Дигиталниот монитор „Нетблокс“ (NetBlocks) соопшти дека интернет-блокадата во Иран влегува во својата 13-та недела. „Мрежните податоци покажуваат дека интернет-блокадата во Иран влегува во својата 13-та недела, откако надмина 2.016 часа дигитална изолација од надворешниот свет“, напиша ова набљудувачко тело на Х. „Секојдневниот живот за повеќето Иранци сега е обликуван од губењето на можностите и пристапот до информации до кои другите можат ...

Најмалку 28 лица загинаа, а 10 други се повредени во неколку авганистански провинции во изминатите 48 часа поради поројни дождови, поплави, одрони и удари од гром, соопшти денеска државната служба за управување со катастрофи. Портпаролот на службата, Мохамад Јусуф Хамад, во изјава посочи дека стотици домови биле целосно или делумно оштетени, пренесе ДПА. Автопатот Саланг, главната рута што го поврзува главниот град Кабул со северен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека преговарачите на САД и Иран се поблиску до финализирање договор за ставање крај на војната. Во интервју за телевизијата Си-Би-Ес Њуз (CBS News), тој рече дека евентуалниот конечен договор ќе го спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје и ќе гарантира дека прашањето со збогатениот ураниум на Иран ќе биде решено на задоволителен начин. – Ќе потпишам договор само кога ќе го постигнеме ...

Во Белград попладнево се одржува голем мирен протест на кој повикаа студентите во блокада под мотото „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“ во обид да обноват повиците за предвремени избори. Илјадници граѓани на Белград и од други градови во Србија се на плоштадот Славија каде протестот почна по 18 часот и ќе трае, според организаторите, до 20 часот. Студентите во блокада имаа собири на четири локации во Белград, од каде што се ...

Независниот театар „Штрих“ ја најави премиерата на својата петта продукција – претставата „Првиот Македонец во вселената“, авторски проект на Борис Василески. Претставата ќе има премиера на 30 и 31 мај во „Јавна соба“ (Public room) во Скопје, со почеток во 20 часот. – „Првиот Македонец во вселената“ не е претстава за вселената. Таа е најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство – чувството дека човекот и земјата можат ...

Морнарицата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска соопшти дека во изминатите 24 часа го координирала минувањето на 25 пловила низ Ормуската теснина. Во соопштението се прецизира дека меѓу пловилата имало танкери за нафта, контејнерски бродови и други комерцијални бродови. Како што се наведува, минувањето на бродовите било извршено по добивањето на потребната дозвола и под координација и безбедносна заштита на ...

Фудбалерите на Арсими со победа го завршија настапот во шампионатот од ПФЛ откако попладнево во првиот дуел од последното 33.коло ја совладаа Струга на домашен терен со 1:0. Ова за Арсими беше 13.та победа во првенството и во моментов се пробија на петтото место на табелата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Армин Бесагиќ во 47.минута. До крајот на дуелот немаше промени на резултати, а Струга првенството го завршува на третата ...

Спасувачите од под урнатините извлекоа тела на уште две лица загинати во нападот на украинските вооружени сили врз студентски дом во Старобелск во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), со што бројот на жртвите порасна на 18, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации. „Уште две тела се извлечени од под урнатините. Вкупниот број на загинати е 18, а ранети се 60 лица. Прелиминарните проценки ...

Кошаркарската сезона во Супер лигата е во самата завршница и утре на програмата е третиот финален натпревар од серијата меѓу шампионот МЗТ Скопје Аеродром и дебитантот во лигата Маџари. – Утре нè чека третиот дуел од финалната серија против МЗТ. Јас ќе кажам само едно-моите играчи ќе дадат 120% од себе за сезоната да не заврши утре, изјави тренерот на Маџари Миодраг Тоодоровиќ, кој пред неколку сезони беше во улога на помошник во МЗТ Скопје ...

Земјотрес од 3,5 степени според Рихтер е регистриран попладнево во 17:41 часот во скопскиот регион. Податоците од ЕМСЦ покажуваат дека потресот бил на 21 километар источно од Скопје. #Earthquake (#земјотрес) possibly felt 16 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via: 📱https://t.co/QMSpuj6Z2H 🌐https://t.co/AXvOM7I4Th 🖥https://t.co/wPtMW5ND1t ⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! ...

Министерството за транспорт и врски попладнево реагираше на обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ за наместен тендер за набавката на електричните автобуси. Обвинувањата од СДСМ, според Министерството, се паушални. Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки. Согласно процедурата, до ...

Премиерот Христијан Мицкоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска имале средба во Владата за капиталните проекти што се во подготовка. Ѓорѓиевски попладнево на Фејсбук напиша дека станува збор за големи, суштински и развојни проекти, што ќе значат вистинска преродба за главниот град на државава. Тој му се заблагодари на премиерот за поддршката што ја добива Град Скопје. Со конкретни дела покажуваме како се сака својот град и ...

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор. Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, соошти денеска Кривичниот суд. Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство и ...

Во тек е процедурата за усвојување нова стратегија за сексуално и репродуктивно здравје за периодот 2026 – 2030, придружена со акциски план за имплементација 2026 – 2028 година, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Стратегијата била изработена со поддршка од Канцеларијата на СЗО – Скопје, Канцеларијата на УНФПА – Скопје, како и со МАГО, со учество и на граѓански организации кои работат на областа, како и здравствени институции ...

Матурантите од Средното техничко училиште во хрватскиот град Задар ја изненадиј својата класна раководителка, подарувајќи ѝ автомобил, во знак на благодарност за четиригодишниот труд, трпението и воспитувањето што од неа го добиле, јавија хрватските медиуми. Матурантите кои се школувале за воздухопловни техничари заеднички го организирале големото изненадување, а професорката, како што може да се види и на снимката која ја објавија, остана ...

Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, од јавна установа за зргижување на деца на подрачјето на Центар во Скопје е пријавено дека на 21.05.2026 околу 23:00 часот, 15-годишен штитеник се обидел да изврши обљуба врз 14-годишен штитеник, а откако тоа го забележала една вработена 15-годишникот заминал од домот. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, од јавна установа за зргижување на ...

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска најави дека се подготвуваат законски измени со цел привлекување нови инвеститори и развој на дигиталната инфраструктура во државата. Николоски посочи дека во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, кои директно ќе ја олеснат и стимулираат изградбата на големи Дата центри. Според Николоски, ваквите објекти се клучни за ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По ...

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, пехчевско, 12-годишен малолетник од с.Црник управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишно дете од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил петгодишникот, констатирани во Итната медицинска помош Пехчево. Увид на местото изврши увидна екипа на ОВР Берово, соопшти денеска МВР. Вчера околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, ...

Вашиот труд не исчезна со вековите, вашето слово и денес живее меѓу нас, вашата молитва сè уште нè крепи, а вашата жртва продолжува да раѓа нови плодови. Свети Кирил и Методиј не се само великани од минатото, туку се жив темел на нашата историја и на сиот наш бит, истакна архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на молебенот во чест на свети Кирил. Во словото на гробот на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим поглаварот на ...

– Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит изјави дека бил изложен на огромен и изненадувачки притисок од страна на САД, поради што заминува од функцијата порано отколку што планирал, со цел да се избегне нанесување штета на самата меѓународна институција. Во интервју за денешното издание на социјално-политичкиот весник „Аугсбургер алгемајне“, прашан за информациите дека стоел на патот на изградбата ...

Претседателката на Народното собрание на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека со евентуалното членство во Европската Унија, односно со влезот во Шенген зоната, Србија би станала економски многу поконкурентна, а нејзините граѓани би патувале далеку полесно. Одговарајќи на прашањето што претставува постепената интеграција во Шенген за Западен Балкан по панелот во рамките на безбедносниот форум „ГЛОБСЕК 2026“ во Прага, Брнабиќ истакна дека ...

– Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека Буџетот е пред колапс, а Владата е фокусирана да најде нови извори за задолжувања, при што, како што рече, генериран е нов долг од 2,5 милијарди евра. -Јавниот долг е зголемен за само две години, генериран е нов долг од 2,5 милијарди евра, пари коишто ќе ги враќаат којзнае колку следни генерации. Последното задолжување на коешто сакам да обрнам внимание од 260 ...

Филипче пак на прес-конференција изнесе невистини и глупости кои се далеку од реалноста, а не кажа за неговата соработка со човекот на кој му е забранет влезот во Македонија, Виктор Стојанов, тој требаше денес да излезе на прес и да се извини на македонските граѓани за неговите антимакедонски политики и да си замине од политиката, исто како што негови блиски му советувале да го тргне Рубин Земон од член на ИО на СДС. Бугарските политики во ...

Руските истражни органи распишаа меѓународна потерница по поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров, под обвинение за јавно оправдување на тероризмот и за два случаи на кршење на правилата за дејствување на странски агенти. Каспаров, кој веќе е прогласен за странски агент во својата татковина и внесен во официјалниот регистар на терористи, претходно се соочи со одлука на Окружен суд во Москва, кој на 22 декември 2025 година му одреди ...

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави ново засилување за следната сезона. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер. Според објавата на клубот на социјалните мрежи, се работи за словенечки потенцијал, со проекција за голема кариера и сигурен напредок. Тој е роден во Цеље, а се афирмираше во Горење Велење, а ги мина и сите младински категории на словенечката репрезентација. Татар се обврза на двегодишен договор со ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија, во кое го оцени германскиот предлог за доделување „асоцијативно“ членство на Украина како „неправедно“, бидејќи со тоа Киев би останал без право на глас во блокот. Претходно, германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така во писмо до европските лидери, предложи Украина да добие нов статус на „асоцијативен член“ на ЕУ. Тоа би им овозможило на ...

Иако Србија ја заштити славата во УНЕСКО во 2014 година, Хрватска неочекувано донесе официјална одлука со која ја прогласи славата за културно богатство на неретванските католици, без да спомене дека станува збор за традиција на православните Срби . Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска донесе одлука за внесување на „Слава, крстница, крстна слава или крстно име – прослава на семејниот светец на светецот-заштитник на ...

Најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка ја поддржа иницијативата на играчите на Ролан Гарос, кои сакаат да обрнат внимание на распределбата на приходите на Гренд слем турнирите. Белоруската тенисерка во обраќањето до медиумите во Париз ја скрати прес конференцијата, која траеше 15 минути. Таа најпрвин зборуваше за носителот на тв правата за преносите, а потоа го прекина обраќањето на англиски јазик и се обрати исто време и за медиумите ...

Кошаркарите на НБА првакот Оклахома Сити ноќеска го добија натпреварот број 3 во финалето на Запад против Сан Антонио со 123:108 и поведоа со 2-1 во серијата до четири победи. Домашниот тим Сан Антонио натпреварот го „отвори“ со двоцифрена предност и водство од 15:0, но Оклахома веќе на почетокот на вториот период го презеде водството. На почетокот на вториот дел гостите поведоа со 63:53 со што и ја најавија победата. Клучен фактор во ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.53
46%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
0.47
54%
1020
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.15
63%
1019
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.7
43%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
5.43
41%
1019
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.45
69%
1018
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.47
55%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.28
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.91
46%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
43%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
43%
1018
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.97
65%
1017
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.3207

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Бакар

13.02

Рутениум

48965.59

Калај

54.89

Цинк

0.00

Сребро

2263.61

Злато

139701.84

Алуминиум

3.35

Платина

57581.99

Паладиум

42889.10

Иридиум

253540.09