Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Екипата на Сан Антонио Спарс продолжува да ја пишува најубавата приказна во овогодинешниот плејоф. Тимот од Тексас со победа од 111-103 на гостувањето кај Оклахома ја доби серијата и обезбеди пласман во големото НБА финале. Спарс успеаја да го елиминираат актуелниот шампион и да стигнат до своето прво финале по 2014 година, кога ја освоија последната титула. Сега ќе имаат можност да се борат за шестиот шампионски прстен во клупската историја. ...
Франција денеска побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН, бидејќи израелските сили напредуваа понатаму во јужен Либан, заземајќи историско обележје како база за проширени напади врз Хезболах, јави ДПА. „Ништо не може да го оправда продолжувањето на израелските воени операции во Либан и сè подлабоката окупација на либанската територија“, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро за францускиот радиодифузер BFMTV. ...
На 30.05.2026 во 14:10 часот, кај месноста „Сеферов бунар“ на магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(62) од кичевското село Грешница, товарно возило „сканија“ со албански регистарски ознаки, управувано од А.С.(60) од Делисуфај, Република Албанија, патнички автомобил „бмв“ со унгарски национални ознаки, што го управувала ...
Општина Чаир утре официјално ќе го отвори новото издание на традиционалната манифестација „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма посветена на културата, уметноста, традицијата и промоцијата на општествените вредности. Отворањето на манифестацијата ќе биде одбележано со тридневната програма „Денови на децата“, која ќе се реализира од 1 до 3 јуни во Старата чаршија, на Плоштадот Скендербег и во дворот на Мурат-пашината џамија. ...
Во Одделението за управни работи – Скопје, одобрение за патување во странство за малолетни лица, покрај во работни денови ќе може да се извади и во стабота. Како и во изминатите години МВР очекува зголемениот обем на барања во наредниот период. – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот ...
Во рамки на оперативната акција „Пожар 2026“, полицијата спроведе превентивно-едукативна кампања на подрачјето на Сарај, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и „Национални шуми“, со цел подигнување на свеста кај граѓаните за ризиците од шумски пожари и унапредување на безбедносната култура. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, за време на активноста било укажано на опасностите од предизвикување шумски ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека заземањето на историската тврдина Бофорт, во јужен Либан, претставува „драматична промена“ во израелската политика во време кога израелските трупи, рече тој, ги продлабочуваат и прошируваат операциите во јужен Либан против либанската милитантна група Хезболах. „Заземањето на Бофорт е драматична фаза и драматичен пресврт во политиката што ја спроведуваме“, рече Нетанјаху во видео ...
Пет пациенти заздравија од реткиот вид ебола, објави денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, за време на посетата на градот Бунија, во источен Конго, што се смета за центарот на епидемијата, објавија американските медиуми. -Четири лица денеска ќе бидат отпуштени од болницата, а едно веќе беше отпуштено завчера, рече Гебрејесус за време на отворањето на нов центар за третман на ебола во Бунија, ...
Индустриска зона со нови фабрики, реконструкција и изградба на улици и дополнителни капитални проекти се дел од инвестицискиот циклус вреден околу 1,2 милиони евра што моментално се реализира во Општина Новаци. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на општината, нагласувајќи дека проектите претставуваат значајна поддршка за локалниот развој и отворање нови работни ...
Иран нема да одобри никаков договор со САД сè додека неговите права не бидат целосно гарантирани, изјави денеска претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Бакер Галибаф, шеф на тимот на Техеран во преговорите со Вашингтон. – Нема да одобриме никаков договор сè додека не бидеме сигурни дека правата на иранскиот народ се целосно гарантирани, рече Мохамад Бакер Галибаф во видео емитувано на државната телевизија. Иако се чинеше дека двете ...
Чешката Република веројатно оваа година нема да ја исполни целта на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана на два проценти од бруто домашниот производ, изјави премиерот Андреј Бабиш во денеска објавено интервју за „Фајненшл Тајмс“. „Ќе направиме сѐ што можеме за да го исполниме ветувањето“, изјави Бабиш за весникот, но додаде дека неговата влада се справува со буџетски дефицит поради прекумерното трошење на неговиот проевропски ...
Осум лица загинаа, а 33 се повредени во автобуска несреќа во западна Турција, што се случи рано изутрината, јавија турските медиуми. Меѓу загинатите е и деветмесечно бебе и возачот на автобусот. Автобусот удрил во заштитната ограда на автопатот во турската покраина Денизли, а потоа се запалил. Превезувал 38 патници и тројца вработени во автобуска компанија на линија од градот Измир до Анталија. Вчера беше последниот ден од муслиманскиот ...
Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни. Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да заземе побавен пристап кон преговорите со Иран и покрај загриженоста за економското влијание на конфликтот. Тој рече дека брзањето во преговорите би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор. „Не брзам. Би сакал да биде побрзо, бидејќи знаете што, цените на бензинот ќе се намалат, но ако брзате, нема да добиете добар договор“, рече американскиот претседател ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русите само оваа недела лансирале повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од различни типови против украинскиот народ. „Во текот на оваа недела, Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од различни типови против нашиот народ. Сите овие напади беа насочени едноставно кон ...
Морето кај Истра е полно со медузи, а експертите ги предупредуваат луѓето кои се капат да бидат внимателни. Како што објавија хрватските медиуми, капачите на западниот брег на Истра во последните денови доживеаја непријатно изненадување. Морето е полно со компас медузи, вид познат по своите долги пипала и клетки кои предизвикуваат жежење на кожата и можат да предизвикаат болни изгореници, црвенило и оток на кожата. Според експертите, главна ...
Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска одговарајќи на новинарско прашање го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, истакнувајќи дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници и во ...
Македонија нема да спроведе уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција во Скопје. Тој оцени дека државата во минатото платила „прескапа цена“ поради политиките на претходната власт и нагласи дека актуелната Влада нема да дозволи нови отстапки без конкретни гаранции за напредок во евроинтегративниот процес. „Овој пат уставни ...
Во Општина Могила во тек е значителен инвестициски циклус вреден околу 700.000 евра, преку кој се реализирани и се подготвуваат повеќе инфраструктурни проекти финансирани од општинскиот буџет, државниот буџет и преку програмите на Светска банка. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила. „Навистина ми е драго што денеска во Општина Могила ќе посетиме ...
– Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот, изјави Петрушевски Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија. – Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, и со ...
УХМР информира дека до крајот на работната недела ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој во вторник во западните делови повремено ќе достигнува ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. „Динамиката на изградбата на автопатот ...
Македонија нема да спроведе уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција во Скопје. Тој оцени дека државата во минатото платила „прескапа цена“ поради политиките на претходната власт и нагласи дека актуелната Влада нема да дозволи нови отстапки без конкретни гаранции за напредок во евроинтегративниот процес. „Овој пат уставни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека резултатите од неговиот систематски преглед се „исклучително добри“, наведувајќи дека постигнал максимален резултат од 30 од 30 поени на тестот за когнитивни способности, кој го опиша како индикатор за „екстремна интелигенција“. „Резултатите од мојот преглед, спроведен во Воено-медицинскиот центар „Волтер Рид“, кои се штотуку објавени, се исклучително добри. За разлика од другите американски ...
Крузерот „Хондиус“, на кој избувна епидемијата на хантавирус, доби одобрение од холандските здравствени власти повторно да исплови по операцијата за чистење и дезинфекција, објавија денеска холандските медиуми. „Од гледна точка на јавното здравје, повеќе нема никакви пречки „Хондиус“ повторно да исплови на море“, соопшти Агенцијата за јавно здравје во холандското пристаниште Ротердам, по завршната инспекција. Во соопштението се додава дека за ...
Нема поместување на ставовите ниту на Бугарија, ниту на Македонија по првата официјална средба на шефовите на дипломатиите на двете земји во Шведска. Бугарија бара исполнување на договореното од европскиот консензус од 2022 година потпишан од владата на СДСМ и ДУИ. Македонија бара заштита на македонското малцинство во Бугарија, барем преку имплементирање на пресудите на Европскиот суд за човекови права во корист на Македонците од Бугарија. ...
Седум полицајци се повредени, а 416 лица од кои 283 во Париз се уапсени за време на синоќешните немири предизвикани од навивачите на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) на улиците на Париз по победата на нивниот тим во финалето на Лигата на шампионите против лондонски Арсенал. Според тврдењата на неименуван полициски извор, една жена доживеала срцев удар и била лекувана, а друга жена е повредена со нож во близина на парискиот Плоштад на ...
Американската војска изврши уште еден напад врз брод во источен Пацифик. Тројца мажи, кои според Јужната команда на САД се „наркотерористи“, загинаа. Според објава на Икс, разузнавачките служби потврдија дека бродот се движел по рути што се користат за шверц со дрога и бил вклучен во операции поврзани со трговија со дрога. Ова е најновиот во низата слични инциденти во текот на изминатите неколку месеци. Американската војска изврши уште еден ...
Соединетите Американски Држави планираат да го забрзаат повлекувањето на војниците од базите во Европа и ќе презентираат предлози за ова прашање на своите сојузници од НАТО идниот месец, објави германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на неименуван извор од Пентагон. Вашингтон месецов најави планови за повлекување на 5.000 војници од Германија, што е широко протолкувано како резултат на расправијата меѓу американскиот претседател Доналд ...
Со слегувањето на Св. Дух врз апостолите се исполни Домостројот на спасението на човечкиот род, заврши основањето на Црквата Христова или Царството Божјо на земјата. Од мигот на првата христијанска Педесетница, Црквата почна да го живее својот живот во полнота, да расте и да се развива внатрешно и надворешно, во висина и ширина, за да подготвува и прима нови души за Христа. Кога се зборува за празникот Педесетница, тогаш неопходно е да се ...