Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се чини дека го одложи својот ултиматум до Иран за уште 24 часа, сега поставувајќи го „вторник во 20 часот“ по источно време, што е 2:00 часот наутро во среда по средноевропско време, за нов краен рок. „Вторник, 20 часот по источно време“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. Претходно вчера Трамп изрази верување дека САД имаат добри шанси денеска, понеделник, да постигнат договор со ...

Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ -Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10.04.2026 започнува со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен ...

Четворицата астронаути на мисијата „Артемис 2“ стигнаа до сферата на гравитационо влијание на Месечината, што е точката кога гравитацијата на Месечината има посилен ефект врз вселенското летало „Орион“ отколку врз Земјата, соопшти денеска НАСА, пренесува ДПА. Американските астронаути Виктор Гловер, Кристина Кох и Рид Вајзман и канадскиот астронаут Џереми Хансен – се првите луѓе по повеќе од 50 години што патуваат на Месечината. Астронаутите ...

Цените на нафтата на светските берзи пораснаа на почетокот на неделава откако американскиот претседател Доналд Трамп упати нови закани за можна воена акција против Иран што ги зголеми стравувањата од нарушување на глобалното снабдување. Цената на нафтата „Брент“ за испорака во јуни надмина 111 долари за барел, што е за речиси 40 долари повеќе во споредба со периодот пред ескалацијата на конфликтот. Пораст на цената бележи и американската ...

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун откри дека не е голем обожавател на современите еротски сцени во филмовите, истакнувајќи дека тие често ја губат мистеријата и желбата што ја прават интимноста моќна. Во интервју за американската телевизија Си-би-ес (CBS), 68-годишната актерка се потсети на својата улога во еротскиот трилер „Ниски страсти“ (1992), каде што ја игра писателката Кетрин Трамел. Сценариото кое ја следи истрагата на детективот Ник ...

Зошто да пишувам за овие денови? Прашањето си го поставив самиот себе си, а допуштам и вие да ми го поставите. Одговорот, пак, ми стана јасен, откако напишав по нешто за секој ден и видов дека е тоа многу потребно. Имено, заради големината на последните три дена од Седмицата на страданијата: Велики четврток, Велики петок и Велика сабота, речиси забораваме колку се важни и првите три дни. Ги запоставуваме и не знаеме што се случувало во тие ...

Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака, страдание). Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава. Таа е недела на страданијата Господови. Сè е во спомен на последните денови од земниот живот на Спасителот наш Господ Исус Христос: Неговите страдања, смртта и погребението. Оваа седмица се нарекува и Велика ...

Со повеќе од две децении активна музичка кариера, Браво Бенд повторно ја потврдува својата позиција на домашната сцена, претставувајќи ја најновата песна „Да не полудам“ – издание кое уште од самиот старт го привлекува вниманието на публиката и музичката јавност. Само еден час по премиерата на нивниот официјален YouTube канал, реакциите се повеќе од јасни – новиот сингл веќе се издвојува како нов хит. Големиот број прегледи, коментари и ...

Одењето е веројатно најпристапниот облик на вежбање што го имаме, а сè поголем број истражувања покажуваат дека тоа е добро за здравјето на срцето, крвниот притисок, менталното здравје и друго. Одењето трипати неделно речиси го преполовува ризикот од болки во грбот, според новите истражувања. А пак, правењето 10.000 чекори дневно ја намалува опасноста од срцеви заболувања, објавува „Сајенс фокус“ (Science Focus). Тоа значи, може „да ги ...

Јавна расправа по предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ќе се одржи денеска во парламентот во организација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која на седница на 27 март го усвои предлогот во прво читање. Законот го предлага Министерството за правда, а Владата на седница во февруари го утврди предложениоет текст на законот, со кој треба да се зајакнат независноста, ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и покрај мерките што се преземаат за ублажување на последиците од кризата и се во полза на граѓаните, но може да го намалат приливот во буџетот, Владата засега не планира да го зголеми буџетскиот дефицит. Доколку во иднина за тоа се јави потреба, вели премиерот, ние имаме опции од каде да ги обезбедиме тие пари и со поволни услови. – Буџетскиот дефицит во моментот е проектиран на 3,5 проценти. Дали ќе го ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова закана до Иран, најавувајќи дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови во вторник, ден откако ќе истече ултиматумот што му го даде на Техеран за отворање на Ормуската Теснина. – Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на ...

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението. Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред Велигден. Се празнува во спомен на влегувањето на ...

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. -Осомничените заеднички вршеле недозволен транспорт на околу 65 килограми марихуана, а биле откриени на наплатната рампа Стоби, во близина на Градско. Првиот осомничен, 38-годишен ...

По пријавата на фирма од Свети Николе, пред три дена, во МВР е пријавена уште еден ваков случај на пресретнато плаќање на интернет и одземени пари. На 03.04.2026 во СВР Тетово, Н.Б. (38) од Скопје, вработен во фирма од с. Врапчиште, пријави компјутерска измама во правен субјект. Имено, при нарачка на стока од странска фирма, преку пресретната електронска комуникација, оштетените биле доведени во заблуда од страна на непознати сторители да ...

Горазд Чаповски гитарисот од култиот македонски бенд Мизар, во текот на гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77 се осврна на нашиот однос кон вредностите, вклучително и односот кон музиката. Како илустрација го спомена снимениот спот на песната на Мизар „Девојка од прозор“, која е дел од архивата на националниот сервис – Македонска радио и телевизија (МРТВ). -Во МТВ ги нема лентите. Не може да ја најдеме изворната снимка на „Девојка од ...

Следна мерка за превенирање на растот на инфлацијата е намалување на акцијата на горивата, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој потврди дека утре на вонредна седница ќе се донесе одлуката. Како што објасни премиерот, со одлуката, доколку Окта одлучи да го проодлжи попустот за 3 денари за литар и во наредните две недели, во понеделник ќе нема поскапување на дизелот. -Според овие калкулации, дизелот во понеделник требаше да поскапи за 7 ...

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки. Денеска (03.04.2026 година) во 07:45 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на линијата на фронтот е најдобра за неговата земја во последните 10 месеци додавајќи дека украинските сили успешно ја одбиле руската офанзива минатиот месец. „Офанзивата што ја планираа за март беше спречена од дејствата на нашите вооружени сили. Затоа Русите сега, едноставно, ќе ги интензивираат своите офанзивни операции“, рече Зеленски преку денешното соопштение од неговиот ...

Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека соборила два американски авиони ловци, од кој едниот е Ф-35. Во соопштението се наведува дека авионот Ф-35 е соборен над централниот дел на Иран и е целосно уништен, а не е непозната судбината на пилотот. Другиот американски авион ловец е погоден јужно од островот Кешм и потоа се урнал „во длабочините на Персиски Залив. ИРГЦ наведува дека соборувањето на борбениот авион бил ...

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79 годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска се презентираа докази од истрагата, како и фотографии и видео материјали од местото каде што е пронајден трупот на починатата. Додека се прикажуваа ...

Утре во Кочани ќе се одржи 40- тиот Марш за ангелите со почеток од 16:05 часот со старт од Паркот на Револуцијата во Кочани. „Четириесетти пат чекориме заедно. Четириесетти пат со болка, со љубов и со непоколеблива решеност нашите ангели никогаш да не бидат заборавени. Една година бараме вистина. Една година бараме одговорност. Една година чекаме вистинска правда. И нема да застанеме. Ќе чекориме сè додека не ја добиеме правдата што нашите ...

Новиот јавен обвинител, Ненад Савески, работи целосно под диктат на Христијан Мицкоски и за 24 часа ги има исполнето сите задачи што му ги додели. Последно, ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат професиналец, која соработуваше и со Еуроџаст и беше прунудена да си замине, се вели во соопштението од СДСМ во кое се пренесува прес-конференцијата на портпаролката Богданка Кузеска, која Канал 77 ја објавува интегрално. Претходно ја ...

Свекрва од кочанско (70) пријавила вчера во полиција дека во вторникот околу 17 часот, била физички нападната од нејзината снаа. При тоа, снаата со свекрвата се пресметала и со тврд предмет и ѝ се заканила. Следи пријава за снаата по целосното документирање на случајот. Штипската полиција документираше случај на семејно насилство, по што го упасиле Т.И.(72) од Штип, по претходна пријава во 15:00 часот дека на 01.04.2026 во семејниот дом ...

Нашата политичка заложба е во 2026 година да бидеме подготвени и по налог на Државниот завод за статистика, тогаш кога ќе треба, кога ќе се донесе законот да спроведеме електронски попис, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, пак, вели дека следниот попис на населението е планирано на глобално ниво да се спроведе околу 2030 година и нагласува дека целта е ...

Во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи вкрстеното испрашувањето на српскиот медицински вештак Давор Радосављевиќ, кој го изработи медицинското вештачење за Обвинителството во случајот „Онкологија“. На обвинителна клупа се поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, обвинети за несовесно лекување ...

Главниот град на Македонија за првпат ќе биде домаќин на едно од најзначајните младински спортски натпреварувања Светското училишно првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 21 до 29 април, во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, под покровителство на Министерството за спорт. Со овој престижен настан, главниот град ќе стане центар на светскиот младински ракомет, обединувајќи млади спортисти од повеќе земји, со цел ...

Градот Верона воведе влезница од пет евра за пристап до дворецот на куќата на Јулија, објави „ТГком-24“ (TGcom24). Имено, за 12 евра, посетителите ќе можат да ја истражуваат куќата во овој северноиталијански град којашто денес е музеј. Оној кој ќе ја плати оваа сума добива поглед кон бистата на Јулија што се наоѓа таму можност и да се качи на балконот на куќата, од каде што хероината на Вилијам Шекспир разговарала со својот сакан Ромео. ...

Заматена е водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива, соопштија од јавните комунални претпријатија од двете општини. – Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање, потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ Кавадарци ја следи состојбата и дополнително ќе извести кога повторно ќе се нормализира, информираа од јавното претпријатие. ...

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде што се измерени – 4 степени Целзиусови и во Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе 0 степени целзиусови. Најтопло, со измерени 7 степени било во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, Гевгелија. Најмногу врнежи 28 литри на метар квадратен во изминатите 24 часа се забележани во Демир Капија, а најмалку – 3 литри на метар квадратен во Виница и Лазарополе. ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.65
47%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
3.58
62%
1014
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.48
72%
1013
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.8
52%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
4.33
53%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
58%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
45%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.24
42%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.63
48%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
53%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
1.34
65%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.07
61%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59