Учениците од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во Чаир, од септември времено ќе посетуваат настава во простории на Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Центар затоа што, како што рече министерката за образование Весна Јаневска, објектот на „Иднина“ е во катастрофална состојба и претставува ризик по здравјето и животот на децата и вработените. Тој е затворен, а се планира изградба на ...

Законот за младинско учество и младински политики, познат како Закон за млади, беше донесен во 2020 година. Тој предвиде обврски за институциите, за да им помогне на младите да бидат поактивни. Сепак, до денес, законот слабо се спроведува. Недостасуваат механизми преку кои младите ќе се собираат и одлучуваат за своите потреби, било да се тоа за култура, образование или социјализација. За да се надминат овие недостатоци, младински организации ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ во сценарио и режија на Гоце Цветановски ќе биде прикажан на 21. издание на фестивалот за фантастични филмови и вино во Љутомер, Словенија. Проекцијата е закажана за сабота, 5 јули, во Домот на културата. „Овој фестивал за мене има посебно значење, затоа што во 2016 година гостував со краток анимиран филм и тогаш ја имав честа да се запознаам со Јан Харлан, ...

За жал актуелно e, повторно, па потсетувам на црните сообраќајни податоци на Државниот завод за ревизија (ДЗР), објавени пред некој месец, а кои се однесуваат на периодот 2020 до 2023 година. Во овој период во Македонија се случиле вкупно 31.176 сообраќајни незгоди, од кои 15.724 се со потешки последици, а загинале 457 лица. Во последната ревидирана година, 2023-та, загинале 113 лица, што во превод значи скоро две дискотеки „Пулс“. ...

Мања Величковска и Сара Миленковска Скопскиот Прајд годинава беше прецизен во своето политичко и идеолошко позиционирање – не како форма на естетска интервенција, не како израз на либерална индивидуалност, туку како колективен гест што го препознава светот во кој се одвива, неизолиран, не чист, не неутрален, туку оптоварен со контрадикторности, со болка, со геноцид што (ни) се случува пред очи, со тела во исчезнување додека ние зборуваме за ...

„Ќумур смоквин млеч“ се вика дебитантската поетска збирка на Стефан Спасовски која ќе биде промовирана вечер (четврток, 3 јули) од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“. Преку разговор со поетот ќе биде претставена збирката и ќе бидат прочитани дел од песните. Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично ...

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода констатира енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови. „Конкретно на ден 23.06.2025 година дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356.000 м3, што би значело потрошувачка од 700l вода по глава на жител“, велат од скопски „Водовод“. Воедно и апелираат до сите граѓани на градот Скопје на совесно ...

Тимот „Playful Pages“, составен од ученици од велешкото училиште „Јовче Тесличков“, се победници на Националниот натпревар за ученички компании организиран од Џуниор Ачивмент Македонија, а деновиве ја претставуваат нашата држава на најголемиот европски фестивал за претприемништво – Gen-E 2025, кој се одржува од 1 до 3 јули во Атина, пренесува новинската агенција Мета. „Playful Pages“, годинашниот наш претставник, презентира бизнис-идеја – ...

И годинава, како и изминатите три години, учениците кои се запишуваа во средно образование, мораа прво да пополнат електронска апликација на e-uslugi.mon.gov.mk, па потоа во јпг или пдф формат да прикачат и извод и свидетелства од последните 4 години од основното образование, и на крај, за да докажат дека свидетелствата се вистински, мораа и физички да ги носат на увид во училиштата, пишува агенцијата Мета. Иако многупати досега низ годиниве ...

Вкупно 35 прозни дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат, се пристигнати за наградата за најдобар превод „Драги“ која ја доделува издавачката куќа „Антолог“. Во конкуренција се 33 преведувачи. Книгите се објавени од 18 различни издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од 17 јазици. Опфатени се 35 странски прозни автори со романи, раскази, есеистика, дневници, итн. Тричлената комисија за ...

Од 25 до 28 јуни, фестивалот „Битола отворен град“ го заврши своето 24. издание со изложби, концерти, работилници и винили. Започна со отворањето на изложбата „When Do I Stop?“ од Харис Муриќ – визуелна хроника од 52 постери, создадени во текот на 52 недели. „Муриќ ни подари нешто ретко денес: визуелна, лична приказна за својот внатрешен свет“, велат од Младинскиот културен центар (МКЦ) Битола. Во Порта Џез, млади учествуваа на DJ ...

Европскиот културен сектор се обедини за да ги повика Европската комисија, Европскиот парламент и земјите-членки да ја зајакнат програмата Креативна Европа во следниот долгорочен буџет на ЕУ (МФФ). Културниот сектор испрати отворено писмо поддржано од повеќе од 70 европски здруженија, кои заедно претставуваат речиси 20.000 организации активни во изведувачките уметности, музиката, книжевноста, архитектурата, културното наследство, визуелните ...

Во четврток (3 јули) од 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката. Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална ...

Студентите во блокадата на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Белград ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата во Србија од денес до исполнување на „трите барања околу кои се обединија граѓаните“, пренесува Ал Џазира Балканс. Тие бараат распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“ во Пионирскиот парк во Белград и ослободување на „неправедно притворените студенти“. Студентите во блокада ги ...

Премиерата во Скопје на проекцијата на експерименталниот видео театарски проект „KRIEG/A-C-I-N-S-E-L-A-K“ (2024) во продукција на центарот „ИТИ“ ќе се случи на 2 јули, среда, со почеток во 20:30 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ). Како што појаснуваат од „ИТИ“, „KRIEG“ е машка верзија на видео театарскиот проект – војник во агонија и актер е Здравко Стојмиров. „A-C-I-N-S-E-L-A-K“ пак е женската верзија и ја игра актерка Филарета ...

„Соулфлај“, „Систерс оф мерси“, „Инер Сркл“, „Архангел“, Кирил Џајковски и ТК Вондер и Рутсман, „Мизар“, „Фолтин“, „Буч Кесиди“, „Љубојна“, Томи Кеш, „Пич Вајс“, Дина Јашари, „Паркети“, Флудер, Битолски камерен оркестар, „Мојра“, „Допе Куќата“… се меѓу настапувачите на овогодишниот „Д Фестивал“, кој годинава ќе се организира од 4 до 6 јули во Штип. Од „Пасворд“ веќе ја објавија саатницата за настапи, распоредени меѓу главниот и „Москито“ ...

„Вторникот е за отварање со плочите на Владимир Муратовски. А овој вторник имаме посебен момент за отварање, а тоа е промоција на изданието „Журнал на бучава“ на Сара Кубел која беше на резиденција во Партизанска штампа во изминатите три месеци. Ја испраќаме во светот со љубов преточена во сито печат, затоа не се стискајте, дојдете во ‘Ла Кања’ да се отвориме“, стои во најаватa на Партизанска штампа за утрешниот настан од 21 часот. Сара Кубел ...

Друштвото на ликовни уметници од Македонија (ДЛУМ) во рамки на Скопско културно лето традиционално ја организира изложбата „Скопски урбани приказни“, годинава насловена „Скопје: Сензорен град“ утре, 1 јули од 19 до 22 часот. Куратор е д-р Ана Франговска на чиј концепт одговорија 15 уметници – универзитетски професори, декан и продекан на факултет, исклучителни сликари, скулптори и графичари од средната и помладата генерација. „Изложбата со ...

Во јули, Кинотеката на Македонија подготвува богата и естетски разновидна филмска програма — вистински летен празник за сите љубители на седмата уметност, велат оттаму. „Со внимателно куриран репертоар кој ги обединува безвременските холивудски класици и актуелни авторски остварувања, Кинотеката уште еднаш ја потврдува својата улога како културна институција што го негува филмското наследство и ја отвора вратата кон новите кинематографски ...

Министерката за образование Весна Јаневска кажа дека во државата постои недостиг на образовни асистенти, па затоа се проширува опсегот на стручни лица што ќе може да конкурираат. Во превод: поради дефицитот се менуваат правилници, за да може за образовен асистент да аплицира и лице кое стекнало звање специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, социолог, семејнолог, наставник ...

Во Македонска филхармонија на 30 јуни (понеделник) од 20 часот ќе се случи концерт на Јордан Костов Маглота секстет и Хор „Св. Злата Мегленска. Настанот ќе значи и промоција на албумот „Маглота“, свежо реиздаден на „Аксиома“, со кого Костов го прави и овој концерт. Текстот на „Аксиома“ за концертот го пренесуваме во целост: Што значи денес, во 2025 година, да се создава музика која не се темели врз жанровска класификација, ниту врз ...

Квалификацискиот испит кој го полагаа кандидатите за упис во гимназијата „Георги Димитров“, го полагале 226 ученици и ниту еден од нив нема освоено 0 бодови, односно ниту еден не „паднал“ на испитот, како што вчера од собраниската говорница кажа министерката за образование и наука Весна Јаневска. Оваа изјава предизвика низа реакции во јавноста, па во интерес на вистината, Мета се обрати и во училиштето и во МОН за појаснувања. Ранг-листата со ...

Се менуваат правилниците за ангажирање на образовни асистенти, а министерката Весна Јаневска вели дека тоа се случува бидејќи во државата постои недостиг на ваков кадар и затоа се проширува нормативот со звања со кои стручни лица можат да се пријавуваат на конкурсите. „Со измените на правилниците, за образовен асистент може да аплицира лице кое стекнало звање специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, ...

Министерството за внатрешни работи известува дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште. Согласноста е издадена врз основа на членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и ...

Групната изложба „Овој простор им припаѓа на сите“ од Џемилиана Абдулова, Бурџу Мусли, Марко Печеновиќ и Харис Муриќ кои за првпат се претставуваат заедно во ваков формат, ќе се отвори на 27 јуни, петок, во 20 часот во Културно-социјалниот простор Центар Јадро Скопје. „Иако секој со своја специфична поетика, во оваа изложба ги поврзува смелото истражување и експериментирање со интеркултурните, идентитетските, родовите и интердисциплинарните ...

Како дел од проектот ,,Градот како сцена: еколошки иднини“ организацијата Факултет за работи што не се учат (ФРУ) јавно предавање на светски познатите архитекти Миодраг Куч (ЗК/У) и Конрад Браун (Haus der Statistik) во петок, 27 јуни, во 20 часот во киното на Железничката зграда. „Предавањето ‘Ре-акомодација на културните чинители’ ги прикажува процесите на реконструкција на две важни, но многу различни, берлински згради: ЗК/У и Haus der ...

Предметот за катастрофата што се случи во Кочани на 16 март, а во која животот го загубија 63 лица, ќе се префрли во Скопје, одлучија во Врховниот суд. „Советот за казниви дела при Врховниот суд, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“, го ...

По неколку години пауза, „The Planktons“ се враќаат на сцената оваа година, која за нив е јубилејна, и тоа со концертна промоција на нивното најново издание „No Time for Surf“ – настан што ќе се случи вечерва (среда, 25 јуни) во кафе-книжарницата „Буква“. Организаторите настанот посочуваат дека пред десет години „The Planktons“ го издаваат нивното прво EP „El Plancton“, потоа и нивниот прв албум насловен „Денес“. „На 25 јуни во ‘Буква’ ќе ...

Во македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Загреб утре, 25 јуни, во 19 часот хрватската публика ќе има можност да присуствува на мултимедијален настан – отворање на изложбата „Рефлексии“ од уметниците Бурим Укиќи, Агрон Абдули и Берат Бекири и концерт „Сопранисимо“ на солистката Злата Тошевска и пијанистката Маја Божиновска. „Хрватската публика ќе има исклучителна можност да ужива во врвната изведба на Злата Тошевска за која ...

На 26 јуни во 20:30 часот, во киното на Железничката зграда во Скопје ќе се одржи изведбата на перформативниот шетачки есеј – радио драма во три чина насловена како „Градот е јавност – #2 дел, Случајот Скопје 1945-2025“. Тој е колаборативен уметнички проект на Филип Јовановски, куриран од Владимир Јанчевски, а како актерка/изведувачка се јавува Мартина Даниловска. ,,Низ својата долгогодишна пракса на градење платформи и искуството, Филип ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
75%
1013
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
7.72
77%
1019
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
64%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
8.65
76%
1011
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
81%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
68%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
33%
1011
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
4.12
83%
1010
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
9.77
79%
1017
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
87%
1005
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Калај

44.73

Иридиум

169549.30

Алуминиум

3.14

Бакар

11.84

Злато

144981.23

Цинк

3.10

Родиум

310254.70

Рутениум

44946.74

Сребро

2569.43

Паладиум

57935.65

Платина

72292.89

Кобалт

59.52