Македонскиот туристички сектор побара од Грција привремено да ја одложи примената на новиот систем за влез и излез ЕЕС за македонските граѓани во текот на летото. Барањето доаѓа пред почетокот на туристичката сезона, кога најголем дел од аранжманите се поврзани со грчките плажи. Од Туристичката комора при Сојузот на стопански комори побарале системот да не се применува од 1 јуни до 1 септември 2026 година. Причината е стравот дека ...

Неколку лица се повредени во директен судир меѓу два воза во близина на Хилерод, 40 километри северно од данската престолнина Копенхаген, утрово. – Два локални воза се судрија директно. Има повредени патници. Сите излегоа од возовите, па затоа никој не е заробен – изјави портпаролот на противпожарната служба на поширокото подрачје на Копенхаген. Ројтерс објави дека најмалку 17 лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба. ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го очекува извештајот за нерегуларностите утврдени на Филозофскиот факултет на УКИМ, на кој на студенти со тригодишни стручни студии во измиантите седум години, спротивно на законот, им било овозможено да запишуваат магистерски и докторски студии. По извршениот вонреден надзор иснепкторите донеле решение, по кое Филозофскиот факултет постапи, да им се прекинат студиите односно да им ...

СДС на власт едно, во опозиција друго! Поранешни премиери и вицепремиери, како и поранешните претседатели на СДС, од типот на Заев, Ковачевски и Шеќеринска, додека беа на власт јасно и гласно беа против Техничката влада, а денес кога се во опозиција се против укинување на т.н. Пржинска влада, објави на социјалните мрежи Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Не нѐ чуди политиката на Филипче, која гласи – Се што ќе каже или направи ВМРО-ДПМНЕ, ...

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија информира дека, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ е избран Зоран Ристоски. -Во постапката беа разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури. Изборот беше направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се одвиваше по принцип на анонимност – програмите беа ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на панелот “Engineering the Infrastructure of Energy Security” во рамки на Del-phi Economic Forum, каде заедно со високи владини претставници и лидери од енергетскиот сектор се дискутираше за иднината на енергетската безбедност во регионот. Во своето обраќање, министерката Божиновска нагласи дека земјата влегува во нова фаза на енергетско позиционирање. ...

Портпаролката на Владата Марија Митева информираше за постигнатиот резултат од мерките насочени за заштита на стандардот на граѓаните и стабилизирање на пазарот на енергенси, односно за намалувањето на цената на течниот нафтен гас. – Од полноќ, „Макпетрол“ ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас, односно плин за 5 денари по литар, од 59 на 54 денари. Во трговијата на големо е евидентирано намалување од 10 денари по килограм, што во ...

Нема да дозволиме здравјето на граѓаните во Крива Паланка, да биде загрозено поради бизнис интересите на оваа власт, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче посочи дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на интересот на граѓаните, и тие имаат право да ја знаат вистината за рудникот во Кривопаланечкиот регион дека еден од потписниците на тие договори што ќе го користат рудникот е ...

Укинувањето на техничката Влада е автократки манир и нема да го прифатиме, таа не треба и не може да се укине, бидејќи е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче посочи дека во состојба кога власта има целосна контрола врз судството, кога не се знае како се користат податоците од системот Сејф Сити, не семее да се случи ...

Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Македонија, за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2025, согласно кои може да се забележи дека Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427.8 милиони евра на онлајн трансакции и направиле 12.4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со ...

Денес во Министерството за одбрана ги отворивме билатералните македонско-американски одбранбени консултации со делегацијата од САД, предводена од заменик-помошник секретар во Пентагон Дејвид Бејкер и вршителот на должност амбасадор Никол Варнс, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Го потврдивме долгогодишното пријателство и стратешко партнерство меѓу двете земји, со заедничка посветеност кон зајакнување на безбедноста ...

Ова е момент кога еден град се гледа себеси со нови очи и кога ја гради својата иднина преку културата. Ова е можност да создадеме нова приказна за Скопје — приказна на отвореност, соработка и заедништво. Ова не е проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас“, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето воведно обраќање на конференцијата „Скопје — Европска престолнина на културата 2028“, што денеска се ...

Срам ми е кога ги носам децата на училиште, кога прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор, рече Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, во „Топ тема“ на тв Телма. „Тоа е недозволиво. Верувам дека ситуацијата ќе се подобри. Од она што го имаме како информација од Градот, дека Градот прави напори, заедно со помош на владата, да набави одреден број на возила кои ќе придонесат да се подобрат условите во делот на ...

Културата мора да стане двигател на урбаната трансформација и трајна основа за развојот на градот – порача градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на свечениот настан „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје – Култура, урбани политики и одржливи европски градови“ во рамките на Скопје – Европска престолнина на културата 2028. Во својот говор, тој ја нагласи историската можност што ја носи ...

Државата покажува капацитет да води големи инфраструктурни проекти. Ако некаде пред година и половина зборувавме за проекти кои што беа заборавени, сега зборуваме за сериозна реализација на истите. Во Коридорот 8 инвестираме околу 5 милијарда евра во патишта и железници. Проектите се реализираат со добра динамика, најавувам и нови проекти и целосна доизградба и модернизација на коридорот, изјави вицепремиерот Александар Николоски, на ...

Во издание на издавачката куќа „ТОПЕР“ од печат излезе романот „Златниот ангел“ на познатиот македонски адвокат и колумнист Марин Гавриловски. Ова е негова трета книга и прв роман, во кој Гавриловски на интересен и возбудлив начин не’ води низ приказната за тајната скриена во ѕидовите на една куќа во Охрид и откривањето мистерија скриена од јавноста скоро повеќе од илјада години. Книгата, иако фикција, изобилува со голем број историски ...

Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на граничните премини за македонските државјани, во периодот од 1 јуни до 1 септември, 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјава, кој предупредува дека евентуалната примена на ...

Во рамките на разгледувањето на годишниот извештај на Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти, од страна н Парламентарното собрание на Советот на Европа, македонската пратеничка од редовите на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска му постави прашање дали е запознаен со забраната за адвокатот Тони Менкиноски дека му е забранет влез во Бугарија на десет години, само затоа што е застапник на македонските организации кои ...

Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10 – ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач со што во тек на летото ќе почнат работите на терен, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8 што се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје. ...

-Државата покажува дека може да води големи инфраструктурни проекти. Ако пред година и пол зборевме за заглавени проекти за проекти што беа заборавени и беа само убаво слово на хартија и немаше реализација, сега зборуваме за сериозна реализација на истите и драго ми е што успеавме да ги донесеме институциите на тоа ниво да можат да реализираат сериозни проекти истакна изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ...

Цените на нафтата утрово се зголемија како резултат на последните случувања околу Ормускиот теснец. Цената на нафтата Брент порасна за 1,45% на 103,4 долари за барел, а цената на американската сурова нафта WTI се зголеми за 1,54% на 94,4 долари за барел. Техеран продолжува да ја контролира водната патека, ограничувајќи го речиси целиот меѓународен сообраќај и според последните информации успеал да заплени два брода. Во исто време, САД ја ...

Поранешниот вицепремиер и министер Артан Груби останува во куќен притвор со 24-часовно полициско обезбедување, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството за продолжување на мерката. Судот го прифати барањето на Обвинителството Од Обвинителството за „Фокус“ информирале дека побарале продолжување на истата мерка за обезбедување на осомничениот, а судот ја прифатил нивната иницијатива. Со тоа, Груби и натаму ќе остане во ...

Во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба, информираат од ОЈО Скопје по веста дека е уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Мухамед Мети Сејдини. Од Обвинителството посочуваат дека се уште се преземаат ...

Изградбата на граничниот премин меѓу Бугарија и Македонија „Струмјани – Берово“ може да започне откако во Министерството за животна средина и водни ресурси се потпишани потребните еколошки процедури, пренесува БНР. – Најтешкиот пат со одобрување на извештаите за влијанието врз животната средина е веќе завршен, и тоа во пократок временски период од очекуваниот. Во меѓувреме, се координираат барањата за инфраструктурата на самиот премин во ...

Иранската револуционерна гарда објави снимка од запленувањето на товарниот брод MSC Epaminondas, кој беше пресретнат вчера во Ормускиот теснец. Снимките објавени од Иранската револуционерна гарда покажуваат како нејзините сили се приближуваат кон трговскиот брод и ја преземаат контролата врз бродот. Тоа е еден од двата брода запленети од Иран за време на инцидентите во теснецот вчера. The Islamic Revolutionary Guards Corps (IRGC) has ...

Швајцарската влада соопшти дека поддржува вонсудско решавање на случајот со пожарот во бар во ски-центарот Кран-Монтана, во кој загинаа десетици лица, претежно млади. Формирана тркалезна маса за дијалог Владата во Берн го назначи економистот и поранешен кантонален политичар Лоран Курт за претседател на тркалезна маса. Таа треба да ги обедини жртвите, нивните семејства, осигурителните компании, потенцијално одговорните лица и институциите. ...

Портпаролот на владата на Иран ја потврди „целосната подготвеност“ на машката фудбалска репрезентација за настап на претстојното Светско првенство во САД, пренесе државната телевизија. Безбедноста на фудбалерите во фокус Иранскиот министер за спорт Ахмад Донјамали изјави дека тимот ќе отпатува на турнирот, при што безбедноста на фудбалерите ќе биде гарантирана. Во меѓувреме, претседателот на ФИФА Џани Инфантино порача дека Иран „сигурно ќе ...

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини. Првично се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид. Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Јавното Обвинителство. Неофицијално, со доаѓање на новото раководство на ФФМ, увидени се злоупотреби и истите се пријавени до МВР. Подолго време старото раководство на ФФМ беше производ на скандали кои утрово завршуваат со ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, ќе присуствува и ќе го отвори работниот состанок на тема „Коридор 8 – активности и проекти”, кој се организира во соработка со Делегација на Европската Унија во Скопје. Како што информираат од Министерството за транспорт, работниот состанок е од затворен карактер. Предвидени се изјави за медиумите од замeник претседателот на Владата, Николоски, и заменик-шефот на ...

Спротивставени информации од Вашингтон и Техеран Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека, по негова интервенција, во Иран била запрена егзекуцијата на осум жени кои протестирале против власта. Според неговите тврдења, четири од нив ќе бидат веднаш ослободени, додека останатите ќе добијат кратки затворски казни. „Многу добри вести“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, додавајќи благодарност до иранското ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Злато

139690.59

Сребро

2269.46

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.46

Паладиум

42535.44

Бакар

13.10

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Платина

57324.78