Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека САД извршиле „многу успешен напад“ врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи го и Фордо. Го завршивме нашиот многу успешен напад врз трите нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанз и Исфахан“, напиша Трамп. Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор. Цел товар БОМБИ беше фрлен на главната локација, Фордо. Сите ...

Иво Јанковски: Охрид не заслужува толку густа понуда на кич и турбо фолк во толку кус туристички бран од два месеци. Ако само тоа им го нудите, народот тоа ќе гледа и слуша. Освен фестивалот „Охридско лето“, сета останата понуда на комерцијални концерти со чест на исклучоци е намената за широки народни маси. Неопходно е да се даде можност на луѓето со поинаков, пософистициран вкус за музика и тие да уживаат повремено. Верувам дека во тој ...

Бранко Тричковски: Полуинтелектуалецот е болесна општествена појава која обелоденува две работи: прво, дека културниот образец е потребно дополнување на националниот и политички образец и, второ, школата која се ограничува на давање на знаење, без паралелно воспитување на карактерот, не е во состојба да ја спречи појавата на таквиот општествен тип каков што е полуинтелектуалецот.“ На овие оценки јас би додал само уште пар деформации кај ...

Американските бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува своите постапки во врска со тензиите меѓу Израел и Иран, објавија Ројтерс и „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на веб-страници за следење на летовите во реално време. Стратешките бомбардери Б-2 се единствените способни да ја носат американската бомба за разбивање бункери GBU-57. ...

Силни експлозии се слушнаа вечерва во централниот и северниот дел на Техеран, јави Франс прес, на деветтиот ден од војната меѓу Иран и Израел. Сè уште не е познато дали експлозиите се предизвикани од израелски напади или од оган од иранската воздушна одбрана. Претходно, иранските медиуми објавија дека најмалку пет ирански војници се убиени денеска, а девет се ранети во израелски напад во западниот дел на Иран денес. „Пет армиски офицери се ...

Улиците на Кочани беа сведоци на марш за сеќавање и правда – марш што повеќе не беше тивок. Родителите, роднините и пријателите на трагично загинатите млади во дискотеката „Пулс“ повторно излегоа на улица, но овојпат молкот го заменија исвиркувања, знаци на гнев и пораки што одекнуваат гласно. За разлика од претходните маршеви обележани со болна тишина, денешниот го отслика чувството на разочараност и огорченост. Почетокот на маршот беше ...

Владимир Путин изјави дека верува оти цела Украина е „наша“, и предупреди дека напредувачките руски сили би можеле да го освојат северниот украински град Суми како дел од обидот да се создаде тампон зона по должината на границата, пишува Гардијан, пренесува Цивил Медиа. Украинскиот министер за надворешни работи ги осуди изјавите на рускиот претседател „како доказ за рускиот „презир“ кон мировните напори на САД“ и рече дека Москва е решена да ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска на настан на кој присуствуваа италијанската премиерка Џорџа Мелони и парламентарни делегации од 68 земји предупреди за предизвиците што ги носи подемот на вештачката интелигенција, истакнувајќи го нејзиното потенцијално влијание врз помладите луѓе како примарна грижа. Особено, не смееме да заборавиме дека вештачката интелигенција функционира како алатка за благосостојба на луѓето, а не да ги намали или дури ...

Соединетите Американски Држави го зголемија своето воздушно присуство во близина на Блискиот Исток пред евентуално директно вклучување во израелско-иранскиот конфликт, објави Скај њуз. Според податоците за следење на летовите, најмалку 52 американски воени авиони се регистрирани како летаат над источниот Медитеран кон Блискиот Исток помеѓу понеделникот и четвртокот. Меѓу нив, 25 авиони слетаа на грчкиот остров Крит, што е осумкратно ...

Турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм минатата недела се испорачани во Македонија, а официјалната нивнапромоција ќе се одржи следниот месец, потврди министерот за одбрана Владо Мисајловски. Детали за договорот не може да се соопштат, вели Мисајловски, бидејќи тој е класифициран. Информцијата дека Македонија стана првата европска земја што ги добила турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм ја соопшти турското ...

Од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево –Охрид, информира Министерството за транспорт. По тој повод, како што посочуваат, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница. Констатирано беше дека изградбата на автопатот се одвива според договорената динамика ...

Вкупно 70 лица беа убиени во израелските операции во Појасот Газа вчера, објави ДПА, повикувајќи се на медицински извори. Агенцијата соопшти дека бројките не можат да бидат независно потврдени. Дваесет и три лица наводно биле убиени додека чекале хуманитарна помош во централниот дел од појасот. Израелската армија соопшти дека инцидентот се случил откако група луѓе се собрала околу израелските војници и, и покрај предупредувачките истрели, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека Украина работи на брзо развивање на дронови-пресретнувачи за да се спротивстави на роевите руски дронови кои во сè поголем број се спуштаат кон украинските градови во последните недели. Украинските власти забележаа нагло зголемување на бројот на ирански дронови „Шехид“ што Русите ги соборија преку ноќ и велат дека е клучно да се развие технологија способна да се справи со ...

Иран и Израел разменија нови напади утрово, еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори, пренесува Ројтерс. Нешто по 2:30 часот наутро во Израел, израелската војска предупреди за претстојна ракетна баража од Иран, активирајќи сирени за воздушен напад низ делови од централен Израел, вклучувајќи го и Тел Авив, како и на Западниот Брег ...

Иранската државна телевизија и израелската армија потврдија дека Иран повторно изврши ракетен напад врз Израел. ИДФ наведе дека сирените кои предупредуваат на воздушен напад се огласиле во неколку израелски региони. Додека Европа се обидува да го врати Иран на преговарачка маса, а САД размислуваат дали да се вклучат во судирот, Иран порача дека нема да разговара за нуклеарната програма сè додека траат израелските напади. Белата куќа вчера ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април година, изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е повисока за 10,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.7 проценти, Образование за 14.4 проценти и Административни и помошни услужни ...

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје по мерките куќен притвор и им определи мерка ефективен притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи за случајот „Онкологија“. Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за ...

Украина и Русија денеска уште еднаш разменија воени заробеници со согласност со договорот постигнат во Истанбул. Ниту Киев ниту Москва не соопштија колку воени заробеници разменија. „Повеќето од војниците што денес се враќаат од руско заробеништво беа држени повеќе од две години. И сега, конечно, тие се дома“, напиша Зеленски на Телеграм. Според него, меѓу ослободените се бранители на регионите Мариупол, Донецк, Луганск, Запорожје, Херсон, ...

Уште една болница во Техеран е погодена од израелските напади, соопшти денеска иранското Министерство за здравство. Во соопштението се наведува дека тоа е третата болница во Иран што е нападната од почетокот на конфликтот минатиот петок, јавува Ал Џезира. „Шест амбулантни возила и центар за сеопфатни здравствени услуги беа исто така брутално нападнати од ционистичкиот непријател“, се наведува во соопштението, јавуваат иранските медиуми. Се ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во споредба со мај, покажуваат податоците што ги изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Според овие податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во јуни изнесувала 64 698 денари, а со изнајмен стан од 60 метри квадрати 80 073 денари. Зголемување од 733 денари има и кај храната и пијалоците во однос на мај. Пресметките на ССМ покажуваат дека ...

Утре официјално започнува летото. Утрешниот ден ќе биде најдолгиот ден во годината т.н летен солстициум. Негде околу 4 часот по полноќ официјално започнува летото. Веќе следниот ден денот ќе почне постепено да се скратува, а ноќта да се продолжува, пишува Скопско астрономско друштво на својот фејсбук профил. Тие споделуваат фотографија на која се гледа движењето на сонцето во текот на целата година, фотографијата е направена во Скопје, а ...

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направил увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија. При увидот, констатирано е прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности без Одобрение за градење за конкретниот ...

Напад од руски беспилотни летала во украинскиот град Одеса во текот на ноќта повреди 14 лица, а еден е загинат, соопштува Канцеларијата на генералниот обвинител. Ноќта на 20 јуни започнал масовен напад со беспилотни летала врз Одеса. Според прелиминарните извештаи, русија распоредила најмалку 10 беспилотни летала. Оштетена е цивилната инфраструктура на градот. Избувнаа пожари од големи размери и инфраструктурата на железничката станица ...

Иран ги продолжи своите ракетни напади врз Израел, соопшти израелската војска, а сирените за предупредување повторно се огласија рано утрово во јужниот дел од земјата. Системите за воздушна одбрана беа активирани, а кратко потоа, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека жителите можат да ги напуштат своите засолништа. Силите за пребарување и спасување на ИДФ дејствуваат на локација каде што е примена пријава за паднат проектил, ...

Ана Чупеска:Како СДСМ, наш апсолутен приоритет е да настапиме самостојно и силно на претстојните локални избори. Работиме на понуда со најдобрите можни кандидати – луѓе со интегритет, кредибилитет, професионално искуство и реална препознатливост во своите средини. Целта е да понудиме квалитетна и одржлива опција за граѓаните. Подготвени сме се за соработка во специфични општини каде граѓаните тоа јасно ќе го побараат и каде што соработката би ...

Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој игра клучна улога во нуклеарната програма на Иран и е цел на израелските обиди да го онеспособат. Се вели дека Фордо е закопан подлабоко од англо-францускиот тунел под Ла Манш и досега останал надвор од дострелот на израелското оружје. Се верува дека само Соединетите Американски Држави поседуваат бомба доволно моќна за да ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за командант на украинските копнени сили, објави Ројтерс. Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше врска во координативниот центар на НАТО во Германија. Тој ќе го замени генералот Михаило Драпати, кој поднесе оставка по смртоносниот руски напад на полигон за обука претходно овој месец. На 3 јуни, Зеленски го назначи Драпати за ...

Унгарската полиција денеска ја забрани планираната Парада на гордоста во Будимпешта на 28 јуни, и покрај тоа што градоначалникот изјави дека парадата не е јавен настан, за кој не се потребни државни дозволи. Парламентот на Унгарија во март усвои Закон, според кој полицијата има овластување да ги забрани настаните организирани од ЛГБТ заедницата, Градоначалник на Будимпешта, Гергеји Карачон се обидува да го заобиколи Законот наведувајќи дека ...

Родителите на починатите лица во клубот „Пулс“ во Кочани денеска имаат средба со обвинителите од Основното јавно обвинителство, откако на саботниот „Марш за ангелите“побараа појаснување за поднесениот обвинителен акт во врска со трагедијата. Средбата е од затворен карактер и на медиумите не им е дозволен пристап во салата на Мултикултурниот центар каде влегоа четриесетина родители и блиски на починатите. Во обраќањето на маршот пред зградата ...

Беживотно тело попладнево околу 14 часот е пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој истакна дека врз телото немало траги на насилство. Местото е обезбедено и во тек е истрага која треба да ги утврди причините за трагичниот настан и околностите што довеле до него. На лице место била повикана екипа на Службата за итна медицинска помош, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
58%
1027
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
52%
1027
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
57%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
58%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.76
49%
1030
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
0.51
73%
1027
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
56%
1027
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
34%
1026
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
44%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.79
48%
1031
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
48%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
76%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Рутениум

45750.51

Кобалт

66.14

Цинк

3.27

Платина

67998.83

Паладиум

51794.85

Сребро

2648.90

Иридиум

229769.28

Калај

50.04

Злато

163613.54

Бакар

11.75

Алуминиум

3.29

Родиум

368126.05