Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени повеќе истражни дејствија во текот на вчерашниот ден се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Воедно, против ...
Лишен од слобода скопјанец, пронајдена дрога -На 21.12.2025 година во 14:30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Ј.С.(34) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При преглед кај Ј.С. пронајден е кокаин. По целосно документирање на случајот против ...
Амбасадорката Анџела Агелер е меѓу дипломатите од кариера кои се отповикани како дел од неодамнешната одлука на претседателот Доналд Трамп која опфати смена на околу 30 амбасадори на САД. – Длабоко сме и благодарни на амбасадорката Агелер за нејзината служба во Северна Македонија во изминатите три години и посветени сме на обезбедување непречена и ефективна транзиција што ќе им даде приоритет на мисијата на САД и нашите дипломатски односи, се ...
Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, и затоа ме напаѓа лично мене но и моето семејство, истакна Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ на денешната прес-конфереција, се посочува во соопштението од СДСМ. „ДПМНЕ, во рамки на својата кампања „Дефокус“, објавува мои фотографии и текстови за мене, а во сето тоа го споменуваат и мојот татко, кој нема никаква врска со ова. Следно што можеме да очекуваме е да ми ја ...
На Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, од 00:00 часот на полноќ до 20 часот вечерва откажани се вкупно 20 летови (полетувања и слетувања), два се преносочени, а слетале 13 авиони и исто толку полетале, информира ТАВ Македонија. Слетале авионите од: Дортмунд, Виена, Хамбург, Брисел, Белград, Загреб, Франкфурт, Венеција, Париз (Буве), Хамбург, Берлин, Минхен (Меминген) и Цирих. Реализирани се летови ...
Поради маглата која и денеска е присутна во скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше, во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот денес напладне, авиокомпаниите да откажат 20 лета и да пренасочат еден лет. По 11 часот слетаa авионите од Дортмунд и од Виена, а во моментов се очекува да полета авионот за Хамбург, информираат од ТАВ Македонија. Од ТАВ Македонија посочуваат дека согласно ...
На 67-годишна возраст денеска почина македонскиот актер Лазе Манасков. -Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!, наведуваат од Драмски театар. Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во ...
На 75-годишна возраст почина еден од најпопуларните радио-водители и музички новинари Драган Б. Костиќ. Костиќ е роден во Скопје во 1950 година, а кариерата ја започнал во тогашното Радио Скопје, прославувајќи се како со својот глас, така и со емисиите „Диско селектор“, која почна да се емитува во јуни 1974 и „Заборави ако можеш“, која ја водеше од 1991. Втората го доживеа своето 4.500 издание во октомври 2013 година. Костиќ беше и еден од ...
На овој ден во домот на семејството Мустафови беше весело, се играше, се пееше, се дуваа свеќи. Му беше роденден на кралот на ромската музика Ферус. Но, денес, како и лани на овој ден во неговиот дом, каде живеат сопругата Јелена и ќерката Мелек, е тажно. Живеат со спомените. И двете се тешат дека мора да продолжат така да живеат, бидејќи, како што вели Мелек, „тато нема да се врати“. А исто се чувствува и неговата сопруга. Вели дека срцето ...
Сторијата „Конти со кинески врски под британски превез ги однесе заштедите на македонските граѓани“ што заеднички ја потпишуваат новинарката на Канал 77, Весна Коловска и Убавка Јаневска од дума.мк, се добитници на наградата „Илија Жупаноски“, што годинава по втор пат се додели на конференцијата е-Општество.мк. Оваа награда ја востанови и ја доделува Фондацијата Метаморфозис и се доделува на новинари, граѓански организации и поединци кои ...
Граѓаните повеќе не сакаат да чекаат на надлежните, бараат итна дислокација на Цементарница „Усје“ за која сметаат дека е причина за алармантната состојба со амбиенталниот воздух во Скопје. Но, од Титан Усје ги отфрлаат овие наводи и велат дека причините за загадувањето треба да се бараат на друго место. Во демантот на Титан Усје, кое ви го пренесуваме во целост се вели: -Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон ТИТАН Усје, кои се ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја држи годишната прес-конференција, која ја организира повеќе од 20 години. За време на денешната конференција тој одговара на прашања од руски граѓани, некои однапред избрани, а некои во живо. Темите се од економијата и социјалната политика до војната на Русија во Украина и односите со Западот. На ѕидот зад Путин има мапа на Русија на која се гледа дека во границите на земјата не е само Крим, туку ...
Во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и во изминатите денови така и денеска, граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, повторно ќе биде затворен за сообраќај, поради блокадите на грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина. На грчката страна од границата, веќе 19 дена се паркирани над 300 трактори на земјоделците од областа Пеонија и од градот Јаница, а блокадите се секојдневни, но во ...
Уралскиот новинар Кирил Бажанов, на годишната прес конференција на рускиот претседател Владимир Путин, со транспарент во рака ѝ предложи брак на својата девојка додека се емитуваше преносот во живо. Некое време не се знаеше каков е одговорот на девојката, но кратко потоа репортерите преносоа дека рекла „да“. „Не знаев за идејата. Реков „да“, изјавила девојката. Новинарот Бажанов на пресот се појавил во костум и во еден момент го побара ...
Денес, во просториите на Аудиокултура се одржа прес конференција по повод новогодишниот концерт на македонската вокална интерпретаторка и музичарка Зарина Првасевда со наслов “КАДИФЕНО”, во Филхармонија на 20 декември со почеток од 19.30 часот. На прес конференцијата, на која покрај Зарина, беа присутни и професорот и музичар Тони Арслан, македонскиот виртуоз на виолина како и младата и надежна контрабасистка, Андреа Мирческа. Беа споделени ...
Електронските цигари и тутунот стануваат секојдневие за сè помладата популација во Македонија, а бројките што излегуваат на виделина се повеќе од алармантни. Според податоци на Светската здравствена организација и истражувања спроведени меѓу средношколци низ државата, дури 40 проценти од децата на возраст од само 14 години веќе пушат цигари. Уште позагрижувачки е фактот дека просечната возраст на прв контакт со тутунот е 13,5 години – период ...
Граѓанската иницијатива „Зелен Хуман Град“ денеска до Советот на Град Скопје поднесе официјална Иницијатива за дислокација на Цементарница Усје, со барање Советот јавно и недвосмислено да заземе став дека тешката и високозагадувачка индустрија нема место во густо населени подрачја. „Со Иницијативата се предлага градоначалникот на Град Скопје овој став да го достави до Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот ...
Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја поднесената претставка на СДСМ за изгласаната Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, истакна дека тој нема да коментира и остава Уставниот суд да донесе одлука за оваа иницијатива. -Јас немам коментар. Сепак, тука е Уставниот суд. Уставниот суд е тој кој што треба да донесе одлука за иницијативата на СДСМ. Јас навистина жалам што ...
Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за реакциите од Грција за неговата изјава за употреба на името на државата истакна дека за него името Македонија е свето име и оти има слободно право на говор да си кажува како што мисли. – Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам, рече Мицкоски, на новинарско ...
Речиси 50 отсто од проектите од првиот јавен повик на Владата за искористување на средства од заемот од Унгарија веќе се реализирани, а склучени се договори со 55 проценти од проектите од вториот јавен повик на Владата, истакна денеска министерот за локалната самоуправа, Златко Пирински при посетата на Штип. Тој додаде дека општините и градоначалниците придонеле да се реализираат проекти, кои се од големо значење за нив, а се финансисрани од ...
Путин остро реагираше на нападот на Украина врз танкер во Средоземното Море, предупредувајќи за сериозни последици. Путин рече дека иако нападот нема да ги загрози резервите, Москва никогаш нема да остане без одговор на ваквите потези. Ова беше прв пат украински дронови да нападнат руски танкер во Средоземното Море, на повеќе од 1.600 километри од Украина. Путин нагласи дека таков потег само ќе „создаде дополнителни закани“. Според него, ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да ја одржи својата традиционална годишна прес-конференција во Москва, одговарајќи на прашања од домашни и странски новинари за низа теми во текот на неколку часа, јавува ДПА. Годинава медиумскиот спектакл повторно ќе биде комбиниран со ТВ-емисијата „Директна линија“, во која руските граѓани можат да се жалат на своите проблеми, да го прашаат шефот на Кремљ за решенија и да го испрашуваат за ...
Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите, како што информираат од АХВ, биле спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи, при што утврдени се минимални недоследности. По спроведените 262 инспекциски контроли на безбедноста на ...
Детективот Сезар Бараза е прогласен за херој откако го уби еден од вооружените лица одговорни за масакрот на плажата Бонди во Сиднеј. Снимките од местото на настанот даваат појасна слика за тоа како се одвивал антисемитскиот напад во кој загинаа најмалку 15 лица и како Бараж, вооружен само со пиштол, се движел за да ги неутрализира напаѓачите од околу 45 метри оддалеченост, помагајќи да се стави крај на најлошото масовно пукање во Австралија ...
Програмата за добивање постојан престој во САД, попозната како „зелена карта“ ќе биде стопирана. Секоја година таа овозможува издавање околу 55.000 визи за државјани од земји со пониско ниво на имиграција. Аплицирањето се одвива низ повеќе фази и подразбира темелни проверки, вклучително и интервју со надлежните служби, како и задолжителни медицински прегледи. Во меѓувреме, американските власти го идентификуваа 48-годишниот португалски ...
Легендарната македонска поп-рок група „Меморија“ по досега најголемиот македонски концертен спектакл во арената „Борис Трајковски“ минатата година, реши со двојно изненадување да ги почести своите најверни фанови пред да ја заокружи 2025 година. Имено, по веќе најавениот концерт на 25. декември во 20 часот во МКЦ – Скопје, местото каде што во далечната 1984 година се’ започна, „Меморија“ со гордост ја најавува и својата Изложба на фотографии ...
Еден од најпрепознатливите и најпочитувани гласови на македонската музичка сцена, златното грло Наум Петрески, повторно ја радува публиката со нова емотивна песна насловена „Една солза“. Станува збор за композиција која носи силна емоција, искреност и препознатлива интерпретација – токму она по што Наум со децении е омилен кај слушателите од сите генерации. Комплетен автор на песната е Јован Василевски, со кого Наум Петрески има долгогодишна ...
Мајка на две деца почина од компликации по козметичка операција во Турција. На Софи Хант, 34, од Нортхемптон, Англија, и откажале повеќе органи и почина по три срцеви застои на 9 март 2022 година, два дена откако беше подложена на бразилско подигнување на задникот (BBL) и стомачна корекција, објави Би-Би-Си. Нејзиното семејство рекло дека се загрижени дека таа не е во соодветна состојба за операцијата, која била извршена во приватна болница ...
Иако не секогаш се смета за прифатливо, пцуењето може да има неочекувани придобивки. Ново научно истражување покажа дека користењето пцовки може да ја зголеми физичката издржливост, ставајќи го мозокот во состојба на поголема сконцентрираност, позната како „состојба на проток“. -Според Ричард Стивенс, психолог од Универзитетот Кил, луѓето често свесно или несвесно, не го користат својот целосен потенцијал. Пцуењето е едноставен начин да се ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за официјалната примена на системот „Безбеден град“, што од почетокот на месецов е во пробна функција. Тошковски во вчерашното гостување на ТВ Канал 5 рече дека останува најавата за официјален старт на „Безбеден град“ од 1 февруари, како што рече, „согласно ...