Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца жители на Брвеница, кои биле фатени со 110,31 грама кокаин во кола на автопатот Тетово-Гостивар. Осомничени се дека биле соизвршители во кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. „На 4 октомври, околу 2 часот по полноќ, ...
„Диџеј Ахмет“, дебито на Геoрги М. Унковски, е филм за љубовта, пркосот, исцелувањето и растењето. И најважно, тоа е филм што се бави со луѓе, а не со пораки. Затоа е меѓу, малкуте, најдобри дебија последниве 15 години во македонската кинематографија. Приказната, на турски јазик, е за тинејџерот овчар Ахмет (Ариф Јакуп) од патријархалната јуручка заедница во село во Радовишко и неговото семејство скршено по семејната трагедија – татко му ...
Втора година во селото Градец, Општина Виница, оддалечено од градот 4 километри, се одржува народната манифестација „Лапа“ која го слави традиционалното јадење лапа од скршен ориз (уфак), варена вода и семе од афион, толчено во дибек сѐ додека од него не потече масло. Оваа смеса се разредува најпрвин во студена, а потоа се става во зовриена вода, па се додава оризот сѐ додека не се добие еднолична згусната смеса. Овој специјалитет е уникатен ...
Делегации од Хамас, Израел и САД ќе се сретнат во Египет за да го финализираат американскиот мировен план за Газа за прекин на речиси двегодишниот конфликт. Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека нема да толерира одложување, а бројот на жртви во Газа расте. Хамас соопшти дека е подготвен да влезе во преговори за ослободување на сите заложници, но не ја прифати безусловно целата содржина на планот. Израелскиот премиер Бенјамин ...
Кина ѝ дава сателитска разузнавачка поддршка на Русија за прецизирање цели во Украина, меѓу кои и објекти поврзани со странски инвестиции, тврди висок претставник на украинската Надворешна разузнавачка агенција. Олег Александров изјави за државната новинска агенција Укринформ дека постојат докази за „високо ниво на соработка меѓу Русија и Кина во сателитско извидување на украинска територија со цел идентификација и напади врз стратешки ...
Голем проблем е што Македонија во овој момент задолжителна национална официјална скрининг програма за рак на дојка, рече Ана Марјановиќ од Здружението на пациенти со рак Хемаонко, на денешниот Розов пикник во скопскиот Градски парк, во чест на Месецот за борба против рак на дојка. „Немаме официјален задоложителен скрининг, тоа е навистина проблем и ние веќе преговараме и правиме напори да стане задолжителен за сите граѓани од 40 до 69 години. ...
Нациите стареат бидејќи популацијата на постарите лица расте многу побрзо од вкупната популација, главно поради намалување на наталитетот и зголемување на животниот век, вели Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), одбележувајќи го Интернационалниот ден на стари лица, кој беше на 1 октомври. Во земјите во развој, оваа демографска промена се одвива во рок од само две до три децении – компресирана во времетраење на една генерација. До 2050 година, ...
Десничарскиот милијардер популист Андреј Бабиш победи на парламентарните избори во Чешка, бидејќи неговата партија АНО (Да) доби 36% од гласовите со преброени 90% од изборните единици, објави синоќа Чешкиот завод за статистика. По четири години во опозиција и пораз на претседателските избори во 2023, 71-годишниот Бабиш се врати на политичката сцена. Централнодесничарската коалиција „Сполу“ („Заедно“) предводена од премиерот Петр Фиала ...
Специјаланата единица за уметничко наследство во италијанската полиција запленила 21 дело од изложба на шпанскиот сликар Салвадор Дали во Парма, за кои се претпоставува дека се фалсификати. Изложбата која опфаќа околу 80 уметнички дела, претходно беше поставена во Рим од јануари до јули. Полицијата соопшти дека запленила таписерии, цртежи, гравури и разни предмети од изложбата „Салвадор Дали: Помеѓу уметноста и митот“, која беше отворена ...
Земјата на високата мода – а исто така и на тестенините и пицата што многу дебелеат – воведува национален ден против омаловажување на телото. Официјално именуван како Ден против омаловажување на физичкиот изглед на луѓето, ќе се одбележи во Италија на 16 мај, откако беше надмината последната парламентарна пречка. Денот има за цел да се подигне свеста за опасностите поврзани со омаловажување на луѓето врз основа на нивниот изглед. Законот ...
Филмската ѕвезда Џорџ Клуни изјави дека заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе 100% царина на сите филмови произведени во странство е погрешно решение за вистински проблем. Клуни зборуваше пред годишната церемонија на доделување на наградите „Албис“ во Лондон, програма што тој и неговата сопруга Амал ја создадоа за да им оддадат признание на глобалните бранители на човекови права. Тој рече дека ставот на Трамп оти ...
Аероклубот „Мирко Тодоровски“ на 11 октомври на Спортскиот аеродром крај Логоварди, Битолско ќе прослави еден век летачка традиција и ќе оддаде почит за храбрите ентузијасти што ја иницираа авијацијата во Битола. Од аероклубот, основан во 1930/31 година, произлегоа генерации пилоти, моделари и визионери. „Овој јубилеј не е само потсетник на славното минато, туку и ветување за иднината: нови летови, нови авантури и нови генерации што ќе ...
Депонијата со гипс кај селото Згрополци, Велешко е тешка најмалку два милиона тони и е една од 16 црни точки во Македонија. Таа е резултат на работата на фабриката за вештачко ѓубре „Хемиската индустрија Велес“ затворена во 2003, нуспродукт од производниот процес. Екологистите бараат да се дислоцира депонијата, која стои 22 години и никој не се грижи за неа. „Како што е опасна згурата од Топилницата, таква и оваа депонија на ‘Хемиската ...
Застој во железничкиот сообраќај во центарот на Велес синоќа два часа го блокираше сообраќајот во градот. Товарен воз со цистерни со нафта кој доаѓал од Солун, околу 21ч сопре во центарот на градот. Безбедносните рампи не функционираат три седмици, возот до кај 23ч блокирал две од нив, едната кон месноста Дворови, втората на мостот Гемиџии. Тоа создаде колони возила. „Возот стоеше и беше блокиран патничкиот премин на Нов Мост. Имаше луѓе што ...
Владејачката конзервативна партија во Јапонија ја избра Санае Такаичи (64) за своја нова лидерка, позиционирајќи ја да биде првата премиерка на Јапонија. Такаичи е меѓу поконзервативните кандидати кои се наклонети кон десно од владејачката партија. Поранешна министерка во владата, ТВ водителка и страсна тапанарка на хеви метал, таа е една од најпознатите личности во јапонската политика – и тоа контроверзна. Таа се соочува со многу предизвици, ...
Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, предупреди дека неколку мали и средни авиокомпании во Европа ќе банкротираат во наредните месеци, бидејќи конкуренцијата на пазарот на нискобуџетни летови станува сè пожестока. Во интервју за „Кориере дела сера“, О’Лири проценува дека пропаѓањето на оператори како што се „Плеј“ (Исланд) и „Братенс“ (Шведска) е само почеток на бран банкроти што ќе следат до крајот на годината. Шефот на „Рајанер“ ...
Шон Диди Комбс e осуден на четири години и два месеци затвор по обвиненија поврзани со проституција односно транспорт на луѓе преку државните граници за сексуални средби, со што заврши судскиот процес за валканиот случај кој содржеше ужасни сведоштва за една од највлијателните личности во хип-хопот. Судијата го прекори хип-хоп могулот и за повеќегодишна злоупотреба на две поранешни девојки. Бидејќи Комбс (55) веќе отслужи една година затвор, ...
Претседателот на САД Доналд Трамп синоќа му нареди на Израел веднаш да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ги ослободи заложниците и да прифати некои други услови во американскиот план за завршување на војната, но проблематичните прашања како разоружувањето се нерешени. Хамас изјави дека е подготвен да ги ослободи заложниците и да им ја предаде власта на други Палестинци, но дека другите аспекти од планот бараат ...
Почна наставата за основно образование во Воспитно-поправниот дом (ВПД) „Тетово“ во Волковија, објави на фејсбук Управата за извршување на санкциите. „На 01.10.2025 година Државното основно училиште за возрасни и деца во воспитно-поправните установи ‘Антон Семјонович Макаренко’ почна со спроведување на основно образование во ВПД Тетово во Волковија. Во наставата се вклучени 17 деца за кои има обезбедено лаптопи и училишен прибор и се ...
Кејт Марш, искусна експертка во меѓународната дигитална и медиумска индустрија, беше еден од главните говорници на Дигиталниот самит WB6 во Скопје. Со над 30-годишна кариера и искуство на високи функции во глобални компании како „Амазон“, „Ем-Џи-Ем“, „Скај“ и „Би-Би-Си“, таа денес е претседателка на Одборот на инди-гејминг компанијата „Диволвер диџитал“ и независна директорка во „Гејмс воркшоп груп“. Таа ја започна својата кариера како ...
Судијката Диана Груевска-Илиевска од Oдделот кривично полнолетни во Кривичниот суд ќе го суди предметот за пожарот во кочанската дива дискотека „Пулс“ на 16 март со 62 жртви и 200 повредени. Основниот кривичен суд Скопје денеска соопшти дека во целост е одобрен обвинителниот акт за пожарот. Советот за оцена на обвинителен акт донел решение со кое го одобрува обвинението, по што е формиран кривичен предмет кој преку АКМИС-системот е ...
Основното јавно обвинителство Прилеп побара притвор за маж во Крушево обвинет дека 2 години ја демнел бившата сопруга. По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд во Крушево поднесе Обвинителен предлог за кривично дело Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштиОбвинителството. „Во временскиот период од август 2023 до август 2025, обвинетиот ...
За два дена, вчера и завчера, на подрачјето на СВР Велес се евидентирани се два случаи на измама преку социјална мрежа во потрага за стан, едниот во Скопје, а другиот во Велес. И во двата случаи биле измамени жени. „На 2 октомври во 19:30 часот во СВР Велес, 38-годишна жена од битолско село пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 28.400 денари. Според пријавеното, таа се зачленила во група на социјална мрежа со цел да најде стан ...
Во целост е одобрен обвинителниот акт за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Советот за оцена на обвинителен акт донел решение со кое го одобрува обвинението, по што е формиран кривичен предмет кој преку АКМИС-системот е распределен кај надлежен судија за понатамошно постапување. Станува збор за предмет со 37 обвинети лица и 33 бранители, кој Врховниот суд на 25 јуни одлучи од Кочани да го премести ...
Судскиот совет, по спроведена постапка за утврдување одговорност на судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје, на седницата одржана на 26 мај 2025 донел одлука со која го разреши од вршење на судиската функција. Беџети е разрешен за недолично однесување, односно за нарушување на јавниот ред и мир, откако претходно не беше разрешен што 9 месеци чуваше во фиока да застари предметот за масовното незаконско прислушување „Тврдина-Таргет“ ...
„Корупцијата не е апстрактен концепт, таа е реалност со која работниците живеат секојдневно, од злоупотребата на службените позиции, селективното спроведување на законите, клиентелистичкото вработување, игнорирањето на извештаите за кршење на работничките права… Но, бидејќи корупцијата не е мода и не смее да е наша релност, наместо затворање на фабрики, како што се случува во последните месеци, треба да се бориме за нивни опстанок, нивна ...
Во моментов, од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја функционираат 44, а недостигаат 52. Тоа значи дека имаме помалку од 50 отсто исполнетост на руралните амбуланти, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. Според него, неопходни се мерки кои треба да ги охрабрат младите доктори да започнат да работат во руралните подрачја, односно измени на правилникот кој тоа го регулира, да се обезбеди натамошна ...
По синоќешните дождови настана оштетување на делови од новиот асфалт поставен на булеварскиот влез на Битола. Во должина од 200 метри на места асфалтот е подигнат од потребното ниво, а на места е спуштен во дупки. Ова е еден од капиталните проекти на сегашната локална власт во Битола предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски, која на локалните избори се бори за втор мандат. Пред седум дена на официјалната интернет страница на ...
Приватните превозници и директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски денеска се искараа на прес-конференцијата која ја свикаа поради долг кој претпријатието го има кон нив. Приватните превозници кажаа дека вкупниот долг на ЈСП кон нив е 170 милиони денари (околу 2,75 милиони евра), а доспеаниот изнесува 90 милиони денари (околу 1,45 милиони евра). Рекоа дека немаат пари за гориво и дека од понеделник ќе возат со редуциран возен ред од 5 до 10 ...
Сара Мулали е назначена за нов кантерберски надбискуп, со што Црквата на Англија за првпат ќе ја води жена во нејзината 1.400 години стара историја. Таа во исто време стана церемонијална шефица на околу 85 милиони англиканци низ светот, иако назначувањето на жена ризикува подлабоки теолошки поделби со некои од поконзервативните гранки на црквата во африканските земји. Реформите воведени пред 11 години овозможија жена да ја извршува ...