Одбраната на обвинетите градежни инспектори во случајот „Пулс“ во воведните говори од денешното судење нагласија дека „причината за трагедијата не е поради градежни пропусти на структурата на објектот“ и дека инспекторите „не можеле да постапат бидејќи немало пријава или наредба за инспекциски надзор“. Сите изразија жалење и сочувство на семејствата на починатите лица. Според бранителот на седмообвинетиот Огњен Георгиев (општински градежен ...

Одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за случајот „Пулс“ истакна дека обвинението претставува преседан во правната практика, особено во делот на утврдување на причинско-последична врска. Според нив, Димитровски не само што немал намера или умисла, туку бил единствен кој реагирал и поднел барање за неиздавање дозвола за работа на дискотека или кабаре уште пред објектот да започне со ...

Нови 20 фолк хита беа отпеани вчера на сцената на Национлната опера и балет, каде се одржа новото издание на фолк фест „Роса“. Фестивалот традиционално беше од ревијален крактер, освен наградите за животно дело на Григор Копров, Томислав Которчевиќ и Јорданка Смилевска, па оттаму и пејачите, покрај на песните му се посветиле и на изгледот. А изгледот, како да се договарале, скоро сите беа во долги елегнтни тоалети, а фризурите во опавче. ...

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка против три лица за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик. -Осомничените, татко и двете негови ќерки, како соизвршители на 2 декември, со сила и сериозна закана спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство со полициска асистенција да постапат по правосилно и извршно ...

Деновиве се наврши една година откако заврши 18-дневната граѓанска блокада на градската депонија над Кочани, кога деноноќно насобрани граѓани ги спречуваа камионите да го истураат ѓубрето. Блокадата беше знак на граѓански отпор по денови, недели и месеци на интензивен чад од депонијата, која од високите делови кај село Бели, каде се наоѓа, буквално ја обвиткуваше целата Кочанска котлина, од границите на Виница па се’ до Штип. Одборот на ...

Белгија денеска го отфрли планот на Европската Унија за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, велејќи дека шемата носи значителни финансиски и правни ризици. „Текстот што Европската комисија ќе го презентира денеска не ги решава задоволително нашите загрижености“, изјави белгискиот министер за надворешни работи Максим Превост утрово пред состанокот на НАТО во Брисел, објави Блумберг. Поголемиот дел од замрзнатите ...

Системот „Безбеден град“ во првиот тест период за 24 часа на 1 декември регистрирал 110 илјади прекршоци, додека според информациите од МВР на 2 декември регистрирани се вкупно 50.652 прекршоци, што претставува преполовување на бројот на регистрирани прекршоци. Од нив 48.861 се прекршоци за брзина, 1.366 за црвено светло и 425 за нерегистрирани возила. „Безбеден град“ за 12 часа во текот на вчерашниот ден регистрирал вкупно 22 600 нови ...

Сите бугарски влади досега имаа проблем со опстојувањето и ова што се случи со Владата на премиерот Росен Жељазков, некако влеа надеж кај сите дома, надвор, во ЕК, ама и кај нас соседите дека конечно има шанса за поголема стабилност, но го видовте тригерот беше гласањето за буџетот и сега сме соочени со проблеми, вели претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, посочувајќи дека „се разбира дека тоа секогаш се одразува на односот кон ...

Доскорешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски со соопштение се огласи откако неговиот договор со ФФМ заврши на 30.ноември. Драги поддржувачи на македонската репрезентација, Би сакал да изразам искрена благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите претседатели на нашата федерација, Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ, кои од 2014 година, обезбедуваа услови и поддршка што ни ...

Потребни се законски измени, институционални измени и измени во свеста на луѓето, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост го посети Државното средно училиште со ресурсен центар „Партенија Зографски“ Скопје, кое неодамна го одбележа својот 70-годишен јубилеј. Таа посочи дека во светот има околу 15 отсто лица со посебни потреби или со попреченост и кај нас ...

Со рецитал и музички точки денеска во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип се одбележа 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов рече дека целта е овие деца да бидат вклучени во самото општество, прифатени и со подобро образование. – Јас се надевам дека од година во година создаваме еднакви можности за сите наши сограѓани, без разлика на попреченостите и на можностите, затоа ...

Демократската Унија за Интеграција реагира на официјалната оценка на Европската Комисија за Кластерот Три, Конкурентност и Инклузивен Раст, извештај кој јасно посочува на сериозни застои во економскиот развој, социјалните политики, јавните инвестиции и конкурентноста на економијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од ДУИ во кое се пренесува прес-конференцијата на потпретседателот на партијата, Арбер Адеми, кое МИА го ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека главната точка на спор во преговорите за ставање крај на конфликтот во Украина е дел од територијата на т.н. Доњецка Народна Република (ДНР), односно околу 20 отсто од Доњецката област кои се под контрола на Киев. Во интервју за Фокс Њуз, Рубио рече дека преговорите во моментов се фокусираат на областа широка 30 до 50 километри, оценувајќи дека е постигнат извесен напредок во проценката ...

Израел синоќа соопшти дека останките пронајдени во Газа и вратени во Израел не се совпаѓаат со ниту еден од мртвите заложници киднапирани за време на нападот на Хамас во 2023 година, објавија американските медиуми. Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека се завршени форензичките испитувања и е утврдено дека она што беше вратено во вторникот од палестинските милитанти не е поврзано со мртвите заложници. Американските медиуми ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја нарече Сомалија „едвај држава“ и ги опиша сомалиските имигранти како „ѓубре“, велејќи дека не ги сака во САД. Говорејќи на крајот од состанокот на Кабинетот, Трамп рече дека некои можеби сметаат дека неговите забелешки се политички некоректни, но нему не му е грижа, пренесе ДПА. – Не ги сакам во нашата земја. Ќе одиме во погрешна насока ако продолжиме да примаме ѓубре во нашата земја, рече тој. ...

Над 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од денешниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје со цел интензивирање на економската соработка. Владината прес-служба утрово информираше дека поради здравствени причини се откажува присуството и обраќањето на форумот претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Пред одржување на форумот, во Владата на Република Северна Македонија, заменик ...

Лишен од слобода возач во тетовско, управувала возило под дејство на алкохол и предизвикала сообраќајна незгода -На 02.12.2025 во 10:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ја лишија од слобода Џ.А.(24) од с.Ново Село, општина Боговиње. Претходно, таа со нејзиното патничко возило ,,фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило ...

По денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, од партијата соопштија дека целото раководство поднело колективна оставка – заменик претседателката Фани Каранфилова – Пановска, потпретседателите Каја Шукова, Кристина Костова, генералниот секретар Александар Димитриевиќ, организациските секретари како и сите членови на Извршниот одбор. Веднаш по изборите оставка поднесе потпретседателката Ана Чупеска, а Методија Илиевски беше разрешен поради ...

Бугарската влада одлучи да го повлече нацрт-буџетот за 2026 година по синоќешните протести низ целата земја, објави порталот „Новините“. Одлуката следеше по синоќешните протести, поради предлог-буџетот што предвидува зголемување на даноците и придонесите за социјално осигурување во приватниот сектор и насочување на повеќе средства кон државниот сектор. Неколку десетици илјади лица учествуваа во протестите во Софија, а демонстрации се одржаа и ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека американските и украинските преговарачи го „доработиле“ рамковниот мировен договор кој беше изготвен во Женева. Зеленски на Х напиша дека Украина пристапува кон дипломатијата „најсериозно“ и оти сака повеќе нејзини странски партнери да бидат вклучени во процесот. Тој исто така рече дека Русија почнала „кампањи за дезинформации“ пред состанокот на американските и руските ...

По претресите што од претпладнето ги спроведе Белгиската федерална полиција во Колеџот на Европа во Бриж, Белгија и во дипломатската служба на ЕУ во Брисел, како дел од голема европска истрага за измама, уапсени се тројца осомничени откако им беше укинат правниот имунитет. Оваа информација ја објавија неколку медиуми, меѓу кои Еуроактив и Белгиската новинска агенција. Меѓу тројцата уапсени, наводно е и поранешната висока претставничка на ЕУ ...

Адвокатката на сопственикот на дискотеката Пулс, Дејан Јованов Деко, и неговиот син Михаил Јованов, во судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс, во кој загинаа 63 лица, а 211 беа повредени, на денешното трето рочиште изнесе низа забелешки за судот, обвинителството, медиумите, јавноста, како и семејствата на загинатите и повредените: „Би сакала да се осврнам на повредата на начелото на презумција на невиност, лија контонуирана повреда од ...

До ден денеска се чудам и сѐ уште не можам да поверувам што се случи таа вечер. Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида и секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ. Јас како човек и како родител, во клуб каде што се собираат сите млади и моите деца, никогаш не би дозволил да фали нешто, изјави сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, во воведните зборови на денешното рочиште во судницата во Идризово. Јованов, кој претходно изјави дека не ...

Бранителот на Митко Стојанов и Стојанчо Димитриев, Благој Јованов во судењето за случајот „Пулс“, го обвини ОЈО дека наместо докази користи „ефект на пеперутка“. „Нема толку живот во Кочани за да го истрпиме овој ужас, нема толку солзи да ги исплачеме овие невини души, во последниот период се изнагледавме како сите покажуваат кон системот како некоја лепрозна баба којашто треба преку ноќ да се претвори во самовила, но додека прстот не го ...

Поради итен водоводен дефект на водоводна линија на булевар „Александар Македонски“, од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, попладнево информираат дека утре ќе се врши технички зафат, па делови од скопската територија ќе останат без вода за пиење. – Прекин на водоснабдување од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места: булевар „Александар Македоски“, дел од улицата „808“, дел од булеварот ...

Во воведното излагање на денешното рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, адвокатката Ивана Коцевска, бранител на третообвинетиот Михаил Јованов, истакна дека Обвинителството не обезбедило ниту еден доказ кој ја поткрепува тезата за негово гонење, ниту пак прецизирало конкретно дејствие што му се става на товар. Според Коцевска, третообвинетиот Јованов се наоѓа на обвинителна клупа единствено затоа што е син на газдата ...

На денешното рочиште за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, одбраната на повеќемина обвинети во своите воведни говори ја оспори основаноста на обвинението. Адвокатите нагласија дека нивните клиенти не презеле дејствија кои би имале директна врска со трагичниот настан, и дека поседувале валидна документација. Тие најавија изведување на докази и сведоци кои, според нив, ќе потврдат дека обвинетите не се одговорни за пожарот и дека ...

Денеска со почеток од 90:30 часот се одржува третото рочиште од судењето за трагедијата во Пулс. 11:48 – Обвинетите за пожарот во Пулс не се чувствуваат виновни Сите обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар. – прочитај повеќе. 10:30 – Во затворот кај обвинет за Пулс пронајдени 13 телефони и лаптоп Во ...

Глоби и други санкции се предвидени за прекршоци во сообраќајот што ќе бидат констатирани со „Безбеден град“, што од вчера почна пробно да функционира во Скопје. Известувањата за сторените прекршоци граѓаните ќе ги добиваат преку СМС порака на мобилен телефон и на електронска адреса, а рокот за плаќање е осум дена. Само во првите 12 часа од стартот на „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено ...

Во затворот кај обвинетиот Џеваир Камбери од Министерството за економија за случајот „Пулс“ биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, информираше судијката Диана Груевска Илиевска непосредно пред почетокот на денешното рочиште и го опомена обвинетиот. Тој изјави дека ги пронашол телефоните кога стигнал таму. -Ги пронајдов телефоните кога стигнав таму, изјави обвинетиот пред Судот. Непосредно пред почетокот на денешното рочиште таа ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
48%
1026
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
5.66
43%
1026
weather icon

Загреб

17ᴼ / 14ᴼ
1.54
46%
1026
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
2.57
56%
1027
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
4.2
43%
1029
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
52%
1026
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
5.81
50%
1027
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
32%
1025
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
36%
1026
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
1.79
44%
1030
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
36%
1027
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Кобалт

66.14

Рутениум

45750.51

Злато

163613.54

Паладиум

51794.85

Сребро

2648.90

Иридиум

229769.28

Калај

50.04

Алуминиум

3.29

Бакар

11.75

Родиум

368126.05

Цинк

3.27

Платина

67998.83