Српските медиуми јавуваат за нови апсења по ноќешните кога беа приведени триесетина лица главно студенти а по немирите кои се случија по завршувањето на големиот студентски и граѓански митинг против власта во Србија од каде што се побарани вонредни парламентарни избори. Илјадници граѓани и студенти вечерва го опколија српското јавно обвинителство во центарот на Белград а како реакција на апсењата на српските студенти кои синоќа се судрија со ...

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека Граѓанскиот суд Скопје донел правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и актуелна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети за него. Уште една потврда дека на лагата ѝ се кратки нозете. Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ...

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, денеска изјави дека Европската Унија и САД треба да воведат нови санкции против Москва, како одговор на синоќешниот масовен руски напад на украинска територија. Растечкиот обем на терор докажува итната потреба од нови санкции. На ЕУ и САД тоа им е потребно не само за да ја поддржат Украина, туку и за себе. Лишувањето од ресурси на руската терористичка машина сега е прашање на трансатлантска ...

Возачот на Дукати, Марк Маркез од Шпанија, победи на денешната трка за Големата награда на Холандија на патеката Асен. Марк Маркез ја освои трката со време од 40:14.072. Неговата победа во Асен му ја донесе 94-тата победа во кариерата во сите класи во Мото ГП шампионатот. Второто место му припадна на возачот на Априлија, Марко Безеки од Италија, кој беше 0,635 секунди зад победникот. Третото место му припадна на возачот на Дукати, Франческо ...

Москва: Директорот на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), Сергеј Наришкин, соопшти дека телефонски разговарал со својот американски колега,шефот на ЦИА, Џон Ратклиф, што е нивни втор официјален разговор од средината на март и во услови на сè поочигледно зближување меѓу Москва и Вашингтон. -Телефонски разговарав со мојот американски колега и се согласивме дека ќе можеме да се јавиме во секое време за да разговараме за прашања што ...

Студентите во блокада ги поканија граѓаните на голем митинг вечерва во 20 часот, пред Вишото јавно обвинителство во Белград, јавува. „Тука сме“, напишаа студентите во блокада на официјалниот профил на Инстаграм и ги поканија граѓаните да дојдат на улицата Савска во 20 часот. „Вчера бевме сведоци на брутално полициско насилство. Нашите пријатели и другари беа претепани до бесвест, полицијата не пропушти ниту брза помош. Голем број граѓани беа ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на Организацијата на Обединетите нации ќе се одржи во Севиља. Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска-Давкова, вечерва, таа ќе присуствува на официјалниот прием, којшто за шефовите на делегациите, ...

Украински пилот е убиен, а неговиот борбен авион Ф-16 е соборен во голем руски напад с ракети и дронови во текот на ноќта, соопшти украинската војска. Во соопштението се вели дека ова е трета таква загуба на борбен авион Ф-16 во војната. Пилотот го користел целото оружје што му било на располагање, соборувајќи седум воздушни цели. При соборувањето на последната, неговиот авион бил оштетен и почнал да губи висина – соопшти воената авијација на ...

Безбедносната служба на Украина (СБУ) изврши напад со беспилотни летала врз воениот аеродром Кировск на Крим во ноќта од петок кон сабота, објави официјалниот Телеграм канал на СБУ. Нападот наводно уништил три руски хеликоптери – Ми-8, Ми-26 и Ми-28 – како и самооден противвоздушен ракетен и топовски систем Панцир-С1. СБУ вели дека од пожарот биле оштетени и летала со екипаж, системи за воздушна одбрана, складишта за муниција, како и ...

Дејан Трајковски: Министерката рече дека требало прво да ги видат понудите од банките, па потоа ќе зборувале дали е исплатливо или не. Ете доказ дека немаат направено никаква кост-бенефит анализа и на слепо влегуваат во губитен проект за брзата пруга што ќе ни донесе најмалку 3,3 милијарди евра загуба. Исплатливоста најмалку зависи од банките, туку од прометот, приходите, оперативните трошоци, капиталните расходи (цената на проектот) и ...

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтерова локална магнитуда е почувствуван утрово во Валандово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотресот утринава во 5 часот и 54 минути чиј ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера извршија воздушен напад во Газа, целејќи го Хакам Мухамед Иса Ал-Иса, висок член на Хамас за кој се верува дека одиграл клучна улога во планирањето на масакрот на 7 октомври и развојот на инфраструктурата за обука во рамките на организацијата. Според палестински извори, Ал-Иса бил убиен во нападот заедно со неговата сопруга и внук, а портпаролот на ИДФ подоцна потврдил дека тој бил убиен во нападот. Во ...

Најмалку 56 луѓе се убиени во израелските напади на неколку локации во Појасот Газа, соопштија денес локалните здравствени службеници. Нападите започнаа доцна синоќа и продолжија во утринските часови, кога 12 луѓе беа убиени на стадион во градот Газа, кој служеше како засолниште за внатрешно раселени лица. Убиени се уште осум лица кои живееја во блиските станови, соопшти болницата каде што беа однесени телата, додавајќи дека е погоден и шатор ...

Од соборот на кој се обратија професори и студенти е упатен повик до власта за вонредни парламентарни фер, слободни и чесни избори. Да се прочистат избирачките списоци, да се ослободат медиумите и да се спроведе строга неутрална изборна контрола. Од протестот главните проговори до власта се корупцијата, непотизмот и нефункционалните и партиски заробените институции. Протестите во Србија што ги покренаа студентите под мотото „Студенти во ...

Косовската полиција приведе 17 луѓе за време на прославата на Видовден, за „поттикнување омраза и носење облека со провокативна содржина“. Сите полициски акции беа спроведени во соработка и координација со судските органи, според чија одлука еден осомничен е приведен поради основано сомнение за кривично дело нелегално поседување оружје, друг е обвинет за прекршок, четворица се ослободени, додека уште 11 се под истрага, се вели во ...

Во понеделник и вторник во Скопје ќе се одржува лидерска средба ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст на која ќе присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Во понеделник ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу претседателот на Владата Христијан Мицкоски и еврокомесарката Кос, по што ќе следи и билатерална средба со проширени делегации. Во вторник ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на ...

Српската полиција распореди голем број припадници во Белград во обид да се зачува мирот поради најавениот протест на студентите во блокада и од попладнево кога почнаа да се собираат голем број граѓани кои ја поддржуваат властите. Во центарот на српскиот главен град засега се е мирно, јави дописникот на МИА од Белград. Во близина на парламентот се распоредени голем број полициски комбиња како и пред зградата на РТС што е во близина. На ...

Управата за јавни приходи соопшти дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини и оти тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална. -Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите ...

Доколку се најдете во близина на собири или насилни ситуации, веднаш напуштете ја таа област. Ако не сте во можност да заминете, пронајдете безбедно место за засолниште, порача американската амбасада во безбедносно предупредување објавено на својата веб-страница. Освен избегнување на подрачјата, амбасадата на САД им препорачува на своите државјани и да ги следат локалните медиуми, да останат во затворен простор, да обезбедат доволни залихи на ...

Во ноќта на 28 јуни, Безбедносната служба на Украина ја нападна воздухопловната база Кировске во привремено окупираниот Крим, користејќи беспилотни летала кои ефикасно уништија три јуришни хеликоптери (Ми-8, Ми-26 и Ми-28) и самооден противвоздушен систем Панцир-С1 се наведува во извештајот на СБУ објавен на Телеграм, пренесува Укринформ. Штета од пожар е нанесена на базата на воздухопловните компоненти, капацитетите за воздушна одбрана, ...

Две лица загинаа, а најмалку 14 се повредени кога руски дрон се урна во висока станбена зграда во украинскиот град Одеса на Црното Море, соопштија властите во вторник. Меѓу повредените во ноќниот напад има три деца, од кои едно е во критична состојба, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер. Русија ги зголеми нападите со беспилотни летала и ракети врз украинските градови во последните недели, додека дипломатските напори за ставање крај на ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера се сретна со жителите на Маџир маало во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, кадешто секое пладне, Герасимовски заедно со тимот од општинската администрација, разговара со граѓаните на терен, директно во нивните маала. Жителите на Маџир маало ја поздравија досегашната работа на градоначалникот, особено истакнувајќи ја интервенцијата на Општина Центар во почетокот на годинава, ...

Денеска, сабота, 28 јуни, со почеток во 18:05 часот, во Кочани ќе се одржи единаесеттиот по ред „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на настраданите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“. Настанот е организиран од родителите и блиските на жртвите, како симболична почит кон починатите и поддршка за побрзо заздравување на повредените. Маршот ќе започне од Паркот на Револуцијата, по што ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, ...

За денеска кога Србија празнува Видовден, студентите кои седум месеци протестираат, најавија голем протест во Белград. Собирот ќе почне во 18 часот и ќе трае три часа, а најголема енигма е што ќе се случува потоа, бидејќи студентите порачаа дека не се надлежни за ништо по 21 часот. Студентите пред неколку дена објавија дека ако Владата не ги исполни нивните два барања, најавена е и граѓанска непослушност. Првото барање е распуштање на ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи призна дека иранските нуклеарни постројки претрпеле „значајна и сериозна“ штета во неодамнешните американски и израелски напади. Арагчи за државната телевизија изјави дека Иранската организација за атомска енергија во моментов го проценува обемот на уништувањето. Само неколку часа претходно, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи порача дека нападите не ја попречиле иранската нуклеарна ...

Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) потврди дека Русија систематски користи хемиско оружје против вооружените сили на Украина. Според податоците од Генералштабот на Украина, објавени од Ukrinform, 888 случаи на руска употреба на хемиски агенси на бојното поле се регистрирани само во мај 2025 година. Ова го објави на Фејсбук Центарот за стратешки комуникации и безбедност на информациите, коментирајќи го најновиот извештај на ...

Во Мултимедијалниот центар Мала Станица во Скопје, вечер ќе биде отворена изложба на алтернативни фотографии, со дела избрани на меѓународен јавен повик, избрани од стручно осумчлено меѓународно жири. Изложбата се реализира во рамки на Зрно – фестивал на алтернативна фотографија, кој оваа година се одржува по четврти пат, под мотото „ФотоСинтеза!“ и претставува единствена платформа во регионот посветена на некомерцијални, експериментални и ...

Објавувањето војна на Украина би имало и меѓународни последици, смета Џејми Ши. И покрај повеќе од еден милион жртви, ноќни ракетни напади и напади со беспилотни летала врз украинските градови и бројни воени злосторства, еден факт останува непроменет – Русија сè уште официјално не ѝ објавила војна на Украина. Кога ја започна тоталната инвазија во февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин го опиша она што го сметаше за брза ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните измени. Вели дека за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство во ЕУ да биде предвидлив, а актуелната власт е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат далекусежни последици. Мислам дека нашите позиции се доста јасни и резултатот на претстојните локални ...

Сѐ додека го имаме Францускиот предлог, ние сме безбедни, рече вечерва Бојан Маричиќ поранешен Прв Заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања во интервју за телевизијата Канал 5 . Во емисијата „Само интервју“ тој се осврна на предлог амандманот на ЕПП во Европскиот парламент, во Извештајот пред терминот „македонски јазик“ да се додаде „модерен“. Според Маричиќ, во преговарачката рамка јасно пишува македонски јазик и дека тоа ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
58%
1027
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
52%
1027
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
57%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
58%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.76
49%
1030
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
0.51
73%
1027
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
56%
1027
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
34%
1026
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
44%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.79
48%
1031
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
48%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
76%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Калај

50.04

Платина

67998.83

Иридиум

229769.28

Кобалт

66.14

Злато

163613.54

Цинк

3.27

Рутениум

45750.51

Сребро

2648.90

Бакар

11.75

Паладиум

51794.85

Родиум

368126.05

Алуминиум

3.29