Неправилности во здравството отсега ќе може да се пријавуваат и на веб-страницата на Министерството за здравство, информира министерот Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите. Анонимно е, но, граѓаните може да остават лични податоци како телефонски број или емајл адреса, доколку надлежните имаат некои прашања, да ги контактираат. На пример, може да се пријави подолго чекање на некоја клиника, или пак некоја нерегуларност, а може да се ...

САД ја запреа испораката на дел од ракетите за воздушна одбрана и друга муниција во Украина поради загриженост дека американските залихи се премногу мали, изјавија вчера две лица запознаени со одлуката. Забавувањето на дел од испораката на оружје што ѝ го вети администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден на Украина се случи во последните денови, велат изворите, додавајќи дека меѓу доцнењето на испораките имало ...

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола. Според информацијата од заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, објавена на неговиот фејсбук профил, пожарот има четири критични точки и тие се покриени од рано наутро. -За жал во вчерашниот пожар лесно беа повредени и двајца колеги од ЈП ...

Руски борбен авион Су-34 се урна за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска агенција Риа Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана. Авионот Су-34 се урна во регионот Нижни Новгород за време на планиран воена лет. Додека се приближуваше кон слетување, се појави дефект во системот за слетување. Екипажот се обиде неколку пати да го поправи дефектот во лет, но ситуацијата не се промени. ...

Американскиот Сенат денеска го усвои таканаречениот „голем убав закон“ (big beautiful bill) на претседателот Доналд Трамп, кој претставува масовен буџетски пакет што ги зацврстува неговите клучни политички приоритети. Предлог-законот беше изгласан со 51 глас „за“ и 50 „против“, при што одлучувачки беше гласот на потпретседателот Џеј Ди Ванс, кој според Уставот има право да гласа во случаи на еднаков број гласови. Законот, обемен околу 940 ...

Иранската војска минатиот месец натовари подводни мини на бродови во Персискиот Залив, што предизвика загриженост во Вашингтон дека Техеран се подготвува да го блокира Ормутскиот теснец по израелските напади врз цели низ Иран, изјавија за Ројтерс двајца американски функционери. Подготовките за минирање на виталниот воден пат, кои претходно не беа објавени, а кои беа откриени од американските разузнавачки служби, се случија по првиот израелски ...

Израел се согласил на 60-дневен прекин на огнот во Појасот Газа, објави американскиoт претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Според него, договорот е резултат на „долг и продуктивен состанок“ помеѓу негови претставници и израелски официјални лица, а целта е да се отвори простор за завршување на војната во палестинската енклава. Израел се согласи со потребните услови за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот – ...

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер. Добро утро Амбасадорке Агелер, среќен нека е денот на независноста на САД. Само да прашам, не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции. Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои имаат институциите цврсти докази за криминал во ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со својот француски колега Емануел Макрон за војната во Украина, како и за ситуацијата на Блискиот Исток во контекст на иранско-израелскиот конфликт и американските напади врз иранските објекти, соопшти Кремљ. Како што е наведено, Путин во разговорот рекол дека украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји. Украинскиот конфликт е директна последица ...

Катерина Колозова: Доста кукавте горди патриоти, Французите немаат проблем сирење и вино да ги гледаат како елемент на идентитет, а Германците пиво. Не бидете така кринџ-помпезни. Инаку, во студија од 2013, изведена на 1350 испитаници, храната Е НАВЕДЕНА како дел од македонскиот идентитет – во делот на отворените прашања, самите испитанци ја сугерираат. Побарајте ја студијата за перцепција на идентитетот, објавена на три јазици, преведена на ...

Марта Кос: Идентитетот никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување. Идентитетот е нешто што си го носиме во нашите души и срца. Идентитетот е како се чувствуваме, како ја чувствуваме нашата татковина. Идентитетот е како се грижиме за нашата традиција. На пример, манастирите во Северна Македонија, погачата, тавче гравчето, пинџурот или полнетите пиперки, како ги одржуваме националните носии, какви односи градиме со постарите во ...

И денеска, во 40-тиот обид, пратениците на косовскиот Парламент не го избраа претседателот на Парламентот. Од присутните 100 пратеници, 51 пратеник гласаа за предлогот за формирање тајно гласачко тело за избор на претседател, јави Бета. Претходно, пратениците на Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово побараа од претседателот Авни Дехари да се врати на почитување на Уставот на Косово и пресудата на Уставниот суд, но ...

Мартин Костовски: Ветуваше независност и чесност, а заврши како тројански коњ, слеп извршители на политичката агенда на ВМРО-ДПМНЕ, небитен фактор и лажен патриот, целосно заглавен во криминал и корупција. За само една година, Димитриевски ги погази сите свои изборни ветувања. Неговиот лажен патриотизам излезе на виделина, се што кажа порече. Максим јавно се колнеше дека нема да прифати внесување на Бугарите во Уставот без одложена примена. ...

Славјанка Петровска: ВМРО-ДПМНЕ треба да се запраша што правеше година дена, како тоа од водење на горда дипломатија и со наводно „исправена кичма“, се доведе во ситуација да пратеник од сестринска партија поднесе амандман со кој сака да го проблематизира македонскиот јазик, јазикот на оваа држава, на македонскиот народ. Додека бевме власт гарантиравме дека идентитетот и јазикот ќе бидат нечепнати, дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт со својата ...

Tри автобуси и едно комбе на приватна фирма утрово изгореа во кочанската населба Оризари. Пожарот на плацот, каде што биле паркирани, е пријавен рано утринава во 2:30 часот, информираат од Секторот за внатрешни работи-Штип. Денеска во 02:30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, кочанско, се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната ...

Француската малцинска Влада на премиерот Франсоа Бајру денеска треба да се соочи со гласање за недоверба во Националното собрание, јави ДПА. Предлогот против централно-десничарскиот кабинет на Бајру го поднесоа социјалистите поради незадоволство од пристапот на премиерот кон прашањето за пензиската реформа, додава германската агенција. Набљудувачите очекуваат гласањето да не успее и владата да остане на власт, бидејќи крајно десничарските ...

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокади на клучните патишта во Белград и други делови од Србија, пренесува Н1. Студентите ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од денес сè додека не се распишат предвремени парламентарни избори, не се распушти митингот во Пионерскиот парк и неправедно притворените студенти не бидат ослободени. Физичката блокада со контејнери и метални огради, која беше ...

Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот. На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи ...

30/06/2025 10:19 - Нова ТВ

Бранко Тричковски: Нема да дозволиме да не газат. Како Бугатите што ги газеа, видовте ли што направија од тие златни луѓе. Европа, Шенген, евро, блаблабла!!! Или Полјаците, Словаците, Чесите Романците и Унгарците, Словенците и Хрватите… Се смачкани народи и луѓе. Ама тие не го менувале името, чаршавот што тука го викаме државно знаме, уставот… Менувале други работи што на нив биле поважни. Изговори за пропаста. Ние, браќа и сестри, сами ќе ...

Повеќе новински агенции каки и ТВ „Алџезеира“ штотуку јавија за почетни инциденти во центарот на главниот српски град. „Меки“ предмети како пластични шишиња и кеси со вода летаат накај полицискиите кордони на белградските крстосници. Полицијата засега реагира со потискување на групите но не и со употреба на поголема сила. Инаку, од пладне студенти и граѓани во центарот на Белград блокираат една по една раскрсница. Најново, блкиран тунелот ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека ставот на Германија се променил и дека земјата сега го поддржува членството на Украина во НАТО. Пред состанокот со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во Киев, Зеленски објасни дека за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО и Украина минатата недела во Брисел, германската страна изјавила дека верува оти Украина треба да биде во Алијансата ...

Студенти и граѓани во центарот на Белград блокираат една по една раскрсница. Најново, блкиран тунелот „Теразије“. Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада на клучните патишта во Белград и во други делови од Србија. Студенти и граѓанит блокиратаат патишта и во Ужице, Чачак, Крагуевац, Зрењанин, Смедерево, Суботица, Рума, Панчево, Ваљево, Горњи Милановац … Граѓаните избегнуваат судир со полицијата, се повлекуваат ...

Венко Филипче: Поради неспособноста на Владата предводена од ВМРО‑ДПМНЕ да ги исполни роковите од реформската агенда, 43 милиони евра пари од Планот за раст наменети за реформи останаа неискористени. Ова го говорат сите факти во однос на реформите за кои не се задолжени ниту Бугарија ниту Грциja, туку самата Владата. Министерството за економија, нула реализирани реформи. Министерството за правда, за цела година нула закони. Министерството за ...

Во трговија на мало во мај оваа година, во споредба со мај минатата година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво е зголемена за 5.1 проценти. Во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 5.5 проценти, а реално опаѓа за 0.5 проценти, во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално е зголемена за 8.9 проценти, а реално ...

Денес започнува еден од најпрестижните тениски турнири што се играат на трева – Вимблдон. Очекувањата се дека првото коло нема да претставува голем предизвик за фаворитите. Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, утре ќе го одигра својот прв меч против сонародникот Нарди. Шпанецот Карлос Алкараз веќе денес ќе се соочи со искусниот Фабио Фоњини, додека за македонската публика посебен интерес предизвикува настапот на Новак Ѓоковиќ, кој утре ќе ...

За време на 12-дневниот конфликт со Израел, во Иран загинаа 935 лица, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за правда, Асгар Џахангир,повикувајќи се на најновите форензички податоци, објавија денеска иранските државни медиуми. Меѓу загинатите, прецизираше тој, има 38 деца и 132 жени. Џахангир истакна дека телата на жртвите се идентификувани како дел од националната форензичка истрага која сè уште е во тек, а бројот на загинати ...

Европската унија внимателно ја следи актуелната ситуација во Србија и ги осудува сите акти на омраза и насилство, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие. Правото на мирни протести треба да биде почитувано во Србија. Полициските акции мора да бидат соодветни и да се почитуваат правата на сите, вклучително и на сите оние кои се приведени, нагласи Мерсие. Тој ...

Израелските напади врз Појасот Газа од утрово убија 32 лица, соопштија медицински извори од болниците низ целата област. Меѓу жртвите има десет Палестинци убиени во напади врз магацин што се користи за дистрибуција на хуманитарна помош. Израелскиот напад погоди магацин во населбата Зејтун во јужна Газа, изјавија извори од болницата Ал-Али за Ал Џезира. Двајца баратели на помош беа убиени и од израелски оган во близина на центар за ...

Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”. Девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве. Малата Адна си играла на ...

Студентите јавуваат дека во главниот град на Србија досега се блокирани 14 крстосници и дека го затворија и виталниот белградски мост „Газела“. Блокади на студенти и граѓани има и во Нови Сад, Крагујевац, Ниш, Земун, Краљево и во многу други српски градови. Засега полицијата не интервенира но граѓани со себе носат и високи жичани огради со кои блокираат крстосници, а „страдаат“ и контејнери. Инаку, овие протести се реакција по ноќешните ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1028
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
58%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
0.51
74%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
60%
1029
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.88
61%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 2ᴼ
0.0
70%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
66%
1027
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
62%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
62%
1026
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
2.68
68%
1031
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
1.79
60%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
59%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Родиум

368126.05

Злато

163613.54

Калај

50.04

Платина

67998.83

Бакар

11.75

Сребро

2648.90

Алуминиум

3.29

Иридиум

229769.28

Рутениум

45750.51

Цинк

3.27

Кобалт

66.14

Паладиум

51794.85