„Нашата цел е воспоставување на јасен, транспарентен и одржлив систем во интерес на пациентите и примарното здравство воопшто, поради што остануваме на барањето за итно отворање на дијалог за ревидирање на договорот со јасно дефинирање на здравствените услуги во интерес на женското здравје“, велат од Здружението на приватни гинеколози и акушери на Македонија. Тие денека реагираа на актуелните состојби поврзани со формалниот статус на давање ...

„Ваквата одлука испраќа негативна порака во однос на слободата на изразување и медиумските слободи. Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана. Сите релевантни чинители треба активно да придонесат кон обезбедување услови за непречено остварување на слободата на ...

„Заради природната непогода-поплава од пороен дожд предизвикана поради излевање на реки од нивните речни корита на 26 и 27 јануари во населените места, Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети да поднесат барање до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица во период од 02.02.2026 година до 10.02.2026 година. Барањето може да се подигне од ...

„Системот ‘Безбеден град’ е исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и целата држава, ќе спасува човечки животи, ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние кои не сакаат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на сопствена штета и штета на другите учесници со сообраќајот. Камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде често се случуваат сообраќајни прекршоци“, велат од МВР. МВР апелира ...

Од утре почнува сезоната на спортски риболов по Радика и Мавровското езеро, информираат од управата на Националниот парк „Маврово“. Риболовот ќе биде дозволен до крајот на октомври. Од НП „Маврово“ појаснуваат дека спортскиот риболов на Мавровско Езеро е дозволен до 31 мај за време на викенд и државни празници, а понатаму ќе може да се риболови секој ден. Спортскиот риболов на Мавровско Езеро е дозволен за сите видови риби, освен пастрмка, ...

Натпреварот се одигра пред полните трибини на „Јиске Банк Боксен“ Арената во Хернинг, а домашната публика имаше повеќе причина за радост. Првото полувреме понуди поголема борба, а Данците по триесет минути водеа со 14-13. Сепак, отпорот на Исланѓаните почна да попушта во продолжението. Расположениот домаќин изгради предност и на крајот стигна до победата. Матиас Гидсел со седум гола и шест асистенции беше најефикасен во победничкиот табор, ...

Во Петровец, Охрид, Штип, Велес и Крива Паланка утринава се измерени нула степени, а максималната утринска температура била 4 степени и е измерена во Гевгелија. Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и наместа со услови за повремен слаб дожд, а на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Во Скопје, ...

Јокиќ имаше дабл-дабл учинок постигнувајќи 31 поен и 12 скокови иако одигра само половина меч, односно 24 минути. Денвер доминираше во текот на целиот меч, го имаше резултатот под контрола и на крајот дојде до заслужена победа. Најефикасен кај Клиперс беше Џејмс Харден со 25 поени. Резултати: Вашингтон – ЛА Лејкерс 111-142 Бостон – Сакраменто 112-93 Њу Орлеанс – Мемфис 114-106 Њујорк – Портланд 127-97 Орландо – Торонто 130-120 Денвер – ЛА ...

Наследник на Марјан Илиевски на клуипата на репрезентацијата ќе биде искусниот Хозе Мариа Берокал. Шпанскиот стратег има тридецениско искуство во тренерската работа како главен тренер или асистент. Во своето портфолио има и некои големи имиња. Берокал во повеќе наврати беше асистент во сениорскиот тим на Барселона, како и во Панатинаикос, Баерн Минхен, Макаби Тел Авив, Басконија… Со ангажманот на Берокал од МКФ нагласија дека стратешката ...

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени. УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, ...

Роден во 1967 во Скопје, Јанчовски дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1991 година, по што специјализирал во Будимпешта, на катедрата за Средновековни студии на Централноевропскиот универзитет. Магистрирал современа историја на УКИМ во 2010 година. Јанчовски беше еден од најоригиналните, но и меѓу најплодните современи македонски книжевници. Тој во 2024 година одбележа 25 години творештво, во кое ...

Тој посочува дека на отворањето на Младинскиот хаб на Град Скопје, кој е современ, отворен и инклузивен простор создаден по мерка на младите, нивните идеи, потреби и потенцијал, присуствувал и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григоријан. „Ова е стратешка инвестиција во иднината на нашиот град. Хабот е целосно опремен со средства обезбедени од УНДП и претставува силна порака дека младите се во фокусот на развојните ...

Несреќниот случај е регистриран зад станбениот комплекс, кај битолчани позната како „Зградата кај ЈАТ“, чиј простор се користи за паркирање на возила. Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Битола, а обезбедени се и изјави на сопствениците на оштетените возила. Во Битола, во централното градско подрачје има и други стари куќи кои претставуваат потенцијална опасност за сообраќајот и минувачите низ градот. Несреќниот случај е ...

Германската армија (Бундесвер) има на располагање повеќе од 108 милијарди евра оваа година – голем, досега невиден износ. Тоа се финансира од тековниот федерален буџет и од посебни фондови за кои државата се задолжува. Со тие пари Бундесверот, на кој се штедеше со децении, треба повторно да стане борбено способен. Ова треба да се случи што е можно побрзо, бидејќи федералната влада стравува дека Русија би можела да почне напад врз територијата ...

Во изјавата која ја пренесе Си-ен-ен, Волц кажа дека му ги изложил федералните приоритети на Хоман, вклучително и спроведувањето непристрасни истраги за убиствата и намалување на бројот на 3.000 федерални агенти распоредени во градот. Волц кажа дека тој и Хоман се согласиле да „продолжат да работат кон тие цели“. Потегот Хоман да го преземе управувањето со операцијата наместо високиот службеник на Граничната патрола Грегори Бовино, кој ...

Натпреварот го одбележа и редок фер-плеј потег. Во 37. минута, при водство на Германија од 21-16, Иван Мартиновиќ шутираше од девет метри, а топката по блокот заврши зад гол-аут линијата. Германскиот голман Андреас Волф скокна по топката, а судиите сигнализираа дека тој ја допрел пред да излезе од теренот, што ќе значеше топка за Германија. Сепак, Волф призна дека не ја допрел топката, па поседот ѝ беше доделен на Хрватска. Иронијата беше што ...

„За разлика од нас, сите овие фронтранери во регионов, нели имаме фронтранери во европските интеграции или се во мониторинг или се во пост мониторинг. Пред само три-четири месеци, земја членка на ЕУ, како Бугарија, излезе од овој пост мониторинг, сега и ние излегуваме. Тоа е само признание за нивото на демократија во државата. Ќе ве потсетам, дел од вас бевте присутни пред неколку дена, кога ми беше поставено прашање, дали Владата влијае на ...

По победата задоволството не го криеше германскиот селектор Алфред Гисласон. Тој смета дека дури можеле да ги победат Хрватите поубедливо. „Сигурен сум дека можевме да победиме и со поглема разлика. На крајот сум многу горд на одиграното. Целокупната игра во последната линија би ја оценил како фантастична. Многу сум задоволен. Имаме кратко време за подготовка на финалето. Навистина сум среќен што се најдовме таму. Хрватска беше исклучително ...

Хрватска која постојано се жалеше на густиот распоред и лошите врски за патување, немаше сила да забележи уште една голема победа. Германците доминираа во текот на целиот меч, во еден момент имаа предност и од седум голови разлика. Хрватите најмногу што направија е во финишот да дојдат до два негатива, но немаше време за пресврт. На крајот Данска победи со 31-28 и се пласираше во финалето каде што ќе игра со подобриот од мечот меѓу Данска и ...

Од Титан Усје соопштуваат дека бројките недвосмислено покажуваат дека и кога компанијата не работи, амбиенталниот воздух е со истиот квалитет, што е јасна потврда за тоа дека компанијата не е причина за состојбите со квалитетот на воздухот во Скопје. „Загадувањето во Скопје беше високо и во изминатиот период кога Титан Усје воопшто не работеше. Имено, поради редовен ремонт двете печки не работеа – едната, печка број 4, од 20 декември 2025 ...

Тој информираше дека наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“ кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно. Томовски изјави дека оваа локација нуди поширок простор каде што може да се обезбеди монтажен паркинг, што би им овозможило на граѓаните безбедно да ги остават своите возила и да продолжат понатаму. „Доколку сакате да го паркирате возилото и да бидете сигурни дека има паркинг, за ...

Покрај тоа, двете селекции патуваа по четири ипол часа од Малме до Хернинг со автобус. Уште полоша е ситуацијата на Хрватска, бидејќи таа е единствената селекција која што не е сместена во Хернинг. Тие се во Силкеборг и имаат околу 40 километри до салата. За сето тоа сериозни критики испрати селекторот Дагур Сигурдсон кој ЕХФ ја нарече компанија за брза храна. „Само што стигнавме морав да дојдам тука. Смешно е што сме во близина за да бидам ...

Милев на паузата од првенството ја прекина соработката со актуелниот македонски шампион Струмица 47&72 каде ја извршуваше и функцијата претседател на клубот. Македонскиот репрезентативец реши да потпише за клубот од Унгарија во кој и претходно има играно. Милев го носеше дресот на Казинбарчика во периодот од 2017 до 2019 година, во тој период освои две шампионски титули и еден куп пехар. Договорот е постигнат за до крајот на сезоната. ...

Стојанова за добиената награда вели дека за неа претставува исклучително значајно признание и длабока лична радост. „Овој успех не го доживувам само како потврда за мојот труд, туку и како охрабрување да продолжам уште посветено да се надградувам и да го следам патот на знаењето. Ова признание претставува поттик да бидам уште поодговорна кон сопствените цели и уште похрабра во остварувањето на своите соништа“, вели таа. Софија Стојанова е ...

„Меморандумот има за цел зајакнување на билатералната соработка преку споделување информации, спроведување координирани полициски операции, како и преку соработка во областа на градење капацитети и професионален развој. Посебен акцент се става на справување со сложените форми на транснационален криминал, вклучително и тероризмот, нелегалната трговија со дрога, трговијата со луѓе, кибер криминалот, перењето пари, транснационалниот економски ...

Како што информира денеска на средба со новинарите, обвинителката Ивана Алексова-Трајчева, 23 полицајци се обвинети дека како соизвршители сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност. Некои од обвинетите, постапувајќи по планот за акциска контрола во дискотеката Пулс во Кочани, на 16 март 2025 година не презеле соодветни мерки за заштита на присутните во дискотеката, ниту мерки да се спречи палењето на огнометот на сцената, иако ...

Од МВР посочуваат дека целта на комитетот ќе биде: да обезбеди координација помеѓу институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор; да ја следи состојбата со безбедноста на новинарите; да изработи национален акциски план за заштита на новинарите во согласност со европските стандарди; да предложи мерки за превенција, заштита, гонење сторители и подигање на јавната свест; да ја поддржи примената на кампањата „Новинарите се важни“ ...

Судот во пресудата наведува дека: „Вејсели е виновна заради тоа што на 28.10.2024 година спротивно на условите утврдени со закон без согласност од оштетениот судија, користела негови лични податоци на начин што на социјалните мрежи Инстаграм и Тик-ток објавила видеа во кои ги злоупотребила личните податоци на оштетениот судија неговото име и презиме со што му наштетила на неговата чест и углед на неговата професионална дејност која ја ...

Како што информира собраниската прес-служба, со Меморандумот се утврдува рамка за заеднички активности насочени кон унапредување на образовното искуство и поттикнување размена на знаења и добри практики. „Соработката предвидува активности кои ќе овозможат практична вклученост на студентите преку програми за практикантство во рамки на собраниската служба, учество во реални проекти и решенија во координација со Собранието, како и размена на ...

Според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, овој износ на јавниот долг е јасен и силен показател за заложбите за стабилни јавни финансии и фискална консолидација, а воедно значи и почитување на Мастришките критериуми, според кои јавниот долг треба да биде под 60 проценти од БДП. „Морам да бидам искрена и да кажам дека нашите проекции согласно Стратегијата за управување со јавниот долг, иако Министерството за финансии напорно ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
0.45
76%
1026
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
1.66
58%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.48
75%
1028
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.66
75%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
3.6
69%
1026
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
78%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -1ᴼ
0.51
58%
1027
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
72%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Сребро

2711.59

Паладиум

51794.85

Цинк

3.24

Иридиум

231355.22

Платина

68963.35

Алуминиум

3.42

Калај

50.64

Злато

166253.76

Рутениум

47358.05

Бакар

11.73

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66