Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Максималната малопродажна цена на дизел-горивото од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5 денари за литар, а бензините поевтинуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 отсто. Максималната малопродажна цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува за 2,5 денари и ...
Во Штип викендов ќе се одржи третото издание на модната манифестација „Shtip Fashion Days“, која полека се позиционира како еден од позначајните настани од ваков тип во источниот дел на земјата. Според најавите од локалната самоуправа, програмата е закажана за 17 и 18 април, а ревиите ќе се реализираат во Трговскиот центар во центарот на градот. Годинава публиката ќе има можност да проследи осум модни ревии, зад кои стојат познати штипски ...
Васил, дури откога положи теоретски дел и дојде на ред полагање за градско возење, откако првиот пат падна, покажа интерес да се проба со возилото, но сопругот беше категоричен дека тоа нема да се случи додека не положи – изјави Ана Јованова, мајката на Васил Јованов, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје на судењето против сопругот Зоран Јованов. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејство ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „САД можеби ќе свратат во Куба“ откако ќе „се справат со Иран“. Тој им изјавил на новинарите дека многу американски граѓани со кубанско потекло биле „третирани многу лошо“ и дека многумина од нивните семејства биле убиени или претепани, пренесе БТА. – Куба е неуспешна држава – рече Трамп, додавајќи дека на карипскиот остров „ужасно владеел многу години“ комунистичкиот револуционер Фидел ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека е „тажен“ поради поразот на унгарскиот премиер Виктор Орбан на изборите, притоа нагласувајќи дека САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник, конзервативецот Петер Маѓар. – Ме растажува што изгуби, но сигурен сум дека ќе соработуваме многу добро со следниот унгарски премиер – рече Венс во интервју за Фокс њуз. – Многу добро знаевме дека постои голема веројатност Виктор да ...
Стотици летови се откажани во Германија поради штрајкот на пилотите на авиокомпанијата „Луфтханза“, свикан поради несогласувањата со раководството на компанијата околу висината на платите и пензиската шема. Од почетокот на штрајкот во понеделникот по полноќ досега се откажани повеќе од 1.100 полетувања и слетувања на аеродромот во Франкфурт, кој е главен оперативен центар на „Луфтханза“ и најголем аеродром во земјата. Во Минхен се откажани ...
Американската поп-ѕвезда Бритни Спирс се пријави во установа за рехабилитација, по нејзиното апсење минатиот месец под сомнение за возење во алкохолизирана состојба близу Лос Анџелес, објавија американските медиуми. Пејачката беше уапсена на почетокот на март од страна под сомнение за возење под дејство на алкохол. Таа беше ослободена кратко време подоцна, а нејзиниот претставник го опиша инцидентот како „целосно неприфатлив“ и рече дека ...
Во време кога ретко се случува на едно место да се соберат најголемите имиња на македонската народна музика, публиката конечно ќе има можност да доживее вечер за паметење. Под мотото „Сега па којзнае кога пак”, во сабота на 18 април во „Македонско село” ќе се одржи уникатна музичка вечер што ветува емоции, носталгија и вистинско уживање во безвременските македонски песни. На сцената ќе настапат легендите на домашната фолк сцена – Наум ...
Биографската книга „Фудбал под сенка”, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ, ќе биде промовирана на 17 април (петок), во книжарницата „Литература.мк” во „Дајмонд мол”, со почеток во 20 часот. Книгата излегува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно беше вклучен во нејзиното создавање. Денот на промоцијата, пак, се поклопува со датумот на неговото раѓање. ...
Од 13 до 19 април стартува европската акциска контрола на брзина на патиштата. -Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL се приклучува на акциската контрола со зголемени контроли за возење над дозволената брзина. А среда, 15 април од 00.00 часот до четврток 16 април 00.00 часот ќе биде 24 часовен Маратон на брзина во кој период ќе има непрекинати акциски контроли на брзината на движење ...
Лишен од слобода возач од охридско, удрил пешак и избегал, по преземени мерки е пронајден и утврдено е дека имал 2,78 промили алкохол во крвта -На 13.04.2026 во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(52) од с.Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот А.Н.(55) од с.Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот. Во несреќата со ...
Воената блокада на целиот сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа од страна на СAД почна денеска во 16:00 часот по средноевропско време, откако пропаднаа мировните преговори во Пакистан за време на викендот. Корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран се закани со одмазда. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека иранската морнарица е „целосно уништена“ и додаде дека ќе уништи и помали бродови ако се ...
Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, по што бил задржан во полициска станица, соопшти СВР Велес. – Вчера во 08:50 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Р.(54) од Прилеп. При сообраќајна контрола, на улица „Пекарев“ во овој град, било сопрено патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, што го управувал Д.Р. и по преземени мерки и извршени проверки, било ...
Министерството за внатрешни работи информира дека полициските службеници во текот на последното деноноќие примиле седум пријави за семејно насилство, при што лишиле од слобода шест лица. Во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17:50 часот го лишиле од слобода Б. Ѓ. (41) од Скопје, поради тоа што на завчера во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга и и упатувал закани. По целосно ...
Си-Би-Ес – Сиднеј Кога Петер Маѓар бил дете, на ѕидот во својата спална соба залепил фотографија од Виктор Орбан, тогаш антикомунистички бунтовник, воодушевен од првите демократски избори во Унгарија во 1990 година. Само пред неколку години, Маѓар му аплаудираше на говорот на Орбан од првиот ред, пред да се појави како најсериозен предизвикувач на националистичкиот лидер во неговото 16-годишно владеење. Денеска, тој му стави крај на ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан му честиташе на опозицискиот лидер Петар Маѓар на изборната победа. По пристигнувањето на првичните резултати, стана јасно дека опозициската партија Тиса има голема предност пред Фидес на Орбан. – Резултатите од изборите се уште се нецелосни, но се јасни и болни за нас. Граѓаните не ни ја дадоа довербата и одговорноста да владееме и затоа и честитав на победничката партија, изјави Орбан на собирот на ...
Скај Њуз – Лондон Разговараа 21 час. Тоа беше состанок на највисоко ниво меѓу САД и Иран од доаѓањето на власт на револуционерната влада во 70-тите години. Но, на крајот, тоа не беше доволно. Американците први ја објавија својата верзија на настаните пред да се качат во авионот и да тргнат кон дома. – Иранците не сакаа да се откажат од својата амбиција да направат бомба и од барањето средства за тоа, изјави американскиот потпретседател Џеј Ди ...
Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ се одржа Литургиска прослава на Христовото Воскресение – Велигден, најголемиот и најсветлиот христијански празник . По свеченото Објавување на Воскресението, следи Пасхалната Литургија, со која чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус ...
Комитетот за човекови права на ОН заклучи дека Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување на етнички Македонец, коосновач на непрофитна организација за човекови права, кога домашните судови го отфрлиле неговото барање за регистрација на здружението без да обезбедат валидно правно оправдување. Како што информира, Комитетот разгледувал индивидуална жалба поднесена согласно Првиот факултативен протокол, од историчар по професија, кој ...
Четири астронаути од мисијата „Артемис II“ безбедно се вратија на Земјата по десетдневен лет околу Месечината, со што заврши првата американска мисија со екипаж во близина на Месечината по повеќе од половина век. Екипажот составен од Рид Вајсман, Кристина Кох, Виктор Гловер и канадскиот астронаут Џереми Хансен слетаа со капсула „Орион спејскрафт“ во Тихиот Океан, крај брегот на Сан Диего, во 20:07 часот по источно американско време. Леталото ...
Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Овој е денот ...
По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што информираат од МВР утре во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во ...
Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велипеток. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и 16 глава). За да биде поуката разбрана и запаметена, го посочил примерот со ...
Ноќеска во скопска кафеана била нападната пејачката, двајца мажи не и давале да пее, а кога дошшла полицијата го нападнале пријавителот. -На 09.04.2026 во 02:13 часот во СВР Скопје С.К. пријави дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром имало нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, каде што пријавителот појаснил дека двајца мажи ја ...
Неверојатни, па дури и срамни сцени се одвиваа на погребот на еден маж кога две жени, веројатно вдовицата и љубовницата, се држеа за раце над ковчегот пред зачудените очи на ожалостените роднини во Мексико. Покојникот, која во овој конкретен случај веројатно го избегнала гневот на двете жени, си заминува од овој свет, носејќи ја со себе тајната за живот со две жени, а при тоа ниту едната да не знае за постоењето на другата. Нешто што го ...
Јавната седница во Апелациониот суд во Скопје за жалбите на пресудата за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска беше одложена поради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите, Боре Видевски, кој во моментов се наоѓа на болничко лекување. Како што информираше неговиот бранител, адвокат Бојан Манев, Видевски е хоспитализиран поради проблеми со бубрезите. – Лицето живее со еден бубрег кој му е дониран, ...
Со поднесување на кривична пријави заврши инцидентот од февруари од Куманово, кога дојде до инцидент на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на МКК Куманово и МЗТ Скопје. СВР Куманово соопшти дека поднесе кривична пријава против Б.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. -На 21.02.2026 во спортска сала во Куманово, пријавениот, припадник на навивачка група, за време на кошаркарски натпревар ...
МВР информира за добиена пријава од 34-годишна жена од скопско, која од декември 2025 година до денот на пријавување во својство на директор на основно училиште добивала закани од З.Р.. -Според пријавителката, причина за заканите бил фактот што при инспекција на Државниот просветен инспекторат било утврдено дека сопругата на З.Р. вработена во истото училиште, имала приложено фалсификувана диплома. Воедно, пријавителката посочила дека на ...
На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина. Сведокот пред судот појасни дека нејзиниот годишен план за инспекциски надзор за 2022 година го опфаќал ...
Шест дена дружење и едукативни, креативни и културни активности насочени кон градење пријателство, меѓусебна доверба и интеркултурно разбирање ќе останат во заедничко паметење на 30 млади 15 од Приватната гимназија „Живорад Јанковиќ” од Нови Сад, Србија, и 15 ученици од ООУ „Маврово – Ростуше”. Во периодот од 29 март до 3 април 2026 година, во Ростуше се реализираше втората мобилност во рамките на проектот „RYCO Superschools” насловен „Мирот ...