Во Кочани овој Петровден, инаку патрон празник на градот, наместо да се пее и празнува, се молчи и се тагува. Свежи се сеќавањата на ужасната трагедија во кочанската дискотека Пулс која на 16 март зема 62 животи, а во која беа повредени околу 200 луѓе. На комеморација во салата на Центарот за култура „Бели мугри“, организирана од Општина Кочани со поддршка на Црвен крст, граѓаните оддадоа почит со минута молк. Блиските на жртвите, облечени во ...

Додека целата јавност го осудува вчерашниот инцидент во Чаир, каде беше извршено насилство врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, единствено Мицкоски го одобрува – реагираат од опозициската СДСМ по денешните прозивки од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ од каде соопштија дека само СДСМ и бугарските политичари застанале во одбрана на Данела Арсовска. Од СДСМ велат дека како и досега, кога се соочува со критика, премиерот ја ...

Бранко Тричковски: Дали се Мицко и Панчо обично и простодушно глупи или режимот ги присилува на глупост. Или се, можеби, паметни, но Данела ја оглупаваат и огузуваат за полесно да ја уништат? Колете ја, би рекол Гомбрович, ако ви е така наредено, но не со така тап, со така страшно тап нож! “Данела ги тепала полицајците што не биле на местото на настанот!!!” “Да ги оставиме нашите институции да си ја завршат работата, тие знаат дека Данела е ...

Судија од скопскиот Кривичен суд определил мерка куќен притвор за едно лице вклучено во нападот на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, а за друго лице, кое и се заканувало, мерки претпазливост. Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, осомничени за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, ...

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Градоначалничката во текот на денешниот ден ќе биде контактирана од надлежните служби со цел да се координираат нејзините ...

За време на нападот, Полска распоредила борбени авиони за да го заштити својот воздушен простор, објавија полските вооружени сили на платформата X. Русија почна бран напади со беспилотни летала и ракети врз западна Украина ноќеска, таргетирајќи области далеку од фронтовските линии, објавија денес украинските медиуми и официјални лица. Експлозиите се регистрирани во градовите Лавов, во близина на границата со Полска, Черновци, во близина на ...

Спој на класиката и современиот уметнички израз. Вака е конципирано годинашново, 65-то издание на фестивалот Охридско лето. Традиционално, ќе започне вечер на 12. јули во Античкиот театар. Годинава со музичко – визуелниот спектакал „ Трансформација на сетилата“ , во кој ќе настапат Македонската филхармонија и уметници од САД. а, фестивалот ќе биде затворен на 20. август, со изведба на претставата „ Електра“ во режија на Дејан Пројковски. ...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по вчерашниот инцидент на улицата „Севастополска“, при кој беше физички нападната градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Според обвинителството, првоосомничениот маж, кој се претставил како сопственик на нелегален објект во градба, ја навредувал и ѝ се заканувал на ...

Тито Беличанец: Претседателката на државата, Владата и МВР се обидоа птеку бугарски влијателни личности со кои имаат долгодишно пријателство да им организираат бројни средби. Амандманите кои ги поднесоа Бугарски пратеници и нивното гласање ја тргна политичката магла меѓу Владата на ВМРО ДПМНЕ и властите во Бугарија. Време е македонските власти да се освестат дека Македонија може да напредува и да ги потесне но и маргинализира бугарските ...

И здруженија на Бошњаците од земјава денеска во Скопје ја одбележаа годишнината од геноцидот во Сребреница. Иако сведоштвата за систематското убивање на бошњачкото население се уште одекнуваат на просторот на поранешна Југославија и денес постојат оние кои го негираат злосторството е речено на комеморативниот собир. Се уште има и говор на омраза оворот во врска со настаните од пред 30 години во Сребреница и тоа поттикнува од недостатокот на ...

Кристина Косотова: Бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје и нејзините соработници во целост ја отсликува флагрантната толеранција која актуелната владејачка структура ја има кон секојдневните испади на агресија и насилството чии стапки секојдневно растат. Прогледувањето низ прсти за дивеењето на силеџиите испраќа јасен сигнал до сите граѓани: власта предводена од Мицкоски и ДПМНЕ со игнорирањето на насилството застануваат во заштита ...

Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда. Молкот понекогаш зборува погласно од зборовите. И не се работи само за напад врз градоначалничката и службениците од Градот. Се работи за тоа дали секој од нас може без страв да се спротивстави на криминалот, пишува претседателот на СДСМ Венко Филипче на Фејсбук. Пораката што ја испраќа власта, според него, е дека секој кој ...

Марјан Николовски: Форма на политичко уредување, која не е способна да го заштити поединецот во неговите основни човекови и безбедносни права не може да се нарече држава. И таа треба што поскоро да се напушти, додека се уште постои таква можност. Таквата форма на политичко уредување наблиску се дефинира како мафија. А мафијата, кога-тогаш ќе се судри со секој поединец, а најмногу со оние кои и служат на мафијата. Во држава врвен интерес е ...

Никола Т Калајџиски: Во мафијашки стил ликвидиран припадник на АРМ во Батинци. Обид за убиство на пазар во Битола. Физички нападната гродоначалничката на Скопје во присуство на полициски службеници. Пиромани предизвикуваат пожари. Политички пожари со соседите. Внатре политички делби и навреди на најсилно. Поделен и поларизиран народ. Јад, чемер и јанѕа. Сеење страв и немир на секој чекор. Системот во слободен пад пред распад. Сево ова во еден ...

Речиси 800 луѓе загинале во Газа од 27 мај наваму, обидувајќи се да дојдат до помош, а огромното мнозинство од нив на локациите на Хуманитарната фондација за Газа (ГХФ), поддржана од САД и Израел, соопштија денеска Обединетите нации. Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права изјави во Женева дека од 27 мај, кога почнале операциите на ГХФ, до 7 јули се регистрирани 798 загинати лица, од кои 615 на локациите на оваа ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица. Информацијата ја потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде соопштија дека инцидентот се случил на улицата „Кумбара“, а случајот бил пријавен во СВR Скопје во 12:15 часот. На 11.07.2025 во 12:15 чaсот од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при ...

На денешен ден, 30 години по трагедијата во Сребреница, оддаваме почит на сите невини жртви и изразуваме солидарност со нивните семејства. Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот, човековите права и достоинството на секоја личност, соопшти Владата. Владата порачува да учиме од минатото и да создаваме иднина во која таквите трагедии никогаш нема да се повторат. Во овие моменти на сеќавање, со пиетет се ...

Собранието на Косово ниту во 45-тиот обид не успеа да формира комисија за тајно гласање за избор на претседател на парламентот. Од вкупно 93 присутни пратеници, само 49 гласаа за формирање на комисијата, што не беше доволно за усвојување на предлогот. Пратеникот на Демократската партија на Косово, Абелард Тахири, реагираше откако претседавачот Авни Дехари ја повика најголемата опозициска партија да предложи член за комисијата. Пред неговиот ...

Ана Чупеска: Имаме модел на нормативен и либерално концепиран мултикултурализам кои преку институтите на споделување на моќта (power shering), гарантирано претставување и редуктивното вето (бадентерово) успеваме низ институциите да ги акомодираме тие разлики. Во врска, со мултикултурното заедништво, за жал, сè уште немаме задоволително ниво на интеркултурна комуникација во општеството и покрај заложбите на претходната влада предводена од ...

Во Меморијалниот центар во Поточари, одбележувањето на 30-годишнината од страдањето на Бошњаците од Сребреница за време на граѓанската војна, во јули 1995 година, започна со пеење на националната химна на Босна и Херцеговина. На одбележувањето му претходеа вообичаените манифестации како што се „Маршот на мирот“, пуштањето јато гулаби, погребните служби за жртвите, а денес ќе бидат погребани останките на уште седум лица. На одбележувањето ...

Комесарката за проширување на Европска Унија, Марта Кос денеска преку видео-порака објавена на Икс им одаде почит на жртвите на геноцидот во Сребреница, истакнувајќи оти тоа е „длабока рана во европската историја“ и оти „мора да кажеме не на омразата и величањето на воените злосторници“. Денеска сум во Сребреница за да им оддадам почит на жртвите од геноцидот извршен во оваа област пред 30 години, наведе Кос. Таа посочи дека 8.372 Бошњаци ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска упати порака по повод 30 години од геноцидот во Сребреница, во која оддаде почит на жртвите и истакна дека ова злосторство засекогаш ќе остане опомена за светот. Денеска се навршуваат 30 години од ужасното злосторство во Сребреница, кога во јули 1995 година, над 8.000 невини луѓе беа убиени во еден од најголемите геноциди во историјата на Европа по Втората светска војна,“ порача Филипче. Тој ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 август САД ќе воведат 35 отсто царини на увозот на производи од Канада, додавајќи дека размислува за дополнителни царини од 15 до 20 отсто и за поголемиот дел од останатите трговски партнери. Во писмо објавено на неговата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп го информираше канадскиот премиер Марк Карни дека царините ќе стапат во сила од следниот месец и ќе бидат зголемени ...

Народното собрание на Бугарија денеска ќе гласа за нацрт-резолуцијата за гласање недоверба на Советот на министри со премиерот Росен Жељазков поради „неуспех во секторот за животна средина и вода“. Точката е прва на дневен ред за денеска, според програмата за работа на парламентот, објавена на веб-страницата на институцијата. Гласањето за недоверба го поднесе парламентарната група „Величина“ со поддршка на пратениците од групите „Морал, ...

Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска се одбележува 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. На комеморацијата ќе бидат погребани посмртните останки на седум жртви од Сребреница, пронајдени на различни локации, меѓу кои и две 19-годишни момчиња, најмладите меѓу денешните погребани. На настанот се очекува присуство на лидери од повеќе земји, а според медиумите од Сараево, ...

Јане Алтипармак: Не сакам идентитетот да го заштити некој, закон, ЕУ, бог. Идентитетот не е патент да се заштити, така заштитен станува умртвен, стерилен. Идентитетот е повторување низ менување, цикличност без иста почетна точка. Идентитетот е диференцијација, дислокација, диференцијал. Идентитетот е ризоматско ширење без принципи, без бариери (дури и како заштита) идентитетот е ахроматско пенетрирање низ спектарот на битието како смисла. ...

Бројот на жртви од израелската воена офанзива во Појасот Газа достигна 66, при што 17 од нив, вклучувајќи деца, се убиени во напад во близина на медицински центар во Деир ал-Балах, соопшти Цивилната одбрана на палестинската енклава. Израелски воздушен напад утрово погоди група луѓе кои чекаа пред медицински центар во Деир ал-Балах, изјави Мохамед ал-Мугаир, вработен во службата за итни случаи. Тој рече дека 17 лица, вклучувајќи осум деца, се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа за Ен-Би-Си Њуз изјави дека в понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да даде детали за тоа каква ќе биде таа. Во последните денови, Трамп изрази разочарување од својот руски колега Владимир Путин во врска со војната во Украина. Мислам дека ќе дадам голема изјава в понеделник за Русија, изјави американскиот претседател. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ...

Пожар од големи размери денеска ја зафати индустриската зона кај Визбегово при што целосно изгоре фабрика за сладолед. Од магацинот на фабриката се слушаа и експлозии. Покрај фабриката, во пожарот изгоре и едно комбе кое се наоѓало во близина. На терен се повеќе противпожарни екипи, а локалните власти апелираат за внимателност и повикуваат на дополнителна поддршка. Огнот брзо се прошири поради силниот ветер, а пожарникарите се борат да го ...

Германија планира да купи американски противвоздушни ракетни системи „Патриот“ за Украина, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц. Разговарав за тоа со претседателот Трамп минатиот четврток и го замолив да ги испорача овие системи“, рече Мерц на конференцијата за реконструкција на Украина во Рим. Министрите за одбрана на двете земји разговараат за можен договор, но конечна одлука сè уште не е донесена, рече Мерц. Тој истакна дека на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
0.51
78%
1026
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.71
60%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.16
83%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.79
69%
1026
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
65%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
84%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / -2ᴼ
1.54
67%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
77%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Родиум

368126.05

Злато

163613.54

Паладиум

51794.85

Цинк

3.27

Калај

50.04

Алуминиум

3.29

Иридиум

229769.28

Платина

67998.83

Сребро

2648.90

Кобалт

66.14

Рутениум

45750.51

Бакар

11.75