Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Три лица биле пронајдени починати на различни локации во Скопје во текот на вчерашниот ден, информира Министерството за внатрешни работи. Првиот случај бил пријавен во утринските часови во скопското село Кучково, каде под патничко возило „Опел“ бил пронајден починат 67-годишниот Ц.Р. од Волково. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Подоцна во текот на денот, во ...
Кристијан Ериксен се струполи за време на пријателскиот натпревар помеѓу Данска и Украина во Одензе. Во 66-тата минута од натпреварот, Ериксен се струполи пред шеснаесетникот на Украина. Сите играчи истрчаа на помош, а медицинската служба веднаш му притрча на помош на данскиот капитен. Сцената потсетуваше на ужасните сцени на Евро 2020 кога Ериксен се струполи за време на натпреварот од Европското првенство помеѓу Данска и Финска во ...
Александар Зверев во четвртиот обид успеа да стигне до првата Гренд слем титула во кариерата. Зверев го освои Ролан Гарсо со победата 3:2 (6:1, 4:6, 6:4, 7:6, 6:10 над Фабио Коболи. Германецот, во претходните три финалиња беше поразен од Доминик Тим во 2020 година на Ју-ес опен, од Карлос Алкараз на Ролан Гарос во 2024 година и од Јаник Синер минатата година на Австралија опен. Зверев имаше незгоден противник кој му создаваше многу проблеми, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп го прекина интервјуто за емисијата „Мит д прес“ на водителката Кристен Велкер. Трамп го напушти студиото на Ен-би-си по жестоката размена на мислења со Велкер за наводно наместени избори во 2020 година и наводни неправилности при броењето на гласовите во Калифорнија. Трамп тврдеше дека изборите во 2020 година биле наместени, а Велкер истакна дека за тоа нема докази. – Изборите беа наместени. Тоа беа валкани ...
Жалбата на 30-дневниот притвор за поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев во петокот е доставена до обвинителството и јавниот обвинител кое сè уште нема дадено мислење, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје. -По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучивање – посочуваат од Кривичен. Богоев во средата попладне беше спроведен во Основниот кривичен ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија повторно ја гаѓала нуклеарната централа Чернобил, при што во еден дел избил пожар, што набрзо е изгаснат. Зеленски на платформата Икс објави дека еден дрон ја погодил зградата на централното складиште за искористено гориво. – Екстремно критична инфраструктура и екстремно зол руски напад, наведе Зеленски, додавајќи оти по нападот нивото на радијација на ги надминува ...
Жителите на Капиштец повторно реагираат на прекумерната бучава од гласна музика и непочитување на работното време на угостителски објекти, тврдејќи дека секојдневниот живот во дел од населбата станал неподнослив. Последните реакции доаѓаат од граѓани што живеат во близина на познатиот локал „Интермецо“, кои велат дека се чувствуваат како „заложници во сопствените домови“. Според нивните сведоштва, проблемот не е изолиран инцидент, туку ...
Германец кој летал во костим со крилја загина во несреќа во Швајцарските Алпи, паѓајќи кратко по полетувањето, изјави портпаролот на полицијата за ДПА. 47-годишниот маж од Бранденбург скокнал со друг Германец околу 17 часот по локално време во петокот во близина на швајцарското планинско село Ветис на надморска височина од околу 2.080 метри. Тој бил првиот што полетал, соопшти полицијата во кантонот Сент Гален, додавајќи дека телото го ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на ...
Куба почна да дели оружје на своите граѓани бидејќи властите стравуваат од американска воена инвазија. Тамошната влада го повикува населението итно да се подготви за можен напад од страна на Соединетите Американски Држави, пишува венецуелскиот весник Version Final. „Поради распоредувањето на американските воени сили во близина на островот, владата во Хавана почна да дели оружје на граѓаните, официјално повикувајќи ги да се подготват за ...
На 06.06.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.С. (58) од село во тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“. -Полицијата постапила по пријава од неговата поранешна 53-годишна невенчана сопруга дека вчера во неколку наврати Ј.С. ја следел, вознемирувал и упатувал закани по нејзината безбедност, барајќи од неа да почнат повторно да живеат заедно, информираат од СВР Тетово. Ј.С. е ...
На 06.06.2026 околу 15:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с. Нераште – с. Радуша, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки удрило во велосипедистот А.М. (29) од Тетово. -По несреќата, возачот со возилото го пренел повредениот велосипедист во приватна амбуланта во село Нераште, по што си заминал. Потоа А.М. со друго возило бил пренесен во Клиничкиот центар ...
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, што денеска се одржа низ улиците на Охрид. Ивановски патеката од 21 километар ја истрча за 1 час 10 минути и 46 секунди. Второпласиран беше Игор Трипуновски, додека третото место го освои Томаш Суњог од Унгарија. Во женска конкуренција најбрза беше Греса Бакрачи од Косово, пред Биљана Кираџиева од Србија и ...
Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ги пречека првите 239 патници од Вроцлав, Полска, кои пристигнаа со новата авиолинија на авиокомпанијата Wizz Air. Со ова официјално започна сообраќањето на новата редовна линија меѓу Охрид и еден од најатрактивните полски градови. По повод првиот лет, ТАВ Македонија организираше свечен пречек за патниците, кои беа послужени со традиционално охридско ѓомлезе од хостеси облечени во македонски ...
Лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, побара Трудовиот инспекторат да постапи во врска со отсуството од работа на актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, тврдејќи дека неговото боледување истекло на 30 мај и дека оттогаш не се појавил на работното место. Јакимовски, во изјава пренесена од Инфомакс, се повика на Законот за работните односи и оцени дека правилата за неоправдано отсуство ...
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците. -Кривична против е поднесена против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста- информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот ...
Македонија се наоѓа пред историска можност за забрзување на европската интеграција, оценувајќи дека актуелната власт нема јасен план за напредок кон Европската Унија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 32. Конгрес на партијата и ја обвини за економски застој, слабеење на институциите и зголемена политичка контрола врз правосудството и медиумите. Тој повика на обединување на прогресивните сили против национализмот, популизмот, ...
Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез, е подготвен да потпише петгодишен договор со Реал Мадрид. Според „Ел Дебет“, 25-годишниот Аргентинец сака да се пресели во мадридскиот клуб, кој е заинтересиран да го гажира, но е попречен од цената што ја бара Челзи од 138 милиони евра. Фудбалерот од средниот ред има одиграно 54 натпревари во сите натпреварувања во сезоната 2025/26, постигнувајќи 15 гола и седум асистенции. Договорот на ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со генералниот директор на „ТАВ Македонија“ денеска извршија увид во градежните работи за реконструкцијата на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Со проектот е предвидено да бидат обезбедени дополнителни 4.500 метри квадратни функционален простор, за поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа на персоналот, ...
Бразилскиот одбранбен фудбалер Весли се повреди на пријателскиот натпревар против Египет (2:1). Натпреварот се одигра ноќеска во Кливленд. Дваесет и двегодишниот фудбалер го напушти теренот поради повреда во 17. минута. Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, истакна дека националниот тим би можел да го замени Весли доколку повредата го спречи да игра на Светското првенство. -Штета е што го загубивме Весли. Сега мора да почекаме на резултатите ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес објавува официјални документи од Агенцијата за катастар кои отвораат сериозни сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, еден од најблиските соработници на Изет Меџити, се наведува во соопштениет. Според официјалните податоци од Катастарот: • Во Имотен лист бр. 730 за Катастарска општина ...
Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци за јавните институции претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брза проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, електронски ...
Прашањето за ценовната политика на културните настани во земјава и достапноста на врвната уметност за пошироката јавност се најде во фокусот на дебатите, откако информациите за билети кои достигнуваат сума од триста евра за одредени концерти во националната Филхармонија предизвикаа бројни реакции. На ваквите бранувања во јавноста со конкретно појаснување излезе министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој ја образложи процедурата за ...
Од 1 јануари следната година, во Хрватска ќе мора да се воспостави систем за враќањена амбалажата од производи во тетрапак или шишиња помали од два децилитри, што би можело да доведе до зголемување на цената. Системот за такса за враќање, кој моментално предвидува 10 центи за секое собрано пластично или стаклено шише и лименка, ќе биде значително проширен од 1 јануари следната година. Покрај веќе споменатото пакување, овој систем ќе ги ...
Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во финалето на Ролан Гарос во 2026 година, израмнувајќи го достигнувањето на поранешниот шпански број 1, Давид Ферер. Во полуфиналето, третиот светски број го победи Чехот Јакуб Меншик со 7:5, 6:2, 3:6 и 6:3. Натпреварот траеше 2 часа и 59 минути. Оваа победа беше 44-та на Зверев во сингл на Отвореното првенство на Франција. Овој резултат го изедначува Германецот со Давид Ферер. Тие сега го ...
Норвешката престолонаследничка принцеза Мете-Марит е ставена на листа за трансплантација на бели дробови, соопшти Кралскиот двор на Норвешка. Одлуката е донесена по детални медицински прегледи, поради сериозно влошување на нејзината хронична белодробна болест. Мете-Марит, која има 52 години, во 2018 година беше дијагностицирана со белодробна фиброза, прогресивна и тешка болест што предизвикува оштетување и лузни на белодробното ткиво, со што ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје ќе го одржи 32. Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата. Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на СДСМ, ...
Македонската Дејвис куп репрезентација од среда до сабота ја очекуваат мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот. Според новиот формат на натпреварување по поразот од Кипар на почетокот од годината нашите тенисери имаат нова шанса за пласман во Втората Светска група, а на натпреварувањето во Кишињев, Молдавија ќе настапат осум репрезентации кои ќе бидат поделени во две групи по четири. – Со исклучок на Република Ирска, другите ривали ...
Мнозинство британски граѓани не сакаат да ги поништат правилата за Брегзит, покажува новото истражување спроведено од организацијата „Britain Unbound“ во соработка со YouGov. Според тоа истражување, околу 60 отсто од испитаниците изјавиле дека не би биле подготвени да се откажат од дел од законодавниот суверенитет заради поблиска економска соработка со ЕУ. Околу 27 отсто од анкетираните изјавиле дека би прифатиле таква размена, додека 14 ...
Најмалку 12 лица се повредени во пукање на фестивалот Олд Вест Енд во Толедо, Охајо. Инцидентот се случил синоќа, околу 23 часот по локално време, кога полицијата им помагала на посетителите да се разотидат по завршувањето на настанот. Според полицискиот извештај, десет лица се здобиле со прострелни рани, а уште две се повредени додека бегале од местото на настанот. Возраста на повредените се движи од 16 до 51 година. Двајца од повредените ...