Таванот во средното училиште во Бечеј, Србија, се урна за време на часот, а според Н1, една ученичка е полесно повредена. Според неофицијални информации, парче од таванот паднало врз раката на една ученичка, а двајца други ученици биле изгребани. Според еден од сведоците, ученичката чија рака била повредена е транспортирана со амбулантно возило во Нови Сад. Сè се случило пред почетокот на часот по психологија во гимназијата во Бечеј. „Одеднаш ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во понеделникот изрази ентузијазам кога најави почеток на директни преговори меѓу Украина и Русија, пишува Ал Џазира Балканс. „Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот и, што е уште поважно, ќе ја завршат војната“, напиша Трамп на својата мрежа „Truth Social“. Изјавата изгледаше во согласност со „уметноста на говорот“ на Трамп – ќе донесе брзо и ефикасно ...

Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одржува третото по ред издание на меѓународниот „Фестивал за современа музика 2025“, кој ќе трае од 26 до 29 мај во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип. Сите концерти започнуваат во 19 часот, а влезот е бесплатен. „’Фестивалот за современа музика 2025’ е посветен на промоција на светското и на домашното исполнителство и творештво. Во рамките на овогодишната програма фестивалот ...

Групната изложба „Цртеж, експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) се отвора вечерва, 22 мај, со почеток во 20 часот во Националната галерија, објект Мала станица. „Современиот третман на цртежот во глобални рамки доживеа длабока промена – од подготвителен, дел на процес медиум во самостојна, концептуална уметничка практика. Цртежот како базичен израз во визуелниот говор доживува длабоко преиспитување на ...

Во „Котур Кафе“ во Скопје на 22 мај (четврток), со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на новата книга на Тина Иванова, со наслов „Danse Macabre“. Станува збор за збирка од осум раскази кои, иако различни, ги поврзува иста тематика – како што сугерира и самиот наслов, алегоричен и гротескен приказ на смртта и животот. Книгата „Danse Macabre“ неодамна излезе од печат во издание на „Темплум“, а нејзиното прво претставување се случи на ...

Тимот „Фиат 500“, составен од Ивана Блажева, Меланија Петровска и Петар Димов, победи на Дебатното првенство 2025 кое се одржа на 17 и 18 мај на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Тие ова лето ќе ја претставуваат државата и Младинскиот образовен форум (МОФ) на интернационалниот турнир во Прага – „Prague Debate Spring“, заедно со нивниот тренер. Финалисти беа и Андреј Зафировиќ, Константин Иоуанну и Ристе Златев – тимот „Роберт, ...

Самостојната издавачка куќа „Мртов коњ“ го објави албумот „Rigged Phantasies“ на хрватскиот состав „Клаутро/фонија“ (Klaustro/fonija), кој македонската публика неодамна можешe да гo слуша во клубот „Минус еден“ заедно со „Корпорација Вагина“ (Vagina Corporation). Албумот е плод на соработката и заедништото на „Мртов коњ“ и колективот „Гола планина“ со новите регионалните музички сили, меѓу кои спаѓа и „Клаутро/фонија“. Дечките заедно се ...

„Борбата не е завршена! Колку пречки и да ни постават на патот, ние сме упорни, жилави и успешни. Уставниот суд на вчерашната седница ги укина членовите од Изборниот законик со кои се попречуваше учеството на независните на избори. Но, важно е, дека со укинувањето не се врати старата формулација од Законот, туку се префрли топката кај Собранието допрва да го уредува ова прашање. Тоа значи дека во моментов не е дефинирано како може независни ...

„Над-реалност: Транзиција на доживеаното искуство“ е насловен настанот кој утре, 22 мај, ќе се случи во Културно-социјалниот простор Центар-Јадро со почеток во 20 часот, каде писателката Џулиет Жак и уметницата Марија Божиновска Џоунс ќе одржат предавање и ќе разговараат на темите кои го поттикнуваат нивниот уметнички израз – доживеаното искуство и надреалното; јазикот и технологиите; и био/политиката и активизмот. Џулиет Жак е писателка и ...

Изложбата „Агапе“ на уметникот Горјан Ѓорѓиев ќе се отвори во петок, 23 мај, со почеток во 19 часот во галерија „Метаноја“. „Сликите на Горјан Ѓорѓиев се стилска и тактилна алхемија при што медиумот на боите ја има функцијата на ‘Филозофскиот камен’, митолошкиот елемент кој неблагородните метали ги претвора во благородни и еликсир кој ги исцелува сите болести и дава долговечност. Во христијанска смисла ‘Филозофскиот камен’ е метафора за ...

Блокадата на зградите на судот и обвинителството во Нови Сад продолжува сè додека не бидат ослободени сите уапсени активисти. Младен Цвијетиќ, Давор Стефановиќ и Срѓан Ѓуриќ остануваат во притвор. Лазар Диниќ, Марија Васиќ и Ладо Јововиќ се во домашен притвор, пренесува Н1. Синоќа во Кула имаше инциденти, имено туркање и буткање, меѓу граѓани и поддржувачи на СНС. Денеска, средношколците во Белград протестираат пред Министерството за ...

„Оваа пролет, Фестивалот што вибрира во просторот меѓу филмската слика и критичката мисла, на процепот меѓу полемиката и поезијата, Фестивалот што ги спојува зачудувањето и очудувањето, го слави својот 15. роденден! Славјето е седумдневно, сместено во удобната кино-сала на Кинотеката на С. Македонија, во којашто ќе бидат прикажани триесетина филмови од Европа и сите краишта на светот“. Вака започнува најавата за годинешното издание на ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди индиректна дискриминација врз основа на попреченост во областа на образование сторена од страна на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје кон ученик. Имено, и покрај пријавувањато за врсничко насилство, училиштето не преземало никакви мерки, а откако ситуацијата ескалирала, дури и го обвинило виктимизираниот ученик за насилство изрекувајќи му усна опомена и нему. ...

Изложбата „Moon of love“ од ликовниот уметник Давор Кешќец ќе се отвори во четврток, 22 мај, со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. „’Moon of Love’ е самостојна изложба што претставува збирка дела кои го одразуваат личното и уметничкото патување на Кешќец — сурови импресии од секојдневниот живот, повторно замислени преку фрагментирани форми, живи палети и емотивна интензивност. Во духот на германскиот експресионист ...

На 22 мај, четврток, во Театар Комедија претставата „Секс, лаги и гавоболки“ режирана од Александра Кардалевска, ќе ја има својата премиера. Таа е во колективно авторство, инспирирана од животни искуства. „Претставата нуди смеа, препознавање и моменти за размислување, оставајќи го гледачот со чувство дека бил дел од еден жив, вистински и емотивен свет“, истакнуваат од Театар Комедија. Како што раскажуваат оттаму, претставата е динамична, ...

Израелските сили ја нападнаа Газа преку ноќ и денеска, погодувајќи семеен дом и училиште претворено во засолниште, и убивајќи најмалку 60 лица, соопштија палестинските здравствени претставници, додека Израел ја продолжува својата војна против Хамас и покрај зголемената меѓународна осуда, пренесува новинската агенција АП. Израел започна уште една голема офанзива на територијата во последните денови, велејќи дека има за цел да врати десетици ...

Во четврток, на 22 мај, со почеток во 17 часот, во Националниот Музеј Секели, во градот Сфанту Георге во Романија ќе се одржи сликарски перформанс на македонскиот сликар Сергеј Андреевски. Целта на настапот е публиката да се доближи не само до светот на уметникот, туку и до неговата татковина, Македонија, а настанот е дел од низа активности со кои Националниот Музеј Секели годинава одбележува 150 години од формирањето. „Исклучително голема е ...

Студенти и граѓани од рано наутро ја блокираат судницата во Нови Сад, што трае од четврток, повикувајќи ги надлежните судии да дојдат во судот и да одлучат по жалбите на адвокатите на одбраната за продолжување на притворот за шесте активисти кои се обвинети за наводно поткопување на уставниот поредок на Србија и кои се во притвор повеќе од 60 дена, пренесува новинската агенција Бета. „Нема потреба да се провлекуваат низ продавниците, нека ...

Здружението „Хуманост“ информира за издавањето на книгата „Не баш тивко“, илустрирана детска книга создадена како дел од проектот „Silent“, кој има за цел да ја промовира инклузијата на глувите деца и да ја зголеми свеста за важноста на различни комуникациски методи. Од „Хуманост“ објаснуваат дека во книгата, деца како Симон и Ана, и нивните пријатели комуницираат на свој начин – било преку знаковен јазик, слух со помош на кохлеарни импланти ...

Пратеникот Салим Сулејмани извести дека поднесува оставка од сите партиски функции во рамките на Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието на Македонија. „Одлуката да се вклучам во политиката и да се кандидирам на парламентарните избори во 2024 година се роди од длабоко чувство на одговорност и желба да донесам вистинска промена во животот на нашите граѓани. Отсекогаш сум бил убеден дека подобрувањето на општеството ...

По информацијата дека е издадено одобрение за сеча на 113 дрвја и кастрење на 303 дрвја во Градскиот парк во Скопје, иницијативата Зелен хуман град (ЗХГ) договори обиколка низ паркот заедно со Секторот за комунални работи на Град Скопје и професор на Шумарскиот факултет. „Во таа обиколка ќе се посетат засегнатите дрвја и ќе слушнеме од нивна страна зошто се обележани за сечење/кастрење, што довело до таа ситуација и што се плановите за ...

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани вчера нивни роднини и пријатели беа дел од „Маршот на ангелите“ кој се одржа во Кочани, пренесува агенцијата Мета.мк. Тие маршираа од „Паркот на револуцијата“ до судот и Обвинителството во Кочани, а побараа неселективна правда и подобри услови за лекување на ...

„Поезијата има смисла само кога се живее“ Во склоп на серијалот „Нова пролет“, со кој „Канал 103“ одбележува 34 години постоење, вечерва (сабота, 17 мај) во 21 часот во „Ла Кања“ ќе се одржи концерт на Софиа Џебел Роуз од Франција. „Саботна вечер исполнета со езотеричен сјај и темна убавина. Во рамки на нејзината обемна европска турнеја, Софиа Џебел Роуз ќе ја донесе својата магична, интимна и бунтовна музика во Скопје“, соопштуваат од „Канал ...

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Оттаму велат дека ова е прв центар од ваков тип во Македонија, кој ќе функционира како безбеден и поддржувачки простор за најранливите категории граѓани, нудејќи психо-социјална помош, неформална едукација со посебен акцент на деца и млади, правно советување и дневна грижа. На отворањето зборуваше Државниот ...

Трибјут посветен на англискиот пост-панк состав „Џој Дивижн“ ќе се одржи утре, 18 мај, со почеток во 21 часот во рок-бар „Круг“ (трговски центар „Бисер“). Јубилејното, 25-то издание на вечерите посветени на „Џој Дивижн“ ќе го одбележат поетско-музичкиот состав „ВИС Тркалезна маса“, а ќе настапат Ана Голејшка-Џикова, Ѓоко Здравески, Васко Марковски, Владимир Лукаш, Владимир Мартиновски и Круме Стефановски. „Во рамки на програмата ќе се изведе ...

Во креативниот простор „Base24“ во Скопје на 9 мај се одржа промоцијата на книгата „Dystokyo“ во организација на здружението „Пагода“ – четиричасовен вечерен настан што на уникатен начин ги спои уметноста, технологијата и поезијата во едно мултијазично и мултимедијално доживување. „Атмосферата на настанот беше полна со позитивна енергија и весели реакции, а бројните позитивни коментари и споредби со настани од светски калибар само го ...

Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“ ќе се одржи од 3 до 14 јуни во неколку културни институции во Скопје: Музеј на современа уметност (МСУ), Младински културен центар (МКЦ), Културно социјалниот простор Центар-Јадро и Театар Комедија. „Овогодишното фестивалско издание, со темат ‘Југоквир’ цели да ги истражува контрахегемонистичките конфигурации на родово и сексуално отелотворување во квир (феминистички) изведувачки уметности и ...

Најновиот творечки циклус на ликовниот уметник Благојче Наумоски – Бане, со наслов „Урбани трансформации“ ќе биде изложен на 22 мај со почеток во 19 часот во Салон Империјал 1 во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје. „Овој проект се фокусира на деконструкција на елементи од урбаните структури, каде се издвојуваат и интерпретираат геометриските форми и волумените што го дефинираат брутализмот. Тој со своите моќни, монолитни и често ...

Организаторите на фестивалот „Drim Short Film Festival“ кој ќе се одржи од 7 до 10 август, во соработка со „Pro Peace North Macedonia“ отвораат повик за млади за работилница „Сочување со минатото“ која ќе се спроведе во рамки на фестивалот. „Овој повик е до младите луѓе што сакаат филм, критичка мисла и раскажување автентични приказни“, велат од „Drim Short Film Festival“. На работилницата, преку пост-Југословенски филмски дела ќе се зборува ...

Традиционалната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ на која учествуваат студентите од четврта година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Студиската програма за сликарство ќе се отвори во вторник (20 мај), со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје. Учесници се Андреј Антевски, Ана Томовска, Благица Трајкоска, Горазд Николовски, Елена Стојкова, Ема Теовска, Марија Ќурчиева, Марија Нешкоска, Павел ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
7.2
54%
1020
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
5.14
74%
1022
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -5ᴼ
0.51
68%
1024
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
5.66
79%
1021
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
9.22
74%
1018
weather icon

Љубљана

-5ᴼ / -8ᴼ
1.03
91%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
63%
1008
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
6.69
56%
1013
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
11.32
32%
1019
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -5ᴼ
0.0
85%
1015
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
10.8
69%
1019
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
8.75
93%
1010
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Платина

72292.89

Алуминиум

3.14

Злато

144981.23

Сребро

2569.43

Калај

44.73

Паладиум

57935.65

Бакар

11.84

Рутениум

44946.74

Цинк

3.10

Родиум

310254.70

Иридиум

169549.30

Кобалт

59.52