Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Студентите од поп и џез-катедрата при Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе одржат концерт вечерва, 29 мај, со почеток во 21:30 часот, во „Кафе Литература“ во „Дајмонд мол“. Настанот е резултат на новата соработка меѓу радиото „Џез ФМ“ и ФМУ – Скопје, чија цел е да се обезбеди простор за младите музичари и нивните ментори да го презентираат и промовираат својот труд и креативност, во согласност со афинитетите и современите насоки на ...
Овој пристап се темели на успешни светски практики, од САД до Финска, каде што подкастот се користи како иновативна алатка за вклучување на учениците и проширување на нивните знаења. Истражувањата покажуваат дека ваквиот начин на учење ја зголемува мотивацијата, особено кај ученици што најдобро учат преку слушање, практична примена и тимска работа, објави Македонскиот институт за медиуми. Членовите на медиумскиот клуб при ООУ„Илинден“ од ...
Краткометражниот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски, досега се прикажуваше на 18 фестивали во Македонија и низ светот, меѓу кои во Данска, САД, Италија, Финска, Кореја, Нигерија, Бразил и Узбекистан. Филмот ја имаше својата светска премиера на престижниот „Оденсе интернационален филсмки фестивал“, каде билетите за првата проекција беа распродадени, а фестивалот го посетија над 250 гости од целиот свет. Филмот освои пет домашни и ...
Дојде крајот на уште едно издание на Филозофскиот филмски фестивал, а организаторите го карактеризираат како највозбудливиот дел. Вечерва (28 мај) ќе бидат прогласени добитниците на наградите од стручното жири и од публиката. „Програмата за последниот фестивалски ден започнува во 18 часот со проекција на четири филмови од минатата година воведената, Селекција на видеоесеи (119’), во избор на м-р Ивана Мирчевска. Притоа ќе биде прикажан ...
Условите на претседателот Владимир Путин за завршување на војната во Украина вклучуваат барање западните лидери писмено да се обврзат дека ќе престанат со проширувањето на НАТО кон исток и ќе укинат дел од санкциите кон Русија, според три руски извори запознаени со преговорите, дознава Ројтерс. Претседателот на САД, Доналд Трамп, постојано повторува дека сака да го заврши најсмртоносниот европски конфликт од Втората светска војна и во ...
Седмото издание на циклусот „Клинци“ продолжува на 30 мај (петок) со почеток во 20 часот во Јуроп хаус во соработка со „Култура Бета“. „Клинци е циклус од мултимедијални настани во чии рамки се претствуваат млади книжевници и визуелни уметници. На секое издание може да чуете поезија и проза од четворица млади автори, како и да погледнете изложба од млад уметник“, стои во најавата за настанот. Овојпат на „Клинци“ ни читаат: Ана Тодоровска, ...
Во скопската кафе-книжарница „Буква“ вечерва, вторник 27 мај, од 20 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Каде леташ, Јулија?“ од Хана Корнети како издание на „Или Или“, а воедно ќе има и настап на бендот „Милко“ (Millko). Книжевен промотор ќе биде Александар Маџаровски „Што да се каже за овие раскази, а во исто време соодветно да се претстават и тоа да не делува како преувеличување кое ќе постави превисоки очекувања? Одлепени, ...
Независно дали на некој му треба да го наостри кујнскиот нож, да го поправи тротинетот, или да зашие облека – тоа може да направи самостојно, користејќи ја опремата во Центарот за поправки „Ништо ново“ во скопската општина Кисела Вода. Наместо да се купуваат нови производи и да се трупа отпад, од АРНО велат: „ајде да поправаме“. Да учиме како да поправаме, следиме работилници, да разменуваме предмети, изјамуваме алат и да ги менуваме ...
Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобар есеј, кој беше наменет за ученици по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик. „На конкурсот право на учество имаа сите ученици од четврто до деветто одделение од основните училишта и од прва до четврта година од средните училишта. Во зависност од возраста и наставниот јазик, беа дадени четири теми, а пристигнаа вкупно ...
Студенти на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола ќе бидат практиканти во Министерството за образование и наука (МОН), за што е потпишан меморандум, информираат од МОН. „Студентите ќе учествуваат во извршување на оперативните потреби на министерството, за што ќе имаат менторска поддршка. Ова искуство ќе им овозможи примена на знаењата во реални услови, со што ќе им се помогне во професионалниот развој и подготовката ...
Десет средни училишта ќе имаат можност да имплементираат програма за унапредување на капацитетите за грижа на менталното здравје на нивните ученици, во рамки на кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“ што ја спроведува граѓанската организација „Младите можат“. „Станува збор за сеопфатна програма која вклучува обука на класните раководители за третирање на менталното здравје на класните часови, спроведување неформални активности на оваа тема ...
Русија преку ноќ го започна најголемиот напад со беспилотни летала врз Украина во повеќе од тригодишната војна, изјави денеска украински функционер. Претседателот Доналд Трамп рече дека рускиот лидер Владимир Путин „полудел“ со засилување на бомбардирањето на Украина токму кога САД се обидуваат да посредуваат за мир, пренесува новинската агенција АП. Руското бомбардирање вчеравечер вклучуваше 355 дронови, изјави Јуриј Ихнат, началник на ...
Традиционалната изложба на фотографии „Мајски салон 2025“ на Фото кино клубот „Козјак“ – Куманово ќе се отвори утре, 27 мај, со почеток во 19:30 часот во Занаетчиски дом во Куманово. На 28 и 29 мај, пак, во Куманово ќе се случи фестивалот на краток филм во организација на „Козјак“ – „Филмај 2025“. „Публиката ќе има можност да види најразлични фотографии, моменти од реалноста, емоции, многу мигови зграпчени и ставени во рамка. Изложените дела ...
„Светот што го избрав“ („Или-или) од Калина Малеска е роман на годината според Фондацијата за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“. Наградата ќе се додели во среда, 28 мај, со почеток во 20 часот во просторот на бифето на Драмскиот театар во Скопје. Одлуката ја донесе жири-комисијата составена од Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева. На свеченоста по повод доделување на ...
или „Што јас и моите другар(к)и научивме самоорганизирајќи го културниот живот во нашиот град“ Откако знам за себе како некаков активен чинител во општествово во кое живееме, на еден или друг начин сум бил дел од она што се нарекува „независна сцена“. Во различни кругови и периоди придавката пред „сцената“ била различна, некогаш и за некој била „андерграунд“ (наспроти „комерцијала“), „алтернативна“ (наспроти „мејнстрим“), а за мене таа ...
Музичарите Јордан Костов, Филип Букршлиев и Тејка Васиљевиќ, соединети заедно како „Свирци Вардарци“ (Svirci Vardarci), го објавија своето прво истоимено долгосвиречко издание под етикетата на независнaта куќа „Шарла“ (Sharla). „’Свирци Вардарци’ е современо/фузиско трио од Скопје, Македонија. Нивната музика претставува мешавина од различни стилови, донесени преку богатото музичко искуство на членовите. Можеби, тоа е љубопитно и разиграно ...
Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на починатите во пожарот во импровизираниот клуб „Пулс“ вчера во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за ангелите“. Маршутата на маршот беше од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар, потоа учесниците кратко запреа кај зградата на Општина Кочани и полициската станица, а потоа стигнаа пред Основниот суд и обвинителството. Единствената јавна порака, ...
Спој на стрип, музика и технологија, преку цртачки концерт и интерактивна претстава на францускиот стрип артист Виктор Дулон Виду, во музичка придружба на пијанистката Марина Васиљева ќе се одржи во четврток, 29 мај, со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. За време на престојот на стрип артистот во Македонија од 26 до 30 мај ќе се одржат и креативни работилници наменети за повеќе од 100 средношколци и студенти, ...
Најмалку 60 лица беа убиени во израелските напади низ Газа во период од 24 часа, соопшти Министерството за здравство на Газа вчера, додека Израел продолжи со својата воена офанзива и дозволи минимална помош да стигне до појасот, пренесува АП. Меѓу загинатите има 10 лица во јужниот град Кан Јунис, четворица во централниот град Деир ал-Бала и девет во бегалскиот камп Џабалија на север, според болниците Насер, Ал-Акса и Ал-Ахли каде што беа ...
Главниот град на Украина беше под голем руски напад со беспилотни летала и ракети во текот на ноќта и рано наутро денеска, во кој беа повредени најмалку 15 лица, според украинските власти. Експлозии и митралески оган се слушаа низ целиот Киев, бидејќи многумина бараа засолниште на станиците на метрото, пренесува агенцијата АП. Нападот се случи неколку часа откако Русија и Украина започнаа голема размена на затвореници на стотици војници и ...
Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што велат оттаму, преку исказите дадени пред јавен обвинител тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон. Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот ...
На 25 мај (недела) со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Македонија и РК АЕК од Грција. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...
На дваесет и четвртиот „ОФФест“ од 5 до 8 јуни ќе се претстават различни артисти од осум земји од светот, а организаторот ја карактеризира како „најсилната програма во последниве години“. Фестивалот во Националната опера и балет (НОБ) на 5 јуни од 20 часот ќе го отвори Драган Даутовски, етномузиколог, музичар, композитор и научен работник. „Извлечените звучни вредности од длабочините на нашата фолклорна ризницата, често надградени и ...
Три дена по ред, односно на 25, 26 и 27 мај, словачкиот состав „Војди“ ќе одржи три различни свирки во Македонија. „’Војди’ се трочлен art rock/math rock состав од Прешов, Словачка, кои ја имав привилегијата да ги слушам два дена по ред на овогодишната МЕНТ музичка конференција. После концертите во ‘Menza pri koritu’ и ‘Klub Gromka’, зборувавме за Скопски мерак и за напуштените бродови на вардарскиот кеј — и со голем ентузијазам се ...
На 78. Филмски фестивал во Кан, Асоцијацијата на европски кинотеки (ACE) ја претстави шестата сезона на проектот „Сезона на филмски класици“, филмска програма која промовира европско филмско наследство преку бесплатни проекции во кино салите ширум Европа и онлајн. Оваа година, за македонската и светската публика ќе биде прикажан култниот филм „Македонска крвава свадба“ (1967) во режија на Трајче Попов, во нова дигитално реставрирана копија. ...
Македонскиот народен театар ја најави програмата за летната сцена „Славиша Кајевски“ за 2025, оваа година под слоганот „Млади за млади“. Фестивалот ќе биде насочен кон концертни настани на македонски изведувачи и ќе има хуманитарен карактер. На 12 јуни, со настап на скопскиот бенд „Funkshui“ и артистката Speysd, ќе се отвори второто издание на летната сцена и ќе трае до 21 јуни. „Со овој проект, младите стануваат двигатели на солидарноста: ...
Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, на 6 јуни со почеток во 20 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“, ќе го отвори 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. „12“ е дел од официјалната селекција на фестивалот. Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, ...
Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. „На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените ...
Администрацијата на Трамп ја отповика можноста на Универзитетот Харвард да запишува меѓународни студенти во својата ескалирана битка со универзитетот од Ајви лигата, велејќи дека илјадници тековни студенти мора да се префрлат на други факултети или да ја напуштат земјата, пренесува АП. Министерството за внатрешна безбедност ја објави акцијата во четврток, велејќи дека Харвард создал небезбедна средина на кампусот дозволувајќи им на ...
„Д Фестивал“ (The Festival), најголемиот летен музички фестивал во Македонија, оваа година одбележува јубилејно 15-то издание, кое ќе се одржува од 4 до 6 јули во Штип и со бројни новости во својот програмски концепт. Музичките настани ќе се одвиваат на две бини, „Главна“ и „Москито“, на кои ќе настапат повеќе од 40 бендови и музичари. „Во досега најголемиот прв бран изведувачи се запишуваат вкупно 26 артисти кои летово ни пристигнуваат на ‘Д ...