Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Министерствот за внатрешни работи (МВР) се јави со официјално соопштение на својот сајт и социјални мрежи во врска со нападот на градоначалничката Данела Арсовска, по повеќе од 24 часа откако се случи инцидентот во скопската општина Чаир. Од МВР велат дека во сите случаи постапува согласно своите надлежности. Потврдуваат дека е одобрено 24 часовно обезбедување на Арсовска. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по ...
„Државата има институции, ги повикувам да постапуваат по случајот. Што се однесува до градоначалничката на Скопје многу работи се кажаа, не би имал што да додадам“, рече денеска на кратко премиерот Христијан Мицкоски, откако беше прашан да го коментира случајот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која вчера објави дека била нападната во Чаир. Арсовска соопшти дека со соработници биле вербално и физички нападнати за време на увид ...
Виктор Јакимов, ученик од средното приватно школо „Нова“, е новиот претседател на Сојузот на средношколци. Тој беше избран на 25. Генерално собрание и четвртиот конгрес на Сојузот, настан одржан во Собранието на Македонија. Јакимов од септември ќе учи трета година, а мандатот ќе му трае додека не го заврши средното образование. Во разговор со Радио МОФ, новиот претседател најави две работи. „Првата е градење на платформа, каде ќе има ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска била нападната во Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 11.07.2025 во 12:15 часот од страна на А. Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на улица ‘Кумбара’ физички била нападната градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица ѝ упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ...
Во Македонскиот народен театар (МНТ) на малата сцена на 19 јули со почеток во 20:30 часот, во рамки на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одигра премиерата на претставата „Лов на дива свиња“ од црногорската современа писателка Марија Сарап, а во режија на Наташа Поплавска. „По потпишувањето на меморандумот за соработка, претставата ќе се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението ...
Тринаесетото издание на фестивалот на електронска музика „Смотра“ започнува утревечер, 11 јули, со почеток од 21 часот во стара битолска чаршија. Ќе трае два дена, петок и сабота, а музика ќе пуштаат домашни изведувачи. „Смотра“ ќе го отвори Robotek – еден од пионерите на македонската електронска сцена. Тој е активен од средината на 90-тите, неговиот музички пат започнува со амбиентална електроника и техно, а со текот на времето се развива во ...
Фестивалот „Exit“ започнува денес и ќе трае до недела, 13 јули, објавија организаторите на фестивалот, кои потсетуваат дека општествената атмосфера во Србија наликува на почетоците на „Exit“ пред 25 години, и дека поради поддршката на студентските протести, тие се соочуваат со целосен прекин на државното кофинансирање, поради што фестивалот е принуден да ја напушти земјата од следната година, пренесува Н1. „Кога почнавме да го подготвуваме ...
И покрај историскиот чекор што го направи земјата со изборот на првата жена-претседател, податоците покажуваат дека жените и понатаму се недоволно застапени во политичкото одлучување – особено на извршните и локалните нивоа, велат од Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA која во пресрет на локалните избори кога се спремаат листите за градоначалници и советнички листи, ги анaлизираше достапните историски податоци за ...
Претседателот на САД Доналд Трамп го пофали либерискиот претседател Џозеф Боакаи за неговото зборување англиски, за време на состанокот со неколку африкански лидери во Белата куќа, пренесува Би-Би-Си. Трамп му рече на Боакаи дека зборува „одлично англиски“, прашувајќи каде одел на училиште. Посетителот учтиво се насмеа, но не спомна дека англискиот е официјален јазик на Либерија. Трамп додаде дека на масата седат негови луѓе „кои не зборуваат ...
Најмалку 120 лица загинаа, a 160 се водат како исчезнати во катастрофалните поплави што го зафатија централен Тексас, во Соединетите Американски Држави, додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување, пренесува Ал Џазира Балканс. Хеликоптери и единици со кучиња-трагачи ги поддржуваат спасувачките екипи на терен во итна потрага по преживеани во услови на широко распространета штета. Поплавите започнаа доцна во четвртокот и траеја до ...
Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат основани сомнежи дека дел од пожарите се подметнати, пренесува агенцијата Мета.мк. „Имаме основано сомнение дека пожарите се подметнати од страна на човечки фактор. Се истражуваат повеќе наоди за пожари близу клучни инфраструктурни ...
Изложбата на фотографии насловена „Помеѓу моментот пред и моментот потоа“ од Евангелија Иваноска ќе се отвори на 15 јули со почеток во 20 часот во изложбениот салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје. „Изложбата ‘Помеѓу моментот пред и моментот потоа’ на Евангелија Иваноска е серија на фотографии кои ловат длабоко мисловно искуство во миг кој ни ја буди љубопитноста. Искуството толку интригира што успева целосно да ...
Годинава патувачкото кино на „МакеДокс“ оди за Кочани. Проекциите на документарни филмови во рамки на програмата на патувачкото кино ќе се одржат од 15 до 18 и на 20 јули, на летна сцена пред НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани, со почеток во 21 часот. На 19 јули патувачкото кино ќе има проекција и во селото Смилево, во Демир Хисар. „Во свет што толку бргу се менува, па ‘човек не може двапати да влезе во иста река’, станува сè ...
Во книжарницата „ИЛИ-ИЛИ“, утревечер (10 јули) со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Од личност до маска – за новата нормалност“, прва книга на Влатко Деловски која ќе биде пропратена со настап на „Второ колено“. На промоцијата ќе зборува проф. д-р Дејан Донев, а присутните ќе уживаат и во свежите музички креации на „captatio benevolentiae“ со „Второ колено“ – Дејан Петровиќ (Чапс) вокал и гитара и Пеце Трајковски (Брада) ...
Министерството за образование и наука и Министерството за финансии потпишаа договор со Германската развојна банка за, како што информираат, неповратни 5,5 милиони евра кои ги обезбеди Европската Унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Македонија. МОН вели дека грантот е наменет за покривање на дел од трошоците за реконструкција на четири ...
Во Кочани вчера пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март. „Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 17 повредени лица. Облеката беше испорачана во Македонија во понеделник навечер, а веќе вчера е доставена на Општата болница во Кочани“, информираат од ...
Во културниот центар „Јадро“ од 11 до 13 јули (петок-недела) ќе се одржи првиот дел на книжевниот фестивал „Друга приказна“. Фестивалот годинава одбележува десетгодишнина и првпат ќе се одвива во два дела, во јули и октомври. Во јулскиот дел во три дена предвидени се десетина програмски содржини: промоции на неколку нови книги во едицијата „Магма“, три разговори во читачкиот клуб „Одрадек“ (првпат ќе бидат изведувани пред публика), два ...
Сојузот на средношколци на Македонија најавува дека во четврток, 10 јули, ќе го одржи своето 25. Генерално собрание и четвртиот конгрес во Собранието на Македонија, со почеток во 11 часот. Настанот ќе опфати целосен преглед на активностите и резултатите од изминатиот двегодишен мандат на Сојузот, како и избор на нов претседател на Сојузот на средношколци – позиција со клучна улога во застапувањето на средношколските интереси на национално и ...
„Уште едвај 30 дена до распуштање на Собранието и распишување на локалните избори, а освен заглавениот предлог на Изборниот законик со кој се предвидуваат уште полоши решенија од оние што Уставниот суд ги укина на 20 мај – не гледаме никаков друг напор од пратениците, народните претставници, да си ја исполнат својата улога на чувари на Уставот и на демократијата“. Вака започнува денешното соопштение на граѓанските независни иницијативи по ...
Час по полноќ во неделата, заврши петнаесетото издание на култниот музички фестивал во Македонија – „Д Фестивал“. Годинава, за првпат, тој не се одржа во Дојран, туку своето „прибежиште“ од политички препирки го најде во Штип. Чувството несомнено беше поинакво, програмата пократка, бините помалку. Но, енергијата, фестивалџиите и комарците – на исто ниво! Радио МОФ не ги фати сите изведувачи, но пренесува неколку моменти кои оставија трага. ...
Премиере, вчера Ве слушав на прес-конференција како изнакажавте еден куп глупости и празни зборови, откако ретериравте од „брилијантната“ идеја за даноци за немажени и неженети. Зборувавте дека сте загрижен за „демографската иднина на Вашата татковина“, од аспект на тоа што во Македонија снемува деца и набројавте како во 2016 година се родени 23.000 бебиња, додека во 2024 – 16.000, што е рецесија од 30 отсто. Зборувавте и за фертилитетот во ...
Повикот на Министерството за здравство да не се снимаат, фотографираат и да не се земаат какви било изјави од лицата кои се рехабилитираат од повредите од пожарот во Кочани, предизвикува сериозна загриженост за слободата на медиумите, но и за одбраната на јавниот интерес, смета Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Како што велат оттаму, новинарите и медиумските работници најдобро знаат, следејќи ги правилата и ...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ е официјално селектиран на 11. издание на Светскиот филмски фестивал во Монтевидео, кој ќе се одржи од 7 до 9 јули во главниот град на Уругвај. По Бразил, Аргентина, Еквадор и Венецуела, ова е петта држава од Латинска Америка каде што филмот ќе биде прикажан. „Јон Вардар против Галаксијата“ е научно-фантастична комедија која веќе ја освои публиката на бројни ...
Патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал „Културен амалгам 2025“ ќе започне на 15 јули во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје. На програмата се ревијалната изложба на алтернативни фотографски техники „ФотоСинтеза“ која ќе се отвори од 20 часот во Империјал 2 во КИЦ, како и премиера на документарен филм за Јанаки и Милтон Манаки „Манаки – Приказна во слики“ од 21 часот во Салонот 19:19. Како што велат од КИЦ, во ...
Наредната година Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство. Натпреварот го организира Младинскиот образовен форум (МОФ), здружение основано во 1999 година под името „Дебатери“. Но, што е муабетот со дебатата? Како се дебатира, зошто е таа важна и какви дебати постојат? Погледнете во видеото кое го подготви Радио МОФ: View this post on Instagram A post shared by Радио МОФ (@radiomof) Автори: Ангела Петкова и Бојан Шашевски ...
На 9 јули, срцето на градот повторно ќе пулсира во ритамот на добрата музика со летниот музички фестивал „Звукот на Скопје“, информираат од Културно информативен центар (КИЦ) – Скопје. „Фестивалот, кој стана препознатлив симбол на урбаната културна сцена, ги обединува љубителите на различни музички жанрови и уметноста и им нуди незаборавно искуство под отворено небо. ‘Звукот на Скопје’ не е само фестивал – тој е културен настан што ги слави ...
Фатен е нов див приклучок на вода и изготвена е кривична пријава за сторителот, кој во општина Сарај незаконски се приклучил на мрежата за питка вода да си ги наводнува на неколку метри квадратни пластениците, соопшти Град Скопје. „Поради случаи како овој, каде не само што се оштетуваат граѓаните кои се соочени со сериозен недостаток на притисок во урбаните и руралните средини и недостаток на вода, туку и се избегнува плаќање вода од ...
Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира против Предлог-законот за верски училишта објавен на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР), сметајќи го за противуставен, правно неусогласен и опасен обид за поткопување на секуларниот карактер на државата и за институционализација на верското образование во системот на формално образование. Предлогот е, велат оттаму, спротивен на Уставот и на Законот за средно образование. ...
Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе претставува најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Македонија, ќе се одвива летово во Скопје и Куманово. Според најавите, фестивалот ќе обедини над 2.500 млади спортисти од европскиот континент, а ќе се одржи од 20 до 26 јули во Скопје, Куманово и Осиек, Хрватска. Повеќе од 900 волонтери ќе бидат ангажирани во различни области и ќе имаат можност одблиску да ...
„Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме – е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети“, рече премиерот Христијан Мицкоски, зборувајќи на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“. Говорејќи за демографската криза во земјава, тврди дека „состојбата е аларматна“ и е „еден од ...