Денеска е 100-тиот ден од трагедијата во Кочани, а граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ низ центарот на Скопје постави 100 пораки од граѓаните за системот. Осамна 100-тиот ден по трагедијата во Кочани. Молчевме, жалевме, марширавме, говоревме. Ветивме дека нема да заборавиме. За разлика од системот кој направи сè за да нè дефокусира и дискредитира, напишаа на Фејсбук од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“. Утрово пораките беа оставени ...

Руски напад со беспилотни летала во текот на ноќта во Сумската област, повреди шест лица и уби три лица, меѓу кои и едно 8-годишно момче, пренесува Кијив индепендент. Нападот бил насочен кон населба во близина на Верхнија Сироватка околу полноќ по локално време, изјави гувернерот Олех Грихоров на Телеграм. Меѓу жртвите имало возрасен маж и жена, како и дете. До 7:00 часот наутро по локално време, шест лица – вклучувајќи три деца – се ...

Владата на Израел утрово потврди дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп. Израел ќе одговори одлучно на секое прекршување на примирјето, велат од владата. Тие се согласуваат со примирјето, како што наведуваат, бидејќи клучните цели на операцијата против Иран биле постигнати. Израелските власти наведуваат дека ја отстраниле двојната непосредна егзистенцијална закана од Иран – поврзана ...

Што е договорено? Примирје меѓу Израел и Иран:Трамп рано денеска изјави дека примирјето меѓу Израел и Иран сега е „во сила“. Иранските и израелските медиуми претходно соопштија дека прекинот на огнот започнал, но се појави конфузија околу прецизните детали. Најнови напади:Израел соопшти дека идентификувал повеќе ракети лансирани од Иранрано наутро во вторник, при што една удрила во станбена зграда на југ , при што загинале три лица . ...

Меѓу темите и Иран иако неформално, но во меѓувреме ноќеска Трамп објави дека Израел и Иран се договориле за прекон на војната. Денеска во Хаг започнува дводневниот самит на НАТО — еден од клучните настани за Алијансата оваа година, во време на сè поголеми глобални предизвици. Главна тема ќе биде поддршката за Украина, но влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, особено околу Иран, веќе ја наруши предвидената агенда. Домаќините се ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп вечерва изјави дека меѓу Израел и Иран е договорен 12-часовен прекин на огнот, кој ќе започне за шест часа или околу 06 часот наутро. Тој на социјалната мрежа Truth social напиша дека Израел и Иран целосно се договориле дека ќе има целосно примирје кое ќе трае 12 часа, кога ќе се смета дека војната е завршена. Како што напиша, Иран ќе започне примирје на 12 часа, а по 24 часа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ по иранскиот напад врз Катар со балистички ракети напиша дека нападот бил слаб и недоволен и сега е време за светски мир. Трамп во објава напиша дека Иран испукал 14 ракети што сите биле пресретнати или пренасочени. Тој, исто така, му се заблагодари на Иран што ги известил САД „рано“ за нападот. Сакам да му се заблагодарам на Иран што ни даде рано известување, ...

Иранската државна радио-телевизија потврди дека иранската армија лансирала ракети кон американски бази на Блискиот Исток, поточно во Катар и во Ирак. Според американски медиуми, експлозии одекнуваат над Доха и над Лусаил, вториот по големина град во Катар. Најмалку 10 ракети се испукани кон Катар и најмалку една кон Ирак. Како што беше нагласено, Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави дека операцијата се нарекува „Добри вети за ...

Дејан Трајковски: Од брзата пруга единствена корист може да има власта, фалејќи се со неа пред локалните избори на неинформираните и изманипулирани граѓани. Вистината е дека државата и населението ќе претрпат најмалку 3,3 милијарди евра финансиска штета, како што јасно покажуваат финансиските анализи. Инаку, ова би бил единствен случај во светот да се изработува физибилити студија и кост-бенефит анализа ретроактивно, врз основа на веќе ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека утре од Тел Авив ќе биде евакуирано уште една семејство, мајка и три деца. Воедно, Министерството апелира до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена. По минатонеделното безбедно враќање на осум македонски државјани од Израел во земјава, МНР и НТ соопшти дека за утре е потврдена евакуација на ...

Израелската војска соопшти дека нападнала шест аеродроми во западен, источен и централен Иран, уништувајќи 15 авиони и хеликоптери како дел од нејзините „напори за продлабочување на воздушната супериорност на иранското небо“. „Нападите оштетија писти, подземни бункери, авион за полнење гориво и авиони Ф-14, Ф-5 и АХ-1 што му припаѓаат на иранскиот режим“, соопшти израелската војска, пренесе Ен-Би-Си Њуз. Во соопштението се додава дека нападот ...

Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските граѓани ширум светот да ги зголемат своите безбедносни мерки по невидениот напад на Вашингтон врз стратешките ирански нуклеарни локалитети, објави ДПА. На веб-страницата на Стејт департментот се вели дека постои зголемена закана за граѓаните на земјата, како на американска територија, така и во странство. Како резултат на конфликтот меѓу Израел и Иран, има промени во распоредот на ...

Околу 8.000 луѓе во Израел останаа без струја по иранските ракетни напади рано наутро, изјави израелскиот министер за енергетика Ели Коен. Коен рече дека властите се подготвуваат за можноста од оштетување на електричната мрежа и дека се очекува струјата да биде обновена во следните неколку часа, објави Би-Би-Си. Израелската електрична корпорација претходно пријави штета во близина на стратешки инфраструктурен објект во јужен Израел, што ...

Израелската војска го нападна озлогласениот затвор Евин во главниот град на Иран, Техеран, соопшти денеска кабинетот на министерот за одбрана, Израел Кац. Канцеларијата соопшти дека нападите биле насочени кон затворот „за политички затвореници и противници на режимот“, заедно со „неспоредливи“ напади врз понатамошни „цели на режимот и органи на државна репресија во срцето на Техеран“. Затворот Евин е озлогласен со децении како место на ...

Израелската војска ги напаѓа позициите на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Техеран, изјави денеска портпаролот на ИДФ, Ефие Дефрин. Според него, израелската војска го таргетира седиштето на ИРГЦ. Воздухопловните сили ги нападнаа сите ирански бази од кои беа испукани ракети кон Израел, изјави тој на прес-конференција. „Иранската закана сè уште не е елиминирана“, рече Дефрин. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави претходно ...

Венко Филипче: Страшно ми е што сите вие, младите, па дури и вашите неродени деца треба да враќаат седум милијарди евра коишто се земени на којзнае каков, на сомнителен начин. Тоа е недозволиво. Целосно неодговорна власт. Ниту има опции, ниту има можности, ниту има какви било индикатори за светла и добра иднина на младите. Единствено нешто што треба да имате е партиска книшка. Тоа значи дека сценариото е – да добиете работа со купена диплома, ...

Предлог-измените на Законот за туристичка дејност во прво читање го поминаа комисискиот филтер во матичната Комисија за култура и туризам. Членовите на Комисијата дадоа поддршка на предложените измени и ги проследија на понатамошно читање. Со предложените измени се укинува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што вработените и се останато преминува под надлежност на Министерството за култура и туризам. Со измените, меѓу другото, ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја повика Кина да се обиде да го одврати Иран од затворање на Ормутскиот теснец, важен трговски воден пат, по американските напади врз нуклеарните постројки на Иран. Ја охрабрувам кинеската Влада во Пекинг и ги повикувам за ова прашање бидејќи тие се во голема мера зависни од Ормскиот теснец за нивната нафта, изјави Рубио за „Фокс њуз“. Аналитичарите веруваат дека Иран би можел да одговори на нападот ...

Оклахома ноќеска ја победи Индијана со 103:91 во седмиот натпревар од финалето на НБА и го освои шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот. Шеј Гилџеус-Александер беше предводник до успехот на својот тим со 29 поени и 12 асистенции. Кај Индијана се истакна Бенедикт Матурин со 20 поени и 13 скока. Најдобриот кошаркар на Индијана, Тајрис Халибартон, во првата четвртина ја повреди Ахиловата тетива и не можеше да го продолжи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку сегашниот ирански режим не е во состојба „повторно да го направи Иран голем“, тогаш можеби ќе биде потребно да се промени режимот во оваа земја, јави ДПА. „Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режимот“, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба повторно да го направи Иран голем, зошто да не се случи промена на режимот?“ МИГА!“, напиша Трамп на својот профил ...

Односите во партијата, вклучително и оние меѓу раководството и пратеничката група, не треба да се сведуваат на симпатии или антипатии. Тоа е прашање на капацитет за соработка, политичка зрелост и одговорност пред јавноста. Без таа функционалност нема ни резултати. Во однос на поразот на СДСМ, видовме обид за колективизација на одговорноста, каде што сите, наводно, беа еднакво виновни. Тоа не е точно, и уште помалку е здраво. Таков наратив ...

Три лица загинаа, а 11 се повредени во денешниот ракетен напад од страна на руската армија врз полигонот за обука на една од механизираните бригади на Копнените сили на вооружените сили на Украина, каде што војниците одржуваа вежба. Благодарение на навремените безбедносни мерки преземени по добивањето на предупредувањето за опасност во воздухот, беа избегнати бројни загуби на персонал. Сепак, за жал, имаше смртни случаи и повреди. На сите ...

Белорусија и Соединетите Американски Држави ја разгледуваат можноста за целосна нормализација на односите, изјави денес постојаниот претставник на Белорусија во Обединетите нации, Валентин Рибаков. Секако, пред сè, се разгледуваат прашања за конечно нормализирање на билатералните односи – целосна нормализација со целосно продолжување на работата на амбасадите во двете земји, размена на посети и така натаму, рече Рибаков. Рибаков учествуваше ...

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал-потполковник Олександр Сирски, најави засилени напади врз воени цели длабоко во Русија. На 1. јуни, Украина бомбардираше неколку руски аеродроми, дури и илјадници километри од границата, откако шверцуваше експлозивни дронови во Русија. Киев во тоа време изјави дека нападот, во кој беа уништени десетици авиони, е одмазда за речиси секојдневните напади на руските воздухопловни сили врз ...

Иранскиот парламент го одобри затворањето на Ормутскиот теснец денеска, објавија иранските медиуми додавајќи дека највисокото тело за безбедност на Иран мора да донесе конечна одлука за мерката. Иран претходно се закани дека ќе го затвори Ормутскиот теснец, клучна поморска артерија за глобална трговија со нафта, како одговор на притисокот од Западот, објави Гардијан. Според извори од бродоградбената индустрија, комерцијалните бродови веќе ...

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска денеска на партиската трибина насловена „Македонија понижена – една година Влада“ изјави дека во Македонија се случува сериозна тенденциозна операција која има цел да ја разниша уставно загарантираната поделба на власти и да ја поткопа независноста на правосудството како трета и клучна власт. Чупеска потенцираше дека интервенциите врз судството, редовно продуцираните скандали и предмети од страна на ...

Иранските медиуми јавија дека „се слушналe огромни експлозии“ попладнево во покраината Бушер, каде што се наоѓа единствената нуклеарна централа во Иран, неколку часа откако САД бомбардираа нуклеарни објекти низ целата земја. Весникот „Шарг“ објави за експлозијата, додека новинската агенција „Фарс“ објави дека две локации во градот биле нападнати од Израел. Иранските новински агенции, исто така,бјавија за напади во покраината Јазд. Нуклеарното ...

Амбасадата на Северна Македонија во Израел денеска соопшти дека воздушниот простор на Израел како и аеродромот, се затворени и дека планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен. Има најава за отворање на аеродромот, денес 22 јуни, од 14:00 часот, се наведува во информацијата што Амбасадата ја објави на Фејсбук. Од Министерството за туризам на Израел сме информирани дека функционира морска рута од ...

Иран ги евакуираше трите нападнати нуклеарни објекти извесно време пред бомбардирањето, изјави денеска заменик-директорот на тој медиум, Хасан Абедини, за иранската национална телевизија. Резервите на збогатен ураниум претходно беа преместени од нуклеарните центри и таму не останаа никакви суровини кои, во случај на напад, би можеле да предизвикаат зрачење и да бидат штетни за нашите сонародници, изјави Абедини за Иранската телевизија. ...

Најмалку 11 лица се повредени во новиот ирански ракетен напад врз Израел изутринава, јави ДПА, повикувајќи се на израелските спасувачки служби. Имало најмалку 10 директни ракетни напади, вклучително и во централен Израел, соопшти израелската армија. Силни експлозии се слушнале во крајбрежната метропола Тел Авив. Израелската армија соопшти дека локалните жители веќе можат да ги напуштат засолништата. Тимови за итно пребарување и спасување беа ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
58%
1027
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
52%
1027
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
57%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
58%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.76
49%
1030
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
0.51
73%
1027
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
56%
1027
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
34%
1026
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
44%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.79
48%
1031
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
48%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
76%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Родиум

368126.05

Кобалт

66.14

Паладиум

51794.85

Бакар

11.75

Алуминиум

3.29

Рутениум

45750.51

Злато

163613.54

Калај

50.04

Иридиум

229769.28

Платина

67998.83

Сребро

2648.90

Цинк

3.27