Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Воените началници на НАТО денеска се состануваат во Брисел во момент кога војната со Иран отвора ново прашање за Алијансата: дали производството на оружје и муниција може да го следи темпото на современите конфликти. На дневен ред е проценката на одбранбените капацитети, состојбата со одвраќањето и потребата од побрзо зголемување на производството во земјите членки. Загриженоста е поврзана со големата потрошувачка на американски ...
Грчките власти ја открија внатрешноста на огромна античка гробница, веројатно поврзана со Александар Велики, додека археолозите продолжуваат со ископувањата и реставраторски работи, соопшти грчкото Министерство за култура. Ископувањата се фокусираат околу гробницата Каста во Амфиполис, урнатините на антички македонски град во северна Грција, околу 60 милји североисточно од Солун. Грчките власти изјавија дека реставраторски работи на ...
Споредбените податоци од Евростат и Грчкиот статистички завод (ЕЛСТАТ) покажуваат дека трендот на Грците што ја напуштаат земјата во годините на економската криза сега еволуирал во тренд на враќање во Грција. Севкупно, во периодот 2010–2024 година, 773.296 Грци ја напуштиле земјата, додека 473.044 се вратиле. Всушност, 2024 година означува рекордна година за репатријација на Грци, бидејќи враќањата за прв пат надминаа 50.000, додека историски ...
Додека Србија продолжува да се заглавува на патот кон Европската Унија, Белград верува дека Шенген е остварлива цел – не само за земјата, туку и за целиот регион на Западен Балкан, и тоа ова лето. Српските власти ја повикаа ЕУ да ја отвори Шенген зоната за земјите од регионот. Европската комисија не одговори на барањето за коментар за иницијативата на Белград за брзо вклучување на Западен Балкан во Шенген. Според Бојана Зориќ од Институтот ...
„Луфтханза“ ги прекинува летовите меѓу Франкфурт и Скопје по повеќе од три години присуство на оваа линија, со што скопскиот аеродром останува без директна врска со еден од најголемите европски авио-хабови. Во резервациониот систем на германскиот авиопревозник повеќе не се достапни летови по 31 мај, ниту за летната сезона, ниту за зимскиот ред на летање што почнува кон крајот на октомври. За патниците до Скопје, компанијата нуди алтернативни ...
Граѓанската иницијатива „Правда за Градиште“ повторно реагира за состојбата на охридското крајбрежје, предупредувајќи дека Градиште не смее да стане симбол на дивоградби, бетон и институционална неказнивост. Во објавата иницијативата тврди дека, и покрај реакциите на јавноста и медиумите, нелегални објекти продолжуваат да се појавуваат на заштитениот брег на Охридското Езеро, додека надлежните институции не преземаат видлива акција. Од ...
Македонија попладнево ќе биде под влијание на променливо и нестабилно време, со повеќе облачност, локални врнежи од дожд и услови за грмежи, особено во западните, југозападните и југоисточните делови. Температурите ќе се движат од околу 10 степени во Охридско-преспанскиот и дебарскиот регион до околу 21 степен во југоистокот. Во западниот и југозападниот дел останува зголемена веројатноста за дожд, а за Полошкиот, Југозападниот и ...
Доставата на книги, весници, каталози и периодични списанија преку АД „Пошта на Северна Македонија“ од 1 мај се наплаќа по нов ценовник, со што дел од услугите за печатени работи значително поскапуваат. Најсилна реакција предизвика услугата за достава на списанија, за која се наведува дека од 6 денари е зголемена на 36 денари, односно шест пати. Новите цени се дел од решението на Агенцијата за пошти, со кое е уважено барањето на државната ...
Случајот со мазутот за ТЕЦ Неготино повторно ја отвори расправата за границата меѓу политичката одговорност и обвинителската самостојност, откако Советот на јавни обвинители порача дека одговорност на обвинител се утврдува со факти и докази, а не врз основа на политички изјави или јавен притисок. Реакцијата следува по барањата од ВМРО-ДПМНЕ Советот да реагира за запирањето на истрагата за набавките на мазут. Од Советот наведуваат дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски од Разловци повика на обединување околу државните и националните интереси, порачувајќи дека политичките разлики и личните амбиции не треба да бидат поставени над државата. Пораката ја испрати на одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание во Делчевско. Во говорот Мицкоски оцени дека државата најмногу страдала кога, како што рече, однатре имало луѓе подготвени за личен интерес да ја наведнат државата. Тој ...
Социјалдемократската младина на Македонија побара итно повлекување на измените на Законот за студентскиот стандард, обвинувајќи дека со новото решение се намалува поддршката за студентите од социјално ранливи категории и се зголемуваат трошоците за сместување во студентските домови. Обвинувањата ги изнесе Стефанија Кузмановска од СДММ, која оцени дека измените се директен удар врз студентскиот стандард. Според Кузмановска, проблемот е во ...
Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати остри обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека „во Владата врие од луѓе со бугарски пасоши“, откако парламентарното мнозинство го одбило предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да поседуваат двојно државјанство. Филипче оцени ...
Биткоинот денес се тргува околу границата од 77.000 долари, по нов пад што ја задржа најголемата криптовалута под краткорочен притисок. Според пазарните котации, цената се движи околу 76.973 долари, со дневен распон меѓу 76.056 и 77.705 долари. Падот доаѓа во период на послаб апетит за ризични средства, под влијание на повисоките приноси на американските државни обврзници, цените на нафтата и пошироката неизвесност на глобалните пазари. ...
Општина Тетово се соочува со сериозни критики откако независни советници обвинија дека локалната власт планира да продава државно градежно земјиште по цена од само едно евро за квадратен метар, иако, според нив, реалната пазарна вредност на атрактивните парцели достигнува и до 300 евра за квадрат. Случајот отвори сомнежи за можна огромна финансиска штета врз општинскиот буџет и јавниот интерес. Според информациите објавени од СДК, станува ...
Грција ја одложи примената на новите правила за задолжителниот комплет за прва помош во возилата, па наместо летово, новиот стандард ќе почне да важи од 1 јануари 2027 година. Одложувањето е објавено во грчкиот Службен весник, со образложение дека се остава дополнително време за приспособување на пазарот, сопствениците на возила и возачите. Новата обврска не се однесува на самото поседување комплет за прва помош, кое веќе е дел од ...
„Луфтханза“ ги прекинува летовите меѓу Франкфурт и Скопје по повеќе од три години присуство на оваа линија, со што скопскиот аеродром останува без директна врска со еден од најголемите европски авио-хабови. Во резервациониот систем на германскиот авиопревозник повеќе не се достапни летови по 31 мај, ниту за летната сезона, ниту за зимскиот ред на летање што почнува кон крајот на октомври. За патниците до Скопје, компанијата нуди алтернативни ...
СДСМ ја засили политичката пресметка со Владата околу реформската агенда и европскиот пат, обвинувајќи го ВМРО-ДПМНЕ дека намерно ја блокира државата и однапред бара алиби за евентуално неисполнување на обврските до рокот што, според партијата, истекува на 1 јуни. Од опозициската партија велат дека без уставните измени и внесување на малцинствата во Уставот нема продолжување на евроинтеграциите, ниту отворање на следната фаза од преговорите. ...
Сообраќајот на граничниот премин Градишка меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина е во прекин откако рано утринава се урна ограда и дел од мостот над Сава, на делницата меѓу премините Стара Градишка и Босанска Градишка. Според информациите што ги објавија авто-мото службите во БиХ и Хрватска, целиот сообраќај е запрен до понатамошно известување поради оштетување на мостот. Првичните информации од регионалните медиуми наведуваат дека нема ...
Администрацијата на Трамп веќе некое време го избегнува прашањето дали ќе започне воени напади врз Куба. Се чини дека е сè посклона да го стори тоа. Ова е значајна ескалација од пред неколку месеци, кога официјалните лица беа фокусирани првенствено на користење економски и дипломатски притисок за притисок врз комунистичкиот режим во Хавана. Американски функционер и лице запознаено со дискусиите на администрацијата за Куба изјавија дека ...
Ретко кој останува рамнодушен на убавите прошетки во пролет и лето. Повеќето од нас знаат за популарните препораки за заштита од високите температури и штетното влијаење на УВ зраците, меѓутоа ретко кој посветува внимание на заштита и препознавање на убоди од разни видови на инсекти. Поголемиот број на инсекти прават локални реакции без посериозни здравствени проблеми, но постојат реакции кои треба да се препознаат и за кои треба да се побара ...
Цените на храната во Турција се зголемија за речиси 733 проценти од септември 2021 година, додека глобалните цени на храната се зголемија само за 1,2 проценти во истиот период, според индекс подготвен од економистот Инан Мутлу користејќи податоци од Турскиот институт за статистика (TurkStat) и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO). Споредбата, објавена од дневниот весник „Карар“ откако „Мутлу“ сподели анимиран ...
Најголемата опозициска партија во земјава, Социјалдемократски сојуз на Македонија, обвини дека премиерот Христијан Мицкоски води политика на конфронтација и изолација по примерот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, со цел да ја блокира европската интеграција на државата. Од СДСМ оценуваат дека по „падот на Орбан“ во Унгарија започнал процес на нормализација во односите со Украина и разговори за правата на унгарското малцинство, процес кој, ...
Првата дипломатка на ЕУ тврди дека присуството на повеќе жени на преговарачката маса за време на мировните преговори ќе резултира со подобри резултати за глобалните конфликти, вклучително и руската инвазија на Украина. Шефицата за надворешна политика на блокот, Каја Калас, ја критикуваше претежно машката природа на тимовите за мировни преговори, поврзувајќи ја со тенденцијата на современата дипломатија кон краткорочни резултати. „Ова е ...
„Луфтханза“ ги прекинува летовите помеѓу Франкфурт и Скопјe по повеќе од три години работење. Како што првично беше објавено, линијата требаше да биде прекината на 1 јуни за еден месец и да продолжи на 1 јули, но превозникот сега ги отстрани сите летови до крајот на летото, како и за претстојната зимска сезона, која започнува на 25 октомври. Нуди алтернативни линии до Скопјe преку Виена преку својата подружница „Аустриан ерлајнс“. Линијата се ...
Банкнотите во евра губат еден дел: следната серија повеќе нема да ја вклучува најголемата апоенска вредност, онаа од 500 евра. Одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ), веќе објавена во 2019 година, а сега потврдена, е дел од поширок процес инициран од институцијата во 2021 година за ажурирање на дизајнот и некои технички аспекти на банкнотите. Причините… Одлуката на ЕЦБ да ја укине банкнотата од 500 евра има за цел да се спротивстави на ...
Руската компанија „Монокристал“, која беше еден од водечките светски производители на синтетички сафири што се користат во производството на ракети и беспилотни летала, меѓу другите апликации, прогласува банкрот. Производителот, кој е дел од концернот „Енергомера“, ги извести доверителите за својата намера да поднесе барање за банкрот до Арбитражниот суд на рускиот Ставрополски крај. Дури во 2022 година, „Монокристал“ држеше една третина од ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТВ, посочи на ризикот од зголемениот долг и влошената состојба како резултат на лоши економски политики на власта на Мицкоски. „Задолжувањето, јавниот долг е пораснат за две милијарди евра од 2024 година. Каков имаат бенефит луѓето од процентите кога утре треба да враќаат повеќе од две милијарди евра, од коишто една милијарда е тотално нетранспарентно земена од ...
Три лица се убиени во комплекс џамии во американскиот град Сан Диего во пукотница што властите ја истражуваат како злосторство од омраза. Шефот на полицијата во Сан Диего, Скот Вал, изјави дека двајца осомничени стрелци во нападот во понеделникот во Исламскиот центар на Сан Диего (ICSD), во кој се сместени џамија и училиште, биле пронајдени мртви од очигледни самонанесени рани од огнено оружје. „Поради локацијата на исламскиот центар, го ...
Ако во последно време сте купувале додатоци во исхраната, веројатно сте забележале дека постои повеќе од еден вид магнезиум. Може да видите опции како цитрат, глицинат, лактат и други. Па, како знаете кој е вистинскиот за вас? Зошто е важен магнезиумот? Магнезиумот му помага на вашето тело да работи правилно. Овој важен минерал поддржува повеќе од 300 хемиски реакции кои ве одржуваат здрави, вклучувајќи: – Создавање енергија. – Одржување на ...
Здружението „Мир, слога, стабилност“, кое за себеси вели дека е здружение на граѓани за унапредување на правата и интересите на етничките заедници, на своите социјални мрежи објави апел во кој се вели: Ги повикуваме сите членови, симпатизери и граѓани со добри намери кои ја почитуваат политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ да ни се придружат и заедно да испратиме силна порака на слога, заедништво и поддршка. Повикот е упатен „до ...