Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Граѓаните на Ерменија денеска гласаат на избори за нов состав на парламентот, а гласањето се смета за важен тест за поддршката на премиерот, Никол Пашињан, и неговата политика на зближување со Западот и нормализација на односите со Азербејџан по конфликтот околу Нагорно-Карабах. Според предизборните анкети, владејачката партија на Пашињан „Граѓански договор“ води со поддршка од до 32 проценти од гласачите, додека проруската опозициска партија ...
Британскиот премиер Кир Стармер ќе одржи денеска средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на Даунинг стрит 10 за да разговараат за континуирана поддршка за Украина, јави ДПА. Средбата доаѓа два дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли во петокот понудата на Зеленски за разговори за да се најде излез од војната во Украина. Путин рече дека ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 23 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и топло со мала до ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска ќе одржи брифинг за медиумите на кој ќе го претстави системот за издавање СМАРТ лиценци, наменет за лиценцирање субјекти кои вршат јавни овластувања – со пилот лиценци за даватели на квалификувани доверливи услуги. Системот, како што информираат од Министерството, содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и проверлива трага. На средбата ќе ...
Медиумскиот сектор во Австрија се соочува со сериозни финансиски проблеми и бран отпуштања, при што повеќе од 1.000 новинари и медиумски работници се невработени од почетокот на годината, а до крајот на 2026 година тој број би можел да се удвои, откако вицеканцеларот и министер за медиуми Андреас Баблер ги блокираше планираните медиумски субвенции, објави австрискиот портал OE24. Во последните месеци, бројни медиумски компании го намалија ...
На дел од делегацијата на иранската репрезентација, вклучувајќи ги и членовите на тренерскиот штаб, им беа одбиени американски визи пред Светското првенство, објави АФП, повикувајќи се на иранската амбасада во Турција. На 3 јуни, иранскиот амбасадор во Турција објави дека играчите на репрезентацијата добиле визи. Американскиот амбасадор во Турција денес објави дека играчите и помошниот персонал добиле визи. Сепак, иранската амбасада изјави: ...
Израелската армија вечерва соопшти дека нападнала околу 150 позиции на либанското исламистичко движење Хезболах во јужен Либан во изминатите 48 часа. Целите вклучувале „складишта за оружје, штабови, ракетни лансери или проектили“, се вели во соопштението на израелската армија. Либанскиот претседател Жозеф Аун ги осуди „непрестајните израелски напади кои остануваат неказнети“ и покрај наводно воспоставениот прекин на огнот. Во израелските ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска се обрати на свечената церемонија на која беше промовирана 22. генерација апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа, што се одржа во кампусот во Тетово. -Дојдовте во последната фаза на студирањето и полека влегувате во гласен и сложен свет, воден од интензивен научен развој. Но, влегувате подготвени. Уште во текот на студирањето можевте да користите дигитални технологии што ...
По 45. пат денеска во Кочани се одржа Марш на ангелите во кој родителите на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ уште еднаш побараа правда и вистина за своите најблиски. „Кога пред родители што ги изгубиле децата се зборува која поголема жртва, тоа не е одбрана, тоа е газење врз нашата болка. Не бараме пресуда однапред, бараме одговори, бараме сериозност и барем малку достоинство. И едноставно прашање. Дали секој што имал ...
Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација, соопшти Општина Чаир. Со оваа инвестиција ќе се обезбеди поквалитетно водоснабдување, пофункционален канализациски систем и подобри услови за живот на жителите од ова населено место. -Инвестираме во основната инфраструктура која директно влијае врз квалитетот на животот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја искористи својата социјална мрежа Truth Social за да објави сосема лудо видео, генерирано од вештачка интелигенција, кое го прикажува во различни ситуации низ целиот свет, додека во позадина ечи песна, чиј текст уверува дека „сите го сакаат“. Видеото со вештачка интелигенција се состои од монтажа на кадри во кои Трамп, меѓу другото, скока со падобран и јава лав, додека глас во позадина ...
Утре во Скопје ќе се одржи програмски Конгрес на СДСМ, најавија од партијата. „32 Конгрес е за новата идеолошка платформа и програмска рамка на СДСМ кои во финална фаза треба да бидат усвоени“, велат од СДСМ. Конгресот ќе има отворен и работен дел. На почетокот ќе има отворен дел од конгресоткаде што ќе има обраќање претседателот на СДСМ, Венко Филипче кое што ќе може да се проследи целосно, како и обраќањето и на гостите на конгресот. ...
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, победи на денешните квалификации за шестата етапа од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Монако. Антонели извози најбрз круг со време од 1:12.051 минута. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор (+0.043 секунди), додека возачот на Ферари, Луис Хамилтон, заврши трет (+0.228 секунди). Четвртото место му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер (+0.300). Возачот на Ред Бул, Исак ...
Просечно лице јаде околу шест пати повеќе пилешко месо и двојно повеќе свинско месо од генерацијата на неговите баби и дедовци, покажува извештај на ОН, а глобалната понуда на месо се зголемила четири пати во последните 60 години и се очекува да продолжи да расте. Понудата на живина се зголемила од помалку од 3 кг по лице во 1961 година на 17 кг во 2022 година, според Организацијата за храна и земјоделство (ФАО). Понудата на свинско месо се ...
Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од село Шишево, скопско, по пријава дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда. Како што информираат од МВР, денеска околу 16:10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и испукал кон него. Притоа, пријавителот се здобил со повреда во пределот на увото. ...
Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), што се одржува во Гандија, Шпанија, едногласно ја усвои Резолуцијата, предложена од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), за заштита на македонското малцинство во Албанија и на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ. Со Резолуцијата се повикува на доследен и принципиелен пристап како од страна на албанските власти, така и од институциите на ЕУ, за да ...
Програмата на годинашните 63. Рацинови средби продолжува утре (7 јуни) со акција за крводарување насловена „Ти подарувам бесмртност“ што ја организира Општинскиот Црвен крст Велес во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Општина Велес од 9 до 15 часот во Ликовниот салон. Програмата почна на 31 мај со атлетската трка „Трчаме за Рацин“, а Рациновите средби ќе бидат заокружени со свеченото отворање на 15 јуни кога ќе биде ...
Европа се соочува со „инвазија“ на опасни идеологии што ги носи имиграцијата – изјави денеска во Франција министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, по повод годишнината од „Денот Д“, истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија во 1944 година, што го забрза поразот на нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна во Европа. Тој ги повтори критиките на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Европа е ...
Со учество на велосипедисти од дипломатскиот кор и локални велосипедски клубови денеска околу Охридското Езеро се возеше Велосипедската тура организирана во рамки на завршницата на Месецот на Европа и одбележувањето на Денот на Европската Унија во Северна Македонија. Велосипедската тура започна во Струга, а потоа трасата продолжи преку Поградец во Албанија, па преку Охрид и повторно заврши во Струга, минувајќи околу Охридското Езеро. ...
Триесет и пет годишен нуркач загина во уште еден смртоносен напад на ајкула во западна Австралија. Човекот, чиј идентитет не се соопштува, денеска со своето семејство беше на подводен риболов во близина на островот Мајклмас, југоисточно од Перт, кога го нападна ајкула за која се верува дека е долга 4,5 метри, пишува Би-би-си. Нападот се случил околу 11:25 часот по локално време. Иако несреќниот човек брзо бил пренесен со чамец до брегот, каде ...
„Гугл“ се договори со „Спејс икс“ (SpaceX) да земе под наем компјутерски капацитет од ракетната компанија за да ги напојува своите капацитети за вештачка интелигенција. Во поднесеното барање, „Спејс икс“ изјави дека „Гугл“ ќе плаќа 920 милиони долари месечно за изнајмување на 110.000 графички процесори, процесори и меморија на „Нвидиа“ , како и поврзани компоненти, од октомври 2026 до јуни 2029 година, а компјутерскиот капацитет ќе почне да ...
Папат Лав, во моќниот говор со кој започна еднонеделната посета на Шпанија во саботата, ги повика светските лидери да избегнуваат делење на гласачите со „стерилни поедноставувања“ за да добијат популарност и ги повика да ги слушаат светските повици за мир. Лав, кој неодамна го налути американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи ги неговите антиимиграциски политики и војната во Иран, ќе се сретне со бездомници во Мадрид и на Канарските ...
Руската тенисерка Мира Андреева го освои Отвореното првенство на Франција 2026. Во финалето на „Ролан Гарос“, осмата светска тенисерка попладнево ја победи Маја Хвалинска од Полска во два сета, со 6:3 и 6:2. Мечот траеше 1 час и 23 минути. Русинката сервираше еден ас, направи две двојни грешки и реализираше четири од седум брејк топки. Нејзината противничка немаше ас, имаше две двојни грешки и реализираше две од три брејк топки. ...
Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првото издание на детскиот фестивал „Киселко“, во организација на Општина Кисела Вода. Настанот донесе вистинска музичка магија за најмладите, а пред публиката премиерно беа изведени 12 нови авторски детски песни. Покрај соло изведувачите, на сцената настапи и хорчето на „Киселко“, кое заедно со членовите на балетското студио „Данса Латина“ создаде богата ...
Американските акции паднаа во петокот поради насилна распродажба на акциите за чипови. Технолошки ориентираниот Nasdaq Composite изгуби 4%, што е неговиот најголем пад од царинските превирања на почетокот на 2025 година. Катализаторот за пресвртот на пазарот на чипови оваа недела беше нејасен. Извесно разочарување од неуспехот на Broadcom да ги подобри своите перспективи за чипови со вештачка интелигенција во среда навечер предизвика пазарот ...
Општина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. На спортските терени изминатите два дена се одржа традиционалната спортска манифестација „Денови за спорт на младите во Општина Илинден“, на која учествуваа околу 400 ученици од основните училишта во општината, како и учениците од СОСУ „Илинден“, се наведува во соопштението од Општина Илинден, што МИА го пренесува интегрално. Согласно програмата, се одиграа финални општински ...
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер. Ова за руски медиуми го изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател. „Да, се сретнаа, тоа беше добар разговор“, рече тој. На прашањето дали разговарале за можните перспективи за преговори меѓу Русија и Европската Унија, тој одговори дека не знае бидејќи разговорот бил приватен. „Разговорот беше пријателски, одржан во тет-а-тет формат. ...
Од денеска официјално е пуштена во употреба новата бесплатна линија на јавен превоз за жителите на тетовските села Бродец, Вешала и Бозовце, информираа од Општина Тетово. Новата линија ќе сообраќа еднаш дневно, со поаѓање кон Тетово во 7 часот наутро и враќање кон селата во 17:30 часот. -Овој проект е резултат на континуираната посветеност и заложба за подобрување на условите за живот на жителите од шарпланинското подрачје, овозможувајќи ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Скопје, вчера и денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ѓ.Д. (30) од Велес, Ф.П. (28) од Куманово, како и И.М. (23), Б.В. (27), А.Б. (27) и А.Ш. (29), сите од Скопје. При извршените контроли кај нив биле пронајдени и ...
Речиси 500 случаи на инфекција со вирусот ебола досега се потврдени во Централна Африка, додека расте загриженоста за потенцијалните размери на епидемијата на хеморагична треска, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во дневниот извештај, СЗО евидентираше 452 потврдени случаи, вклучувајќи 82 смртни случаи во Демократска Република Конго, каде што епидемијата беше прогласена пред три недели. Во соседна Уганда се пријавени ...