Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Директорот на струшки водовод Јованчо Мечкароски информира дека на терен излегле инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство и од комуналното претпријатие и оти изворите не се во опасност бидејќи животното веднаш било отстрането. „На терен веднаш излегоа инспектори и по извршениот увид подигнато е угинатото животно. Сопственикот е пронајден по чипот, кој го имал коњот и институциите ќе постапат според законите“, изјави Мечкароски. Тој ...
Како што пишува порталот, барањето за изземање доаѓа откако таткото на петгодишното дете, поднел жалба на новата пресуда на Основниот суд во Охрид, со која во повторената постапка детето е доверено на мајката Невена Спасеска. Со жалбата, предметот повторно треба да се разгледува во Апелацискиот суд Битола, каде како претседател на судот постапува Жаклина Доведен, чија претходна одлука во истиот предмет минатата година беше укината од ...
Настанот е во организација на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија. „Периодов Министерството е посветено на зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи и само за два месеца направивме силен исчекор со вработување над 1.250 лица во јавноздравствениот сектор, а голем дел од нив се токму медицински сестри. Со ова, праќаме порака дека државата ја вреднува вашата работа, вашиот труд и вашата ...
Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите. Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни 2025 година ги осуди Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев на доживотен затвор за кривичните дела грабнување и свирепо убиство на двете жртви, а ...
Сан Диего поведе уште во 18. минута. Мусовски во игра влезе по 15 минути игра во вториот дел и само за половина час покажа зошто треба да биде стартер. Македонецот постигна гол во 80. минута за 1-1, што беше и конечен резултат на мечот. THE MOOSE IS LOOSE 🫎 pic.twitter.com/n5FbHeojDZ — Seattle Sounders FC (@SoundersFC) May 10, 2026 Тој беше прогласен и за играч на натпреварот. Came up clutch 🫎 Danny Musovski is your @Toyota Man of the ...
Според Ројтерс, неколку дена откако САД ја дадоа понудата со надеж за повторно отворање на преговорите, Иран во неделата објави одговор насочен кон прекин на војната на сите фронтови, особено во Либан, каде што американскиот сојузник Израел се бори против милитантите на Хезболах, поддржани од Иран. Техеран исто така вклучи барање за воена отштета и го нагласи суверенитетот на Иран над Ормускиот теснец, објави иранската државна телевизија. ...
Националниот парк Маврово активно работи на афирмација и промоција на спортскиот риболов, развој на риболовниот туризам и создавање услови за организирање на значајни меѓународни спортски настани. Од вчера е забранет ловот на крап на Мавровското Езеро. Забраната важи до завршување на Светското првенство. „Апелираме до сите љубители на спортскиот риболов да ги почитуваат правилата и прописите за риболов и со своето одговорно однесување да ...
Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту спречиле активирање на пиротехниката. Обвинението во судската постапка го застапува обвинителката Спасенка Андонова, од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Според наводите во предметот, на 16 март ...
Според наводите во обвинителниот предлог, обвинетиот, по претходна вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал оштетената, неговата сопруга удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави. „Со дејствијата на обвинетиот, на оштетената ѝ биле нанесени телесни повреди и предизвикана психичка вознемиреност. Оштетената успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со ...
„Тој уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции. Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада уште истиот ден почна да коленичи пред Радев. Ставовите на Радев се одамна јасни, со оглед на тоа што тој не е нов на политичката сцена. Јасни се и околу јазикот, идентитетот и ...
Бугарски медиуми потсетуваат на Договорот од Преспа, според кој сонцето од Вергина е симбол кој Грција го смета за дел од хеленистичкото културно наследство, а според договорот забранета е употребата на овој симбол на територијата на Македонија. За бугарските медиуми ова е прекршување на Преспанскиот договор од 2018 година, со кој Македонија се обврза да се откаже од претензиите поврзани со античкото хеленистичко наследство. Споменикот е ...
Каталонскиот тим уште во првото полувреме ја заврши работата и го скрши отпорот на најголемиот ривал. Резултатот беше отворен уште во деветтата минута кога Маркус Рашфорд мајсторски погоди од слободен удар и донесе ерупција од воодушевување на трибините. Само девет минути подоцна Барселона стигна и до втор погодок. Дани Олмо испрати одлична асистенција, а Феран Торес рутински ја затресе мрежата за водство од 2-0. Во продолжението Реал ...
Хуманоиден робот по име ЏАНИКМАН се појави на отворањето на мајската седница на Општинскиот совет Џаник во градот Самсун. За време на седницата, роботот ги следеше дискусиите, одговараше на прашања и комуницираше со присутните. Градоначалникот на општината, Ибрахим Сандикчи, изјави дека седницата се одржала во атмосфера на заедништво и изрази задоволство што хуманоидот бил дел од настанот. Тој додаде дека очекува одлуките донесени за време на ...
Во Скопје денеска времето ќе биде променливо облачно, со услови за краткотраен дожд особено претпладне и во попладневните часови. Дневната температура ќе достигне до 24 тепени. Утре времето ќе биде посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Во некои делови се можни поинтензивни врнежи. Максималните температури ќе бидат меѓу 17 до 22 тепени. Во Скопје утре се очекува умерено до значително облачно време со ...
Тој обвини дека власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски намерно ја изолира државата од Европа со цел, како што рече, да ја зачува „криминалната банда на власт“. „Вметнувањето на малцинствата во Уставот со цел да се почитуваат нивните права не е загрозување на македонскиот национален идентитет. Напротив, тоа е зацврстување на нашиот национален идентитет. Кога малцинствата се дефинирани и гарантирани со највисокиот правен акт, тоа не ...
Засега не може да каже за колку време ќе се направат овие поправки на Жичницата и кога таа повторно би била ставена во функција и оти веднаш штом бидат добиени понудата, цената и временскиот рок за колку би се сработило јавноста ќе биде информирана. „Нема ништо повредно во Скопје и во Македонија од човечкиот живот, а состојбата во која се наоѓаме во моментов се однесува на неодговорното однесување на моите претходници. Јас како што наведив за ...
Изложбата „The Fly FLIES with DIAMOND“ не е само естетски чин, туку длабоко метафизичко истражување на човечката состојба. Концептот „Онтологија на трепетот и вечноста“ во рамките на изложбата „The FLY flies with DIAMOND“ претставува филозофска рамка која го истражува самиот карактер на битисувањето преку два спротивставени пола. Овој концепт се заснова на тензијата помеѓу привременото (мушичката) и бесконечното (дијамантот). Тоа е метафора ...
Министерството за култура и туризам ја организира и поддржува оваа престижна манифестација, која претставува исклучителна можност за промоција на богатото културно наследство и современото уметничко творештво на Македонија на меѓународната сцена. Меѓународното претставување на македонската култура и уметност, како што нагласуваат од Министерството за култура и туризам, претставува еден од врвните приоритети. Белгија, како земја со докажана и ...
„Радува фактот што расте бројот на производители на оваа наша сорта на грозје и вино, што беше малку подзаборавена и дискриминирана во минатото. Истовремено, расте и квалитетот на вината „станушина“ – рече Клариќ за МИА. Семејството Параџик од кавадаречкото село Ваташа со нивната фамилијарна винарија, добија злато за нивната пенлива станушина и дупло злато за виното „станушина розе“. „Трета година по ред се организира овој натпревар и трета ...
Средбата од 35. коло на шпанската Ла Лига донесе големи три бода за тимот на Македонецот во борбата за опстанок во елитата. Токму Димитриевски беше еден од главните адути на Валенсија, бидејќи собра неколку интервенции. Клубот се пофали со партијата на македонскиот голман. Валенсија сподели фотографија и напиша дека Столе е спектакуларен, а исто така објави и една од неговите интервенции. Средбата од 35. коло на шпанската Ла Лига донесе ...
Од Општина Аеродром информираат дека случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи и дека е составен записник. На терен веднаш излегол инспектор за животна средина од општината, а за понеделник е најавено повикување на фирмата, на која ќе ѝ биде врачено решение за казна поради загрозување на животната средина. Според општината, предвидените санкции за ваков прекршок се движат од 9.000 до над 80.000 евра, во зависност од големината ...
„Одговорот на Исламската Република Иран на најновиот американски предлог за прекин на војната денес беше испратен до пакистанскиот посредник“, соопшти агенцијата. „Во оваа фаза, преговорите ќе се фокусираат, како што е планирано, на прекин на војната во регионот“, соопшти агенцијата, без да даде дополнителни детали за содржината на одговорот на Иран. Тензиите во регионот ескалираа откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, ...
Брегалница и Шкендија Арачиново одиграа меч со два гола и многу тензија, имаше прекин од повеќе од 10 минути во текот на вториот дел. Шкендија имаше водство со гол на Шаркоски во првото полувреме, а Брегалница изедначи од пенал кој крена многу реакции во гостинскиот табор. Поради пеналот имаше голем прекин, кој беше надополнет со големо судиско продолжение. Скопје со 1-0 славеше кај Тетекс. Тие имаат ист број на бодови со Брегалница, но полош ...
Превентивната активност беше организирана од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а со цел подигнување на свеста за одговорно и безбедно учество во сообраќајот. Притоа беше поделен едукативен материјал, летоци со практични совети за безбеден сообраќај. Превентивната активност беше организирана од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ...
Работнички одигра 2-2 на гостувањето кај Брера, но овој бод не ги одржа во игра за опастанок. Во втората лига оди и Македонија Ѓорче Петров која денеска на свој терен загуби убедливо од Тиквеш со 1-4. Работнички денеска почна добро, уште во првата минута Хоџа донесе водство, но Величковски брзо изедначи на 1-1. До крајот на првиот дел Брера направи пресврт со нов гол на Велечиковски. А Работнички дојде до израмнување во финнишот со гол на ...
Се пишува и дека веќе е одлучено, Мурињо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. Флорентино Перез ги прифатил условите на Португалецот, а се ќе биде објавено по крајот на сезоната. Но, изјавата на Мурињо е поинаква од она што се пишува. „Сум немал контакт ниту со претседателот ниту со било кои важни луѓе од Реал Мадрид, и нема да имам се до последниот меч од лигата. Потоа ќе имам недела во која ќе имам слобода да разговарам со кого сакам“, рече ...
Првата акција „Родители и деца“ за оваа година ќе биде со хуманитарен предзнак, односно помош за малата Ника Роглева од Богданци која боледува од церебрална парализа. Настанот в недела ќе започне од патеката Курија, спроти минералните бањи, со почеток од 10 часот, а предвидено е да се пешачи 5 километри по лесна патека, погодна за сите генерации. По прошетката следува дружење со музика, интерактивни игри за деца и родители и планинарско ...
Говорејќи на панел дискусија посветена на образованието и дигиталната трансформација, таа нагласи дека Министерството за образование и наука е посветено на следење на глобалните трендови и интегрирање на вештините на 21. век во наставниот процес, почнувајќи уште од основното и средното образование. „Вештачката интелигенција веќе е реалност во училниците. Министерството во соработка со државни и приватни факултети од областа на информатиката, ...
Ко-претседателот на Вреди и градоначалник на Чаир Изет Меџити во своето обраќање на Конгресот рече дека има моменти во историјата кога политиката престанува да биде натпревар и се претвора во неопходност. Според него, ова се моменти кога времето бара не само промени, туку и единство. Тој истакна дека се собрале заедно различни сили, со различни истории и искуства кои честопати оделе во спротивни насоки. „Сепак, во тој момент, иако разликите ...
„На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија“, посочил Мицкоски. Македонците во Албанија, потенцирал тој, се нераскинлив дел од македонското ...