Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „огромна флота“ се упатува кон Иран, откако постојано му се закануваше на Техеран со интервенција на САД во услови на насилно задушување на протестите таму. „Имаме огромна флота што се движи во таа насока“, им рече Трамп на новинарите додека се враќаше во Вашингтон од Светскиот економски форум во швајцарскиот алпски град Давос. И можеби нема да мора да ја користиме… имаме многу бродови ...
Песните на Евровизија, која годинава се одржува во Виена, ќе бидат достапни и за глувите и наглувите лица преку интерпретација на меѓународен знаковен јазик. За таа цел, толкувачи уметници ќе ги преведуваат песните, но и ќе ги изведуваат како посебни сценски перформанси. Неодамна во Виена беше организиран специјален избор на кој се претставија кандидатите за улогата на толкувачи изведувачи. Од вкупно 13 пријавени, ќе биде избрана група што за ...
На 23 јануари 2026 година (петок), во периодот од 12:00 до 15:00 часот, во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе се одржи забавниот културно-уметнички настан „Тоше те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески. Настанот претставува иницијатива на жителите, а е поддржан и ко-организиран од Општина Аеродром, во соработка со детските градинки и основните училишта од Општина Аеродром, како и со партнерите Lions in Move, Bombakis, Boemot и ...
Светскиот економски форум не е само средба на најмоќните луѓе во светот во економијата и политиката. Собирот е повеќе од само економија и политика. Како што објавува порталот „20 Minuten“, швајцарската платформа за секс и запознавање Titt4tat – секс бизнисот цвета во Давос. Вобичаено, во просек, на сајтот за Давос има по две резервации дневно, но на 19 јануари имало 79 барања, што е зголемување од речиси 4.000 проценти, пренесува вечерњи ...
Покрај приватната тужба на Михаил Јованов преку неговата фирма БИТ ТИМ ДООЕЛ Кочани, и Јавното обвинителство од Кочани води предистрага за демолирањето на „Класик кафе“ од 17 март. Се работи за случајот кога гневната маса луѓе излезени да протестираат за пожарот во дискотеката „Пулс“, ги искрши излозите и дел од инвентарот на вториот локал на сопствениците на „Пулс“, „Класик кафе“ во Трговскиот центар во Кочани. „Точно е, има кривична пријава ...
Вработените во Македонска Пошта во цела држава денеска ја прекинаа работата во знак на протест поради тоа што не им е исплатена платата. Протестите ќе траат и натаму, или како што кажа Сашо Димитриески, претседател на Синдикатот во Македонски пошти додека не добијат плата. Раководството ќе го информираат дека доколку следната плата не биде исплатена до 15 јануари, веднаш ќе се започне со протест, а не е исклучен и штрајк на сите вработени. ...
Заинтересиран инвеститор побарал од општината Штип, урбанистички да се уреди парцела за изградба на пензионерски дом кај населбата Три Чешми. Во Штип се’ уште е блокирана изградбата на Домот за стари лица, кој со години стои издидан, но не и довршен поради проблеми со градежната дозвола. Приватен нема, а доколку се изгради овој на влезот од Штип, ќе биде првата ваква загрижувачка установа со приватен капитал. На последната седница на Советот ...
Приградски воз се судри со градежен кран во југоисточна Шпанија, при што не е утврден бројот на повредени лица, соопштија регионалните служби за итни случаи. „Возот не се преврте ниту излета од шините“, изјави портпаролот на службите за итни случаи во југоисточниот регион Мурсија. Несреќата се случила во близина на Картагена во Мурсија. 🔴 ÚLTIMA HORA ( Actualización): Un herido leve en un tren de pasajeros de vía estrecha tras golpear una ...
Александар Вучиќ, претседателот на Србија, објави видео на Инстаграм од неговиот хотелски сместувачки капацитет во Клостерс, Швајцарија, каде што престојува за време на учеството на Светскиот економски форум во Давос. Вучиќ напиша со видеото: „Убаво е во Клостерс и Давос, најубаво е во Србија! Едвај чекам да се вратам во мојот Белград.“ Во видеото, тој го води гледачот низ хотелскиот апартман, го покажува креветот и забележува дека поради ...
Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ. -Ги гкористам сите институционални механизми кои ми се на располагање. Недозволиво е било кое обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, а најмалку од позиција на моќ. Да поднесов тужба за ВМРО ДПМНЕ. Поднесов за премиерот како што е јавно објавено известување до Советот на јавни обвинители како инстиутуција која е адолжена за заштит на самостојноста на јавните обвинители, ...
Полицајка – приправник во приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип е осомничена за оддавање на службена тајна, откако Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го истражи случајот од изминатото лето. МВР до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани тројца оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија. Двајца денеска ...
Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби се однесуваат на објави во медиуми, на интернет и социјални мрежи, како и на настани, наградни игри, попусти, подароци. Лесната достапност и видливоста на производите го зголемуваат бројот на нови корисници, особено меѓу децата и младите, а намалувањето на видливоста е една од ...
Жител на скопското село Идризово, обвинет дека со закани барал пари од поранешен партнер на неговата ќерка, бил лишен од слобода. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека синоќа во 20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за насилен криминал при СВР – Скопје лишиле од слобода лице на возраст од 57 години. – Според пријавеното, тој претходно се заканувал на ...
Во моменти кога зборовите не се доволни, а тишината станува претешка, уметноста го наоѓа својот пат. Химната „Фросина”, која премиерно ќе биде промовирана и ќе се слушне на донаторската вечер „Threads of Light на 29 јануари во Станица 26, отпеана од авторот Александар Митевски заедно со Хорот ФРИДА под водство на Сузана Турунџиева – како длабока, искрена и достоинствена почит кон Фросина и како силна јавна порака за смисла, одговорност и ...
Денес, на наменската сметка на Support Kocani беа донирани 200.000 денари, со кои ќе бидат обезбедени креми за изгореници и останати медецински помагала, со што вкупниот износ на собрани средства од оваа и сите претходни хуманитарни акции сега надминува 400.000 денари, информираат од иницијативата. Во рамки на оваа хумана мисија, средствата беа собрани преку донации од граѓани, при што секоја донација од 500 денари беше придружена со ...
По повод четириесет и петтиот роденден на Тош Проески, кој ќе го прославеше на 25 јануари доколку сè уште беше со нас, се сеќаваме не само на голем уметник, туку и на човек чиј глас ги надминуваше границите и чие срце им припаѓаше на сите, велат од Хит рекордс. . Како знак на сеќавање и благодарност за неизбришливиот белег што го остави, во недела, 25 јануари 2026 година, денот на неговиот роденден, ќе се одржи панихида (света миса) во ...
Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција. Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа. По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во ...
Илјадници километри реки се оштетени во последните години на Балканот поради проширувањето на браните и малите електрани, како и прекумерното вадење на седименти, според извештајот на невладините организации „Ривер Воч“ и „Еуронатур“, објавен денеска. Во извештајот се забележува дека Балканот има едни од најчистите и најдивите реки во Европа, кои се клучни за биодиверзитетот на континентот и неговото „сино срце“, предупредувајќи дека овој ...
Предупредување: Обид за дигитална измама – не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за сајбер безбедност Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во која се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен емаил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на ...
Три лица се убиени, а едно е рането во пукање што се случи во градот Лејк Карџелиго во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, соопшти полицијата. Станува збор за град со приближно 1.500 жители, јави Еј-Би-Си Њуз. 🚨 BREAKING: 3 dead (2 women, 1 man), 1 wounded in shooting, Lake Cargelligo, New South Wales, Australia. Gunman at large. Police: Avoid Walker St area, residents stay inside. #LakeCargelligoShooting #NSW ...
Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив се наменети за физички, а една за правни лица, информираа министерот за дигитална трансофрмација, Стефан Андоновски, и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата. За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, ...
Претрес во Штип, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице -На 21.01.2026 во 20:30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода А.И.(25) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена ...
Учеството на Европската Унија во Одборот за мир во Газа ќе биде тема на дискусија на утрешниот Самит на ЕУ, најави денеска заменикот главен портпарол на Европската комисија, Олоф Гил во одговор на новинарско прашање дали претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ја прифатила поканата да биде дел од ова тело формирано од американскиот претседател Доналд Трамп. – Во моментов претседателката е фокусирана на подготовките на важниот состанок на ...
Веднаш по пристигнувањетѕо во Давос, американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор во Конгресниот центар во кој на почетокот рече дека е „убаво да се држи говор меѓу пријатели, а и меѓу некои непријатели“. „Јас сум на власт една година, економијата е во подем, нема инфлација, опасните граници се затворени. САД се во средината на најдраматичниот економски пресврт во историјата. Пред една година бевме мртва земја под водство на радикални ...
Двајца возачи починале, а еден возач и тројца сопатници од кои едно малолетно дете се потешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во изминатото деноноќие. Како што информира МВР, во ОВР Крива Паланка утринава во 04:50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) ...
Девет човечки животи се спасени во тест-периодот на „Безбеден град“ во споредба со истиот период минатата година кога биле евидентирани 11 смртни случаи од сообраќајни незгоди на територијата на СВР Скопје – истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на прашање на пратеникот Халил Снопче. На собраниската седница за пратенички прашања тој го праша Снопче која е цената на човечкиот живот нагласувајќи дека од ...
Сојузот на синдикати (ССМ) во среда организира протест за да изрази незадоволство од незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Протестот ќе почне од 17 часот од зградата на ССМ и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. Од ССМ ги повикаа сите работници на кои не им е зголемена платата да се приклучат на протестот. – Време е заедно да се избориме за достоинствени ...
Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници. – Потсетуваме дека луѓето што живеат на повисоките места навремено да се ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, и затворска казна од една година и десет месеци на Блерим Амити, вработен во установата, во случајот „Геријатрија“, поврзан со примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Судот ги огласи двајцата обвинети за виновни, оценувајќи дека во целост се ...