Легендарниот англиски фудбалер Кевин Киген обелодени денеска дека боледува рак во четвртиот стадиум. Четвртата фаза е најнапредната фаза на рак и значи дека болеста се проширила на други делови од телото. Семејството на Киген првично во јануари објави дека легендарниот фудбалер се бори со рак и оттогаш е на хемотерапија. „Имав сообраќајна несреќа и затоа морав да се оперирам. Додека ме скенираа за операцијата, открија дека имам рак. Рекоа ...

Цените на американската нафта ВТИ (WTI) скокнаа за речиси осум отсто и надминаа 94 долари за барел, по извештаите дека Иран би можел да ги прекине контактите со САД поради ескалацијата на израелските воени операции во Либан. Според податоците од берзите во 16:00 часот, цената на нафтата ВТИ порасна за 7,84 отсто на 94,109 долари за барел, а на нафтата Брент (Brent) за 6,53 отсто на 97,060 долари. Иранската новинска агенција Тасним пренесе ...

Последните денови од мај Велика Британија беше погодена од топлотен бран, што предизвика смрт на 17 луѓе. Во изминатите осум дена во Велика Британија измерени се високи температури на воздухот, поради што граѓаните се разладуваа во морето. Смртни случаи регистрирани се во Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир. На 26 мај е забележан најтоплиот ден во мај во историјата на Англија и Велс. ...

Пред Светското првенство во 2026 година, кое започнува за помалку од две недели, Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации (IFAB) одобри серија историски промени на правилата. Новите мерки имаат за цел борба против дискриминацијата, намалување на доцнењата и подобрување на темпото на играта, а вклучуваат и проширени овластувања за VAR и построги казни за неспортско однесување на играчите. Промените официјално ќе важат од сезоната 2026/27, ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на тркалезна маса во Францускиот сенат, во рамки на Парис Сајбер Самит 2026, посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани. Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity ...

Данскиот велосипедист Јонас Вингегор е победник на годинашното издание на Џиро д’Италија, откако успешно ја приведе кон крај тринеделната трка со последната, 21. етапа низ Рим. Возачот на Висма-Лиз а Бајк ја освои престижната трка со вкупно време од 83 часа, 22 минути и 51 секунда. Вингегор до конечниот триумф стигна со убедлива предност од 5 минути и 22 секунди во однос на второпласираниот Феликс Гал од тимот Декатлон АГ2Р Ла Мондјал. ...

Ракометната федерација на Македонија ја информираше јавноста дека, со цел обезбедување на највисоко ниво на транспарентност, еднакви услови за натпреварување и непречена организација на бараж натпреварите за пласман во Суперлигата, донесена е одлука за промена на местото на одигрување на бараж натпреварот во машка конкуренција. Бараж натпреварот во женска конкуренција помеѓу екипите на ЖРК Пелистер 2012 и МРК Ѓорче Петров 2 ќе се одигра ...

Во периодот од 01.05.2026 до 31.05.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 27.360, регистрирани се 833 прекршоци за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола и 301 прекршок за минување на ...

На маргините на Пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир што се одржува денеска во Собранието, Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Македонија остварил средба со Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта. Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата се изразило задоволство што Собранието е домаќин на овој меѓународен настан како и за можноста да се разговара за ...

Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година. Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти. Стратегијата предвидува постепено стабилизирање и намалување на јавниот долг, кој ...

Стотици млади луѓе денеска протестираа во градот Нанјуки, централна Кенија, против плановите за изградба на карантински центар за луѓе изложени на вирусот ебола во воздухопловната база Лаикипија. Демонстрациите се случија два дена откако Високиот суд на Кенија привремено ја запре изградбата на објектот и пристигнувањето странски пациенти по реакцијата на Адвокатската комора на Кенија дека здравствениот систем нема капацитет да се справи со ...

Иранскиот преговарачки тим ја прекинува размената на пораки со САД преку посредниците поради израелските напади врз Либан, објави иранската новинска агенција Тасним. – Нема да има дијалог сè додека не се почитуваат ставовите на Иран и Хезболах за ова прашање, објави Тасним, додавајќи дека иранските претставници бараат прекин на израелската офанзива и целосно повлекување од окупираните територии. Агенцијата објави и дека Иран целосно ја ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на парламентот на Обединетата Република Танзанија, Муса Азан Зунгу, во рамките на пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, што се одржува во Скопје, при што беше истакната подготвеноста за унапредување на билатералната и на парламентарната соработка меѓу двете земји – соопштуваат од Собранието. – Изразувајќи задоволство од реализацијата ...

Лагите се специјалност на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција. Така и на оваа прес-конференција, Венко Филипче, по којзнае кој пат по ред, повторно излезе да шири лаги и манипулации. Но, како специјален пратеник и пиун на Румен Радев, кој стана главен промотор за прифаќање на бугарските диктати, друго и не се очекува, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Наместо да застане рамо до рамо со Владата и заеднички да се настапи за ...

СВР Велес поднесе кривична пријава против И.С.(47) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“. На 10.05.2026, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што во возилото биле пронајдени и одземени 50 парчиња незаконски уловена риба. Исто така, тој од неговата викенд куќа доброволно предал 11 парчиња рибарска мрежа и гумен чамец кои ...

Тешка дилема отвори актот ан неколкумина млади битолчани, кои користејќи слика ан 14-годишно девојче на соц-мрежи намамувале возрасни мажи на средба и потоа ги малтретирале. Дилемата е етичка, кој е виновен – измамниците или можните педофили кои фоаѓале на средбата? Лажен профил, договорена средба и камера в рака. Вака, според кривичната пријава на МВР, група млади битолчани со месеци се претставувала како 14-годишно девојче на социјалните ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни контроли и зема 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз, со цел да се провери дали квалитетот на производите одговара на она што е наведено на декларациите. Според добиените резултати, кај неколку оператори е утврдено дека производите не ги исполнуваат пропишаните стандарди, односно содржат помал процент на млечни масти од декларираното. Кои ...

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека Париз е целосно подготвен да ги поддржи мировните преговори помеѓу САД и Иран и да преземе оперативна улога на терен штом се постигне договор. Неговата изјава уследи по синоќешниот телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп. – Истакнав дека сме подготвени во целост да ги поддржиме овие напори и да го преземеме својот дел од одговорноста во спроведувањето. Всушност тоа ...

На 31.05.2026 во 08:25 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(65) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес. На 31.05.2026 во 08:25 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, ...

Седум и пол години казна затвор за Вангелица Илијевска изрече денеска судскиот совет од Основен суд Куманово, откако обвинетата призна вина, а Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од кривичниот законик. Илијевска пред речиси две години на 13. јуни, 2024 со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан. Јавниот обвинител Газменд ...

Едита Арадиновиќ ги помина изминатите неколку дена на реката Дрина, уживајќи во природата, мирот и поминувајќи време со своите кучиња, додека со нетрпение ги одбројува деновите до раѓањето на нејзиното бебе. Како што може да се види на фотографиите што ги сподели на социјалните мрежи, Едита го искористи времето во природа за да се опушти, да прошета и да ужива во пејзажот на една од најубавите реки. Пејачката сподели голем број фотографии со ...

Руската влада денеска соопшти дека забранува извоз на керозин до 30 ноември, со цел да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива. Одлуката е донесена во време на интензивирани украински напади со дронови врз руските рафинерии, што доведе до намалување или стопирање на производството. Русија извезува керозин по железнички пат во Централна Азија, меѓу кои и Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Русија веќе го ограничи извозот ...

Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството Милан Ристески денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“ кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на Обвинителство Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган Јакимовски, рече ...

Веста дека Мина Костиќ е примена во Специјалната болница за психијатриски болести „Лаза Лазаревиќ“ привлече големо внимание во јавноста и предизвика бројни шпекулации. Според медиумските извештаи, пејачката наводно била хоспитализирана по инцидент поврзан со агресивно однесување, а по извршените прегледи, лекарите одлучиле да ја задржат на понатамошно набљудување и стручен надзор. Сè уште не е познато што точно претходело на нејзината ...

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска имаше средба со новиот тренер на РК „Еурофарм Пелистер“ Лино Червар. Червар денеска и официјално ќе биде претставен како тренер на РК „Еурофарм Пелистер“, а потпиша договор на три години. Коњановски му посака добредојде и спортски успеси него и на ракометарите на клубот. По пет годишна неактивност тој се враќа на ракометната клупа. Се работи за 75 годишен стручњак роден во Умаг, Хрватска, еден ...

На 31.05.2026 во 18:40 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистрален пат на превој Стража се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(69) од Кичево, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(43) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.М.(45) од Скопје Во несреќата со повреди се здобил мотоциклистот, ...

Ракометна Битола стартува со нов тренер на клупата со желба за враќање на шампионската титула, а за таа цел избран е еден од најдобрите европски тренери Лино Червар. Тој денеска и официјално беше промовиран, а поранешниот тренер на Металург и селектор на Хрватска и на Македонија ја презентираше својата визија и планови за работа. – Чест ми е да работам во Битола. Ова е град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести каде е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата. Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30% од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14% од нив се ...

Глигор Јовановски со своето маркантно научно дело и богатата академска, педагошка и научноистражувачка дејност, тој одигра клучна улога во развојот на Институтот за хемија, а со тоа и на Природно-математичкиот факултет како дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и на Македонската академија на науките и уметностите. Неговото научно творештво има значење и за развојот на светската наука, со што македонската држава може да се ...

Најстариот католички свештеник во светот, Бруно Кант, почина на 111-годишна возраст во германскиот округ Фулда. Кант почина во петокот вечерта во домот за стари лица Ајхенцел-Лешенрод, објави во саботата епархијата Фулда. Епископот на Фулда, Михаел Гербер, му оддаде почит на Кант во саботата како свештеник чие сведоштво за верата и службата обликуваше многу луѓе низ генерациите, пишува katholisch.de „Дури и во староста, тој зрачеше со ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
89%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
67%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.31
60%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15