Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Директорката на кочанската Општа болница со проширена дејност, д-р Катарина Паниќ, денеска на новинарско прашање за тоа дали е во функција хипербаричната капсула, за која сеуште има реакции во јавноста дека не се употребува, негираше дека капсулата е вон функција: „Хипербаричната капсула никогаш не била вон функција. Како што еднаш изјавив претходно, во демант на една изјава која што беше дадена во јавноста. Едно лице кога е на менаџерска ...
Утре по повод една година од трагедијата во Пулс, во која животот го загубија четворица ученици на штипското средно медицинско училиште СОУ „Јане Сандански“, ќе се одржи комеморација: „Со неизмерна тага и болка во срцата, Ве известуваме дека ќе се одржи комеморација во чест на нашите прерано заминати ученици Даме, Филип, Драгана, Стефанија….. Во моменти кога зборовите се премалку, а тагата е голема, заедно ќе се собереме да им оддадеме почит, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи на социјалната мрежа Truth Social откако светските цени на нафтата се искачија на повеќе од 100 долари за барел, како резултат на војната што САД и Израел ја водат против Иран од минатата недела. Како и секогаш, Трамп ги минимизираше негативните ефекти од војната, велејќи дека дури и со зголемувањето на цената, „вредело“. „Краткорочните цени, кои масовно ќе паднат кога ќе биде уништена нуклеарната ...
Обвинителството на швајцарскиот кантон Вале објави дека петмина сегашни и поранешни раководители на општината Кран-Монтана се под кривична истрага во врска со пожарот во бар во кој загинаа 41 лице, а 115 беа повредени на новогодишната ноќ. Меѓу нив е и градоначалникот на Кран-Монтана, Николас Феро. Тој се соочува со истите обвиненија како Жак и Џесика Морети, сопственици на ноќниот клуб каде што се случи трагедијата, како и Кристоф Бале, ...
Домот на светската музичка ѕвезда Ријана во Беверли Хилс вчера беше цел на вооружен напад, додека пејачката престојувала на имотот, пренесуваат американските медиуми. Според полицијата во Лос Анџелес (LAPD), инцидентот се случил околу 13:20 часот по локално време. Осомничена 30-годишна жена, чиј идентитет сè уште не е објавен, наводно пукала од возило во движење кон влезот на имотот на пејачката. Локалните медиуми, вклучувајќи ги „Лос Анџелес ...
На 27 март во Македонската филхармонија ќе се одржи концертот „Миланова игра“, музички омаж посветен на еден од најзначајните македонски композитори и културни дејци – Милан Завков. Настанот ќе биде свечена вечер во која дел од неговите најпознати ора и песни ќе прозвучат во нов музички израз, изведени од камерен оркестар специјално оформен за оваа пригода. Со овој концерт, неговото богато музичко наследство ќе биде претставено преку ...
Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар потекнува од Грција, е почувствуван синоќа во западните делови од државава. Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил регистриран во 22 часот и 17 минути, а епицентарот е на околу 200 километри југозападно од Скопје. – Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени ...
Вкупно 151 патник пристигна доцна синојка на скопскиот аеродром од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи”. Повеќето се македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија, двајца се од Косово, а четворица се со холандско државјанство. Тие беа пречекани од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. – Клучна и најбитна е безбедноста на граѓаните и тука не смееме да правиме компромис. ...
Основното јавно обвинителство Битола со координација на дејствија на Истражниот центар во тоа обвинителство и на СВР Битола откри разработена шема на измами на граѓани со лажни сообраќајни несреќи, преку која на подрачјето на ОЈО Битола во последните 2-3 месеци биле измамени над десет граѓани од кои биле извлечени вкупно над 60.000 евра и други вредни предмети. Бројот на вакви настани особено се зголемува од почетокот на февруари, од кога се ...
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште беа повикани пет сведоци предложени од Јавното обвинителство, а обезбедени се четворица. Јавниот обвинител, најави дека на крајот од денешното рочиште, ќе се произнесе пред Судот во однос на сведоците со кои не може да стапи во контакт за да бидат повикани со ...
Во Македонскиот културен центар во Истанбул утре со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи културен настан посветен на заедничката традиција на македонската гајда и турскиот тулум, како значаен дел од нематеријалното културно наследство на двата народа. -Настанот се организира по повод 10 март – Меѓународниот ден на гајдата, со панел-дискусија на која ќе учествуваат експерти од Македонија и Турција. Панелот ќе биде посветен на историските, ...
Полна душа македонска музика.. Така беше вчера во полната сала на „Борис Трајковски“, каде Влатко Лозаноски- Лозано одржа концерт и ја собра Македонија на едно место. Километри љубов се слеа меѓу публиката, која тој ја испочитува во секој сегмент, а таа му возвраќаше со емиции и аплауз. Не го заборави и денот, па се заблагодари на мајка му, сестра му, на семејството, а на дел од женската публика им подари цвеќе и ја отпеа „Мајка“. Сопругата ...
Во текот на последните две недели Министерството за внатрешни работи поднесе 21 кривични пријави за сторени вкупно 25 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои шест кривични пријави се поднесени по брза постапка. Покрај ова на подрачје на СВР Скопје поднесени се пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три се за „загрозување на сигурноста и две кривични пријави за кривично дело „демнење”. Притоа, изречени се пет ...
Евакуираните македонски државјани од Обединетите Арапски Емирати, кои со организиран лет се враќаат во Република Северна Македонија, се очекува да слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје вечер околу 21:15 часот, информират од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На аеродромот патниците ќе ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се ...
Нежна и тивка а истовремено храбра и успешна во машкиот бизнис. Тоа е Даниела Перканоска од Прилеп сопственичка на фирмата „Автоконтрол“, центар за возила во чиј состав функционираат технички преглед, авто сервис и техничка служба. Иако оваа работа важи за машка, сепак, таа е доказ дека жената и тоа како може да се снајде во машкиот бизнис и со секој ден да биде се поуспешна и поусешна. Со Даниела разговаравме по повод Денот на жената, ...
Бугарија му забранила влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски, до 2036 година, кој вели дека во официјалниот документ што го добил стоело дека наводно тој претставувал закана за националната безбедност на Република Бугарија. Менкиновски на денешната прес-конференција изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4, Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. -Од кривичната пријава како и од ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид), а против него поведена е и постапка за – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. -На 1 март, во семејниот дом, во присуство и на друго лице, при вршење семејно насилство, тој со умисла ...
Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне (утре) во недела. -Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во петокот склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите ...
Во денешното издание на емисијата Стадион, гостин е Јован Донев, поранешен амбасадор во Лондон и универзитетски професор. Според него, Британија е традиционален поддржувач на македонската државност и суверенитет од 1990 година: „Британија, историски ако гледаме, никогаш не е нешто особено заинтересирана за Македонија. Никој од големите сили не бил заинтересиран за Македонија, ние сме биле едноставно паричка за поткусурување на нивните ...
Азербејџан ги повлекува своите дипломати од Иран поради нивна безбедност, изјави денеска азербејџанскиот министер за надворешни работи, Џејхун Бајрамов. Одлуката следува еден ден по соопштението на Баку дека четири ирански беспилотни летала ја преминале границата и притоа повредени се четири лица во ексклавата Нахичеван. Бајрамов потврди дека Азербејџан започнал со евакуација на вработените од својата амбасада во Техеран и од генералниот ...
Медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат дигитално, а хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации, како привремено решение при прекин на системот. Ова се предвидува со измените и дополнувањата на Законот за евиденциите од областа на здравството, кои денеска на прес-конференција ги соопшти министерот за здравство Азир Алиу, а со кои се прави значаен чекор кон целосна ...
Еден од најголемите проблеми во случаите на семејно насилство е кога жртвата ја повлекува изјавата дадена пред полицијата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред почетокот на тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“. – Можам да претпоставам дека најголемиот дел се под притисок на насилникот и не можеме во никој случај да ја ...
На 05.03.2026 во 18:16 часот на експресен пат кај с.Спанчево, општина Чешиново- Облешево, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Г.Ј.(51) од с. Саса, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица , кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека Г.Ј. е под дејство на алкохол, односно дека има ...
„Двајца членови на мала отцепена група од националистичката Внатрешна македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ) се наоѓаат во притвор како главни осомничени за денешниот обид за атентат врз претседателот Глигоров.“ – оваа реченица е составен дел од службената белешка од информатор на ЦИА за атентатот на претседателот Киро Глигоров, насловена како „Импликации од атентатот на ...
Апслотуно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните дека нема да има нафта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања по панелот за растот на економијата во Владата, Димитриеска-Кочоска информира дека вчера во Министерството се одржал состанок со нафтените компании и ниту една од нив не кажала, како што рече, дека има ...
Лекарите од странство, кои се дел од Комисијата за утврдување на непотребни интервенции извршувани во клиники во земјата, а кои ги откри академик Сашко Кедев се уште работат и како што најави министерот за здравство Азир Алиу најверојатно наредната недела ќе има и прес-конференција на која ќе ги изнесе деталите. – Тие работат, немам информации, не сум апдејтиран денеска до каде се. Најверојатно наредната недела на прес-конференција ќе ве ...
Израелската армија синоќа започна воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, насочувајќи се кон она што го нарекува инфраструктура на либанското милитантно движење Хезболах, поддржано од Иран. Цел на нападите е населбата Дахија, густо населен комерцијален и станбен округ во јужните предградија на Бејрут, објавува Гардијан. A high rise building in Dubai has been struck by an Iranian drone Dubai is doing its best to restrict such ...
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ја отфрли резолуцијата со која би се ограничиле воените операции на американскиот претседател Доналд Трамп во Иран, еден ден откако американскиот Сенат ја блокираше истата иницијатива. Гласањето во Претставничкиот дом за резолуцијата за воени овластувања, која има за цел да спречи продолжување на нападите врз Иран без одобрение од Конгресот, заврши со 212 гласа „за“ наспроти 219 „против “, при што ...
Израелската армија откри зачудувачки детали од операцијата во која беше убиен иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, според која тој бил „цел“ на ракети „сино врапче“, кои практично достигнуваат до вселената, пренесува Б92. Според нивните тврдења, израелските генерали прво го успале Иран со лажно чувство на безбедност во часовите пред атентатот врз Хамнеи, напуштајќи го нивниот штаб за лажни прослави на Шабат, пред да се вратат ...