја признаа Палестина по ужасниот масакр на 7 октомври 2023: тоа нема да се случи. Палестинска држава нема да се формира западно од реката Јордан“, кажа Нетанјаху, ...
Доналд Трамп ја назначи својата поранешна адвокатка Линдзи Халиган за обвинителка на Источниот округ на Вирџинија, неколку часа откако побара од јавната обвинителка Пем Бонди да биде поагресивна во прогонот на неговите политички непријатели. „Пем Бонди одлично си ја врши работата како јавна обвинителка на САД, но потребен е поцврст обвинител во Источниот округ на Вирџинија, како што е мојот предлог Линдзи Халиган, за да се придвижат ...
Велика Британија денеска ја призна палестинската држава откако Израел не ги испочитува условите поставени во јули од премиерот Кир Стармер, вклучувајќи прекин на огнот. „За да ја оживееме надежта за мир за Палестинците и Израелците и за решение со две држави, Обединетото Кралство денеска и формално ја признава Државата Палестина. Ова не е награда за Хамас, туку значи дека Хамас нема иднина“, кажа Стармер и го повика Хамас да ги ослободи ...
Над 100.000 посетители имаше синоќа на стадионот во Штип на концертот на Дино Мерлин во рамките на „Пастрмалијадата“. Не се знае колку чинело гостувањето на Мерлин бидејќи официјално не беше кажано од Општина Штип. Градоначалникот Иван Јорданов само кажа дека ова прашање не е во негов домен и дека тој нема ништо со музичкиот дел, туку тоа било под ингеренции на општествено одговорните компании, кои финансиски ја поддржале манифестацијата. ...
„Мајка“ синоќа го отвори фестивалот „Браќа Манки“ во Битола, а сестрите Теона и Лабина Митевски, едната режисерка, а другата продуцентка, рекоа дека филмот му го посветуваат на нивниот татко. „Солзи ми течат зашто во првата недела од снимањето почина нашиот татко. А, такво е снимањето филмови. Филмот е животот и ние моравме да продолжиме да снимаме. Кога се потсетуваме на снимањето, сите спомени се поврзани со нашиот татко, кој беше прекрасен ...
Министерот за здравство Азир Алиу вели дека ќе се укине дискреционото право на директорите на болниците со кое тие законски смеат наместо најдобро рангираниот доктор, да вработат кого сакаат. Алиу ова го изјави во интервју за Агенда 35 на МРТВ, откако две години Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“, преку Граѓанската сила „Замисли“ и заедно со Македонското здружение на млади правници, Клубот на млади лекари и Асоцијацијата ...
„Уште сум тука“ на прочуениот бразилски автор Валтер Салјес ја доби годинешната награда Гран при за најдобар филм на годината што традиционално ја доделува Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ. Салјес лично ја прими наградата на отворањето на 73. издание на филмскиот фестивал во Сан Себастијан. Гран при на ФИПРЕСЦИ се избира со гласање на членовите на федерацијата, а годинава гласаа 739 критичари од 75 земји. ФИПРЕСЦИ ...
Неготинчанец му се заканувал и преку пораки му праќал смртни закани на градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против лицето за кривичните дела Изнуда и Загрозување на сигурноста. На 2 септември, од анонимен фејсбук профил му пишал на градоначалникот и со сериозни директни закани кон него и неговото семејство се обидел да го присили да му исплати 3.000 евра. „Во периодот од ...
„Знам дека не е лесен филм да се проголта, но јас по прикажувањето се чувствувам како тинејџерка на 18 години“, рече режисерката Теона Стругар Митевска по синоќешната проекција на филмот „Мајка“, со кој, по премиерата на Венецискиот фестивал, беше отворено 46. издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола. На сцената по филмската проекција изглегоа режисерката, актерот Никола Ристановски, Лабина Митевска, кинематограферката Виржини ...
Благоја Куновски-Доре, еден од најреномираните македонски филмски критичари, доби Златен медал за особен и долгогодишен придонес на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ на вечерашното отворање на фестивалот во Битола. Куновски долги години беше селектор и уметнички директор на „Браќа Манаки“, а медалот му го додели организаторот, Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). „Фестивалите сум ги доживувал како ...
Антиимигрантските протести во Хаг станаа насилни откако демонстрантите се судрија со полицијата, која употреби солзавец и водени топови. Во нередите беше вандализирано седиштето на центристичката политичка партија Д66, што се случува една недела пред предвремените парламентарни избори во Холандија. „Ѓубриња! Никогаш нема да дозволиме екстремистите да ја преземат нашата прекрасна земја“, кажа лидерот на Д66, Роб Јетен. На протестот учествуваа ...
Шар Планина изобилува со лековити билки и шумски плодови, но тоа природно богатство ни оддалеку не е искористено. Токму затоа, здружението „Ренесанса“ од Тетово по вторпат го организира Саемот за развој на планинскиот туризам и одгледување на недрвните шумски производи во функција на локалната економија, на кој се претставени собирачи на лековити билки, производители на мед и производи од мед. „Со саемот сакаме да ја подигнеме свеста кај ...
Вечерашната церемонија на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Центарот за култура во Битола ќе ја води младата актерка со космополитска биографија и македонско потекло, Сара Сандева. Сандева е родена во Скопје во 1997, а на две години се преселила во Чешка. Таму израснала, а својата актерска кариера ја градела во Прага, каде што дипломирала на престижниот Конзерваториум за музика и драма. Од ...
Илија С., кој на 15 септември во Велес ги уби својата поранешна девојка Росица К. и нејзиниот татко Киро К. пред да се самоубие, го извршил делото и покрај две активни судски мерки за забрана, покажува пресудата на Основниот суд Велес, која обвинителството и одбраната ја примиле ден по двојното убиство. Сториелот ја прекршил првата мерка, забрана за напуштање на местото на живеење Скопје, со самото доаѓање во Велес за да го изврши убиството. ...
Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, поведе постапка против 59-годишен велешанец кој ја демнел и тепал поранешната партнерка. Тој е осомничен за кривичното дело Демнење и за продолженото кривично дело Насилство. Од преземените предистражни дејствија произлегува дека осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, ја демнел во последните неколку месеци, се мешал во нејзиниот личен живот, ...
Србија денеска ја одржа една од најголемите воени паради во изминатите години среде антивладините протести, политичките поделби и регионалните тензии. Претседателот Александар Вучиќ кажа дека парадата не се организира за дневно политичките потреби, туку заради покажување сила за одвраќање на потенцијалните агресори. На парадата „Силата на едниството 2025“, српската војска за првпат ги покажа израелските ракетни системи „ПУЛС“, дроновите ...
Со развиорено македонско знаме и во придружба на жива музика, која ги изведе химната и неколку македонски народни песни, жителите на Љубојно 40-ти ден излегоа на протест против сечата во шумата кај манастирите „Св. Атанас“ и „Св. Петар и Павле“. Музичарите со хармоника, тапан и труба ги изведоа песните „Слушам кај шумат шумите“, „Народе македонски“ и други. Жителите изјавија дека и покрај тоа што протестираат секој ден скоро месец и половина, ...
Кибернетички напад врз системите за пријавување и качување во авион предизвика прекин на работењето на неколку големи европски аеродроми, вклучувајќи ги Лондон, Брисел и Берлин, што доведе до доцнења и откажувања на летови денеска. Фирмата „Колинс аероспејс“, која ги обезбедува овие системи за неколку авиокомпании на повеќе аеродроми низ целиот свет, се соочува со технички проблем што може да предизвика доцнења за патниците кои заминуваат, ...
Три лица се под истрага за изнудување пари од скопјанец и се осомничени за кривичното дело Изнуда од член 258 од Кривичниот законик. Во периодот од 16 до 18 септември, првоосомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, употребил сериозна закана и присилил еден оштетен да му исплати 60.000 денари. Осомничениот му се претставил на оштетениот како припадник на криминална група и му побарал 1.000 евра за да го заштити од ...
Заврши изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, 13 години откако почнаа градежните работи. Конечно се тргнати лимените тараби со кои беше заграден дел од улица Македонија и изминативе денови се чисти и уредува плочникот околу црквата. Од Скопската епархија на Македонската православна црква-Охридска архиепископија информираат дека осветувањето на црквата ќе биде на 28 септември. „Осветувањето ќе го изврши ...
Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која квалификуваните работници кои аплицираат за американска виза ќе мора да платат надомест од 100.000 долари. Во наредбата се вели дека визната програма Х-1Б се злоупотребува и ќе го ограничи влезот ако не се направи плаќање. Критичарите долго време тврдат дека програмата H-1Б ја потценува американската работна сила, додека поддржувачите, меѓу кои е и милијардерот Илон Маск, велат дека таа им ...
Руското министерство за одбрана негираше дека неговите авиони го нарушиле естонскиот воздушен простор, тврдејќи дека тие летале над неутралните балтички води, повеќе од три километри од островот Ваиндло, кој ѝ припаѓа на Естонија. Талин побара консултации со членките на НАТО откако вчера ја обвини Русија дека три борбени авиони „миг-31“ влегле во естонскиот воздушен простор без дозвола и таму останале вкупно 12 минути. Портпаролка на НАТО ...
Доналд Трамп изјави дека планира да се сретне со кинескиот претседател Шји Џинпинг следниот месец во Јужна Кореја откако денеска имале телефонски разговор, во кој и Шји го одобрил договорот за преземање контрола врз американските операции на ТикТок. Трамп напиша на својата социјална мрежа дека разговорот бил продуктивен и дека планира да патува во Кина следната година. Во јануари, Врховниот суд на САД го потврди законот од април 2024, со кој ...
1 За само 3-4 дена имавме три огромни отровни пожари во главниот град на државата што го загрозија здравјето на половина милион луѓе, имавме двојно убиство во Велес од насилник кој бил пријавуван и суден за семејно насилство, имаме секојдневни протести против загадувањето, имавме протест со кој се одбележаа шесте месеци од пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 62 млади луѓе, и протест против зачестените случаи на убиства на жени ...
Членката на НАТО Естонија кажа дека три руски воени авиони го нарушиле нејзиниот воздушен простор денеска, додека тензиите на источното крило на алијансата се веќе засилени. Инцидентот се случи повеќе од една недела откако 19 дронови влегоа во Полска за време на руски напад врз Украина, за што западни функционери кажаа дека Русија ги тестира спремноста и решителноста на НАТО. Естонските власти кажаа дека три борбени авиони „миг-31“ влегле во ...