Поранешниот младински репрезентативец на Македонија ја продолжи фантастичната серија и стигна до шестиот погодок на последните пет натпревари. Формата на Тодороски трае уште од април кога погоди против Напредак, а потоа по двапати ја тресеше мрежата на Спартак Суботица и Раднички. Против Јавор, 27 годишниот офанзивец го отвори резултатот уште во осмата минута, а до крајот на првото полувреме запиша и асистенција во доминантното издание на ...

Тој посочи дека неточни се насловите дека таткото на Вања самоволно ја напуштил судницата, откако претходно изјавил дека се чувствува како заложник и дека нема што да додаде. Според Туфегџиќ, пред почетокот на јавната седница, како бранител побарал од судечкиот совет по излагањето на одбраната да им биде дозволено да ја напуштат судската сала и да не присуствуваат на образложенијата на останатите обвинети. Тој наведе дека јавниот обвинител се ...

Експертите предупредуваат дека некои од нив ја зголемуваат желудочната киселина, предизвикуваат ненадејни промени во шеќерот во крвта или го оптоваруваат дигестивниот систем. Цитрусно овошје Портокалите, лимоните, грејпфрутот и другите агруми се богати со витамин Ц, но поради нивната висока киселост, тие можат да предизвикаат чувство на печење и иритација на желудникот, особено кај луѓе со чувствителен дигестивен систем. Консумирањето ...

Одбраната на Ѓорчевски, пак, остана на ставот дека нема ниту еден доказ што го поврзува со кривичните дела. Адвокатот Владимир Туфегчиќ оцени дека Основниот суд правилно ја утврдил фактичката состојба и ја исклучил можноста за негова вина. На седницата беа спроведени четворицата осудени на доживотен затвор – Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Одбраната на обвинетите бара укинување на првостепената пресуда и ...

„Видео надзор имаме на сите образовни институции, но дополнително за да се превенира и да се полесно идентификува и лоцира проблемот потребно е да бидат лоцирани алармни системи кои ќе сигнализираат и ќе овозможат да се спречи во иднина девијантна појава како што имавме во ООУ ‘Ванчо Прке’“- вели Јорданов. Тој најави дека против ваквите вандалски појави низ градот ќе се постават и 190 безбедносни камери, а ќе бидат поставени пред институции, ...

Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од 10,7%. „ТАВ Македонија продолжува да бележи рекордно двоцифрено зголемување на патничкиот сообраќај. Во првите четири месеци од оваа година опслуживме вкупно 1,2 милиони патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, што е висок пораст од рекордни 32,4% и ќе нè ...

„Проектната апликација на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија е меѓу највисоко оценетите и одобрена од Градот, при што е обезбеден и соодветен простор за негова реализација“, информираа од Баланс МК во најавата за отворање на канцеларијата на Центарот. Целта на проектот е воспоставување континуиран, локално достапен сервис за поддршка, советување, организирање едукативни работилници како и психо-социјална поддршка на ...

Писмото било испратено уште на 6 март 2019 година. Македонците од Грција бараат во дел од црквите во северна Грција богослужбите да се одржуваат на современ македонски јазик. За писмото денеска на својот фејсбук профил потсети Павле Воскопулос – Филипов, еден од лидерите на Македонците во Грција. „Како православни христијани, етнички Македонци во Грција, бараме во нашите цркви да може да се применува и нашиот мајчин современ македонски јазик, ...

Според Бизнис инсајдер, нафтата од типот Брент за испорака во јуни порасна за 6,2 проценти на 125,36 долари, додека јулскиот договор скокна за 3,1 процент на 113,85 долари. Цената на американската сурова нафта порасна за 2,3 проценти на 109,38 долари за барел. Пред почетокот на војната кон крајот на февруари, суровата нафта Брент се тргуваше со околу 70 долари за барел. Војната во Иран, која влезе во деветтата недела, сè уште нема јасен пат ...

Зајковска, како што појасни претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски, е дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија од Скопје. Од петте кандидати кои ги исполнувале условите и учествувале на интервјуата, таа освоила најмногу, односно 90,67 бодови. Пратеникот Љупчо Николовски смета дека за член на ДКСК требало да биде предложена второрангираната, Милка Муратовска, која немала ниту еден еден процент разлика од ...

Филмот го режира Стојан Вујичиќ, еден од водечките македонски автори, чиј опус вклучува играни и документарни филмови, прикажани и наградени на домашни и меѓународни фестивали. Автор е на „Стела“ (2021), првиот македонски долгометражен игран филм за деца. Дена Вујичиќ учествува во продукцијата и како негов креативен соработник. Сценариото го потпишуваат Стојан Вујичиќ во соработка со Александар Русјаков како и Дена Вујичиќ (19), која е ...

Европската Унија мора да изгради сопствена војска за непријателите како Русија да не бидат во искушение да ги искористат сомнежите околу тоа дали САД би ѝ притекнале напомош, изјави денеска шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес. Албарес за бриселскиот портал Политико изјави дека Европската Унија не може „да се буди секое утро прашувајќи се што следно ќе направат САД“. „Нашите граѓани заслужуваат подобро“, истакна ...

Новата малопродажна цена на еуродизел БС (Д-Е V) е 89,5 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 86,5, цената на еуросупер БС-95 не се менува и останува 85 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 4,5 денари се намалува и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 94 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,248 денари и ќе биде 49,968 денари за килограм. Од РКЕ ...

Во овој документ, како што беше речено на денешната јавна расправа, препознаен е потенцијалот на културата како двигател на плуралистичкиот, иновативниот и конкурентниот развој на општеството. Фокусот е ставен на младите, на нивната едукација и интегрираност во создавањето и практикувањето на културните вредности, а невладиниот сектор останува важен фактор во креирањето на политиките. „Предизвиците на новото време – глобализацијата, новите ...

„Мислам дека е фер да се каже дека е шокантно колку длабоко сме навлегле во тие залихи“, изјави сенаторот за американската телевизија Си-би-ес њуз. Кели рече дека американскиот претседател Доналд Трамп ги вовлекол Соединетите Држави во војна со Иран „без стратешка цел, без план, без временска рамка и како резултат на тоа потрошивме многу муниција“. Кели, истакнат член на Комитетот за вооружени сили, цитираше извештаи од Пентагон во кои ...

Серија западни и арапски земји го осудија нападот во последните денови, потврдувајќи ја поддршката за иницијативата на Мароко за автономија и за напорите насочени кон постигнување политичко решение за спорот со Сахара под покровителство на ОН. По Соединетите Американски Држави и Обединетите нации, Франција, Обединетото Кралство, Шпанија, Белгија, Чешка, Бахреин, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати најостро ја осудија ...

На почетокот на рочиштето беше констатирано дека една од судијките поротнички е во роднинска врска со сопругата на еден од обвинетите. Судот го одби барањето за изземање на судијката Лидија Петровска, со образложение дека таа нема интензивна комуникација со обвинетите. Обвинителството потенцираше дека во целост останува кон поднесеното обвинение. Судот достави консолидирана листа на докази до застапниците на обвинението, а одбраната приложи ...

Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност, посочуваат од општината. Нагласуваат дека продолжуваат со засилени инспекциски контроли и оти нема да дозволат уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината. „Апелираме до сите граѓани и ...

Рамо до рамо со конкуренцијата од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, Соединетите Американски Држави (САД) и други земји производители во оваа индустрија, македонската компанија ги презентирала своите најсовремени решенија за одржување на урбаната хигиена. Од „Грин машинс“ велат дека клиентите денес бараат возила со различни типови на погон — електрични, дизел и водородни — а македонскиот производител нуди комплетна палета на решенија. ...

„Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот 10, енергетското поврзување преку далноводи, како и гасното – интензивно се гради гасоводот со Грција. Почнуваме неделава со објавување на тендерот за гасоводот со Србија, веќе се добиени сите мислења за оваа цевка, а во функција е и нафтоводот од пристаништето Солун до Скопје. Кога ова ќе биде завршено, тогаш можеме да кажеме дека сме регионален хаб“, рече ...

24 годишниот лев бек пристигнува од шампионот на Србија, Партизан и потпиша договор за следната натпреварувачка сезона. Зечевиќ по потписот изрази големо задоволство што ќе го носи дресот на охридскиот клуб. „Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот ...

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор. Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против ...

За време на посетата биле презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој. „’Алкалоид’ АД Скопје е присутен на пазарот во Обединетото Кралство од 2007 година, кога британската Агенција за лекови и медицински помагала (MHRA), избрана од компанијата како референтен регулатор, ...

Утрината пред Ел Класико осамна информацијата дека неговиот татко починал, но и покрај тоа, тој реши да остане и да го води тимот вечерта против Реал Мадрид. Во прв момент тој се мислел дали воопшто да каже на некој, но се одлучил да им каже на луѓето во Барса. „Ќе ви кажам нешто. Ова е сериозно. Утринава мајка ми ми се јави и ми кажа дека мојот татко починал. Се мислев дали да му кажам на тимот или не. Тие ми се како семејство, па им кажав. ...

Муцунски посочил дека државава постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци, нагласувајќи дека е 100 проценти усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што истакна, ја потврдува не само посветеноста на реформите, туку и јасната стратешка ориентација кон членство во Унијата. „Нашата порака до земјите членки е повеќеслојна. Потребно е да се оттргнеме од ...

Проектот за 400-киловолтниот далновод помеѓу Македонија и Албанија требаше да ја поврзе земјата во енергетската мрежа на регионот, но до денес, во 2026 година од предвидени 269 темели и столбови изградени се само 24 темели и ниту еден столб. Поради ова во март 2024 година договорот со сараевската фирма „Енергоинвест“ прерасна во правен конфликт на кој сè уште не му се гледа крајот. За четири години (не)работа ниту еден столб неизграден Сѐ ...

Израел добива околу 3,8 милијарди долари американска воена помош годишно, рече тој. САД се согласија да обезбедат вкупно 38 милијарди долари воена помош за Израел од 2018 до 2028 година. Но, времето е „апсолутно“ вистинско за евентуално ресетирање на финансиските односи меѓу САД и Израел, рече Нетанјаху. „Не сакам да чекам до следниот Конгрес“, изјави тој за Си-би-ес. „Сакам да почнам сега“, пренесе Ројтерс. Иако Израел долго време ужива ...

Селекторот Кирил Лазаров ги собра репрезентативците во хотелот „Александар Палас“, каде што националниот тим ќе ги одработи првите тренинзи пред заминувањето за Словачка. На денешниот собир присуствуваше и претседателот на РФМ, Александар Стефанов, кој им даде поддршка на репрезентативците и на стручниот штаб пред важните натпревари. Првиот натпревар меѓу Македонија и Словачка се игра в четврток од 19:00 часот, додека реваншот е закажан за в ...

Во Арвати, на 900 метри надморска височина, меѓу лозовите насади и мирисот на дрво и вино, Александар Димовски ја раскажува приказната за семејната винарница „Алест“, каде што ништо не е случајно. Од изборот на локални сорти грозје, до начинот на кој се служи виното на гостите, сè е дел од една поширока филозофија на одговорност кон природата. Таквата филозофија секојдневно ја живеат сопружниците Петре и Руменка со нивните синови Александар ...

Како што соопшти МВР, лишено од слобода за безобѕирно управување на возило е 21 лицe, од кои пет за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, пет поради претходно изречена забрана за управување на возило. Во истиот период одземени се седум возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 176 прекршоци за ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
91%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.25
77%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.85
69%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.7
91%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 15ᴼ
1.39
70%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
61%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.58
71%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54