Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Со особена почит и благодарност, денес оддаваме признание на светите браќа Кирил и Методиј, сесловенските просветители и основоположници на словенската писменост и духовност. Нивното дело претставува еден од најзначајните темели на словенската цивилизација, култура и образование. Со создавањето на првата словенска азбука, глаголицата, Светите браќа Кирил и Методиј, овозможија ширење на словото Божјо на разбирлив и народен јазик, отворајќи пат ...
На денешен ден, во 2023 година, на 83-годишна врозраст почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер. Таа е родена како Ана Меј Булок (Ана Меј Булок) на 26 ноември 1939 година во Натбуш, Тенеси, САД. Нејзината кариера траеше повеќе од половина век и доби широко признание и бројни награди. Родена и израсната во американскиот југ, таа стана и швајцарска државјанка. Таа ја започна својата кариера како музичар во средината на 1950-тите, кога беше ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Меморандумот за разбирање за мировен договор со Иран е „во голема мера договорен“ и дека тој предвидува отворање на Ормуската Теснина, но иранската новинска агенција Фарс подоцна ги демантираше овие тврдења во однос на контролата врз водниот пат. Трамп преку социјалните мрежи истакна дека очекуваниот договор ќе го деблокира овој клучен воден пат, чие затворање ги наруши глобалните енергетски ...
Силни експлозии го потресоа Киев во првите часови од денешниот ден, веднаш по предупредувањето на локалните власти за масовен руски напад со балистички ракети. Пред самиот напад, во градот беше прогласена воздушна тревога. Раководителот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, преку апликацијата Телеграм апелираше до граѓаните да останат во засолништата поради ризик од нови удари, информирајќи дека се погодени најмалку четири ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска по повод Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ ќе се обрати на свечената академија насловена „Од слово до вечност“ што ќе се одржи во црковниот храм „Св. Софија“ во Охрид. Претходно, премиерот Мицкоски ќе положи цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј на кејот во Охрид. Премиерот Христијан Мицкоски денеска по повод Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и ...
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер – над 50 километри на час. Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне ...
Вооружен маж синоќа отвори оган кон контролен пункт во близина на Белата куќа во Вашингтон, по што бил смртно ранет од агенти на Тајната служба, кои возвратиле на нападот, соопштија американските власти. Според соопштението на Тајната служба, која е задолжена за обезбедување на американскиот претседател и потпретседател – напаѓачот пукал кон агентите, кои возвратиле со оган. Осомничениот бил ранет и „пренесен во локална болница, каде подоцна ...
Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Кои се Светите Кирил и Методиј? Тие се еден владика и еден калуѓер: Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во цела Византиска империја. Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик го ...
Германската ракометна федерација официјално го продолжи договорот со селекторот Алфред Гисласон до Олимписките игри во 2028 година. Исландскиот стратег ја предводи германската репрезентација од 2020 година, а во изминатиот период успеа да ја врати селекцијата во самиот врв на европскиот и светскиот ракомет. Под негово водство Германија освои сребрен медал на Олимписките игри и на Европското првенство. „Среќен сум што ќе продолжам да работам ...
Репрезентацијата на Демократска Република Конго се соочува со проблеми во подготовките за СП 2026 поради епидемијата на ебола и строгите американски здравствени мерки. САД наводно побарале селекцијата да помине 21-дневна изолација пред влез во земјата, доколку сака да учествува во подготовките во Хјустон. Поради тоа, Конго го откажа кампот во Киншаса и подготовките ги продолжува во Белгија, каде ќе остане во строг „балон“ пред патувањето. ...
Тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ во интервју за ЕХФ истакна дека заслужено се во финалето. „Заслужуваме да бидеме во финалето бидејќи бевме подобри од нашите противници. Бевме многу опуштени во првите рунди против РК Баки, МРК Слога Добој и РК Дукла Прага. Во четвртфиналето против Олимпијакос, покажавме одлична игра во Грција, но имавме тежок натпревар дома. Во полуфиналето против Целје, беше многу, многу тешко за нас. Сепак, се боревме и ...
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, му го врачи трофејот на Вардар за шампион на Македонија по дерби-победата со Шкендија. По натпреварот, тој се огласи со честитка за новиот шампион и му посака среќа во настапот во европските купови. „Честитки до Вардар за заслужено освоената шампионска титула и за сè што прикажаа оваа сезона. Им посакувам многу успех во европските предизвици и нови големи моменти за ...
Њујорк Никс се на една победа од нивното прво учество во НБА финалето од 1999 година. Во третиот натпревар од финалето на Источната конференција, Никс го победија Кливленд со 121-108 и поведоа во серијата со 3-0. Џејлен Брансон постигна 30 поени, а Микал Бриџис 22 поени во победата за тимот на Њујорк. Њујорк стана само седмиот тим во историјата на НБА што забележал серија од 10 победи во плејофот. Последниот тим што го сторил тоа беше Бостон ...
Европската кошарка би можела да добие огромно засилување откако поранешниот втор пик на НБА-драфтот, Џејмс Вајсман (25), сериозно размислува за трансфер во Макаби Тел Авив. Високиот центар (211 сантиметри) некогаш важеше за еден од најголемите таленти во американската кошарка, но низата повреди целосно му ја стопираа кариерата. Тој беше избран како втор пик на НБА-драфтот во 2020 година, од Голден стејт, каде што многумина очекуваа да стане ...
Капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш е официјално прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата за сезоната 2025/26. Ова престижно признание, кое доаѓа по комбинираните гласови на навивачите и стручното жири, е апсолутно чиста и заслужена валоризација на формата на Португалскиот плејмејкер, кој беше главниот мотор под водство на Мајкл Карик за обезбедување на треттото место и виза за Лигата на шампионите. Фернандеш зад себе ...
Манчестер Јунајтед речиси го заврши потпишувањето на договорот со играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон. Страните постигнаа договор за сите точки, објави новинарот на „Спортиталија“, Микеле Криситиело, на својата страница на социјалнaтa мрежa „Х“. Според изворот, 26-годишниот фудбалер е многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед за 50 милиони евра. Едерсон настапи на 41 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи ...
Екипата на Хал избори враќање во Премиер лигата откако попладнево во финалето на плеј офот успеа да го совлада Мидлсброу со 1:0 на Вембли пред 85.000 гледачи. Стрелец на единствениот гол беше Оли Мекберни во 90+5 минута (во судиското надополнување на вториот дел). Освен пласманот во Премиер лигата Хал според некои процени ќе треба да заработи и околу 231 милион фунти. Екипата на Хал во Премиер лигата се враќа по 2017 година, а минатата сезона ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека преговарачите на САД и Иран се поблиску до финализирање договор за ставање крај на војната. Во интервју за телевизијата Си-Би-Ес Њуз (CBS News), тој рече дека евентуалниот конечен договор ќе го спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје и ќе гарантира дека прашањето со збогатениот ураниум на Иран ќе биде решено на задоволителен начин. – Ќе потпишам договор само кога ќе го постигнеме ...
Патеката на јавниот долг на Европската Унија би можела да „експлодира“, што би и нанело штета на економијата на Унијата доколку не се преземат мерки за решавање на фискалните притисоци, им беше речено денеска од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на министрите за финансии на ЕУ. „Доколку не се контролира, јавниот долг ќе се најде на неодржлива патека. Со непроменета политика, долгот на просечна европска земја би достигнал 130 проценти од ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека има шанса Иран да го прифати договорот за ставање крај на војната на Блискиот Исток уште денеска. – Постои шанса, без разлика дали тоа ќе биде подоцна денеска, утре или за неколку дена, да имаме нешто да соопштиме – им изјави Рубио на новинарите во Њу Делхи, додавајќи дека се надева на „добри вести“. – Постигнат е одреден напредок. Дури и додека разговарам со вас сега, се работи на тоа – ...
Пелистер го освои третото место во македонската кошаркарска Суперлига, откако во мајсторката за бронза го совлада ТФТ со 90-86 на гостински терен. Натпреварот беше крајно неизвесен, со резултатска рамнотежа уште на полувреме (44-44), а во финишот Пелистер одигра подобро и со серија 11-7 го реши дуелот во своја корист. Кај победникот најдобар беше Крстевски со 23 поени, додека кај ТФТ се истакна Ташковски со 29 поени. Пелистер го освои ...
Ракометарите на Алкалоид вечерва постигнаа убедлива победа од 37:21 во дуелот од 9.коло од плеј офот од Супер лигата против Бутел на домашен терен. Ова беше 20-та победа за тимот на Алкалоид во првенството и вкупно 15.та победа во 16-тиот меѓусебен дуел против Бутел. На полувреме беше 19:11 за Алкалоид, а брзо на стартот на почетокот на вториот дел Алкалоид имаше и двоцифрена предност. Најефикасен на дуелот беше Улфар Тордарсон со 8 голови, а ...
Брегалница е прволигаш откако попладнево во меч од последното 30.коло во ВМФЛ дома рутински славеше против Победа со 7:0.Брегалница заврши со 71 бод, исто како и Скопје, но има подобар меѓусебен скор и затоа на крајот е шампион за тековната сезона 2025/26 во ВМФЛ. По мечот славје на стадионот под Исарот, ова е голем успех на штипските “сини“ предводени од стратегот Влатко Костов. И дефинитивно фудбалски Штип и Брегалница се враќаат во ...
Кошаркарската сезона во Супер лигата е во самата завршница и утре на програмата е третиот финален натпревар од серијата меѓу шампионот МЗТ Скопје Аеродром и дебитантот во лигата Маџари. – Утре нè чека третиот дуел од финалната серија против МЗТ. Јас ќе кажам само едно-моите играчи ќе дадат 120% од себе за сезоната да не заврши утре, изјави тренерот на Маџари Миодраг Тоодоровиќ, кој пред неколку сезони беше во улога на помошник во МЗТ Скопје ...
Фудбалерите на Вардар се новите шампиони на Македонија. Во дуелот од последното (33.коло) коло Вардар пред своите навивачи ја совлада Шкендија досегашниот првак со 3:0. „Црвено-црните“ на тој начин ја освоија својата 12.та титула во клупската историја. Шампионскиот пехар се најде во рацете на капитенот Азер Омерагиќ. Вардар поведе во 20.минута со автоголот на Нуман Ајетовиќ, а по асистенција на Георгие Јанкулов. На 2:0 Вардар зголеми со голот ...
Денес, преку Единствениот број за итни повици 112 беше примена пријава за повреден планинар на планината Кораб, кој поради повреда не бил во состојба да се движи, информираа пд ЦУК. По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово веднаш оствари координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен. Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцираа повредениот ...
Пери им се придружи на Пинк Флојд во студиото, како и на некои од нивните најголеми турнеи, откако Гилмор го донесе во бендот поради нивното пријателство, кое се роди на Универзитетот во Кембриџ. Заедно, и Пери и Гилмор беа дел од музичката сцена во градот во средината на 1960-тите, при што Пери претежно во бенд наречен The Soul Committee, додека Гилмор беше во Jokers Wild. За време на снимањето на иконскиот албум на Пинк Флојд, Dark Side Of ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на средба на која, како што вели, ќе зборуваат за економијата преку бројки. – Да седнеме и убаво да ги објасниме работите, затоа што деновиве гледаме хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички конструкции. За економијата не се зборува со паника. За економијата зборуваат бројките. А токму со бројките ...
Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека јачината на земјотресот е 3,5 степени според Рихтер, а интензитетот е четири степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот е регистриран во 17:41 часот. Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од скопското ...
Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор. – Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, соошти денеска Кривичниот суд. Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство и ...