Македонскиот рапер, кумановецот Драган Величковски, во естрадниот свет попознат како Тајзи, живее период исполнет со љубов, емоции и голема среќа. Откако пред неколку месеци романтично ја запроси својата сакана, а недолго потоа раперот откри и дека тој и неговата свршеница Ангела Анчевска наскоро ќе се остварат во најубавата животна улога и ќе станат родители, сега во етерот ја исфрли и својата нова песна! Темата има симболичен двоен наслов ...
Македонскиот музичар Тајзи (Tyzee) ја претстави својата најнова песна „МАМА | АББА“, придружена со впечатлив видеоспот снимен на неколку атрактивни локации во Охрид и Ресен. Новото музичко издание носи свежа енергија и препознатлив авторски печат на Тајзи, кој стои зад музиката и текстот на песната. Авторството на делото го потпишува Драган Величковски – Tyzee, додека за аранжманот е заслужен Иван Јованов – Iwayo, кој ги реализираше и миксот ...

