Во скопската општина Карпош започна реконструкцијата на улицата „Загребска“, со која се обезбедува подобар пристап до Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“. Проектот беше најавен по извршен увид на терен, во кој учествуваа претставници на општината и градот. Реконструкцијата се спроведува во две фази. Првата фаза опфаќа изградба на потпорен ѕид со осум кампади, во вкупна должина од 48 метри. Со оваа интервенција се ...

Во текот на изминатиот месец како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 16885 издадени платни налози, 4.473 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, 3851 за непрописно паркирање, 920 за користење мобилен телефон. -По однос на прекршоци по член 297 – а од Кривичниот законик – ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година. Од полноќ малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ...

Македонија нема да отстапи од своите позиции во процесот на евроинтеграциите сè додека не добие јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Тој оцени дека државата веќе еднаш платила висока цена поради, како што рече, погрешните политики на СДСМ и тогашното раководство на партијата. Според Манасиевски, промената на уставното име била направена со ...

Поп-ѕвездата Дуа Липа и британскиот актер Калум Тарнер се венчаа на 31 мај, а веста одекна низ целиот свет не само поради статусот на двојката, туку и поради модниот избор на невестата, кој во моментов стана главна тема. Интимната церемонија во Лондон беше само претходница за она што доаѓа, но пејачката веќе успеа да напише ново поглавје во модата со своето прво појавување, оддавајќи почит на една од најголемите модни икони на 20 век. View ...

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека од денес, 01.06.2026 (понеделник) започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува ЈП Градски Паркинг- Скопје. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде: – Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот. Исто така, им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да ...

Се одржа Првата работилница за изработка на Стратешки план за развој на Општина Илинден за периодот 2027–2031 година, документ што ги дефинира развојните приоритети, стратешките цели и клучните проекти за локалната заедница. На работилницата присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека подготовката на новиот Стратешки план претставува значаен процес преку кој се утврдуваат насоките за понатамошен ...

Радовиш изминатиот викенд живееше во ритамот на борењето. Повеќе од 70 натпреварувачи од 10 држави, бројни спортски делегации, гости и љубители на спортот беа дел од јубилејното 50-то издание на Меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, настан кој уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најзначајните и најреномирани боречки турнири во регионот. Турнирот официјално го отвори министерот за спорт Борко Ристовски, со што беше означен ...

На 31.05.2026 во 14:35 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Форино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.П.(33) од с.Чегране, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(40) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. ...

Раст на даночната основа и на нето даночниот ефект кај данокот на добивка, покажува обработката на даночните биланси за 2025 година што ја направи Управата за јавни приходи. Ова, според УЈП, укажува на стабилност во наплатата на приходите од данокот на добивка. – Даночен биланс за оданочување на добивка – образец „ДБ” поднесоа 25.506 даночни обврзници, наспроти 25.051 во 2024 година, додека даночен биланс за оданочување на вкупен приход – ...

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со младите македонски борачи Абдулазиз Азизи и Лука Ананиев, освојувачи на бронзени медали на Европското првенство за борачи до 15 години што се одржа во Самоков, Бугарија. На средбата присуствуваа и нивните тренери, како и претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов. Ристовски им го честиташе големиот успех на младите спортисти, кои се стипендисти на Министерството ...

Среде политичка и јазична Европа, во срцето на француската република, во средата се случи „несреќно совпаѓање“ за францускиот претседател Емануел Макрон и бугарскиот премиер Румен Радев: на два дена пред 121-та годишнина од раѓањето на италијанскиот славист Чиро Џанели, двајцата највисоки лидери на две држави членки на ЕУ несвесно „стапнаа“ на „минско поле“, засеано со „Македонскиот речник од 16 век“ токму од Џанели. Реафирмирајќи ги на ...

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: потпретседателот Антонијо Милошоски, заменик шеф на делегацијата и пратеникот Илир Хасани, заменик-член учествуваше на пролетната сесија на Парламентарното Собрание на НАТО што од 29 мај до 1 јуни се одржа во Вилнус, Литванија. Во контекст на денешните светски безбедносни предизвици, на сесијата беше нагласена стратешката определба на сојузниците за зајакнување на одбраната и ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати критики кон раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), обвинувајќи ги претседателот Слободан Трендафилов и претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, за ненаменско трошење на средства од членарината на синдикалците. На прес-конференција, Петрушевски изјави дека наместо да се фокусираат на заштита на работничките права, синдикалните лидери трошеле пари за, како што рече, ...

Селин Дион најави серија од десет нови концерти во мај 2027 година, по паузата од 16-те настапи што ќе ги одржи во септември и октомври оваа година. Новите датуми, закажани помеѓу 8 и 29 мај, се одредени „за да се задоволи невидената побарувачка од обожавателите“, соопшти нејзиниот тим. Дополнителните концерти беа закажани поради огромната побарувачка од обожавателите кои сакаат да ја видат ѕвездата од Квебек како настапува во живо во арената ...

Пејачката Сандра Африка е позната по тоа што живее луксузен живот. Таа никогаш не криела дека работи многу, но и дека заработува многу. Пејачката често учествува на приватни забави, каде што добива големи количини бакшиш. Во една прилика, Сандра Африка добила дури 22.000 евра за време на настап во Америка. На социјалните мрежи се прошири видео од гореспоменатиот настап, на кое се гледа како едвај ги држи банкнотите во рацете, а пејачот Бобан ...

На 31.05.2026 во ОВР Радовиш е пријавено дека во периодот од 12:00 до 15:30 часот на место викано „Лакавица“ на регионалниот пат од с.Дедино кон с.Конче, општина Конче, 55-годишниот З.С. од с.Конче, управувајќи трактор „торпедо“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со тракторот паднал во провалија. -Од екипа на Територијална противпожарна единица Радовиш и екипа на Итната медицинска помош Радовиш возачот на тракторот е извлечен и ...

Министерството за спорт упатува честитки до ракометарите, стручниот штаб и раководството на ГРК Охрид за историскиот успех и освојувањето на титулата во Европскиот куп на ЕХФ! Со извонредна игра, борбеност и шампионски карактер, ГРК Охрид испиша нова блескава страница во историјата на македонскиот ракомет, совладувајќи ја екипата на Татабања во финалето и освојувајќи го европскиот трофеј. Овој триумф претставува голем успех за македонскиот ...

Министерството за надворешни работи на Кувајт соопшти дека денешниот ирански напад го оценува како опасна ескалација и кршење на меѓународното право. – Министерството изразува најсилна осуда на повторените и гнасни ирански напади, кои претставуваат опасна ескалација и директен напад врз безбедноста и стабилноста на државата Кувајт. Овие напади се јасно кршење на меѓународното право, Повелбата на Обединетите нации и Резолуцијата 2817 на ...

Само неколку месеци по приклучувањето кон Еврозоната, Бугарија се наоѓа под закана од европски санкции. Новито премиер Румен Радев предупреди дека земјата ќе мора да преземе болни мерки за да го намали буџетскиот дефицит. Тој ја обвини претходната власт дека зад себе оставила сериозни финансиски проблеми. Според него, Европската комисија на 3 јуни ќе го објави извештајот што може да ја активира постапката за прекумерен дефицит. Тоа би значело ...

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој утре во западните делови повремено ќе достигнува брзина од ...

Германската влада одобри измени во градежните прописи со кои за првпат формално се признаваат ноќните клубови како културни институции, што би можело да помогне во зачувувањето на загрозената клупска сцена, особено во Берлин. Според предлогот на кабинетот на канцеларот Фридрих Мерц, клубовите повеќе нема да се класифицираат заедно со бордели, казина и барови за возрасни, туку ќе им се даде статус на простори со културна и уметничка вредност. ...

Холивуд, родниот град на Мерилин Монро, во понеделник започнува серија настани по повод 100-годишнината од раѓањето на филмската икона. Во историскиот Кинески театар, каде што се зачувани отпечатоците од рацете на Мерилин Монро заедно со оние на нејзината колешка Џејн Расел од филмот „Џентлмените претпочитаат русокоси“ (1953), обожавателите планираат да ја испеат „Среќен роденден“, алудирајќи на нејзината позната заводлива серенада за ...

На 1 јуни 2026 година, во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), свечено се одбележа 80-годишниот јубилеј од раѓањето на академик Глигор Јовановски. Свеченоста ја отвори претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, со пригодно обраќање посветено на животот, научното творештво и на значајниот придонес на академик Јовановски во развојот на македонската наука. Во рамките на настанот беа промовирани изданијата ...

Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,8 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (12,3%). На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваа 4.925,3 милиони евра. Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 ...

Песната „Ружа са југа“, која Бобан Рајовиќ – едно од најпрепознатливите музички имиња од соседството, ја посвети на Македонија за само неколку дена по промоцијата се наметна како најголем фаворит меѓу новите теми од неговиот актуелен проект. Реакциите од публиката, гледаноста и бројните пораки што, како што вели, пристигнуваат од сите страни на светот ја потврдуваат силната емоција што песната ја разбуди кај слушателите. Уште при најавата на ...

Премиерот на Малта, Роберт Абела, денеска ќе положи заклетва за нов мандат откако неговата владејачка Лабуристичка партија четврти пат по ред победи на парламентарни избори и го задржа мнозинството во парламентот, иако со помала разлика отколку во 2022 година. Абела изјави дека тоа е победа за сите граѓани, врз основа на програмата презентирана од неговата партија, и оцени дека резултатите покажуваат дека добил силен мандат. Лидерот на ...

Дури 80% од граѓаните кај нас би одбиле за паричен надомест да потпишат петиција што е спротивна на нивните политички убедувања, што претставува највисок процент во Европа, а високи 78% од македонските испитаници одбиле да разгледаат парична компензација за воздржување од гласање на избори . Истовремено, друга анализа констатира дека 98% од онлајн коментарите насочени кон политичарите содржат елементи на омраза. Ова само дел од наодите од ...

По повод Меѓународниот ден на детето – 1 Јуни, партијата ВРЕДИ упати честитка до сите деца, истакнувајќи дека тие се најголемото богатство на општеството и гаранција за иднината на државата. Во соопштението, од ВРЕДИ наведуваат дека секоја одговорна политика треба да биде насочена кон благосостојбата, образованието и перспективата на младите генерации. „Многу години нашите семејства се соочуваа со недостаток на перспектива, слаби институции и ...

Изложувањето на растенијата на монотон звук ја стимулира активноста на габите, коишто пак, може да поттикнат побрз развој на растенијата, покажува ново истражување. Наодите на Универзитетот „Флиндерс“ во Аделаида, Австралија, се објавени во списанието „Бајолоџи летерс“ (Biology Letters). Ова откритие оди во насока на потврда на можноста дека музиката може да биде корисна за побрз раст на земјоделските и градинарските култури. – Дали може да ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
89%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
67%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.31
60%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00