Со сослушување сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето против тројцата обвинети полициски службеници од Кочани за постапувањето при контроли поврзани со дискотеката „Пулс“. На почетокот на судењето тројцата обвинети пред Судот изјавија дека не се чувствуваат виновни по обвинението што произлегува од постапувањето при контроли поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што на 16 март ...

Кожните алергии на откриените делови од телото во пролетниот период најчесто се предизвикани од контакт со растенија и полени, но и поради зголеменото сончево зрачење, потење и температурните промени. Освен респираторните алергии, со почетокот на пролетта и промените на кожата се чест придружен елемент за кој исто така е потребна соодветна грижа – сметаат лекарите. Софија Гугова-Пеева, специјалист дерматовенеролог во ЈЗУ Општа болница со ...

Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Реза Ареф, упати остро предупредување дека секој што ќе се обиде да го заземе островот Харг во Персискиот Залив ќе се соочи со „одлучна и немилосрдна одмазда“. Во официјално соопштение, Ареф нагласи дека вооружените сили на Исламската Република се во состојба на целосна подготвеност за одбрана на државните граници и територијалниот интегритет. Тој потенцираше дека секој агресор што ќе посегне по ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. -Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди. Јавниот обвинител до ...

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ реагира на одлуката на Град Скопје да ја разреши директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева. Во нивната реакција на Фејсбук, во кое му се обраќаат на градонаќалникот Орце Ѓорѓиевски, а која ви ја пренесуваме во целост, се вели: -Град Скопје донесе одлука за разрешување на директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева- активист на Анима Мунди и долгогодишен борец за системско и хумано решавање на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од него тврдејќи дека тој спречил неколку големи војни во целиот свет. „Без разлика дали луѓето го сакаат Трамп или не, јас решив осум војни. Големи. Некои траеја 36 години, 32 години, 31 година, 28 години, 25 години. Некои сè уште не почнаа, како Индија и Пакистан. Осум авиони веќе беа соборени. И го решив тоа многу бргу, ...

Раководството на лидерот во македонскиот ракометен шампионат, РК Вардар, одлучи, влезот за дербито со ГРК Охрид да биде бесплатен. – На 2 април, во 18 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, клубот го очекува натпревар кој може да биде клучен во трката за шампионската титула. На тој натпревар влезот е слободен за сите. Клубот упатува апел до сите кои го поддржуваат, дека ова е моментот кога тимот има потреба од секој глас, од секоја ...

Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладувањето, врнежите ќе преминат во снег и на некои од повисоките места. Според најавите од Управата на хидрометеоролошки работи (УХМР), пообилни врнежи ќе има восреда и в четврток кога локално се очекува да наврнат над 50 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, а в среда засилен ветер од североисточен правец. Во деновите ...

Мајката на починатата Ивана Јовановска, Љубица Стојановска, во сведочењето пред Основниот кривичен суд Скопје изнесе нови детали за, како што рече, долгогодишното физичко насилство што нејзината ќерка го трпела од сопругот Стојанче Јовановски. Таа наведе дека нејзината ќерка во 2025 година била нападната во нивниот стан, по што успеала да побегне, а случајот бил пријавен во полиција, иако подоцна, поради страв, Ивана не го потпишала ...

Денешното рочиште за мирење по приватната тужба од фирмата на сопствениците на Пулс, БИТ ТИМ, против деветмина млади кои ден по трагедијата го демолираа Класик кафе, се одложи за 24 април. До судот пред 3 дена било доставено Барање за одлагање на рочиштето од страна на полномошникот на подносителот на тужбата, адвокат Ивана Коцевска, со кое бара да биде одложено за друг датум, будејќи за денешниот ден била ангажирана во друг предмет кој не ...

Најновите научни анализи во Франција покажуваат дека не сите никотински производи имаат еднаков степен на штетност. Според извештајот на Националната агенција за безбедност на храна, животна средина и здравје при работа, ефектите од користењето електронски цигари не се со ист интензитет како оние предизвикани од традиционалните цигари. Овој обемен извештај од 720 страници е резултат на тригодишно истражување и мета-анализа на речиси 3.000 ...

Во периодот од 26 до 28 март 2026 година, во Сплит, Република Хрватска, се одржа IX Регионален самит за претприемништво во Средна и Југоисточна Европа „300 Најдобри“, кој ги обедини водечките бизнис-лидери, компании и институции од регионот, со цел унапредување на претприемништвото како двигател на современиот економски и општествен развој. На овој престижен настан, Елена Младеновска Јеленковиќ, извршна директорка на М6 Едукативен центар, ...

Максималната малопродажна цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5 до 3 денари за литар, а цената на дизелот останува иста – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто. Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува за 2,5 денара за литар, а ...

На изборите одржани во кантонот Берн, меѓу 160-те пратеници е избрана и Шазиме Османи, Албанка со македонско потекло. Избрана е од редовите на Социјадемократската партија на Швајцарија. Шазиме е студентка по право на Универзитетот во Берн, која на едногодишна возраст од Кичево се преселила во кантонот Берн, Швајцарија, каде веќе работеле нејзиниот дедо и татко. Дедото на Шазиме се преселил во Швајцарија во 1979 година од Кичево, додека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да преземе контрола врз иранската нафта, опишувајќи ги критичарите во Соединетите Држави како „глупави“ во интервју за британскиот весник „Фајненшл тајмс“. – Да бидам искрен со вас, најмногу би сакал да ја земам нафтата во Иран. Но, некои глупави луѓе во САД велат: „зошто го правиш тоа?“ Но, тие се глупави луѓе“, изјави Трамп. Заземањето на иранската нафта најверојатно би барало ...

Цените на нафтата денеска надминаа 115 долари по барел при отворањето на берзите во Азија, додека продолжуваат воздушните напади во земјите на Блискиот Исток, нешто повеќе од еден месец по почетокот на војната во Иран. Цената на суровата нафта од марката „брент“ изнесува 115,84 долари, што е зголемување од 2,9 отсто во однос на цената од петокот, пренесува Би-Би-Си. Цената на таа нафта по барел беше околу 72 долари пред 28 февруари, кога ...

ХИНА Исклучете го паметниот телефон и вратете го детството – тоа беше слоганот под кој Австралија пред четири месеци тргна во забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години. Но, дали забраната успеа? И резултатите и впечатоците се различни. Од брегот на Квинсленд до оддалечените делови на Северната Територија, во некои австралиски домови навистина се видливи промени. Паметните телефони наутро остануваат заборавени на кујнската маса, ...

Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо”, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за нештата кои длабоко не засегаат и болат како општество, а не сакаме да си ги кажеме едни на ...

Луѓето понекогаш се прашуваат: Дали животните се опиваат како нас? Шимпанзата, се чини – да. А, и пчелите и мувите, исто така, се опиваат на пр. од извори на храна богати со етанол. И, сега, најпосле, благодарение на нови истражувања објавени во британското Кралско друштво „Отворена наука“ (Royal Society Open Science), може да ги додадеме и колибрите во списокот на „пијаниците“ во животинското царство. Колибрите пијат алкохолен нектар. ...

Еден од највпечатливите млади вокали на регионалната сцена, Ади Шоше, продолжува со својот силен музички подем и конечно пристигнува и во Македонија, и тоа со два концерти. На 24 април можност да ужива во неговиот магичен глас и емоционална интерпретација ќе има публиката во Битола, додека на 18 октомври следува голем солистички концерт во Скопје, во Филхармонија, во вечер која ветува вистинско музичко доживување. Со својот неверојатен вокал, ...

Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач санкционираше возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место -Денеска (29.03.2026) во 18:55 часот на експресен пат Штип – Радовиш, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило – пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина ...

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Ратко Грков, од Итната медицинска помош во Кавадарци, кој бил на местото на повик во Росоман. – Нашата екипа беше повикана и на лице место констатиравме убод со нож во вратот. Од повредата, жената починала на самото место, појасни Грков за МИА. Засега нема повеќе детали за случајот. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Убиство во Росоман, ...

Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици, потенцираше проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората Научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје. Ова го покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници кои ...

Лишен од слобода 27-годишен жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, следува пријава -На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска ...

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека е расчистено убиството во Виница и поднесена е кривична пријава против 80-годишен грчки државјанин. Приведени се вкупно четири лица. – По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата ...

Голот против Италија во Палермо ќе остане засекогаш запишан во фудбалската историја на македонскиот фудбал, а стрелецот Александар Трајковски по случувањата на дуелот со Данска реши да стави крај на репрезентативната кариера. Во своето обраќање на социјалните мрежи напиша: „Денес стојам пред вас со срце полно емоции … Од првиот ден кога го облеков дресот, знаев дека тоа не е само обврска – туку чест, гордост и одговорност која не може да се ...

Во близина на Виница пронајдено е тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје, соопштија денеска од државното јавното обвинителство. Увид на местото извршиле припадници на Основното јавно обвинителство Кочани, а според првичните информации починатото лице е идентификувано како ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов. Посочуваат дека во рамки на истрагата задржани се тројца странски државјани и еден македонски државјани ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите го повтори ставот на Владата дека нема да прифати уставни измени под услови кои, како што рече, директно го засегаат македонскиот идентитет, без јасна предвидливост и конечен исход на процесот. -Поради лошите криминални и предавнички политики на претходната влада нашата позиција е таква каква што е. Но ова се историски процеси, ние ќе се бориме. Кај нашиот источен сосед политичарите ...

Поплавата во Стајковци во 2016 година, која однесе 22 човечки животи се’ до неодамна се сметаше за природен феномен што се случува на секои 1000 години. Меѓутоа, ова повеќе со сигурност не може да се тврди, бидејќи со климатските промени многу нешта се непредвидливи. Поради тоа, системот и населението најмалку што можат да направат е да подготват соодветен одговор. Но, што конкретно направи системот да се подготви за вакви катастрофи? ...

Од „Танец“, преку фолк фестивали до Филхармонија… Дојде денот кога се оствари сонот на маестро Милан Завков неговата музика да се слушне поинаку. А се случи вчера вечерта во Филхармонија на концертот наречен „Миланова игра“. Милан од 2023 година не е веќе со нас, но тука е неговото семејство иницијатор за концертот, чија идеја беше родена од желбата да се продолжи неговата замисла, која, за жал, тој не успеа да ја реализира. Голем виртуоз на ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.65
47%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
3.58
62%
1014
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.48
72%
1013
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.8
52%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
4.33
53%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
58%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
45%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.24
42%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.63
48%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
53%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
1.34
65%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.07
61%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59