Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Новиот заем од 260 милиони евра кај странски комерцијални банки ја отвори најчувствителната економско-политичка расправа во Собранието – дали државата се задолжува за одржување на буџетската ликвидност и отплата на стари обврски, или за покривање на нови буџетски дупки без доволно отчет пред јавноста. Расправата за Предлог-законот за задолжување, кој се носи по скратена постапка, беше блокирана во собраниската Комисија за финансирање и буџет. ...
Триесет и двегодишен тетовец е приведен откако неговата сопруга пријавила дека ѝ се заканувал со остар предмет и се обидел да ја исфрли од домот. Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен откако претходниот ден, околу 18 часот, мажот ѝ упатувал закани на својата 30-годишна сопруга. Полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода В.А. на 20 април, околу 23:30 часот, на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во ...
Новиот заем од 260 милиони евра кај странски комерцијални банки ја отвори најчувствителната економско-политичка расправа во Собранието – дали државата се задолжува за одржување на буџетската ликвидност и отплата на стари обврски, или за покривање на нови буџетски дупки без доволно отчет пред јавноста. Расправата за Предлог-законот за задолжување, кој се носи по скратена постапка, беше блокирана во собраниската Комисија за финансирање и буџет. ...
Студентите, организирани преку Студенти.мк. преку отворено писмо упатија остри критики до министерката за образование и наука Весна Јаневска, обвинувајќи ја за, како што наведуваат, „уништување на студентските соништа“, деградација на високото образование и поттикнување на иселувањето на младите од државата. Во писмото, кое е напишано во емотивен и остар тон, студентите тврдат дека институциите останале глуви на нивните барања и дека ...
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија изрече серија парични казни за клубови и поединци поради пиротехника, навредливи пораки, националистичко скандирање, слаба организација и нарушување на редот на натпреварите од Првата и Втората македонска фудбалска лига. Највисока санкција доби ГФК Тиквеш 1930, кој ќе треба да плати вкупно 10.000 евра. ФФМ истовремено поведе дисциплинска постапка против ФК Вардар поради, како што ...
Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени утрово ја погоди источна Турција, во близина на градот Малатија, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите и превентивна евакуација на училиштата. Епицентарот бил регистриран на околу 21 километар од Малатија, на длабочина од околу седум километри. Потресот се случил во 9 часот по локално време, а бил почувствуван и во околните провинции. Во првичните извештаи имаше разлики во проценката на јачината. ...
На граничниот премин Дојран е спречен обид за шверц на околу 10 килограми марихуана, сокриена во пластични пакувања со прехранбени намази. Дрогата, според неофицијалните информации, требало да биде пренесена од Македонија кон Грција. Марихуаната била распоредена во околу 50 пластични кутии, со цел да не предизвика сомнеж при граничната контрола. Во обидот, според истите информации, биле инволвирани македонски државјани кои патувале со ...
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг повика на сеопфатен прекин на огнот на Блискиот Исток, додека во Пекинг го прими рускиот претседател Владимир Путин на средба што ја потврди стратешката блискост меѓу Кина и Русија, но и различните приоритети на двете сили во момент на широка регионална криза. Средбата доаѓа во време кога војната околу Иран ја зголемува неизвесноста на Блискиот Исток, ги притиска енергетските пазари и повторно го отвора ...
Привлекувањето на таленти од секој агол на планетата станува предмет на интензивна меѓународна конкуренција, бидејќи луѓето („човечки капитал“) се појавуваат како клучен фактор за продуктивноста, иновациите и просперитетот на општеството. Исходот од оваа конкуренција е определен и од политиката за имиграција што се практикува во секоја земја, но не само од неа. Тој е определен главно од околината што се однесува на нејзините граѓани, од ...
До петок, 22 мај 2026 година, Србија мора да ја затвори својата позиција за НИС, компанијата што ја управува единствената српска рафинерија во Панчево, во момент кога унгарски MOL се обидува да го преземе рускиот мнозински удел, а Вашингтон преку OFAC го држи санкцискиот часовник. Одлуката не е само деловна купопродажба, туку тест за тоа кој ќе ја контролира нафтената инфраструктура на Србија и како ќе се редефинира енергетската рамнотежа на ...
Европската Унија (ЕУ) ги разгледува кандидатурите на Ангела Меркел или Марио Драги како можни посредници во преговорите со рускиот претседател Владимир Путин. Ова го објави утрово британското издание „Фајненшл тајмс“. Изданието нагласува дека расте поддршката за идејата Европа да назначи свој претставник, бидејќи преговорите за Украина предводени од САД се во застој. Ангела Меркел е поранешна германска канцеларка, долгогодишен лидер на ...
Маск ја загуби битката со OpenAI во федералниот суд во Оукленд, Калифорнија, откако поротата едногласно пресуди дека компанијата не е одговорна по неговите тврдења дека ја напуштила првичната мисија за развој на вештачка интелигенција во корист на човештвото. Според Ројтерс, исходот ја отстранува една од најголемите правни пречки пред можното излегување на OpenAI на берза. Поротата одлучила за помалку од два часа, а клучниот аргумент не бил ...
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Пекинг на разговори за кои очекува дека ќе доведат до значително зголемување на извозот на руска енергија во Кина. Ова дополнително би ги продлабочило односите меѓу двете земји, кои Кремљ ги опишува како „на невидено високо ниво“. Посетата на Путин, за која кинеското Министерство за надворешни работи вели дека ќе биде негова 25-та во земјата, ги нагласува неговите блиски врски со кинескиот лидер ...
До петок, 22 мај 2026 година, Србија мора да ја затвори својата позиција за НИС, компанијата што ја управува единствената српска рафинерија во Панчево, во момент кога унгарски MOL се обидува да го преземе рускиот мнозински удел, а Вашингтон преку OFAC го држи санкцискиот часовник. Одлуката не е само деловна купопродажба, туку тест за тоа кој ќе ја контролира нафтената инфраструктура на Србија и како ќе се редефинира енергетската рамнотежа на ...
Поранешниот премиер на Македонија Љубчо Георгиевски реагира на употребата на термините “северномакедонец” и “северномакедонски” меѓу бугарските политичари, аналитичари и во комуникацијата во медиумскиот простот на Бугарија и на социјалните мрежи и го оценува како „однос на омаловажување и навреда“. „Бугарската официјална политика тврди дека проблемот е само во историјата и ја признава сегашноста. Очигледно со ваква терминологија има проблеми ...
Денеска е Светски ден на пчелите и официјалната тема под која оваа година се слави овој ден е „Пчелите заедно за луѓето и планетата – партнерство што нè одржува сите нас“. Самото наше постоење зависи од пчелите и другите опрашувачи. Тие обезбедуваат мед и хранлива храна, а воедно го зголемуваат вкупното производство на храна, што ги прави клучни за постигнување на глобалните цели на ОН за самоодржување на планетата и на човештвото. Сепак, ...
Синоќа главниот град на Бугарија, Софија, беше исполнет со радост и славење поради победата на Дарин Јотова – ДАРА на натпреварот „Евровизија 2026“. Општина Софија организираше голем концерт и забава на плоштадот Књаз Александар I, каде што огромна толпа се собра да ја поздрави победничката. Дара одеше по поставениот црвен тепих од 60 метри и ја поздравуваше насобраната толпа, прегрнувајќи деца и млади кои мавтаа со бугарски знамиња на секој ...
Годинава се навршуваат 50 години од смртта на Никола Бадев, едно од најзначајните имиња во историјата на македонската народна песна. По тој повод, Фолк Фест Валандово 2026 ќе оддаде почит на неговото музичко наследство. Наградата за најдобра интерпретација на Фолк Фест Валандово го носи името на Никола Бадев. Признанието се доделува за најуспешна вокална изведба на фестивалската вечер и претставува едно од поважните признанија во рамки на ...
Летниот буџет на македонските семејства влегува во сезона на нова пресметка, бидејќи мајската проекција на Народната банка не најавува брзо смирување на цените, туку просечна инфлација од околу 4 проценти во 2026 година. Тоа значи дека притисокот врз храната, транспортот, горивата, сметките и секојдневните трошоци нема да исчезне пред летото, туку ќе остане дел од домашната економска реалност. Народната банка очекува инфлацијата постепено да ...
Граѓаните едвај крпат крај со крај, порача пратеникот на СДСМ и поранешен министер Оливер Спасовски во интервју во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, критикувајќи ја Владата дека зборува за историски економски успеси, додека државата се задолжува по скратена постапка и, според него, покажува сериозен проблем со ликвидноста на буџетот. Спасовски оцени дека реториката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за „трета економија во Европа“ се судира со ...
Мирослав Клозе, Роналдо, Лионел Меси, Килијан Мбапе, Пеле, Герд Милер и Жуст Фонтен се меѓу многуте фудбалски великани на листата на најдобри стрелци на сите времиња на светските првенство во фудбал. Уште од своето основање во 1930 година, Светското првенство на ФИФА ги собра најдобрите играчи во светот во прослава на прекрасната игра. Низ годините досега се постигнати 2.720 голови на 964 натпревари во 22-те изданија на турнирот. ФИФА ги ...
Ситуацијата во која Русија главно демонстрира суровини на меѓународната изложбена платформа, додека Кина презентира високотехнолошки решенија, јасно го илустрира структурното заостанување на Руската Федерација зад Народна Република Кина. Олександар ЛЕВЧЕНКО* Продлабочувањето на економската зависност на Русија од Кина стана една од клучните последици од широкиот притисок на санкции од Западот. Без поддршката на Народна Република Кина, руската ...
Златна плочка вредна околу 73.000 евра е пронајдена во чевла на патник на граничниот премин Богородица, соопшти Царината на Северна Македонија. Според извештаите, златната плочка со тежина од 848 грама и вредност од 4,5 милиони денари (72.933 евра) е запленета во акција на царинските службеници на излез од Северна Македонија кон Грција, на граничниот премин Богородица. Се прецизира дека овој случај е откриен кога автобусот на релација ...
Регионално признатиот виртуоз, пијанист и композитор Васил Хаџиманов, заедно со неговиот бенд, ќе бидат специјални гости на големиот самостоен концерт на Архангел, насловен „Срцевина“, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Ова концертно гостување е резултат на новата студиска соработка меѓу фронтменот на Архангел, Ристо Вртев и Хаџиманов. Отворајќи го сопствениот креативен процес кон други врвни музичари, Вртев истакнува дека ова ...
Кога Македонците патуваат во Унгарија, најчесто првата мисла е Будимпешта. Дунав, мостовите, бањите, старите кафулиња, големите булевари и вечерната светлина што паѓа врз градот. Но Унгарија има и друго лице, потивко, побавно и понежно. Тоа лице се гледа на северниот брег на Балатон, меѓу лозјата, ридовите и малите вински места каде денот не се мери со километри, туку со погледи, разговори и чаши бело вино. 46° Balaton Borút е токму такво ...
Меѓуминистерскиот комитет за стратешки инвестиции во Владата на Грција, одобри инвестиција во вредност од 340 милиони евра, која ќе ѝ овозможи на Грција да произведува галиум во количини способни да покријат 100% од потребите на Европската Унија, изјави вицепремиерот и портпарол Павлос Маринакис. Галиумот е критична суровина што се користи во најсовремените технологии како што се полупроводници, одбранбени системи, апликации за вештачка ...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води предистрага за сомнежи за можна шпионажа и неовластено извлекување податоци од компјутерскиот систем во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, објави „Слободен печат“. Според информациите на медиумот, до Обвинителството и до редакцијата била доставена анонимна кривична пријава потпишана од „група вработени во МВР“, во која се тврди дека доверливи податоци биле ...
Рускиот претседател Владимир Путин веќе пристигна во Пекинг на 19 мај, на дводневна посета кај кинескиот лидер Си Џинпинг, која формално се претставува како уште една потврда на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пекинг. Но, зад протоколот, насмевките и дипломатските формули, централното прашање е многу поконкретно: дали Кина конечно ќе го отвори патот за Power of Siberia 2, гасоводот што Русија го гледа како голем источен излез по ...
Мисијата Артемис повторно ја врати човечката приказна во вселената: четворицата астронаути на Artemis II се вратија на Земјата по речиси десетдневно патување околу Месечината, но пораката што остана зад нив не беше само научна, туку и човечка — дека тимот мора да постои и во вселената и на Земјата. NASA потврди дека Рејд Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Хамок Кох и канадскиот астронаут Џереми Хансен слетале во Пацификот на 10 април 2026 ...
Синот на Новак Ѓоковиќ му рекол дека му е досадно по активен ден поминат покрај езеро, со игра, спорт и време надвор, а српскиот тенисер во подкастот „On Purpose“ со Џеј Шети откри дека наместо веднаш да му понуди телефон или нова занимација, му кажал дека е во ред понекогаш да ти биде досадно. Ѓоковиќ раскажа дека неговиот 10-годишен син му пришол по неколку часа исполнети со пинг-понг, фудбал и кајак, и му рекол дека му е досадно. Одговорот ...