Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
„На секои 10 минути една жена е убиена, од некој што го познава“, „Милиони деца растат без можност за образование“, „Ова не е светот што ни се случува, ова е свет што го дозволуваме“, „Тишината е насилство“… Ова се само дел од пораките кои беа испратени на шоуто „Глумците пеат“, кое се одржа вчера вечерта во МНТ. Задоволство беше да се биде дел од ова шоу, кое на малку емотивен, малку шеговит начин не потсети на многу стари и понови ...
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. За денеска Обвинителството има предложено тројца сведоците Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска – сите од општина Кочани. Одбраната на обвинетите денеска ќе треба да се изјаснат дали го прифаќаат повлекувањето на дел ...
На попладневната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата се кандидатурите на пет кандидати кои се пријавиле на конкурсот за директор и заменик директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Станува збор за еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата. Оваа Агенција не работи три месеци, од 25 декември лани, кога заврши мандатот ...
Со потпис од 18 пратеници од коалицијата предводена од СДСМ, во Собранието на 19 март е поднесен Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, по скратена постапка, со кои се предлага намалување на цените на патарините на сите наплатни места. Со предлог измените, патарините за патувањето од Штип до Скопје и обратно, наместо сегашните 320 денари се намалуваат за половина и ќе чинат 160 денари, односно по 80 ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски истакна дека Владата во своето работење го дава максимумот иако, како што рече, кај одредени поединци има дилема, ги опоменува и доколку не се коригираат ќе бидат сменети. – Ние кажувавме, состојбата е тешка. Ние не сме чудотворци да ветуваме чуда. Тоа јавно на митинзи сум го зборувал. Тој што ви ветува чуда не ја говори вистината, но дека ќе дадеме се од себе, тоа да бидете сигурни. Јас се будам и ...
Трагедија го погоди селото Трешњевица во близина на Ивањица во Србија, каде што дванаесетгодишно момче трагично го загуби животот откако случајно испи отровна течност наменета за прскање овоштарници. Според информациите, момчето им помагало на своите родители во насадите со малини. Кога се ожеднал, зел пластично шише, мислејќи дека содржи сок, но всушност испил пестицид што се користи за уништување на плевел. Наводно испил две голтки и не им ...
По признанието на унгарскиот министерот за надворешни работи Петер Сијарто дека имал телефонски разговори пред и по состаноците на Европскиот совет со неговите колеги од Русија, Америка, Турција, Израел и Србија, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас ќе разговара со него. Сијарто рече дека тоа е природен процес, бидејќи дипломатијата значи да се разговара со лидерите на други земји. „Консултациите со трети земји, ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо. Како што изјави денеска, Владата засега интервенира директно од Буџетот зашто вистински се грижи за граѓаните, но има и друг план за следни чекори ако евентуално ескалира кризата. Според премиерот, берзанските цени на бензините, премиум безоловен и дизел, утрово паднаа за 10-на проценти и споредено со првите пет дена од ...
МВР информира за сопственик и вработен во угостителски бјект во Свети Николе кои служеле алкохол на малолетни лица. -Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе, Б.К.(34) – одговорно лице во правното лице и С.С.(21), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете” и против А.П.(37) од Свети ...
Битолчаните кои го блокираа патот и се закануваа на полицијта и министерот Тошковски. -СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа” и „поттикнување”. На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените ...
Борбата наа кучиња продолжува, не помагаат апели и казни. Уште еден ваков случај откри МВР. -На 23.03.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.Р.(34) , А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од с.Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ...
Пет лица лишени од слобода, а со едно извршен службен разговор за семејно насилство, од вкупно 10 пријави во Скопје, Охрид, Куманово и Битола во последното деноноќие. Ова се насилниците: -На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(54) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и ...
Радиото се’ уште има светла иднина, иако е постојано предизвикано од платформите за стриминг и социјалните медиуми, некои станици не само што преживуваат – туку брзо растат, беше еден од заклучоците на бројните панели на Radiodays Europe 2026 – водечки меѓународен настан посветен на аудио индустријата, кој ќе се одржува во Рига, Латвија. Оваа конференција ги собра на едно место најважните професионалци од областа на радиото, подкастите и ...
При падот на колумбискиот воен авион загинаа 66 припадници на вооружените сили, изјави началникот за одбрана Ухо Алехандро Лопес Барето. Тој посочи дека во авионот имало 128 луѓе односно 11 припадници на колумбиските воздухопловни сили, 115 припадници на армијата и двајца припадници на националната полиција. #AEstaHora 🔴| Un avión tipo Hércules de la Fuerza Aérea se precipitó a tierra en zona rural de Puerto Leguízamo, en el departamento del ...
Блискиот Исток се соочува со нова, жестока ескалација на конфликтот откако Иран во текот на ноќта и утрово истрела бранови ракети кон Израел, погодувајќи цели во Тел Авив и во јужните и северните делови на земјата, додека истовремено пристигнуваат противречни информации за наводни преговори меѓу Вашингтон и Техеран за поштедување на енергетската инфраструктура. Сирените за воздушна опасност се огласија во Тел Авив и централниот дел на Израел ...
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“ и предупреди на „немилосрдни последици“ доколку Сеул преземе провокативни чекори. Како што јави Севернокорејската новинска агенција (КЦНА), Ким во говорот на 15. седница на Врховното народно собрание го потврди статусот на земјата како нуклеарна сила. На седницата разгледувана е и ревизија на Уставот бидејќи се наведува повторно обединување на ...
САД го одредија 9 април како можен рок за завршување на војната со Иран во контекст на очекуваните преговори меѓу двете страни – јавуваат израелските медиуми. Според весникот „Једиот ахронот“, кој се повикува на неименуван израелски функционер, Вашингтон го дефинирал овој датум како цел за запирање на конфликтот оставајќи простор од 21 ден за продолжување на борбените дејства паралелно со дипломатските напори. Во извештајот се наведува дека ...
Повеќе од 50 уметници ќе настапат на сцената на Македонскиот народен театар во новото издание на „Глумците Пеат”, кое ќе се одржи на 24 и 25 март, со почеток во 20:00 часот. Оваа година програмата е посветена на македонската музика — песни што публиката добро ги знае, но ќе ги слушне поинаку. Форматот го става актерот во поинаква улога, каде музиката станува личен израз, а препознатливите композиции добиваат нов живот низ соло изведби, дуети ...
Судот во Калифорнија му наложи на некогаш познатиот американски глумец Бил Козби да плати 19,25 милиони долари (околу 17 милиони евра) отштета за дрогирање и сексуален напад врз жена пред повеќе од пет десетлетија. Дона Мотсингер изјави дека Козби возел до нејзината куќа во 1972 година, за да ја одведе на неговата претстава; и во таа прилика, глумецот ѝ дал вино и апче (со „посебна намена“ за искористување вакви (не)прилики), коешто ѝ се ...
Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови, покажува годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар на недвижности. Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваат со 33% вовкупниот број на купопродажби и дури 48% од вкупната вредност на пазарот. Иако ...
Џезаир Шакири, познат како Командант Хоџа, еден од првите команданти на ОНА уште од 2000 година и за време на конфликтот во 2001 година предводеше албански вооружени групи, тврди дека преку посредник, Арбен Џафери му понудил пари за да се повлечат од позициите во Кумановско. Во подолг напис Џезаири дава опис на настаните од свој аспект пред повлекувањето на ОВК од тетовскиот регион, за што вели, тие што биле таму најдобро зборуваат за ...
Пронајдени пет лица мигранти од Египет, лишен од слобода криумчарот. -На 23.03.2026 во 23:30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Б.Е.(29) од Република Турција. Претходно, при преземање мерки, кај клучка Тремник, полициските службеници забележале дека од возилото „шкода камик“ со скопски регистарски ознаки, ...
Многу повеќе од законски предвидените шари до државниот буџет добиле партиите за платено политичко рекламирање (ППР), констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во денеска објавениот извештај за работата на Државната изборна комисија (ДИК). Наместо 33,33% од средствата на оваа програма да бидат наменети за надомест на трошоците на учесниците во изборната кампања за платено политичко рекламирање, планирани се 50% од средствата, додека за ...
На вчерашната седница на Врховното народно собрание на Северна Кореја повторно е именуван Ким Џонг-ун за претседател на Комисијата за државни работи, објави денеска државната новинска агенција КЦНА. На вчерашната прва седница на Врховното народно собрание на Северна Кореја се дебатираше за измени и дополненија на Уставот. Парламентот, кој ја одобрува државната политика обично има седница по Конгресот на владејачката Работничка партија, со цел ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека наредил привремено одложување на сите воени удари врз иранската енергетска инфраструктура за период од пет дена, по, како што наведе, „многу добрите и продуктивни разговори“ меѓу САД и Иран за целосно завршување на непријателствата на Блискиот Исток. Трамп во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) наведе дека во изминатите два дена биле одржани „детаљни, опсежни и ...
Хрватскиот пејач Свен Поцрниќ, учесник во новата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“, успеа со својата изведба на песната „Игри без граници“ (Igrа bez granica) да ги разнежни сите присутни. Со секој тон, тој ја пренесе емоцијата и чувството карактеристично за Тоше Проески, што беше веднаш забележано од страна на жирито, пишува сараевскиот портал Кликс. Жирито оваа година е составено од Енис Бешлагиќ, Горан Навојец, Мартина Стјепановиќ ...
Охрид и ова лето ќе пулсира во ритамот на музиката. Традицијата продолжува – отворен е конкурсот за 33-тото издание на интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури“, еден од најпрепознатливите музички настани во регионот. Фестивалот ќе се одржи на 26 и 27 август 2026 година, а организаторите повторно ги повикуваат сите креативци, изведувачи и автори да испратат свои нови композиции и да станат дел од сцената која со ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), по барање на Министерството за внатрешни работи, спроведе детална контрола на боледувањата кај вработени во МВР. Контролата беше реализирана во втората половина на 2025 година. Контролите опфатија 80 осигурени лица, кај кои биле евидентирани вкупно 514 боледувања. Од вкупниот број боледувања: 258 траеле до 7 дена, 171 траеле до 15 дена, 83 биле со траење од 30 или повеќе дена. Најчесто користени ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство или ќе премине во друго. – Ние имаме принципелен договор како коалициски партнери во Владата, сите три политички структури, тоа се коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди – Влен“ и политичката партија ЗНАМ. Најавивме дека во мај или јуни ќе имаме реконструкција во ...
На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ денеска се одржа меѓународна работилница насловена како ACE²-EU Stakeholder Engagement Workshop, посветена на унапредување на студентската и академската мобилност, со учество на претставници од повеќе високообразовни институции и партнери од Европската алијанса на универзитети. Целта на работилницата беше размена на искуства и добри практики, како и креирање нови можности за соработка меѓу ...