Општина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. На спортските терени изминатите два дена се одржа традиционалната спортска манифестација „Денови за спорт на младите во Општина Илинден“, на која учествуваа околу 400 ученици од основните училишта во општината, како и учениците од СОСУ „Илинден“, се наведува во соопштението од Општина Илинден, што МИА го пренесува интегрално. Согласно програмата, се одиграа финални општински ...

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер. Ова за руски медиуми го изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател. „Да, се сретнаа, тоа беше добар разговор“, рече тој. На прашањето дали разговарале за можните перспективи за преговори меѓу Русија и Европската Унија, тој одговори дека не знае бидејќи разговорот бил приватен. „Разговорот беше пријателски, одржан во тет-а-тет формат. ...

Од денеска официјално е пуштена во употреба новата бесплатна линија на јавен превоз за жителите на тетовските села Бродец, Вешала и Бозовце, информираа од Општина Тетово. Новата линија ќе сообраќа еднаш дневно, со поаѓање кон Тетово во 7 часот наутро и враќање кон селата во 17:30 часот. -Овој проект е резултат на континуираната посветеност и заложба за подобрување на условите за живот на жителите од шарпланинското подрачје, овозможувајќи ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Скопје, вчера и денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ѓ.Д. (30) од Велес, Ф.П. (28) од Куманово, како и И.М. (23), Б.В. (27), А.Б. (27) и А.Ш. (29), сите од Скопје. При извршените контроли кај нив биле пронајдени и ...

Речиси 500 случаи на инфекција со вирусот ебола досега се потврдени во Централна Африка, додека расте загриженоста за потенцијалните размери на епидемијата на хеморагична треска, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во дневниот извештај, СЗО евидентираше 452 потврдени случаи, вклучувајќи 82 смртни случаи во Демократска Република Конго, каде што епидемијата беше прогласена пред три недели. Во соседна Уганда се пријавени ...

Министерството за внатрешни работи информира дека се регистрирани вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, при што две лица се лишени од слобода. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка вчера во 23:50 часот го лишиле од слобода И.Н. (54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен ...

Јубилејниот 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој синоќа свечено беше отворен во Прилеп, денеска продолжи со богата програма и бројни фестивалски содржини. Големо внимание предизвикаа првите разговори за претставите од официјалната конкуренција. Претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар, која го отвори фестивалот, беше оценета како дело што не бара да биде раскажано, туку толкувано. -Таа не функционира како ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар го ограничи приливот на работници од надвор од Европската Унија со владин декрет објавен денеска во Државниот весник. Маѓар ја презеде функцијата на 9 мај откако неговата центристичка партија убедливо победина парламентарните избори во април. Унгарија вработува околу 90.000 работници од надвор од ЕУ, што претставува околу 2 проценти од работната сила. Повеќето од нив работат во производството на батерии и ...

Регионалниот ургентен центар во Клиничка болница-Штип треба да се отвори најдоцна до септември, а овој центар ќе пружи итна медицинска помош на пациентите со животозагрозувачки состојби од Источниот и Југоисточниот регион. Заменик директорот на Клиничка болница-Штип, Билјана Ефтимова вели дека постапката за негово формирање е веќе започната, а во наредниот период ќе се преадаптираат просториите на сегашната дежурна амбуланта. Центарот ќе ...

Генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти Џакомо Филибек, денеска во Скопје им даде силна поддршка на лидерот на СДСМ, Венко Филипче и опозициската партија, за улогата која што ја имале во европската интеграција на државата. „Во Северна Македонија е јасно кој политички субјект го трасираше патот кон меѓународната и европската интеграција на државата. Тоа е СДСМ“, изјави Филибек, на прес-конференцијата во паузата на денешната ...

За позитивните пораки од германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон дека за Западен Балкан има место во Европската Унија, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека власта повеќе нема изговори за блокирањето на европската перспектива на државата и го повика премиерот Мицкоски да каже што ќе прави сега после оваа позитивна реторика. „Премиерот треба да каже што ќе направи тој, еве кога веќе е ...

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за најдобар играч во шпанската лига за сезоната 2025/26. Осумнаесетгодишниот Јамал стана првиот Шпанец кој ја освоил наградата. Наградата за играч на годината во Ла Лига се доделува од 2009 година. Лионел Меси ја освоил наградата девет пати, Карим Бензема двапати, а Кристијано Роналдо, Антоан Гризман, Јан Облак, Марк-Андре тер Штеген, Џуд Белингам и Рафиња ја освоиле по еднаш. Минатата ...

Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и ...

Во овие две години откако сум претседател на Владата пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни а тоа е дека процесот на проширување не е завршен. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дадоа силен мотив да продолжиме во делот на реформите, да испорачуваме, врз основа на методот на заслуга, а не врз основа на билатерални прашања и тоа беше неколку пати потенцирано на самиот самит, изјави ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го обвини бугарскиот колега Румен Радев за непринципиелност, коментирајќи ја неговата изјава на маргините на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, дека проширувањето во ЕУ треба да се случува врз принципот на сопствените достигнувања, односно длабоки реформи во сферата на правосудството, владеењето на правото, човековите права и изградбата на добрососедски односи. „Ги слушав вчера изјавите, да се ...

Енергетската сигурност, забрзаната зелена транзиција и регионалното поврзување беа во фокусот на обраќањето на заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ на XXIII Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција и европски прашања (КОСАП), што се одржа во Струга. Обраќајќи се пред претставници на институции и парламентарни тела од земјите од Југоисточна Европа, Лабудовиќ истакна дека ...

Годинашното полагање на државната матура, државната стручна матура и државната уметничка матура започна без проблеми и се одвива во најдобар ред, оцени министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната посета на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се реализира полагањето на матурските испити. Јаневска информираше дека годинава матура полагаат вкупно 14.500 ученици, од кои над 12.000 ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување на прогресивните сили од регионот во заедничка борба против национализмот, популизмот, организираниот криминал и антиевропските политики. Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните ...

Достоинствена и емотивна вечер сведочеше синоќа публиката во гледалиштето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и целата македонска нација преку директниот пренос на МТВ1, на свеченото отворање на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Вечерта беше во знакот на паметењето и колку е тоа важно за секоја култура. Во таа чест беше и проекцијата на документарецот посветен на 60 години фестивал, во кој театарски ...

Отворен е повикот за пријавување научни и стручни трудови за XVII-то стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026. По успешното минатогодишно издание, годинава се очекува уште посилно учество на претставници од академската заедница, рударската индустрија, институциите, регулаторната јавност и креаторите на политики од земјава како и еминентни ...

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели кои инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на 60-тото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Претседателката Силјаноска Давкова која е покровител на Фестивалот рече дека ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска е биде домаќин на меѓународна конференција на која ќе биде промовирана „Скопската иницијатива“, заедничка активност за поврзување на прогресивните и социјалдемократските партии од регионот и Европа. „Скопската иницијатива“ ја покрена претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, со што прогресивните сили од регионот и Европа заеднички застануваат во борбата против авторитарните режими, ...

Седуммесечно бебе загина, а неговите родители се повредени откако израелската армија синоќа отворила оган врз нивното возило на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израелските војници отвориле оган јужно од градот Хеброн, тврдејќи дека возилото со зголемена брзина се движело кон нив. Семејството патувало од Витлеем до Хеброн. Израелската армија соопшти дека започнала истрага за инцидентот. ...

Обвинителството во САД вчера поднесе обвинение за убиство против уапсениот во врска со фаталното прободување со нож на холивудскиот актер ветеран Џејмс Хенди, познато лице во десетици филмови и телевизиски серии веќе половина век, чија партнерка е мајка на осомничениот. Доколку биде прогласен за виновен, на Мајкл Гледхил (44), кој беше уапсен како осомничен во средата, му се заканува затворска казна до 26 години, соопшти окружното ...

Големото финале на НБА во 2026 година е во полн ек, а Њујорк Никс поведоа со 2:0 против Сан Антонио Спарс во борбата за трофејот на Лари О’Брајан. Со победа од 105:95 во првиот натпревар, Никс веднаш ја одзедоа предноста на домашниот терен, а потоа во драматичниот крај на вториот натпревар славеа со 105:104. Тимот од Њујорк, кој ги победи Кливленд Кавалирс во финалето на Источната конференција, се бори за својата прва титула од 1973 година, а ...

Американскиот Стејт департмент одобрија продажба на поморски хеликоптери „Сихок“ на Нов Зеланд во вредност од 1,5 милијарди долари. – Предложената продажба ќе ја зголеми способноста на Нов Зеланд да одговори на сегашните и идните закани и да обезбеди поголема заштита на критичната инфраструктура, се наведува во соопштението на Стејт департментот. Нов Зеланд, сојузник на Австралија сè почесто учествува во воените активности во Источна Азија. ...

ЈП Лајка денеска и утре организира дводневен едукативно-забавен настан Лајка-Фест во Градски парк – Скопје, посветен на вдомување, одговорно сопствеништво, едукација и заедништво помеѓу граѓаните и животните. Како што информираат од ЈП Лајка, во рамки на фестивалот присутните ќе имаат можност да уживаат во зона за вдомување и привремено згрижување, едукативна зона за одговорно сопствеништво, зона за обука и дресура, детска зона со ...

Во организација Детски културен центар – Карпош во Македонски народен театар од денеска до 9 јуни ќе се одржи Фестивалот за класичен балет и модерен танц. Ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што истакнува директорката Билјана Лалчевска Серафимовска, фестивалот претставува простор каде се ...

Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна ...

Велосипедска тура околу Охридското Езеро ќе се одржи денеска по повод Денот на Европа, а воедно ќе се промовира одржлива мобилност, еколошка свест, здрав начин на живот и граѓанско учество, соопшпти Делегацијата на ЕУ во земјава. Оваа прекугранична велосипедска тура е заедничка активност на делегациите на Европската Унија во Северна Македонија и во Албанија и се спроведува во партнерство со Европска куќа во Струга и Европска куќа во Тирана. ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Бакар

13.01