Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Јапонија воведе историска промена во семејното право, со која на разведените родители им се овозможува заедничко старателство над децата, нешто што досега не постоеше во земјата. Измените на Граѓанскиот законик стапија на сила на 1 април 2026 година, а со нив Јапонија престана да биде единствената земја од Г7 која не го признаваше концептот на заедничко старателство. Досегашниот систем предвидуваше само еден родител по разводот да има ...
Вкупно 34.965 евра, кои не биле пријавени се пронајдени денеска во автобус, кој сообраќал на релација Германија – Македонија, соопшти МВР. Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на подрачје на СВР Тетово денеска сопреле автобус “мерцедес” сопственост на туристичка агенција, управуван од Р.Ф.(37) од с.Доброште, Тетовско кој се обраќал на релација Германија-Македонија. При ...
Денес го славиме денот на писменоста, знаењето и духовната светлина. Денот кога се поклонуваме пред делото на Светите браќа Кирил и Методиј, чии мисла, визија и мисија оставија неизбришлива трага во историјата на словенските народи, во европската цивилизација и во нашата македонска самобитност, порача во честитката по повод Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, ...
Приведен е водич во автобус во кривопаланечкиот регион поради „давање поткуп“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Денеска во 6:30 часот на подрачје на СВР-Куманово – ОВР-Крива Паланка, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, сопрен е автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки. Од извршената контрола, констатирано е дека автобусот ...
Фолк Фест Валандово 2026 денес ги објави официјалните рефрени од сите 20 нови композиции што ќе бидат изведени на годинашната натпреварувачка вечер, закажана за 27 мај во салата „Јанко Узунов“ во Валандово. Со оваа објава, публиката добива прва можност да слушне дел од новите песни што годинава ќе прозвучат на валандовската сцена, во изведба на познати музички имиња, млади вокали и гости од регионот. На натпреварувачката вечер ќе бидат ...
Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, објави видео и фотографии од акцијата за чистење и уредување на Железничката станица во Скопје, оценувајќи дека објектот со години бил оставен во запуштена состојба. „Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град“, напиша Ивановски на својот фејсбук профил. „Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално ...
Вчера во 13:56 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(51) од Скопје и велосипед управуван од П.Д.(65) од Скопје. Во несреќата велосипедистот П.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза”, соопшти МВР. Извршен е увид од увидна ...
Кратко видео направено со вештачка интелигенција за кратко по објавата стана вирално на социјалните мрежи. На истото е претставена Литија по повод „Св. Кирил и Методиј“ во далечната 1905/07 година. Улицата на која поминуваат е денешната ул. „Климент Охридски“ (лево е Американското училиште, подоцна објекти на Старата болница). -За многу години празникот на Сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј, основоположниците на ...
Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен Балкан. Извештајот го пренесуваме во целост: „Промовирањето на стабилноста и унапредувањето на економските интереси на САД во Западен Балкан ги прави Соединетите Држави побезбедни, посилни и попросперитетни. ...
На терените на Ролан Гарос денеска стартуваа мечевите на вториот Гренд слем турнир во годината. Од досегашниот дел од програмата најголемите проблеми имаше францускиот тенисер Артур Геа, но тие не беа од спортски карактер, туку човечки проблеми. Французинот побарал од судијата на стол да му дозволи да користи тоалет пауза во период кога не е предвидено. – Имам диареа, морам во тоалет. Повеќе не можам да се движам, изјавил Геа. Целата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го уверил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие, соопшти израелски претставник. Според него, за време на синоќешниот телефонски разговор на Трамп со израелскиот премиер, американскиот претседател јасно посочил дека останува цврст во преговорите во однос на своето барање за долгорочен прекин на иранската нуклеарна програма и ...
Вчера околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.„Тале Христов“ во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото. Пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен апарат, а при гаснење на пожарот двајца полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР. Извршен е увид и се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на свечената академија „Од слово до вечност“ на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во „Света Софија“ во Охрид во својот говор се осврна и на борбата против корупцијата, порачувајќи дека ги разбира граѓаните кои губат трпение во однос на испораката на правдата. -Сакам да се осврнам и на уште една важна тема. Тоа е борбата против корупцијата и постигнувањето правда. ...
На 23.05.2026 околу 10:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од кружен тек од ул.„Христо Татарчев”, ул.„Марко Орешковиќ” и бул.„Србија” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолкваген” со скопски регистарски ознаки кое било паркирано од М.Р.(34) од Скопје, и веднаш откако тргнало удрило во пешакот И.К.(24) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.К., констатирани во Ургентен ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево го честиташе 24 Мај, нагласувајќи дека трајно цивилизациско наследство е делото на светите браќа Кирил и Методиј. – Со својата просветителска и мисионерска дејност, светите браќа ја отворија можноста, словенските народи да читаат, учат и творат на свој мајчин јазик. Нивното дело претставува трајно цивилизациско наследство и темел на културниот и духовниот развој ...
На 24.05.2026 во 03:30 часот во Полициска станица Галате, од Јавна здравствена установа Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 13-годишен малолетник од с.Добридол. Според пријавеното, на 23.05.2026 околу 18:30 часот, управувајќи електричен тротинет во дворот, изгубил контрола и паднал. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар. На 24.05.2026 во 03:30 часот во Полициска станица Галате, од Јавна здравствена ...
Тажна вест за спортска, посебно одбојкарска Македонија. На 66 години почина легендарниот одбојкар Владимир Ѓорчески, еден од нашите најдобри одбојкари во историјата и татко на нашата тенисерка Лина Ѓорческа. Вест која ја потресе Македонија, објави порталот СпортСпорт. Ѓорчески својата кариера ја почна во своето Тетово, во тимот на Југохром, потоа кариерата го носеше во Работнички и Вардар. Ѓорчески својата блескава кариера ја продолжи во ...
Kултурниот и духовен концепт на светите Кирил и Методиј /Рамноапостоли и сесловенски и македонски просветители/ Пишува: Сотир Костов Да ги чуваме оганот и факелот запалени од светите браќа Кирил и Методиј. Неспорно е дека македонскиот простор отсекогаш бил центар на Балканот, од каде се создавале, активирале и дисперзирале влијателните цивилизациски појави низ различните епохи. Ова особено се однесува на кирилиметодиевската традиција и ...
На 24.05.2026 во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Разлошка“ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје. Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а увид изврши екипа на СВР Скопје. На ...
Нашата обврска е јасна: да го чуваме македонскиот јазик, да вложуваме во образованието, да веруваме во младите и да се обединиме околу прашањата што се поважни од дневната политика – нагласува министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј. -Денеска, во лулката на македонската писменост и духовност – Охрид, со почит и пиетет го чествуваме делото на Светите Кирил и Методиј ...
Честит 24 Мај – Денот на светите браќа Свети Кирил и Методиј, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Се поклонуваме со почит и благодарност и потсетуваме на нивното дело кое не обврзува да го чуваме македонскиот јазик, култура и идентитет, објави вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил. „Св. Кирил и Методиј оставија неизбришлива трага во историјата, а ние продолжуваме со нивната мисија да вложуваме во ...
Направив сè за да подадам рака кон опозицијата, да се обединиме. Тие секоја шанса ја испуштија и нема постојано да чекаме тие да се одоброволат за да делуваме заедно за националните интереси, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид. – Затоа јас повикувам на народно и интелектуално обединување на државата. Тоа што некои се ...
Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции. Мора да влеземе во Европската Унија, но притоа да останеме сочувани и достоинствени, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид. -Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина. Ако се држиме цврсто и обединето, без оглед на тоа кој е на другата страна, ќе ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно осум пријави за семејно насилство, а пет лица се лишени од слобода. Во Пробиштип, вчера во 19:45 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет. Синоќа во 23:35 часот ул.„11 Септември“ ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година. Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да ...
На 23.05.2026 во 23:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на локалниот пат за с.Клепач, 15-годишен малолетник од с.Могила, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, при што било констатирано дека малолетникот го управувал мотоциклот ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека во текот на денот е можна официјална објава во врска со напредокот на мировниот договор со Иран, со кој и формално би можела да се стави крај на војната на Блискиот Исток. – Многу е веројатно дека светот во следните неколку часа ќе добие добри вести – истакна Рубио пред новинарите за време на неговата прва официјална посета на Индија. Тој нагласи дека со новиот договор, кој во ...
Денес го чествуваме делото на светите браќа Кирил и Методиј, чии заслуги се трајно врежани во светската историја, во духовната меморија на народите и во темелите на нашата писменост, култура и идентитет, нагласува градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј. -Нека е за многу години Денот на светите Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители! Од Моравската мисија, ...
На 23.05.2026 во 22:23 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Виничка“ во Пробиштип, патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(18) од Пробиштип, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип. На 23.05.2026 во 22:23 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Виничка“ во ...