Наглото зголемување на цените на енергијата и храната турка сè повеќе германски потрошувачи во инсолвентност, со регистрирани 107.816 лични банкроти во 2025 година, според податоците објавени денеска од давателот на информативни услуги ЦРИФ. Ова претставува зголемување од 7,8 проценти во однос на 2024 година, а се очекува бројките дополнително да растат, пренесе ДПА. И покрај генерално поголемата подготвеност за штедење, многу домаќинства ...

Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, што е силен поттик за економијата и за нови работни места, порача денеска вицепремерот и министер за транспорт, Александар Николоски. – Вкупнато количество превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66,7 проценти зголемено во споредба со истиот период 2024 година – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. ...

Граѓаните на еврозоната очекуваат дека просечната инфлација во наредните 12 месеци ќе изнесува 2,6 отсто, што е пониско во однос на декемвриските 2,8 отсто и претставува најмала бројка во последните шест месеци, е заклучокот од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за јануаи објавено денеска. Анкетираните притоа очекуваат дека нивните номинални приходи во истиот период ќе пораснат за само 1,2 отсто, што е зголемување во однос на ...

БИТОЛА – Основниот суд Битола го прифати во целост обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство Битола и реши да им суди на бизнисменот Борче Марковски и уште 8 други поврзани за тендер за дислокација на погонските станици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“ за сума од над 1,7 милиони евра. Еден од обвинетите е и поранешниот директор на РЕК „Битола“ Пеце Матевски, кој веќе е во домашен притвор за други дела поврзани со ...

Македонското еколошко друштво во соработка со Националниот парк Галичица планираат да ги донесат најпознатите билози од цел свет во преспа, со цел да се изнајде најдоброто решение за желките на Голем Град. Имено, откако беше изработена студија и таа покажа дека женките желки на Голем Град се фрлчаат од карпи поради агресивното сексуално однесување на мажјаците, заради нееднаквоста во бројноста, свеските медиуми ја пренесоа веста од едниот до ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема никаква законска надлежност да постапува во справувањето со проблемот со говедата кои лутаат низ градот и нанесуваат штета и на земјоделските поседи и во околните села. Го потсетуваме Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители на паленечките села тој да се иззема ...

Опозициската СДСМ ја користи изјавата на премиерот Христијан Мицкоски даде синоќа на Сител за тоа дека „имал чувство“ како ќе се развива судскиот процес против Артан Груби за соопштенија натопени со хумор. „Прво граѓаните ја видоа режираната претстава на граница, доаѓањето со наочари, со насмевка, каде недостасуваше уште црвен ќилим за Груби. Потоа смисленото сценарио и пречек со камери, со медиумска поддршка на медиумите под контрола на ...

Државата го загуби првиот случај пред Европски суд за човекови права поврзан со нечовечко постапување во затворот „Идризово“, откако затвореникот Ф.М. успеа да ја докаже својата жалба пред судиите во Стразбур. Случајот се однесува на настан од 3 август 2020 година, кога, според поднесената претставка, затвореникот бил брутално претепан од затворски полицаец пред кантината во установата. Тој тврдеше дека бил изложен на тортура, но и дека ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека опозициската СДСМ го „релативизирала и штитела криминалот на Артан Груби“. И дека партијата на чело со Венко Филипче го брани Груби. И додаваат дека во СДСМ биле толку исплашени што на собраниска седница за пратенички прашања не поставија прашање и не му спомнаа името. „СДС се толку вознемирени и нервозни од апсењето на Артан Груби поради стравот од сведочењето на Груби и неговите изјави кои може ...

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години. -Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста ...

Денеска се потпишува договор помеѓу меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ (Youth Sports Games) и Федерацијата на училишни спортови на Македонија и „Плазма“ Спортските игри за млади. Македонија, од годинава станува учесник на Спортските игри за млади, кои почнаа по иницијатива на Хрватска во 1996 година, а оттогаш се прошири на Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, а од сега и Македонија. На потпишувањето на договорот во Владата ...

Дете од четврто одделение извадило нож во школо во Центар, било проблематично уште од прво. Мајка му рекла дека правела доручек па по грешка го ставила ножот во ранец што е логично исто ко да правела тост па тостерот да му го ставила во ранец. Као службите 4 години работеле со детево глеам јако изработиле. Родителите ја обвинуваат директорката дека вршела притисок до наставниците да го смират случајот и родителите да престанат да пријавуваат. ...

Изградбата на пречистителната станица во Скопје напредува, а треба да почне со работа во 2030 година. Претставникот на Европската инвестициска банка, која се јавува како инвеститор во овој капитален скопски проект, Бјорн Габриел, е задоволен од напредокот во изградбата, и ги охрабрува сите инволвирани во во проектот да обезбедат сигурно поврзување на сите компоненти за проектот да може да биде испорачан на време. „Исклучително ми е драго што ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, денеска остварија средба со одгледувачите на овци, на која се разговараше за актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во Липково, Кумановско. Со цел да се спречат нови жаришта на територијата на државата, на состанокот, како што се наведува во соопштението од МЗШВ, е ...

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во интервјуто за Сител ги отфрли тврдењата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека постои договор меѓу власта и ДУИ за враќањето на Артан Груби. Филипче уште додаде дека ниту тој ниту во партијата се плашат од сведочењето на Груби. Премерот во интервјуто објаснуваше дека имал „чувство“ како ќе се развива истрагата и дека ќе го држат за збор Филипче и дека нема да говори за политички реваншизам. „Но, кога ...

Извесtувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, е умерен оптимист дека може да се најде излез од ќор-сокакот за уставните измени и државава да тргне напред на пристапниот пат кон ЕУ. Во интервју за „360 степени“ по претставувањето на нацрт-извештајот за Македонија во комитетот за надворешни работи, Вајц вели дека „конструктивните сили на двете страни ќе најдат начини да продолжат понатаму“. На прашањето за неговите ...

Ефимија Димовска, новата вршителка на должност член на Управен одбор – главен извршен директор на Развојна банка е сопруга на долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски. Димовска доаѓа на местото на Кире Наумов, долгогодишен кадар на СДСМ. Димовски е дипломиран шумарски инженер. Во компанијата „Соларис“ каде што основач и содружник е неговата сопруга Ефтимија, тој е управител. Во 2019 година Димовски беше на тапет од СДСМ дека ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со европскиот комесар за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер. На средбата, информираат од МНР, министерот Муцунски го истакнал континуираниот ангажман на земјата во процесот на пристапување кон Европската унија, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата. Тој ја нагласил посветеноста кон унапредување на институционалните капацитети и спроведување на ...

Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример и членките на ЕУ треба да ја превенираат – изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференцијата со албанскиот колега Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова повтори дека сме цврсто определни за влез во ЕУ и истакна дека во чекорењето на Црна Гора и на Албанија на патот кон ЕУ ...

Вицепремиерот Арбен Фетаи ги организира структурите на Алијансата за Албанците во рамките на „Вреди“ да се вклучат во новата партија што треба да произлезе од коалицијата. Тие вчера одржале состанок за основачко собрание. На состанокот бил усвоен концептот „Нов сојуз“ како стратешки чекор кон посилно и пообединето политичко структурирање. Била донесена одлука за итно суспендирање на функционирањето на сите тековни органи до донесување нова ...

Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина вреден 8,1 милијарда долари, соопшти премиерката на Украина, Јулија Свириденко. – Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во Украина во блиска иднина. Средствата ќе ги искористиме за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност – рече Свириденко, пренесува Укринформ. ...

Во периодот од 16 до 22 февруари во земјава се пријавени 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува намалување од 3,2 отсто во однос на претходната недела, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возрасната дистрибуција, 621 лица биле на возраст од 15 до 64 години, 185 биле деца на возраст од пет до 14 години, 164 – деца на возраст до четири години, а 143 биле лица на возраст над ...

Обиколницата околу Битола од вчера од 18:30 часот заради свлечиште е затворена за сообраќај, а сообраќајот се преносочува преку градот Битола. Екипите на Ј.П Македонија Пат работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од ...

Младата музичка сензација, Јаков Јозиновиќ, на прес-конференцијата вчера во Скопје, официјално го најави својот прв концерт во Македонија закажан за 9 април оваа година во арената „Јане Сандански“. Пред бројните претставници на медиумите, Јаков зборуваше за подготовките за неговата голема регионална турнеја насловена „Ја за чуда летим“, во чии рамки е и скопскиот концерт, а која што со рекордниот интерес на публиката несомнено годинава ќе ја ...

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ги продолжува натпреварите за Евробаскет 2029, а нов противник е селекцијата на Луксембург. Ова воедно е почеток за новиот селектор на клупата на македонската репрезентација Шпанецот Жозеп Мариа Берокал. Ова е дуел од третото коло од групата А, а македонскиот состав има две победи во првите две кола против Азербејџан (дома) и Република Ирска (гости). Денешниот противник Луксембург исто така има ...

Јавниот превоз во Германија се соочува со големи прекини откако штрајкови рано утрово ги погодија општинските автобуски и железнички услуги. Портпаролот на синдикатот „Верди“ за ДПА изјави дека штрајковите кај најголемиот германски локален транспортен оператор, Berliner Verkehrsbetriebe (BVG), почнале во 3 часот наутро. Синдикатот повика на прекини на работата во речиси сите германски сојузни држави. Во многу градови, услугите што ги вршат ...

Пред помалку од една година, Дејвид Елисон водеше мала продуцентска компанија. Денес, тој е на работ да го преземе холивудскиот трон. Извршниот директор на „Парамаунт Скајденс“ се појави како победник во лицитацијата за „Ворнер Брос. Дискавери“ во четврток вечерта. Тоа беше плен што на „Парамаунт“ очајно му беше потребен за да преживее, а победата не беше сигурна – и сè уште не беше конечна. Во борбата, Елисон се соочи со „Нетфликс“, ...

Британскиот премиер Кир Стармер претрпе голем политички удар откако неговата Лабуристичка партија загуби дополнителни избори во изборната единица Гортон и Дентон во Голем Манчестер, која ја контролираше речиси еден век. Поразот во едно од најбезбедните упоришта на лабуристите дополнително го потврдува распадот на традиционалната британска двопартиска политика. Ова е најголемиот изборен тест за лабуристите за речиси една година, а губењето на ...

Сведочењето на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон пред Конгресот на САД во врска со скандалот околу сексуалниот престапник Џефри Епштајн заврши по повеќе од шест часа. По сесијата зад затворени врати пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на САД, Хилари Клинтон изјави дека „одговорила на секое нивно прашање колку што можела поцелосно врз основа на она што го знаела“. Поранешната државна секретарка рече дека таа ...

На сцената на Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен балетот „Жизел“ од Адолф Адам. Диригент е Едуард Амбарцумјан (Ерменија), а кореографијата е по Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ (Хрватска). Во насловната улога – Жизел настапува примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Алберт – Балаж Лочеи, како Мирта настапува Илијана Данилов, а во улогата на Хиларион – Бобан ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1028
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
52%
1027
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
59%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.76
51%
1030
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.37
52%
1027
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
61%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
47%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
54%
1026
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
57%
1031
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
54%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 7ᴼ
2.57
48%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Рутениум

45750.51

Бакар

11.75

Алуминиум

3.29

Сребро

2648.90

Паладиум

51794.85

Калај

50.04

Родиум

368126.05

Цинк

3.27

Злато

163613.54

Кобалт

66.14

Иридиум

229769.28

Платина

67998.83