Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Германија и Франција се подготвени да лансираат нова иницијатива насочена кон забрзување на процесот за пристапување во Европската Унија за земјите од Западен Балкан и за Молдавија, нудејќи им придобивки од подлабока интеграција уште пред полноправно членство. Предлогот, претставен во заеднички документ за позиција во кој ДПА имала увид, повикува земјите кандидатки да добијат награди за исполнувањето на пристапните критериуми, вклучувајќи и ...
Премиера на претставата „Идеален маж“ според Оскар Вајлд, во режија на македонскиот режисер Александар Поповски и со музика на композиторот Кирил Џајковски, денеска ќе биде изведена на големата сцена на Хрватското народно казалиште (HNK) во Загреб. Како што информираат организаторите, сите пет изведби на претставата во јуни се однапред распродадени, што, според нив, сведочи за силниот интерес на публиката за новиот заеднички проект на ...
Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи јавна расправа на тема: „Реформски пакет на Предлог закони за дигитална трансформација на Република Северна Македонија“. На Јавната расправа ќе се дебатира за Предлог на законот за електронските комуникации, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Предлог на законот за архивски материјал и архивска ...
Еден ден пред самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, Германија и Франција објавија нон-пејпер насловен „Нов моментум за проширувањето“. На одреден начин тоа е разработка на писмото што германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна го упати до првите луѓе на институциите на ЕУ. Во него се наведува дека политиката на проширување треба да добие нов поттик, со цел Унијата да се заокружи како вистинска европска унија. Новиот пристап би ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави отворено писмо до Владимир Путин на својата веб-страница. Во него, украинскиот лидер предложи прекин на огнот по целата линија на фронтот и средба лице в лице на шефовите на држави на неутрална територија. „Украинскиот лидер нема работа во вашиот главен град, исто како и рускиот лидер во Киев. Постојат земји кои традиционално се домаќини на лидери за решавање на прашања од војна и мир. ...
Вкупното богатство на најбогатите луѓе во светот достигна рекордни 98,3 билиони долари минатата година, што претставува раст од 8,7 проценти во споредба со претходната година, според ново истражување на „Капџемини“. Според анализата, главните двигатели на растот биле закрепнувањето на финансиските пазари, растот на берзите и зголемувањето на вредноста на инвестициските портфолија, вклучувајќи акции, обврзници и приватен капитал. Минатата ...
Република Северна Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на земјава доби поддршка од 174 држави членки – соопшти попладнево Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што посочуваат, станува збор за историски успех на македонската ...
Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа., објави премиерот Христијан Мицкоски во врска со изборот на Македонија за членка во на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. -Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ...
Доколку неговите предвидувања се покажат точни, нè очекува еден од највозбудливите турнири во историјата на фудбалот. Јоаким Клемент, математичар познат по правилното предвидување на победниците на последните три Светски првенства, објави ново предвидување за Светското првенство во 2026 година. Според неговиот модел, холандската репрезентација би можела да стане нов светски шампион. Неговата анализа не се потпира на моменталната форма или ...
Посетителите на Октоберфест годинава ќе бидат пречекани со најскапо пиво. За кригла од еден литар во фестивалските шатори ќе треба да издвојат до 15,90 евра, што е во просек за 2,38 проценти повеќе од минатата година, објавија властите во Минхен во вторник, објавува Heute. Цената на литар пиво оваа година ќе се движи од 14,80 до 15,90 евра. Минатата година, литарска кригла чинеше помеѓу 14,50 и 15,80 евра. Безалкохолните пијалоци исто така ...
Општина Бутел во соработка со Град Скопје започна активности за изградба на пешачка патека и чистење на коритото на река Серава во Бутел 1. „По повеќе од 20 години, се реализира едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел. Проектот напредува со одлична динамика и предвидува изградба на нова патека во должина од 1590 метри, со ново осветлување, нови клупи и хортикултурно уредување на просторот. Истовремено, ќе се изградат и нови ...
Две повозрасни лица од Скопје биле физички нападнати од 39-годишник. – На 03.06.2026 во 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, Т.Ј.(82) и М.А.(73) биле физички нападнати од Д.А.(39), сите од Скопје, информираа од полицијата во дневниот билтен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Две повозрасни лица од Скопје биле физички нападнати од 39-годишник. – На 03.06.2026 во 20:25 часот во СВР ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А.(26), Е.Џ.(25) и М.Г.(21), сите од село Црник, општина Пехчево. Како што се наведува полицискиот билтен, тројцата соселани од Пехчево добиле кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, односно се обиделе да прегазат две лица со трактор, откако биле затекнати при бесправна сеча на дрва. ...
„Нвидиа“ (Nvidia) го купи Kumo AI, мал, четиригодишен стартап кој развива фундаментални модели дизајнирани да прават точни деловни предвидувања, дозна „Форчн“ (Fortune) од два извори запознаени со договорот. Тројца од коосновачите на Kumo, Вања Јосифовски, Хема Рагаван и Јуре Лесковец, се приклучија на Nvidia минатиот месец, велат изворите. Иако профилите на основачите на LinkedIn се ажурирани за сега да ги опишат како вработени во Nvidia, ...
Дуа Липа и актерот Калум Тарнер пристигнаа на Сицилија, каде што нивната раскошна тридневна свадбена прослава е на прагот да започне. По интимната граѓанска венчавка во Лондон, младенците слетаа во Палермо со чартер приватен лет под строги безбедносни мерки Прославата на Сицилија, чија цена се проценува на над еден милион евра, ќе се одржи на историски локации, вклучувајќи ги Вила Валгуарнера и Палацо Ганги. Меѓу гостите на свадбата на Ду ...
Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски ќе остане во редовите на Валенсија до јуни 2028 година, откако шпанскиот прволигаш објави попладнево дека ја искористил опцијата за продолжување на соработката за уште две сезони. Димитриевски дојде во Валенсија во 2024 година и откако подолг период беше резервен голман, на средина од изминатата сезона се избори за место во почетниот состав, одигрувајќи 33 натпревари во Ла ...
Протоколот потпишан меѓу Бугарија и Македонија „преживеа“ во извештајот на ЕП. Ова е главната вест, откако процурија компромисните амандмани што беа изгласани вчера во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Веста поточно не е дали Протоколот ќе биде внатре или не, туку дали ќе пројде амандманот 108 на известувачот Томас Вајц со кој ја повика правната служба на Европскиот совет „итно да ги разјасни сите двосмислености во врска ...
Македонската универзитетска репрезентација ги привршува последните подготовки пред настапот на Светското универзитетско првенство во карате, кое од 8 до 13 јуни ќе се одржи во Бразилија, во организација на FISU. На шампионатот се очекува учество на околу 1.500 студенти-спортисти од повеќе од 40 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот. – Нашите каратисти изминатиот период работеа интензивно на ...
Два концерти и две уникатни музички изведби на почетокот на годинашниот 25. по ред ОФФест синоќа во Националната опера и балет во Скопје ги маѓепсаа присутните кои имаа можност да го слушнат виртуозот на оригиналниот африкански инструмент балафон, Ласана Диабате и заразните африкански ритми и социјално ангажирани песни на феноменалните БЦУЦ од Совето во Јужна Африка. Иако беше најавен како дел од инструменталното трио Guitari Baro (во превод ...
Македонската јавност имаше можност од највисоко европско ниво да добие три важни и целосни потврди за она што го зборувавме како партија со месеци наназад, а кое беше демантирано од страна на владејачката ВМРО, изјави на прес-конференција секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски. „Прво, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на ...
Канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон во четврток објави дека Маржан Сатрапи, француско-иранската авторка и илустраторка зад популарната серија графички новели и филмот Персеполис, почина на 56-годишна возраст. „Персеполис“ е приказна за авторката која растела во Техеран за време на Исламската револуција во 1979 година, пред нејзините родители да ја испратат во Европа. Таа беше отворен критичар на теократската влада на Иран ...
Сè поочигледната немоќ на Русија да го пробие ќор-сокакот на бојното поле во Украина ги наведе влијателните гласови во рускиот естаблишмент јавно да повикуваат на прекин на конфликтот. Главното прашање е дали претседателот Владимир Путин ќе ја признае таа реалност и ќе се откаже од својата намера да ја уништи украинската независност. Во петтата година од најкрвавиот конфликт во Европа во последните генерации, сè уште нема знаци дека тој е ...
Во Брисел, главниот град на Белгија, денес избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестите против планираните реформи во образовниот систем, јавија белгиските медиуми. Повеќе од 1.000 луѓе, претежно млади демонстранти, се собраа пред железничката станица „Брисел Централ“ за да протестираат против планираните реформи во образованието во франкофонската федерација Валонија-Брисел, а низ целиот белгиски главен град беа ...
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска ги додели Годишните награди за млади истражувачи за 2026 година, кои се доделуваат по седми пат во рамки на Kонкурсот за најдобри научноистражувачки трудови од областа на пазарот на капитал. Добитник на првата награда е авторот Горан Христовски за трудот со наслов „Динамична поврзаност на источноевропските пазари на капитал: пристап на проширена заедничка поврзаност“. Трудот, како што информираат ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) идната недела ќе ги објави фирмите што правеле манипулации со декларирањето на млечните производи, а од понеделник треба да бидат готови и резултатите од анализите на месните преработки. Како што изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, кај млечните производи со лажни декларации – кашкавали, сирења, павлака, јогурт, млеко…, безбедноста не е нарушена, туку е нарушен квалитетот и потрошувачите ...
Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, објави дека досегашниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи ќе биде специјален претставник на владата во Брисел. Градоначалникот на Чаир рече дека тој всушност поднел оставка од функцијата вицепремиер за добро управување за да биде ангажиран на оваа нова позиција. Фетаи речиси два месеци на се појавуваше на владините седници и не остваруваше никаква видлива активност како вицепремиер за добро ...
Европа треба да испрати јасна порака дека секој што доаѓа нелегално во Европа ќе биде вратен или во земјата на неговото потекло или во еден „return hub“ во земја надвор од Европската Унија, порача министерот за миграција и азил на Грција Танос Плеврис по состанокот што го имал со неговите колеги од Германија, Австрија, Холандија и Данска со кои разговарале за центрите за враќање на мигранти (return hubs) во земји вон Европа, јави дописничката ...
Наспроти драмата што го следеше пишувањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент, гласањето вчера во Комитетот за надворшни работи помина речиси беа реакции и речиси без информации. Освен штурото соопштение од ЕП, во кое се спомнува дека немаме прогрес во владеењето на правото и борбата против корупцијата и сме раскарани внатре, никој реално не кажа што се случи со фамозниот амандман за Протоколот, во кој се бараше Европскиот ...
МОН ќе го финансира спроведувањето на 14 заеднички научно-истражувачки проекти на Македонија и Австрија во областа со голем развоен потенцијал, паметно земјоделство и храна, информациски и комуникациски технологии, електро и машинска индустрија, одржливи материјали и паметни згради, енергија на иднината и туризам. Денеска беа потпишани договорите со добитниците, а финансиската поддржка изнесува 10.000 евра или по 600.000 денари за проект. ...
Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, го откажа учеството на самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи утре во Тиват, потврдено ѝ е на РТЦГ. Причините за откажувањето сè уште не се познати. Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи во петок, 5 јуни, а домаќин ќе биде претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Лидерите на Европската Унија и земјите од Западен Балкан ќе учествуваат ...