Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Како мисионери и учители, Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи. Нивното дело и денес нè поттикнува да го чуваме јазичниот и културниот идентитет, но и постојано да вложуваме во знаењето и просветата, пишува во честитката на Министерството за образование и наука по повод Денот на сесловенските просветители. Продолжувајќи ја нивната мисија, посочуваат од МОН, обврска е да се ...
Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, дијалогот и почитувањето меѓу народите, пишува во денешната честитка на собранискиот претседател Африм Гаши. По повод 24 мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовниот и културниот развој ...
Вооружен маж синоќа отвори оган кон контролен пункт во близина на Белата куќа во Вашингтон, по што бил смртно ранет од агенти на Тајната служба, кои возвратиле на нападот, соопштија американските власти. Според соопштението на Тајната служба, која е задолжена за обезбедување на американскиот претседател и потпретседател – напаѓачот пукал кон агентите, кои возвратиле со оган. Осомничениот бил ранет и „пренесен во локална болница, каде подоцна ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека неговиот мандат наскоро ќе истече и можно е да поднесе оставка, наведувајќи дека нема да го скрати својот мандат како што некогаш го правеше поранешниот претседател на таа држава Борис Тадиќ. Значи, можно е наскоро да поднесам оставка, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг на почетокот од неговата посета на Кина, пренесоа белградските медиуми. Тој, исто така, рече дека некои собири, ...
По принципот „еден член, еден глас” Сали Бериша е реизбран за лидер на најголемата албанска опозициска партија, Демократската. Според синоќа објавените резултати од гласањето, правото го оствариле 39.441 демократи, од нив, 38.902 се важечки, додека 539 се неважечки гласови. Од важечките гласови, поддршка за Бериша дале 37.341, 1.055 биле „против“ и 506 воздржани. Гласањето е спроведено во 87 гласачки места, во 77 општински организации на ...
Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот. Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и ...
Со особена почит и благодарност, денес оддаваме признание на светите браќа Кирил и Методиј, сесловенските просветители и основоположници на словенската писменост и духовност. Нивното дело претставува еден од најзначајните темели на словенската цивилизација, култура и образование. Со создавањето на првата словенска азбука, глаголицата, Светите браќа Кирил и Методиј, овозможија ширење на словото Божјо на разбирлив и народен јазик, отворајќи пат ...
Фотографијата на која членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон е со бугарскиот активист Виктор Стојанов, човек кој јавно го негира македонскиот идентитет и против кого државата води кривична постапка, е јасен доказ со кои луѓе соработува Венко Филипче и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Фотографијата е потврда за поврзаноста на Венко Филипче и раководството на СДС со структури кои отворено работат против македонските национални интереси. Венко ...
Силни експлозии го потресоа Киев во првите часови од денешниот ден, веднаш по предупредувањето на локалните власти за масовен руски напад со балистички ракети. Пред самиот напад, во градот беше прогласена воздушна тревога. Раководителот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, преку апликацијата Телеграм апелираше до граѓаните да останат во засолништата поради ризик од нови удари, информирајќи дека се погодени најмалку четири ...
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер – над 50 километри на час. Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Меморандумот за разбирање за мировен договор со Иран е „во голема мера договорен“ и дека тој предвидува отворање на Ормуската Теснина, но иранската новинска агенција Фарс подоцна ги демантираше овие тврдења во однос на контролата врз водниот пат. Трамп преку социјалните мрежи истакна дека очекуваниот договор ќе го деблокира овој клучен воден пат, чие затворање ги наруши глобалните енергетски ...
Вооружен маж синоќа отвори оган кон контролен пункт во близина на Белата куќа во Вашингтон, по што бил смртно ранет од агенти на Тајната служба, кои возвратиле на нападот, соопштија американските власти. Според соопштението на Тајната служба, која е задолжена за обезбедување на американскиот претседател и потпретседател – напаѓачот пукал кон агентите, кои возвратиле со оган. Осомничениот бил ранет и „пренесен во локална болница, каде подоцна ...
Денешниот ден, 24-ти мај, се прославува како Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, браќа родени во Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за пишување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише ...
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека досега се приведени 20 лица поради насилство на улиците на Белград. „20 лица се приведени“, изјави Ана Брнабиќ на ТВ Пинк. По митингот во Славија, блокадите ја нападнаа полицијата во близина на Претседателството. Насилството на блокадите потоа се прошири и на други улици во центарот на градот. Вечерва имаше ескалација на конфликтот по завршувањето на митингот во Славија, а ...
Припадници на српската жандармерија формираа кордон и се упатија кон демонстрантите пред зградата на парламентот во Белград, по што полицијата почна да ја потиснува толпата, пренесе Канал 5. Sukobljavanje u centru Beograda nakon protesta na Slaviji pic.twitter.com/zfrMQyxDB9 — Mašina (@MasinaRS) May 23, 2026 За време на интервенцијата, неколку млади мажи беа соборени на земја, а демонстрантите фрлаа факели кон полицијата, додека одекнуваа ...
Денес, преку Единствениот број за итни повици 112 беше примена пријава за повреден планинар на планината Кораб, кој поради повреда не бил во состојба да се движи, јавија од ЦУК. По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово веднаш оствари координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен. Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцираа повредениот планинар, ...
Фудбалерите на Вардар се новите шампиони на Македонија. Во дуелот од последното (33.коло) коло Вардар пред своите навивачи ја совлада Шкендија досегашниот првак со 3:0. „Црвено-црните“ на тој начин ја освоија својата 12.та титула во клупската историја. Шампионскиот пехар се најде во рацете на капитенот Азер Омерагиќ, а го предаде претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Вардар поведе во 20.минута со автоголот на Нуман Ајетовиќ, а по асистенција ...
Повеќе од 44.000 луѓе се евакуирани во неколку градови во Јужна Калифорнија, откако локалните власти предупредија дека оштетен резервоар со токсични хемикалии во воздухопловна фабрика во Оринџ Каунти неизбежно ќе попушти и потенцијално може да експлодира. Индустрискиот резервоар во објектот во Гарден Гров (Garden Grove) се проценува дека содржи околу 7.000 галони (околу 26.500 литри) метил метакрилат – „силно испарлива“ и „лесно запалива“ ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на средба на која, како што вели, ќе зборуваат за економијата преку бројки. – Да седнеме и убаво да ги објасниме работите, затоа што деновиве гледаме хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички конструкции. За економијата не се зборува со паника. За економијата зборуваат бројките. А токму со бројките ...
Дигиталниот монитор „Нетблокс“ (NetBlocks) соопшти дека интернет-блокадата во Иран влегува во својата 13-та недела. „Мрежните податоци покажуваат дека интернет-блокадата во Иран влегува во својата 13-та недела, откако надмина 2.016 часа дигитална изолација од надворешниот свет“, напиша ова набљудувачко тело на Х. „Секојдневниот живот за повеќето Иранци сега е обликуван од губењето на можностите и пристапот до информации до кои другите можат ...
Најмалку 28 лица загинаа, а 10 други се повредени во неколку авганистански провинции во изминатите 48 часа поради поројни дождови, поплави, одрони и удари од гром, соопшти денеска државната служба за управување со катастрофи. Портпаролот на службата, Мохамад Јусуф Хамад, во изјава посочи дека стотици домови биле целосно или делумно оштетени, пренесе ДПА. Автопатот Саланг, главната рута што го поврзува главниот град Кабул со северен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека преговарачите на САД и Иран се поблиску до финализирање договор за ставање крај на војната. Во интервју за телевизијата Си-Би-Ес Њуз (CBS News), тој рече дека евентуалниот конечен договор ќе го спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје и ќе гарантира дека прашањето со збогатениот ураниум на Иран ќе биде решено на задоволителен начин. – Ќе потпишам договор само кога ќе го постигнеме ...
Во Белград попладнево се одржува голем мирен протест на кој повикаа студентите во блокада под мотото „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“ во обид да обноват повиците за предвремени избори. Илјадници граѓани на Белград и од други градови во Србија се на плоштадот Славија каде протестот почна по 18 часот и ќе трае, според организаторите, до 20 часот. Студентите во блокада имаа собири на четири локации во Белград, од каде што се ...
Независниот театар „Штрих“ ја најави премиерата на својата петта продукција – претставата „Првиот Македонец во вселената“, авторски проект на Борис Василески. Претставата ќе има премиера на 30 и 31 мај во „Јавна соба“ (Public room) во Скопје, со почеток во 20 часот. – „Првиот Македонец во вселената“ не е претстава за вселената. Таа е најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство – чувството дека човекот и земјата можат ...
Морнарицата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска соопшти дека во изминатите 24 часа го координирала минувањето на 25 пловила низ Ормуската теснина. Во соопштението се прецизира дека меѓу пловилата имало танкери за нафта, контејнерски бродови и други комерцијални бродови. Како што се наведува, минувањето на бродовите било извршено по добивањето на потребната дозвола и под координација и безбедносна заштита на ...
Фудбалерите на Арсими со победа го завршија настапот во шампионатот од ПФЛ откако попладнево во првиот дуел од последното 33.коло ја совладаа Струга на домашен терен со 1:0. Ова за Арсими беше 13.та победа во првенството и во моментов се пробија на петтото место на табелата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Армин Бесагиќ во 47.минута. До крајот на дуелот немаше промени на резултати, а Струга првенството го завршува на третата ...
Спасувачите од под урнатините извлекоа тела на уште две лица загинати во нападот на украинските вооружени сили врз студентски дом во Старобелск во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), со што бројот на жртвите порасна на 18, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации. „Уште две тела се извлечени од под урнатините. Вкупниот број на загинати е 18, а ранети се 60 лица. Прелиминарните проценки ...
Кошаркарската сезона во Супер лигата е во самата завршница и утре на програмата е третиот финален натпревар од серијата меѓу шампионот МЗТ Скопје Аеродром и дебитантот во лигата Маџари. – Утре нè чека третиот дуел од финалната серија против МЗТ. Јас ќе кажам само едно-моите играчи ќе дадат 120% од себе за сезоната да не заврши утре, изјави тренерот на Маџари Миодраг Тоодоровиќ, кој пред неколку сезони беше во улога на помошник во МЗТ Скопје ...
Земјотрес од 3,5 степени според Рихтер е регистриран попладнево во 17:41 часот во скопскиот регион. Податоците од ЕМСЦ покажуваат дека потресот бил на 21 километар источно од Скопје. #Earthquake (#земјотрес) possibly felt 16 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via: 📱https://t.co/QMSpuj6Z2H 🌐https://t.co/AXvOM7I4Th 🖥https://t.co/wPtMW5ND1t ⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! ...
Министерството за транспорт и врски попладнево реагираше на обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ за наместен тендер за набавката на електричните автобуси. Обвинувањата од СДСМ, според Министерството, се паушални. Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки. Согласно процедурата, до ...