Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Алтернативните производи од тутун без чад се релативно нови на нашиот пазар, но од поодамна се појавија на пазарите во развиените земји во светот, поради што за нивното влијание се достапни голем број научни студии и истражувања спроведени од еминентни светски експерти. Резултатите од истражувањата покажуваат дека овие производи се помалку штетни од традиционалните цигари, а аеросолите што ги испуштаат дел од нив се со различен состав од ...
„Компанијата ‘Golden Eagle’ – поранешно ‘Фени’, во првата фаза ќе врати на работа 170 работници, по што следува втора фаза со вклучување на дополнителни 500 лица“, напиша Јанчев во објавата на Фејсбук. Градоначалникот подвлече дека во април бил планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ќе биле ставени во функција. „Добрата соработка помеѓу ‘Golden Eagle’, Општина Кавадарци, како и со Владата и премиерот ...
„Осудена сум од Основниот суд во Гостивар, со 700 евра, за изнесување лични податоци, затоа што при ивестувањето за една тема што ја обработував, го спомнав името на судијата Назиф Илјази од Основниот суд во Тетово. Во темата за која известував, станува збор за случај во кој возрасно лице уценувало малолетник , му испраќал порнографски материјали и му се заканувал. Судијата Наиф Илјази му изрече казна од 3 месеци ефективен затвор“, вели ...
Ретко кој веруваше дека Новак Ѓоковиќ на оваа возраст ќе победи некој од Јаник Синер и Карлос Алкараз, сметаа дека борбата за грен-слем титулите за него е завршена покрај овие двајца тенисери кои изгледаат перфектно, но Србинот покажа зошто е најдобар на сите времиња. Првиот сет го доби Синер со 6-3 и се чинеше дека Италијанецот ќе добие уште една битка со Новак, бидејќи претходно го добиваше петпати по ред. Но, Ѓоковиќ успеа да се крене и да ...
Алкараз одлично го почна мечот, првиот сет го доби со 6-4, а во вториот се играше тајбрејк во кој беше подобар со 7-5. Но, следуваа проблеми поради кои еден час едвај се движеше. Шпанецот имаше грчеви во третиот сет кои му го отежнуваа мечот, но не се предаваше. Зверев ја искористи ситуацијата и ги доби третиот и четвртиот сет по голема битка. Во двата сета се играше тајбрејк. Германецот беше подобар со 7-3 и 7-4 израмнувајќи на 2-2 во ...
Коментирајќи ги наводите на руската страна за постоењето на таканаречената „формула од Анкориџ“ во врска со статусот на Донбас, Зеленски потврди дека нема официјални информации за тоа што е договорено меѓу САД и Русија, пишува Украинска правда. „На крајот, сите ќе дознаат сè, само е прашање на време. Но, имаме сигнали дека таму се дискутирале клучни прашања“, објасни Зеленски, додавајќи дека првенствено мислел на прашањето за територијата. ...
Како што истакна министерот Муцунски, оваа одлука претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна потврда за остварениот напредок во областите на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните земји. Министерот нагласи дека посебна заслуга за успешно заокружување на овој долгогодишен процес има ...
Целта на проектот е да се поддржи зачувувањето на глобално загрозените видови на царскиот орел (Aquila heliaca, класифициран како ранлив според Меѓународната унија за зачувување на природата) и египетскиот мршојадец (Neophron percnopterus, класифициран како загрозен според Меѓународната унија за зачувување на природата) преку надградба и обезбедување на ризичните надземни далекуводи во земјите учеснички. Партнерите дополнително ќе ...
„Апсолутно е невозможно да се сретнам со Путин во Москва. И јас можам него да го поканам во Киев – нека дојде. Еве, јавно го повикувам, ако се осмели, да дојде во Киев“, изјави Володимир Зеленски, за време на брифинг со новинари, алудирајќи дека Путин се обидува да избегне директни разговори лице в лице. Украина претходно соопшти дека е отворена за средба меѓу Путин и Зеленски за да се разговара за две клучни прашања во тековниот мировен ...
Шатев бил длабоко уверен дека македонското националноослободително движење мора да остане национално чисто и самостојно, да биде надвор од влијанијата на комунистичките партии и другите туѓи влијанија, што од друга страна, не ја искулчувал соработката со балканските комунистички партии, особено југословенската и бугарската во функција на создавање на општо ослободително движење на Македонците во трите дела на Македонија, за нивно обединување. ...
Еко-свест бара поништување на дозволите за користење на вода за производство на електрична енергија за малите хидроелектрични централи (МХЕ) Баров Дол и Папрад, на реката Дошница во Општина Кавадарци. „Со оглед дека управниот приговор беше отфрлен, и покрај наводите укажани од страна на Еко-свест за непочитување на позитивните законски прописи од Законот за животна средина и Законот за водите, МЖСПП во диспозитивот не се задржа на овие ...
Финансискиот научник Фридрих Шнајдер од Универзитетот во Линц и Институтот за применети економски истражувања во Тибинген ја проценува големината на сивата економија на 510 милијарди евра. Во 2026 година, таа би требало да порасне за 5,5 проценти и да изнесува 538 милијарди евра, а авторите на студијата меѓу главните причини ги издвојуваат слабиот економски раст и зголемената невработеност. „Тоа ги намалува приходите од пријавено вработување ...
Оваа акредитација претставува највисоко европско признание во областа на третманот на обезноста и се доделува исклучиво на центри кои ги исполнуваат најстрогите медицински, научни и организациски критериуми, во согласност со европските и академските клинички упатства. Процесот на акредитација вклучува темелна евалуација од страна на EASO COM Working Group, која ја потврдува клиничката извонредност, мултидисциплинарниот пристап и долгорочната ...
Во српскиот парламент во моментов на иницијатива на претставници на владејачката Српска напредна партија, се разгледуваат законите во областа на правосудството. „Тврдењата за ‘надворешно влијание’ врз судството во Србија не се поткрепени со јасни докази, додека ризиците од зајакнување на внатрешната политичка контрола се многу реални. Слични проблеми постојат и во Северна Македонија, и верувам дека тие всушност се дел од шема што потекнува од ...
Во извлекувањето учествуваа екипите кои се пласираа од 9. до 24. позиција во елитното натпреварување. Ждрепката беше полудиригирана, па сите имаа по два потенцијални ривали согласно пласманот. Извлечени парови за плеј-офот: Монако – ПСЖ Галатасарај – Јувентус Бенфика – Реал Мадрид Борусија Дортмунд – Аталанта Карабах – Њукасл Јунајтед Клуб Бриж – Атлетико Мадрид Бодо/Глимт – Интер Олимпијакос – Баер Леверкузен Средбите од плеј-оф рундата ќе ...
Дел од материјалот исфрлен при судирот би можел да ја напушти Месечевата гравитација и да навлезе во Земјината атмосфера, предизвикувајќи редок и импресивен метеорски спектакл околу Божиќ 2032 година. Сепак, постои и ризик од пад на поголеми фрагменти над одредени делови од планетата. Научната заедница го гледа овој можен настан и како исклучителна истражувачка можност, бидејќи директното следење на ваков судир би обезбедило податоци што не ...
Според министерството, во 2025 година се склучени 289 договори за концесии, при што вкупно се наплатени 1.223.455.203,00 за разлика од 2024 година кога биле склучени 342 договори, а наплатени 561.544.717,00 денери. Ова, велат од Министерството, преставува зголемување на наплатата од 218 проценти. Како што велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, овие клучни резултати се директна последица на посветените ...
Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски сподели дека од среда Бобан Николов ќе му се стави на располагање на Вардар. Тој доаѓа во црвено-црниот табор како слободен играч откако го раскина договорот со романскиот тим Фарул Костанца. За Вардар потпишува и аргентинското крило, Хоакин Торес кој минатата година играше во бразилската Серија Б, во тимот на Амазонас. А има настапи и во МЛС во тимовите на Филаделфија и Монтереал. Тој ...
„Нашиот пристап е јасен и двонасочен – силна поддршка на приватниот сектор како двигател на економскиот раст и строга дисциплина во управувањето со јавните финансии. Приоритет ни е навремено сервисирање на обврските, стабилни јавни финансии и економија што создава додадена вредност. Улогата на државата е во позадина – колку е подобро организирана и колку повеќе го поддржува приватниот сектор, толку резултатите се подобри“, нагласи ...
„Општините беа оценувани врз основа на прашалник составен од 91 прашање кој опфати повеќе области од работата на локалните самоуправи. Како примерок беше земена најголемата општина по број на жители во секој од планските региони и тоа општините: Аеродром, Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип. Овој индекс е збир од позитивни бодови добиени од индикатори кои вклучуваат анализа на веб-страници, документи, одговори на барања за ...
Од ЈОУ Зоолошка градина посочија дека нилскиот коњ Берта во своето современо живеалиште во Битола на увид на јавноста беше десет години, а претходно бил згрижен во зоолошките градини во Скопје и Белград. „Нилскиот коњ Берта има свои потомци во зоолошките градини во Виена, Белград и Скопје. И покрај длабоката старост, Берта беше со солидно здравје, а во последниот период добиваше континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, но природниот ...
Со оваа одлука Град Скопје прави суштински исчекор кон трајно и системско решавање на проблемот со одржувањето на јавната чистота, подобрување на хигиенските услови и обезбедување достоинствено, организирано и ефикасно собирање на отпадот во сите скопски населби. Проектот се реализира преку координирана соработка со Министерството за транспорт и Светската банка, а дополнително ќе биде поддржан и со сопствени средства на Град Скопје, што јасно ...
Сепак, дали има смисла да се внимава кога се пие? Експертите велат дека редовноста е најважна, иако пиењето во одредени периоди од денот може да донесе дополнителни придобивки за некои луѓе. Кога е најдобро да се пие чај од хибискус? Пиењето чај од хибискус наутро, идеално меѓу 6 и 10 часот, може да биде добар избор ако го пиете поради висок крвен притисок, вели нутриционистот Лиза Ендрус. Крвниот притисок наутро често природно се зголемува, ...
Ален Рустемовски е прогласен за спортист на годината по сребрениот медал на Европското првенство до 23 години во Ереван. Во женска конкуренција признанието го доби Катерина Попева, светска шампионка во фитнес и бодибилдинг. За најперспективни млади спортисти се избрани боксерот Адријан Рустемовски, освојувач на европска бронза, и Даниела Алексовска, која има злато од Европско и бронза од Светско првенство во ММА. Женската ракометна ...
Ова оперско дело претставува едно од најзначајните остварувања на италијанскиот композитор Маскањи и останува еден од најизведуваните наслови на светските, како и на домашната оперска сцена. Станува збор за интензивна приказна за љубовта, љубомората и одмаздата. „Под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари – Италија, со сценографија на Зоран Николовски и костими на Елена Дончева, овој спектакл ќе се одржи во ...
Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во Шенген зоната, за што шефот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека ја информираше синоќа претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. Тие телефонски разговараа за прекинот на непречениот проток на стоки и ...
Оваа технологија ги намалува нивоата на контаминација за 50 до 60 проценти за три до четири месеци, а до 90 проценти при употреба на дождовни црви, пренесува ТАСС. Методот се базира на воведување на сорбенти, биолошки препарати и дождовни црви во почвата и може да се користи на температура на почвата од најмалку пет степени Целзиусови и влажност на воздухот од најмалку 60 проценти. Како сорбент се користи низински тресет, кој има висок ...
Од Националчниот џез-оркестар информираат дека станува збор за редок и внимателно обликуван музички спој, што отвора нова звучна димензија во современата македонска орекстарска практика. Под диригентство на маестро Џијан Емин на концертот ќе бидат изведени негови авторски композиции, како и композиции во авторство на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески, со солистичко учество ...
На прес-конференцијата ќе зборуваат и директорот на Земјоделскиот институт – Скопје, Душко Неделковски, амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер, како и заменик-шефот на мисијата во Амбасадата на Швајцарија, Михал Харари. Претставени ќе бидат целите, програмата и значењето на Саемот за туризам, со посебен акцент на развојот на руралниот туризам, поддршката на руралните домаќинства и домашните производители на органски производи, како и на ...
На останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини ...