Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Денеска, на 24 јуни, кога се навршија точно 100 дена од трагедијата во Кочани, низ центарот на Скопје и пред клучни институции граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ постави 100 пораки на незадоволство – „по една за секој ден во кој институциите молчат, не преземаат одговорност и не обезбедуваат помош“. „Акцијата беше гласен и видлив потсетник дека: родителите и преживеаните сè уште не добиле никаква поддршка; надлежните молчат и ги ...
Во очи на претстојниот концерт на Јордон Костов секстет и хорот „Св. Злата Мегленска“, денеска на „Аксиома“ е реиздаден албумот „Маглота“ (Maglota). „’Маглота’ е нов албум на македонскиот хармоникаш, композитор и импровизатор Јордан Костов, реализиран во соработка со меѓународна постава музичари. Албумот е снимен во Ханој, а претставува длабоко интимен и интеркултурен музички документ, создаден преку културна интеграција и доверба во процесот ...
Изложбата на алтернативни фотографии со дела избрани на меѓународен јавен повик, од стручно меѓународно жири, ќе се отвори на 27 јуни, петок, со почеток во 20 часот во мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Изложбата се реализира во рамки на „Зрно“ – фестивал на алтернативна фотографија, кој годинава се одржува по четврти пат под мотото „ФотоСинтеза!“ и претставува платформа посветена на некомерцијални, експериментални и авторски ...
Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) достави барање за навремена проверка и оспособување на нефункционалните лифтови до Државниот студентски дом – Скопје и барање за итна санација и сервисирање на бојлерите и целиот систем за топла вода до студентскиот дом „Пелагонија“ и Министерството за образование и наука (МОН). „Со оглед на приближувањето на новата академска година и очекуваниот зголемен ...
Фестивалот за критичка култура „Крик“ организира изложба, курирано водење и разговор „Парадоксот на Грејсленд: навигирајќи ја неизвесноста“ (Graceland Paradox: Navigating Uncertainty) во среда, 25 јуни со почеток од 20 часот во Музеј на современа уметност во Скопје. Уметници се Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду, Лиа Псома (Грција,) Билал Јилмаз (Турција), а кураторка е Лидија Хатсијакову (Грција), чија работа, велат од „Крик“, гравитира околу ...
Во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје, на 29 јуни со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на импровизирана музика, во соработка помеѓу тројца музичари со различни искуства и контексти, поврзани преку заедничкиот интерес за звучна авангарда, амбиентални структури и слободна интерпретација. Димитар Додовски е продуцент и визуелен уметник од Битола. Има издадено повеќе соло албуми и соработувал во проекти како „Post Global Trio“, „Moss ...
Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ (Support Kocani) информира дека во Кочани пристигнаа 407 кутии со силиконски лепенки „Atrauman Silicone“, со вкупно 4070 лепенки, како дел од континуираната хуманитарна помош за повредените од трагичниот настан. „Овие медицински лепенки, во кои секоја кутија содржи 10 парчиња, се специјално наменети за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Тие претставуваат донација од хумани сограѓани и ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека работна група на Министерството за образование и наука (МОН) со професори од факултети по информатика, работи на подготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието. „Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција ...
Издавачката куќа „Антолог“ ја објави книгата „Знам планина што ме чека“ од Шоле Резазаде, која во 2024 година доби специјално признание од Наградата за литература на Европската Унија (EUPL). Преводот од холандски на македонски јазик го направи Ели Пујовска, со поддршка од EUPL. „Знам планина што ме чека“ ја раскажува приказната за четириесетгодишната Алма која живее во брод-куќа на тивко разбрануваната река Амстел. Таа е постојано зафатена со ...
Уметницата Анастасија Зафировска – Валхериен денеска ќе ја има својата прва самостојна изложба на низа илустрации насловена „Скриениот свет“, со почеток од 17:30 часот во дворот на здружението за креативна одржливост „Комбо“ во скопска Железара. Со традиционални звуци излезени од богатата музичка историја на Македонија ќе ја придружуваат Ива Петровска и Дамјан Поповски. „Пресреќни сме дека замислата за тоа што треба да биде ‘Комбо’ пополека ...
Министерството за образование на Србија објави дека го исплатило преостанатиот дел од средствата за плати на наставниот кадар за февруари и март на високообразовните институции кои ја продолжиле работата и започнале со настава и организирање испити. Од друга страна, испратило инспекција до факултетите кои не се согласуваат за онлајн предавања, а има и такви институции на чии врати извршителите би можеле да затропаат поради финансии, пишува ...
Претставата „Добри луѓе“ во режија и адаптација на Тамара Стојановска ќе се одигра во вторник, 24 јуни, со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје во рамки на фестивалот „Скопско лето“. „Добри луѓе“ е според текст на Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од „The Relation Work Project“ (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај. Играат актерите Тијана Трајчевска и Филип Христовски, продуцент е актерот Бобан ...
Фотографката Наташа Гелева денеска (20 јуни) од 19 часот ќе ја отвори изложбата „Состојба на нештата – возила“, која ќе биде поставена во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Сашо Насковски во воведникот за изложбата пишува дека „Возила“ е серија од околу 30-тина фотографии во формат 30х45 цм. Понекогаш, посочува тој, се чини дека уметникот следи една тема во текот на својот живот и таа се манифестира во различни ...
Зајакнувањето на дигиталната писменост и свеста за сајбер безбедност кај младите е важен предизвик во денешното време на интензивна интернет комуникација. Во таа насока, тимот Cyber01 од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, под менторство на Душан, креираше иновативна едукативна видео игра „СајберХерој“. Тие учествуваа и победија на хакатонот „Кликни Безбедно“, одржан на 10 и 11 мај во Скопје, во организација на проектот „MKSafeNet“. Во ова ...
Како потсетување за посета на изложбата „Сублимации“ на уметникот Горан Стојчетовиќ, која е поставена во Етнолошката галерија на Музејот на Македонија и ќе биде отворена до 25 јуни, „Партизанска штампа“ повикува и на проекција на краток филм што ќе се прикажува во кино-салата на музејот во сабота, 21 јуни, од 13 до 15 часот. „Запознајте се со длабинската уметност на Горан Стојчетовиќ преку петнаесетминутен филм што открива разновидни, луцидни ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата. „Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци“, велат оттаму. Со дивите приклучоци, додаваат од ...
Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“, пренесува агенцијата Мета.мк. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од областа на ликовната и применетата уметност кои ги изработиле професори и студенти од факултетите и школите од Скопје, Тетово и Штип. На оваа веќе традиционална годишна изложба претставени со дела изработени во ...
Скопската премиера на перформансот „Одбрана и заштита“ на уметницата Маја Зеќо ќе се одржи во четврток, 19 јуни, со почеток во 19:30 часот. Ќе започне од споменикот на Цар Самоил на Плоштад Македонија и ќе трае околу 90 минути. Перформансот е дел од нејзината тековна изложба „Нарушени иднини“ во КСП Центар-Јадро, а претходно е изведен во Загреб и Лондон. „Во ‘Одбрана и заштита’, уметницата носи засилен костим со вградени звучници кои ...
Во просториите на Македонскиот народен театар (МНТ) се одржува петдневна работилница посветена на аудиовизуелното и сценско создавање претстава, со фокус на светло и тон. „Работилницата се реализира преку дијалошки пристап, практична работа и теренски активности, со цел учесниците да стекнат конкретни вештини и искуства во процесот на сценско создавање“, раскажуваат од МНТ. Целите и содржината на работилницата се насочени кон процесот на ...
Традиционалната Недела на франкофонски филм годинава ќе се одржи од 23 до 30 јуни во Кинотека на Македонија. Ќе започне во понеделник со почеток во 20 часот со проекција на филмот „Ривиера“ на Орфеас Перецис, во француска и грчка копродукција. Настанот ќе го отворат г-ѓа Кристина Василату, Вршителка на должност во Амбасадата на Грција во Македонија, и г. Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка ...
Повикувајќи ги љубителите на независната македонска сцена, „Шарла“ (Sharla) организира слушачка промоција на новиот албум на дуото Омерагиќ + Спировски – (слобода) LP. Ова музичко матине ќе се случи во петок (утре, 20 јуни) со почеток во 16 часот во продавницата за музички изданија на легендарниот Симе – „re:start“ во ГТЦ „Вториот албум на оваа исклучително агилна музичка двојка (‘Светлост’, ‘Odron Ritual Orchestra’, ‘Fighting Windmills’ ...
Годинешното издание на уметничкиот фестивал „КреАрт“ насловено „Македонско вино“ ќе се одржи на 21 јуни (сабота) во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје со почеток од 17 часот. Настанот е мултимедијален и ги поврзува уметноста, културното наследство и виното. Ќе бидат поставени 8 до 10 вински буриња обезбедени од Музејот на Галерија Кавадарци, на кои во живо ќе се создаваат уметнички дела инспирирани од темата. Ќе учествуваат уметниците ...
Употребата на мобилни телефони во иднина ќе биде забранета за време на наставата и за средношколците, објави италијанското Министерство за образование, пренесува Ал Џазира Балканс. Одлуката ќе стапи на сила по летниот распуст, односно на почетокот на новата учебна година. Досега, употребата на мобилни телефони беше претежно забранета за ученици до 15 години. Можни се исклучоци, како што се учениците со попреченост на кои им е потребен мобилен ...
Низ 50 настани, на 5 локации и во 5 тематски денови четвртото издание на Фестивалот на инклузија „Инфјужн“ создаде широка, општествена платформа за култура, уметност, едукација и забава. На 11 јуни во Театар Комедија со перформансот „Skin“ во изведба на австралиско-германското дуо Рене Шадлер и Роланд Волтер се случи претпремиерата на фестивалот. „Постојат многу начини за движење на телата, а идејата за танцот е многу сeопфатна и игрива. Се ...
Во кафе-книжаницата „Буква“ во четврток (утре, 19 јуни) од 18 часот доаѓа пост панк, панк/вејв триото од Загреб, „How Yes No“. „Нивните кратки, фанки, хаотични песни потсеќаат на легендарните ‘Minutman’, ‘Gang of Four’, ‘Lithics’, ‘Duds’…“, соопштува домашниот независен издавач „Мртов коњ“. Од таму објаснуваат дека „How Yes No“ се формирани во 2020 година за време на карантинот, во етер прв пат во 2022 година со нивното прво EP „Small Talks“, ...
Новата книга „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски ќе биде промовирана на 19 јуни (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промотори на делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат Влада Урошевиќ, кој го напиша пoговорот на книгата, и уредничката Оливера Ќорвезироска. „Околу три по полноќ“, која е прва публикација на Дурацовски по пауза од една деценија, е уникатно издание, ...
Овој месец Кинотеката го претставува циклусот на современ перуански филм, во организација на Амбасадата на Република Перу во Букурешт, Кинотеката и почесниот Конзулат на Перу во Македонија. Програмата на првата Недела на перуански филм започнува во четврток, на 19 јуни, со проекција на играниот филм „Кралици“ (Reinas, 2024) во режија на Клаудија Рејнике, а по сценарио на Рејнике и Диего Вега Видал, приказна фокусирана на односот помеѓу еден ...
Перформансот „Сексуално образование II: Борба“, копродукција на еден од најрелевантните европски театри „Slovensko mladinsko gledališče“, заедно со „MASKA“ и „Mesto žensk“ од Љубљана, Словенија, вечерва, 17 јуни, во 19:30 часот во Киното на Железничката зграда ќе биде претставен пред скопската публика за првпат како дел од изведувачката програма на тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ (#ППЖ13). ...
Министерството за образование и наука потсетува дека денес е последен ден за поднесување апликации во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година. Апликации можат да се поднесуваат до крајот на денот. Второто пријавување е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. „Потсетуваме дека пријавувањето е електронски и се спроведува преку ...
На 15 јуни 2025 година започна снимањето на дебитантскиот долгометражен игран филм со работен наслов „Потстанар“ на Марко Ѓоковиќ, а во продукција на „Сектор Филм“. Сценаристи на филмот се Марко Ѓоковиќ и Симеон Венциславов, од Бугарија. Филмот ќе се снима на повеќе локации во Скопје во наредниот месец. „Потстанар“ е психолошка драма инспирирана од драмскиот текст „Владимир“ на словенечкиот автор Матјаж Жупанчиќ. Филмот ја раскажува ...