Доктор Ненад Лазаров објави дека Ивана ги поздравува сите хумани граѓани од болница, каде денеска ѝ се поставуваат сонди до бубрезите како подготовка за патувањето кое е планирано за наредната недела. Во јавноста беше споделено и писмо од нејзината 7-годишна ќерка, која упати емотивен повик за помош. „Од дното на срцето ви благодарам на сите добри луѓе што донираат и ни даваат надеж! Вашата помош значи живот за мојата мама… значи уште еден ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски говорејќи за проектите на Коридор 8 изјави дека во моментов во процедура е изборот на изведувач заедно со ЕБОР на потегот од Букојчани до Кичево и додаде дека Кичево – Охрид е веќе при крај. Тоа е оној заборавен проект од кој сите се имаа откажано и ние како Влада кога бевме избрани решивме да го завршиме. Веќе 37 км се завршени од кои 34 км се во функција, а очекуваме до крај на ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција нареди да се спроведе истражна постапка против две лица осомничени за кривично дело примање награда за противзаконито влијание. Државното Јавно обвинителство информира дека осомничени се судски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, кои од август 2025 до 7 април 2026 година директно примиле награда од 500 евра и 60.000 денари од ...

Од ДУИ реагираат дека градежните активности на гробиштата во Блаце ја вознемириле јавноста, откако, според официјални податоци, парцелата на која се работи е во сопственост на компанијата „Flamingo Casino“. Од партијата посочуваат дека доколку се потврди оти на локацијата се гради објект поврзан со игри на среќа, тоа би претставувало, како што велат, „една од најнеодговорните и најнавредливи одлуки“ кон чувствата на граѓаните. „Гробиштата се ...

Министерството за здравство, согласно заклучок од седница на Владата ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата, соопшти МЗ. Вкупната вредност на инвестицијата е 461.250.000 денари, а во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди. – Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за ...

Кривичниот суд им определи мерка ефективен притвор на шестмина осомничени за фалсификуваниот ботокс и филери кои им биле вбризгувани на пациентки во Македонија, на 4 лица им определи мерка куќен притвор а останатите деветмина добија мерки за претпазливост. Мрежата е под истрага поради сомнежи дека шверцувала ботокси и филери кои во Македонија се сметаат за лекови и медицински средства, без притоа да ги регистрира во Агенцијата за лекови и ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче порача дека секој што сторил злоупотреби мора да сноси одговорност, нагласувајќи дека актуелниот систем не обезбедува правда поради силното политичко влијание врз институциите. „Никола Груевски можеби избега, ама јас велам дека овие сега нема да избегаат. Секој треба да понесе одговорност за сè што правел. Со ваков систем, каков што го контролира премиерот, граѓаните не можат да очекуваат правда и ...

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е „уплашен и нервозен политичар“ кој, како што велат, секојдневно ретерира, поставува ултиматуми и делува под влијание на поранешниот премиер Зоран Заев. „Филипче е исплашен и глуми патриот, а во суштина ја следи агендата на Заев и чека негови насоки и инструкции за делување“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата оценуваат дека СДСМ, предводена од Филипче, е без ...

Бесплатната стручна едукативна тура со стручен водич ќе се одржи денеска во скопската општина Центар. Турата ќе почне напладне, во 12:00 часот, од локацијата „Плочник“ кај Градски ѕид. Темата на прошетката се постземјотресните обележја, а низ значајните локации водич ќе биде историчарката по уметност и кустос Бојана Јанева. Како што вели градоначалникот Горан Герасимовски, граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат за Градскиот ѕид, Главната ...

ЈСП Скопје информира дека на 25 и 26 април жичницата ќе биде привремено надвор од употреба поради проширени технички контроли. -Жичницата на Водно ќе биде привремено надвор од употреба за време на викендот, односно на 25 и 26 април 2026 година, информираат од ЈСП Скопје. Од претпријатието појаснуваат дека прекинот е поради редовни, но проширени технички контроли. Контролите ќе ги изведуваат специјализирани екипи од австриската компанија ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 17 до 25 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степен. Според УХМР, за време на викендот и почетокот на следната ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција. На средбата беа разменети мислења за концептот и подготовките на македонскиот павилјон, како и за уметничкото решение со кое ќе се претставиме пред меѓународната публика, на настанот што со децении ја возбудува светската културна сцена и јавност. ...

Нови противпожарни возила и современа заштитна опрема веќе се во рацете на пожарникарите во Штип, Радовиш, Конче и Неготино. Станува збор за донација од Соединетите Американски Држави, со која значително се зајакнуваат капацитетите на територијалните противпожарни единици. Опремата и возилата ќе овозможат побрза и поефикасна интервенција на терен, како и поголема безбедност за пожарникарите и граѓаните ,,Вашата работа бара вештина, дисциплина ...

На денешниот пазар во Штип имаше огромна гужва и раздвиженост уште од рано сабајле, при што граѓаните ги разгледуваа речиси сите тезги во потрага по најквалитетните производи по најповолни цени. Продавачите информираат дека цените на дел од зеленчукот се намалени, особено кај брокулата, марулата, кромидот и лукот, додека најголема побарувачка има за зелените производи како морков, лукче и марула. Купувачите велат дека се задоволни, ...

Сведочиме на нов сканадал во КБ Штип, мамографскиот апарат е дефектен, изјави денеска Павел Иванов на денешната прес-конференција пред КБ-Штип Иванов вели дека поради овој проблем, мамографските прегледи за жените од источниот регион се прекинати, што предизвикува дополнителен стрес и неизвесност кај пациентките. Според изнесените информации, жените ќе треба да се снимаат во Кочани, а резултатите да ги добиваат во Штип. Иванов тврди дека ова ...

По 100 денари осигурување плаќаат учениците во училиштата, но кога ќе се случи повреда – обештетување нема. Родителите во последниот период реагираат дека за скршеници и други незгоди за учениците, не добиваат ништо, освен ако не станува збор за траен инвалидитет. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, од Штип вели дека ваквата пракса е лоша и дека училиштата треба да внимаваат со какви компании склучуваат договори, а доколку ...

Во тек се подготовките за реализацијата на државната матура низ општините во земјата и активностите се во завршна фаза. Останува да се средат набљудувачите и тестаторите и да пристапат како лани на одржување на државната матура, истакна денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска која одговараше на новинсрки прашање во Штип. Минситерката за образование и наука, Јаневска истакна дека матурантите лани за разлика од претходните ...

Денеска во гимназијата „Салвчо Стојменски“ во Штип беше пречекан штипскиот гимназијалец Даниел Христов кои освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија, натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија денеска од Гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип. -Со особена гордост објавуваме дека нашиот амбасадор Даниел Христов освои бронзен медална овој значаен успех е резултат на огромен труд, ...

Новиот систем за наплата на паркинг во општина Штип за 20 дена регистрираше 12.000 евидентирани прекршоци со неплатено и непрописно паркирање, информираше на денешната прес-конференција директорот на ЈП „Стипион“ –Штип, Панче Стефановски. Тој истакна дека првите денови од воведувањето на новиот систем на наплата достигнувала и бројка од 1.000 возила кои се непрописно паркирани или пак нивните сопственици не си платиле паркинг. Стефановски ...

Почнаа актвинсотите за формирање на интегриран оперативен центар за безбедност во сајбер просторот во рамки на УГД Штип, со главна поддршка на владата на САД. Центарот треба да биде место каде што треба да се обучуваат идните кадри во областа на сајбер безбедноста и во исто време да прерасне во оперативен центар за поддршка на активностите во полето на оваа област. Покрај ректорот Мираковски, меѓу присутните на настанот беа и в.д. ...

Денеска на Правниот факултет во Штип се одржа Парламентарниот караван 2026, тоа е иницијатива на Собранието со цел да се доближи работата на законодавниот дом до граѓаните, особено до младите и студентите, преку директна комуникација и запознавање со неговите надлежности. Во рамки на настанот, гости беа пратеници од актуелниот состав на Собранието, кои ќе дискутираат со студентите и ќе одговараат на нивни прашања. Според деканката Билјана ...

Како резултат на повеќемесечна, темелна предистражна постапка под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше координирана и обемна акција за разбивање на организирана криминална група. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола. Приведени се 14 лица, ...

Вчера од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, спроведена е полициска акција, при што сузбиени се организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“, соопшти МВР. Во рамките на акцијата, врз основа на претходно ...

Денес, во кампот за обука „Пепелиште“ по реализираните активности на националната теренска вежба „БЛЕСОК 26“ и по завршувањето на последниот настан од главната листа на настани и инциденти, успешно е завршен процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), согласно стандардите за оценување на копнени команди и единици од Здружената команда за операции на НАТО, соопшти, Генералштабот на АРМ. „На денешното официјално ...

Министерството за здравство информира дека останува цврсто посветено на принципите на стручност, законитост и правичност во функционирањето на здравствениот систем, велат од оваа институција за акцијата на МВР. Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди, додаваат од таму, ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи. – Безбедноста на пациентите и квалитетот на ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Министерството за здравство оствари официјална средба со делегација од Министерството за здравство на Црна Гора, предводена од министерот за здравје, Војислав Шимун. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на европските интегративни процеси. -Нашата држава има воспоставено традиционално добра и пријателска соработка ...

ДУИ е партија заробена во своето минато. ДУИ повеќе не личи на политичка партија. ДУИ денес е затворен круг на луѓе заробени во страв, уцени и паника, во кој црната кутија Артан Груби ги држи сите во заложништво. Оваа партија формално зборува за единство, но реално ја раководи Артан Груби во име на Али Ахмети, велат од „Вреди“. Груби, како што додаваат, не е само поранешен функционер. „Тој е човекот кој ги знае тајните, договорите, тендерите, ...

Навивачката група „Фантоми Север“ се подготвуваа за силна поддршка на својот Кожуф, кој утре на Градскиот стадион во Гевгелија ќе го пречека фаворитот Шкендија од Арачиново, меч од 26. коло на Втората лига, а кој меч ќе го следите во живо на М Нет телевизија со почеток од 16 часот. Голем хендикеп за Кожуф ќе биде тоа што тренерот Иван Варадиновски и тренерот на голман Трајче Ников не ќе можат да го водат тимот, бидејќи имаат забрана за вршење ...

Германија го одобри намалувањето на данокот на горивото за 17 центи, со што од 1 мај се очекува полн резервоар да биде поевтин за околу 10 евра. Мерката е донесена по наглиот раст на цените поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран. Иако владата очекува олеснување за граѓаните, опозицијата и економистите предупредуваат дека ова може да ја зголеми потрошувачката и да ја влоши ситуацијата со недостиг на гориво. Потрошувачките организации ...

Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација и УНИЦЕФ ја одбележува Европската недела на имунизација и по тој повод во сите здравствени домови и вакциналните пунктови низ државата се реализираат активности за потенцирање на важноста на имунизацијата. Во текот на неделава, во здравствените домови се одржуваат предавања за важноста на имунизацијата и се вакцинираат на терен на пропуштените деца. Акцијата ќе се ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Паладиум

42535.44

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Сребро

2269.46

Родиум

257205.97

Злато

139690.59

Калај

53.60

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Платина

57324.78

Бакар

13.10

Алуминиум

3.46