Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Денешното утро во Македонија ни донесе променливо облачно време, а во западните предели има локални послаби врнежи од дожд а на највисоките планински места над 2000 метри надморска височина се забележани и послаби врнежи од снег. Температурите ова утро беа под просекот за мај насекаде во Македонија. Најсвежо е во Берово со измерени само 3 степени, исто така само 3 степени ова утро се измерени и во Маврово. Највисока температура ова утро е ...
Бугарската пејачка Дара е победник на 70. Натпревар за Песна на Евровизија, што се одржа синоќа во Виена. Дара настапи со песната Бангаранга и победи со гласовите од жирито и гласовите од публиката, а второ и трето место освоија претставниците на Израел и на Австрија. Бугарија годинава се врати на Евровизискиот натпревар и веднаш победи благодарение на 27-годишната пејачка Дара. Дара чие вистинско име е Дарина Јотова, е родена во Варна, ...
Извршниот директор на ФК Вардар Миленко Неделковски по лавината реакции од јавноста и од Министерството за спорт на својот Фејсбук профил се извини за скандалозната прослава на победата на клубот. Но, извинувајќи се на една жена за која срамно се пеело на прославата о извинувањето Неделковски навреди друга жена. „Во мое име пред се, а и во име на клубот, и се извинувам на Каролина Гочева бидејки во еуфорична прослава испеавме стандардна, но ...
Австриската полиција започна голема операција во близина на местото каде што се одржува Евровизискиот натпревар во Виена, непосредно пред почетокот на финалето вечерва, додека маскирани пропалестински активисти протестираа против учеството на Израел, објави новинската агенција ДПА. Демонстрантите се собраа на скалите од главната библиотека во градот, извикувајќи слогани и држејќи транспаренти. Полициските службеници ги симнаа членовите на ...
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец (наместа над 60 km/h). Утринските температури ќе се движат меѓу 3 и 8 степени, а дневните ќе достигнат до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од ...
СДСМ, на чело со актуелното раководство кое е олицетворение на криминал, рекет и бугарофилски политики, повторно се обидува преку лаги и политички памфлети да ја дефокусира јавноста од сопствениот распад и паниката што ја тресе Бихаќка. Венко Филипче и актуелното раководството се обидуваат да глумат борци за правда, откако токму тие ја претворија државата во симбол на корупција, криминал и национално понижување. Ова е дел од реакцијата на ...
Извршниот директор на ФК Вардар Миленко Неделковски по лавината реакции од јавноста и од Министерството за спорт на својот Фејсбук профил се извини за скандалозната прослава на победата на клубот. Но, извинувајќи се на една жена за која срамно се пеело на прославата о извинувањето Неделковски навреди друга жена. „Во мое име пред се, а и во име на клубот, и се извинувам на Каролина Гочева бидејки во еуфорична прослава испеавме стандардна, но ...
Министерството за спорт, и лично од министерот, Борко Ристовски ја осудија срамната прослава на фудбалерите на Вардар каде што се скандираа женски имиња и навреди. Во меѓувреме скандалозното видео од прославата поставено од извршниот директор на ФК Вардар Миленко Неделковски „исчезна“ од неговиот профил на социјалните мрежи. Од Министерството за спорт велат дека го разбираат ривалството меѓу тимовите, но и дека не треба да се заборави дека ...
Седум лица беа повредени денеска кога автомобил со голема брзина се заби во пешаци во италијанскиот град Модена, соопшти полицијата. Четворица од нив имаат сериозни повреди, јавуваат италијанските медиуми. Полицијата соопшти дека возачот, на возраст од околу 30 години, е уапсен и е надвор од животна опасност. Италијанските медиуми објавија дека автомобилот се забил во излог откако удрил во пешаци и дека возачот, вооружен со нож, нападнал ...
Полицијата го идентификува малолетникот кој управува скутер на едно тркало во Штип, а виде снимките беа објавени на социјалните мрежи. „По објавата на снимката полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. Утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21.00 часот, на раскрсницата помеѓу улиците Сремски Фронт и Борис Крајгер во Штип, Е.Б.(15) од Штип сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, ...
Член на елитна единица на британската армија почина откако падна од коњ додека настапуваше на престижниот Кралски саем за коњи во Виндзор. На трагичниот инцидент во Беркшир присуствуваа самиот крал Чарлс III, како и војводата и војвотката од Единбург. Член на Кралските трупи – Кралска коњска артилерија падна од коњот додека единицата го напушташе хиподромот, објавува Дејли меил. Медицинските екипи реагираа брзо и се обидоа со реанимација, но ...
Порталот Вечер отвора спектакуларна „афера Кедев“, повикувајќи се на документи за 9-те спорни случаи, за кои д-р Сашко Кедев тврдеше дека биле изложени на „непотребни операции на срце“. Вечер тврди дека самиот Кедев упатил 2 пациенти за операција во приватна клиника и тие се на списокот на спорни случаи што ги соопшти Министерството за здравство. Како што е познато, кардиологот Кедев од државната Клиника за кардиохирургија, минатата година ...
Попладнево на автопатот Велес–Скопје, автобус со прилепски регистарски таблички се запалил во близина на наплатната станица Отовица. Сите патници навреме го напуштиле автобусот и нема повредени. Веднаш по пријавата на терен пристигнале екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес. Според информациите дадени досега, пожарот избувнал додека автобусот ...
Демократска република Конго регистрираше 246 сомнителни случаи на ебола и 80 смртни случаи за кои се верува дека се предизвикани од варијанта позната како бундибугио, која се смета за многу смртоносна и за која нема вакцина ниту специфичен третман на заразените. – Со овој сој, стапката на смртност е многу висока, може да достигне 50% – изјави министерот за здравство на Демократска Република Конго, Самуел-Роџер Камба. Според него, тој сој на ...
Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот фејсбук профил. „Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата ...
Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на преговорите за пристапување на Република Македонија. Македонците во Германија бараат бришење на упатувањата кон Протоколот од 17 јули 2022 година во преговарачката рамка за пристапување на Република Македонија, ...
Скопското обвинителство поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителството тој е осомничен дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. „Ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до неговиот дом во близина, ја внел ...
И тие – оние остатоци од македонското срамно новинарство, бивши пратеници и пратенички, професори и претенденти на идни високи позиции и др. – тоа и го прават: си ги одработуваат наградите, минати и идни, „темелно“ и „чесно“ тресејќи такви глупости што просто вам ви е срам какви луѓе биле сметани за некаква интелектуална и политичка елита! Секогаш при рака им се истите пароли: дека „до Брисел води само еден пат на кој има строги правила“, ...
На аеродромот во Сплит попладнево се случи инцидент во кој авион на „Кроација ерлајнс“ излета од пистата за време на полетувањето. Авионот застана на тревна површина во близина на пистата, а инцидентот го потврдија и аеродромот и „Кроација ерлајнс“, објавиja хрватските медиуми. Аеродромот во Сплит за медиумите потврди дека инцидентот се случил околу 13.30 часот на летот за Франкфурт. „За време на судирот, авионот Ербас А220, од непознати ...
Фудбалската федерација на Македонија и Министерството за спорт осртро го осудија навредливото однесување на фудбалерите на Вардар при прославата на титулата, а ФФМ најави дека ќе отвори дисциплинска постапка против новиот шампион. ФК Вардар со победата против Струга од 1-0 практично ја обезбеди шампионската титула, со оглед на тоа што, на едно коло пред крајот на првенството, дербито со Шкендија наредниот викенд во Скопје практично нема да ...
Во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, утре ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“. Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по ул. „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, право по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Тодор ...
Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од значајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево и околните населени места, во Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат порано од предвиденото. Тој изјави дека ...
Нам од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ ни е јасно дека игрите на среќа редовно стануваат тема пред секои редовни или вонредни избори. Речиси сите политички партии, служејќи се со популизам, се обидуваат да печалат политички поени со радикални предлози за дислокација, намалување или целосно затворање на легалните објекти за игри на среќа. Притоа, никој од предлагачите не кажуваат, ниту пак изразуваат ...
Билтенот на МВР за сабота, 16 мај изобилува со пријави за семејно насилство, како и за физички пресметки меѓу соседи со наѓушени семејни односи, како и кавги меѓу станодавци и кираџии. МВР известува дека работи на расчистување на случаите и дека по нивно целосно документирање ќе поднесе соодветни пријави. Татко пријавил напад и закани од сопствениот син во Гази Баба Педесет и седумгодишен скопјанец вчера (петок) попладне пријавил во полиција ...
На 15.05.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на велосипедска патека на Кеј на река Вардар во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинети, управувани од 62-годишната С.С. и 12-годишник, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски” во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР ...
Во петокот во 18:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Радишанска во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот. Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид ...
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“. Како што соопшти полицијата, осомничениот бил лишен од слобода околу 1 часот по полноќ од страна на полициски службеници, а при извршен претрес во неговиот дом, со наредба од Основен суд Битола, бил пронајден и одземен пиштол. Според пријавата, М.Ѓ. на 30 април 2026 ...
Бидејќи по вчерашната прес конференција на Движење ЗНАМ немаше никаков одговор од раководството на СДСМ, денеска повторно ги прашуваме Венко Филипче и СДСМ – Зошто молчат за фирмите и деловните релации во Бугарија – праша ЗНАМ во соопштение. „Молкот на СДСМ и Венко Филипче само дополнително ги засилува сомнежите во јавноста дека зад нивните политики и ставови не стои никаква принципиелна борба за европска иднина, туку заштита на бизнис ...
Зоран Заев и Венко Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ со кои е конституирана модерната македонска држава, за нив националното понижување е гордост – рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција. – Заев и Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ, го променија знамето, името на државата, а сега на ред им се јазикот, идентитетот, културата и историјата. Заев и Филипче се ставени на услуга на Бугарија поради уцени од ...
Кога станува збор за случката со волкот, сакам да им се заблагодарам на припадниците на МВР, од каде што ја добивме дојавата. Да им се заблагодарам на граѓаните кои совесно реагираа и пријавија и особено да се заблагодарам на вработените во Зоолошка градина кои реагираа веднаш со успивање на животното, носење до ЗОО и соодветен третман таму, на кој подоцна се вклучи Агенцијата за храна и ветеринарство, истакна градоначалникот на Скопје Орце ...